Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, вели пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот ...
Иран разви оружје со дострел од речиси 4.000 км кое може да ги загрози големите европски градови како што се Лондон, Берлин, Париз и Рим, пренесе „Блиц.рс. Нападот на Иран врз американско-британската воена база на островот Диего Гарсија го откри дострелот на користените ракети – тој ги надминува капацитетите на оружјето во познатиот арсенал на Техеран. Островот се наоѓа на околу 3.800 километри од Иран, речиси двојно повеќе од 2.000 км за кои ...
СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? праша денеска ВМРО-ДПМНЕ. Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од ...
Агадир во Мароко е прогласен за најевтина дестинација за летен одмор во 2026 година. Според истражувањето на туристичката агенција „Лавхолидејс“ (Loveholidays), еднoнеделeн „сè вклучено“ пакет тука чини околу 270 евра. Овој град е познат по своите долги песочни плажи и топлата клима. Посетителите имаат можност да уживаат во сончање, пливање и разни водни спортови, а истовремено да се чувствуваат како да престојуваат во луксузно одморалиште. ...
– Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација (FFF) во врска со неговото назначување за селектор на репрезентацијата, објави „Le Parisien“. Педесет и тригодишниот Зидан се согласил на условите за соработка со раководството на францускиот фудбал. Објавата на „Le Parisien“ се појави само неколку часа откако претседателот на федерацијата, Филип Дијало, објави дека веќе знае кој ќе биде следниот селектор на ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави: „Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки и по што тие ќе ...
Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот ...
РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм РКЕ денеска донесе ...
Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и ...
Четири пати полицаец сменил матичен лекар за да вади боледувања. Ова е еден од примерите за злоупотреби во боледувањата во МВР кои ги наведе директорот на Фондот за здравствено осигурувување Сашо Клековски. Фондот контролираше 80 лица или вкупно 514 боледувања на барање на МВР, а од нив 258 боледувања биле до 7 дена, 171 до 15 дена и 83 траеле 30 или повеќе денови Ова е важно затоа што само тие над 15 дена влегуваат во полето на внимание на ...
Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од дури 8,8 проценти, достигнувајќи цена од 112,19 долари за барел. Главната причина за овој тренд е ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и неможноста за непречен извоз преку клучниот Ормуски теснец. Додека американскиот пазар бележи благ пад поради зголемените внатрешни залихи, Европа е во паника бидејќи е ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените ...
Европските лидери мора итно да дејствуваат за да го зачуваат она што останало од клучните столбови на трансатлантското партнерство, првенствено од Организацијата на северноатлантскиот договор, предупреди финскиот претседател, Александар Стуб, во изјава за британскиот „Телеграф“. Тој оцени дека Европа се соочува со нови политички околности поради идеолошкиот и политички курс што го заговара американскиот претседател, Доналд Трамп, и дека е ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во обраќање во Будимпешта истакна дека, според него, светот влегува во период на големи политички промени, во кои конзервативните и националните сили зајакнуваат. Орбан го поздрави влијанието на Доналд Трамп врз глобалната политика, оценувајќи дека неговата победа придонела за повлекување на „прогресивните политики“ и за зајакнување на традиционалните вредности. Тој посочи дека унгарско-американските ...
Целосно ќе биде затворен стратешкиот Ормуски теснец ако американскиот претседател Трамп ги исполни своите закани за напад врз иранските енергетски објекти, објави денеска Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, пренесоа западните медиуми. Трамп вчера се закани дека ќе ги „уништи“ иранските електрани ако Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец во рок од 48 часа, што претставува значително ескалирање на тензиите само еден ден ...
Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40 отсто или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е ...
Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и нема да придонесе да се намалат цените на горивата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на Владата за заштита на стандардот на граѓаните по зголемувањето на цените на нафтените деривати поради војната на Блискиот Исток. Имајќи предвид дека утре се очекува ново зголемување на ...
Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој потенцира дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки. „Цената на ...
На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа? Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на СДС, според јавно достапни ...
Празникот на пролетта 22 март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од ...
Европа се наоѓа на крстопат на судбината. Како апокалиптични коњаници, над нашиот континент се надвиснуваат предвесници на пропаст. Војна и насилство, лаги и неслобода, осиромашување и намерно уништување на просперитетот – тоа се големите закани на нашето време. Тие удираат во самото јадро на нашата култура, нашите вредности и нашиот начин на живот. Во Брисел изгледа веруваат дека трпението на европските народи е бесконечно. Грешат, истакна ...
Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече дека на Обвинителството му ...
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот – истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според вицепремиерот, овој ...
Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне. – Се соочуваме со предизвик што навистина е голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, изјави Мицкоски. Како што истакна Мицкоски дека врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 ...
Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави дека дел од посетителите му украле дел од подароците. -Од мало и повредено бебе, денес си вистински мал борец и радост за сите нас. Твојата приказна е доказ дека со грижа и љубов се спасуваат животи. Мики ти си нашиот мал херој, велат од ЗОО. Од таму објавија фотографии од прославата на неговиот роденден. ...
Владата денеска на пладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа Владата утре во 12 ...
Пролетта 2026 година не само што ќе биде обележана со промена на годишното време, туку и со силен астролошки потпис што ќе се протега низ речиси сите клучни транзити. Ако требаше да издвоиме еден знак што доминира со енергијата оваа пролет, тоа без сомнение би бил Овен. Тоа е знак што природно владее со почетокот на астролошката година, но овој пат неговата енергија доаѓа засилена со низа важни планетарни движења што ги нагласуваат темите на ...
Босанецот Хамдија Алукиќ се наоѓа во притвор без можност за кауција во затворот во округот Болдвин во Алабама, Америка, откако бил уапсен поради обвиненија дека извршил воени злосторства во Босна и Херцеговина во 1992 година, како член на паравоена единица на босанските муслимани, пренесува Фокс. Алукиќ е обвинет во родната земја уште во 2010 година, а според обвинението, тој извршил одделни напади во село кај Приедор, во кои загинале двајца ...