Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Анѓела Дугалиќ Јована Ногиќ Јована пораснала во Португалија Родена во Белград, се преселила во Португалија со своето семејство како дете и таму почнала да игра кошарка, ќе игра за тимот на Феникс Меркјури. По епизодата во Русија, каде што стана двократен државен шампион со тимот на Екатеринбург, Ногиќ одлучи да го следи патот на Америка и да се испроба во WNBA лигата. Анѓела Дугалиќ (24, 193) откако ја освои титулата на NCAA со UCLA од Лос ...
Новак Ѓоковиќ е спортски херој, а надвор од теренот има свој суперхерој, неговата мајка Дијана, во чија чест денес испрати многу емотивна порака на Инстаграм. Во гореспоменатото интервју, Новак нагласи дека неговата мајка го држела семејството заедно: „Таа е столб, без нејзино целосно распаѓање. Бевме четворица мажи, јас имам двајца помлади браќа, а мојот татко… Сите одат на спорт, се пресоблекуваат, учат, чистат, играат. Имаше многу ...
„Искрено, не сум некој што разбира цвеќиња, за разлика од мајка ми, но ќе видиме како ќе функционира овој експеримент“, напиша Тамара Вучиќ на Инстаграм. Таа покажа каква саксија избрала за садење цвеќиња, а потоа и неколку фази од тој процес, за конечно да открие какви цвеќиња избира за својата градина. Исто така, постои и цветот калцеоларија или влечка, а го добил своето име затоа што е препознатлив по своите уникатни цвеќиња што личат на ...
Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да помогнат на повредени лица во сообраќајна несреќа кај клучката во Мирковци, објаци ТВ Стар. Автобусот со кој се враќале играчите по победата над Македонија ЃП запрел кога забележале несреќа на автопатот, по што дел од медицинскиот персонал и членовите на тимот веднаш притрчале да укажат прва помош на настраданите. ...
Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности. – Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. – Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...
Светскиот индекс на цените на храната се зголеми трет месец по ред во април, поттикнат од зголемувањето на трошоците за енергија и нарушувањата на пазарот предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, наведе во најновиот извештај Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО во просек изнесуваше 130,7 поени во април, што е зголемување од 1,6 проценти во однос на ревидираното ниво во март и 2 проценти ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца. – На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе со жестоко соопштение по повод конгресот на ВЛЕН, нарекувајќи го нивното обединување „очаен крик за политички опстанок“ и „пазар на ега“. Од партијата во опозиција сметаат дека изборот на двајца претседатели е директно признание за целосната недоверба и фрагментирање во редовите на владејачката албанска коалиција. „Иронијата е целосна – ВЛЕН избра двајца кормилари да го водат истиот брод што ...
Крузерот што е во центарот на епидемијата на хантавирус стигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, од каде се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно организирана меѓународна операција за нивно враќање во нивните матични земји. Бродот „Хондиус“ ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а потоа ќе продолжи кон Холандија. Откако бродот ја напушти Аргентина минатиот месец, три смртни случаи се ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција денеска истакна дека македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата. Според него, власта на чело со Христијан Мицкоски намерно сакаат да ja изолираат земјава од Европа. – Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што тие прават. Намерно сакаат да ja ...
Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното обраќање по повод Денот на Европа, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Тој истакна дека Македонија сепак мора да ги направи уставните измени ако сака да се движи напред во европскиот пат. Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното обраќање по повод ...
Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, пишува епидемиологод д-р Драган Даниловски во својата објава на Фејсбук. Според него, речиси по ...
Коалицијата ВРЕДИ синоќа на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во изјава за медиуми истакна дека во албанскиот кампус имало монопол подолг период, гласачите барале промени и така се родила коалицијата ВРЕДИ. -Гласачите бараа промени уште пред десетина години, но проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го прочитавме добро и се ...
Утрово во кафуле во Крапина, Хрватска се случи пукање, а според извештајот на полициската управа Крапино-Загорје, маж (52) пукал и убил полицаец (52), кој во времето на инцидентот не бил на должност. Потоа тој се застрелал и со хеликоптер бил префрлен во болницата Дубрава. Како што дознава Индекс, убиен е началникот на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапино-Загорје, Роберт Грилец. Состојбата на сторителот во ...
Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, кој присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва, изјави дека на приемот што го организирал рускиот претседател Владимир Путин за странски претставници, уште еднаш биле потврдени „пријателските и братски односи меѓу српскиот и рускиот народ“. „Република Српска ја цени историската улога на рускиот народ во победата над фашизмот и останува посветена на ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила ...
На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија. Идејата на Шуман за здружување на западногерманската, италијанската и француската индустрија за јаглен и челик се реализираше веќе на 18 април 1951 со потпишувањето на Парискиот договор за создавање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ). Договорот стапи во сила на 23 јули 1952 ...
Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. – Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што ...
Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш денес. ...
Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан. Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на ...
Уште еден бод му е потребен на Вардар за математички да ја обезбеди титулата во ПМФЛ. „Црвено-црните“ денеска на свој терен го совладаа Силекс со 2-1, но шампионската промоција ја одложи победата на Шкендија над Струга ТЛ. Вардар сосема заслужено дојде до триумф на овој натпревар. Водеше 2-0, потоа Силекс намали на 2-1, а потоа избраниците на Гоце Седлоски имаа уште неколку добри шанси, меѓутоа лесно можеше да се случи и кратовци со еден бод ...
Вчерашните изјави и постапки на директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, претставуваат јасно признание дека со неговите одлуки е предизвикана штета од над 6 милиони евра врз државниот буџет, велат од ДУИ. – Иако вчера организираше брифинг со новинари, Бурим Латифи ги избегна медиумите и новинарите кои подолго време ги отвораат овие прашања и бараат одговорност за сомнителните договори и финансиските последици што ги предизвикале тие. Самиот факт ...
Шпанската влада, во договор со Светската здравствена организација (СЗО), одлучи да овозможи истовар на патниците од бродот на кој е забележана епидемија на хантавирус. Бродот допловил од Островите Зелено’ртски, од каде претходно три лица биле евакуирани поради болеста. Во меѓувреме, на Тенерифе се чувствува сè поголема загриженост. Работниците на пристаништето во Санта Круз во петок излегоа пред парламентот на Канарските острови за да го ...
Пентагон објави нова транша документи за НЛО (неидентификувани летачки објекти), кои вклучуваат описи на пријавени видувања – и од цивили на Земјата и од астронаути за време на мисиите на Месечината. Документите, кои опфаќаат неколку децении, беа декласифицирани и објавени онлајн во петок, по налог на претседателот Доналд Трамп, кој претходно оваа година изјави дека ќе ги објави поради „огромен јавен интерес“, објавува „Би-би-си“. Интересот ...
Американското Министерство за енергетика соопшти дека од истражувачки реактор во Каракас биле отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум, во рамки на меѓународна операција спроведена во соработка со Велика Британија и Венецуела. Според американските власти, нуклеарниот материјал безбедно бил транспортиран до објект на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина. Операцијата е оценета како „победа за светот“ во контекст на ...
Жичницата на Водно нема да биде пуштена во сообраќај во текот на летото, бидејќи проверките покажале сериозни оштетувања и ризик од откачување на гондола, изјави за СДК градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, иако жичницата е во употреба 15 години, досега не бил направен сервис од производителот „Допелмаер“. По увидот на тим од австриската компанија, градските власти одлучиле таа да остане затворена. Жичницата беше затворена ...
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата. Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена ...