Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно ...

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што ...

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата историја на Македонија. На 9 и 10 мај 2015 година, во 28-часовните судири животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, додека 37 беа повредени. Загинатите – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и ...

Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. Настанот во Скопје го отвори претседателката ...

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е изгласана на седница на Советот на Општина Центар, опфаќа поскапување на месечните билети, дневните карти, услугите за бизнис секторот, како и за „пајак“ службата. Најголемо зголемување кај станбените дозволи има за второ возило, каде цената се дуплира од 250 на 500 денари месечно. За трето возило, станарите ...

Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање ...

Оваа држава треба да биде бинационална држава со ново уставно уредување, порача за 24 Анализа лидерот на едно од крилата на АА Зијадин Села. „Демографската реалност во Македонија е таква, бинационална држава со почитување на правата на сите што живеат во неа. ТВ 24: Барате ли ново Уставно уредување? Села: Да, барам. На прашањето дека тоа е понуда за која Села како дел од Европскиот фронт го доби манадатот, Села вели дека фронтот имал ...

Заложничката криза во банка во германскиот град Зинциг заврши откако полицијата упадна во филијалата на „Фолксбанк“ и пронајде двајца заложници, а ограбувачите побегнаа. Специјалните сили во банката ги пронајдоа возачот на комбето за транспорт на пари и вработениот во банката заклучени во соба. Тие се неповредени. Потрагата по сторителите е во тек. Полицијата за време на операцијата немаа контакт со заложниците и сторителите. Според ...

„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“ соопштија попладнево од општина Карпош. Од таму велат дека општината „продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“. „Согласно законските процедури, надлежности ...

Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници од возило VW Голф 5, коешто изгубило контрола помеѓ 24-ти и 25-ти километар од магистралниот пат од Тузла, пришто излетало од коловозот и удрило во дрвја покрај каналот. Автомобилот останал искосен и заглавен во каналот, а двајцата патници во возилото, маж и жена, биле делумно потопени во водата од каналот. ...

Новак Ѓоковиќ е поразен на стартот на Мастерсот во Рим од Хрватот Дино Примжиќ. Ноле играше лошо на овој меч. Првиот сет го доби со многу мачење додека во вториот младиот Хрват доминираше. Во третиот Ноле веќе немаше сили откако побара медицински тајмаут поради проблеми со дишењето. За лошата игра на Србинот говори фактот што имаше само 19 винер поени. Новак Ѓоковиќ е поразен на стартот на Мастерсот во Рим од Хрватот Дино Примжиќ. Ноле ...

Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на ...

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно намирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската ...

Компанијата „МЕПСО“ ја обжали одлуката на предарбитражното тело за спорови, кое пресуди во корист на сараевската компанија „Енергоинвест“, ангажирана за изградба на интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО тврдат дека имаат силни правни аргументи и дека договорот бил раскинат поради сериозни пропусти во реализацијата на проектот. Според актуелното раководство, компанијата реализирала само четири проценти од предвидените работи, а проектот со ...

Федерален суд ги прогласи за нелегални царините од 10% на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија во четвртокот со гласање од 2 спрема 1 пресуди дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување царини, пишува CNN . „Претседателската прогласка со која се воведуваат царините не се однесува ...

Иран го заплени танкерот за нафта „Оушн Кои“ во Оманскиот Залив поради наводен обид на бродот да го попречи извозот на иранска нафта, објавија денеска иранските државни медиуми, повикувајќи се на соопштение на војската. Според извештаите, танкерот што пловел под знамето на Барбадос превезувал иранска нафта и „се обидел да предизвика штета и да го попречи извозот на нафта искористувајќи ги регионалните услови“, пренесуваат британските медиуми. ...

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска од ЗНАМ во Советот на општина Прилеп. ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ. Од партијата велат „Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. – Не ...

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на ...

Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал, во текот на оваа година. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека денеска е објавен оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар. -Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има уште две вработувања ...

Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 година, ...

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат ...

Пејачката претходно го привлече вниманието на обожавателите објавувајќи фотографија од спотот за култната „Waka Waka“ (This Time for Africa). Оваа песна беше официјална химна на Мундијалот во 2010 година, а со повеќе од четири милијарди прегледи, до денес останува еден од најгледаните музички записи на сите времиња. Иако на првенството во 2014 година во Бразил, Шакира ја изведе „La, la, la“, официјална химна на тој турнир сепак беше „We Are ...

Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со ...

Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази” на Коха, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си ...

Кога се создаде ВРЕДИ, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви што очекуваа поделби, замор и неуспех. Имаше и други што отворено работеа ова обединување никогаш да не се случи. Но утре одговорот ќе се даде пред очите на сите, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. На 9 Мај, Денот на Европа, на Конгресот на обединувањето, пет политички субјекти ќе донесат една од најважните одлуки во ...

Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот по речиси два месеци пауза, а својот прв официјален натпревар ќе го одигра во петок на Мастерсот во Рим, каде што во второто коло ќе се соочи со хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ. Српскиот ас беше слободен на почетокот на турнирот благодарение на статусот на еден од носителите, а во меѓувреме, организаторите го одредија датумот на неговиот прв настап во комплексот „Форо Италико“. Ѓоковиќ и Прижмиќ треба да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на ...

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци. – Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.89
58%
1024
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
68%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.09
82%
1023
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.47
72%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
56%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.58
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.24
38%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
50%
1022
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.91
57%
1023
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
80%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
65%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.46
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Злато

133769.08

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Иридиум

253540.09

Сребро

2087.39

Алуминиум

3.40

Платина

53498.84

Бакар

12.73

Цинк

0.00

Паладиум

39866.93

Родиум

257205.97