Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Хрватска загуби од Белгија (0:2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута. Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан. Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција. Непосредно пред тоа, ...
Кошаркарот на Ефес, Винсент Поарие, ќе отсуствува девет месеци поради повреда на Ахиловата тетива, потврди клубот. Искусниот 32-годишен француски центар ја претрпе повредата во понеделникот, за време на првиот натпревар од полуфиналната серија на турската Суперлига против Фенербахче. Истанбулскиот клуб наведува дека станува збор за сериозна повреда и дека на Поарие ќе му бидат потребни најмалку осум, а веројатно и цели девет месеци за ...
Шпанскиот кошаркарски тренер, Ибон Наваро, од наредната сезона ќе ја преводи Црвена ѕвезда. „Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка, останува само да се официјализира договорот“, пишува „Меридијан спорт“, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим. Наваро има уште една година од договорот со Уника, па Црвена ѕвезда ќе мора да плати отштета. Шпанските медиуми наведуваат ...
Швајцарската репрезентација отпатува во Соединетите Американски Држави без еден од своите најважни играчи. На Брил Емболо му беше одбиен влез во земјата. Како што објави Швајцарската фудбалска асоцијација, проблемот се појави со ESTA дозволата за влез во САД, која одеднаш беше подложена на дополнителни проверки. „За жал, Брил Емболо во моментов не може да патува во Соединетите Американски Држави со тимот. Неговата ESTA дозвола беше одобрена ...
Фудбалската економија денес далеку ги надминува границите на спортот, а најдобро платените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетинг соработки што им носат нестварни приходи. Листата на десетте најплатени играчи покажува колку високопрофитна станала глобалната фудбалска индустрија. На листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, Кристијано Роналдо е убедливо прв, не е изненадување што Меси е ...
Австрија претрпе сериозен удар пред Светското првенство. Кристоф Баумгартнер, 26-годишниот напаѓач на РБ Лајпциг, нема да игра на турнирот, кој се игра во САД, Канада и Мексико. Баумгартнер се повреди вчера, за време на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за сериозна повреда што ќе го спречи да игра на Светското првенство. Ова е тежок удар за австриската ...
Фудбалерите на Арсенал, во саботата, не успеаја да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. „Топџиите“ стекнаа предност по само шест минути игра, ПСЖ изедначи од пенал во 65-та минута, а потоа го одбрани трофејот во пенал рулетот. На крајот, од Арсенал ќе се памети само ултра дефанзивната, поради што и трпат жестоки критики од сите страни. Кристоф Дугари се уште не може да верува на кој начин новиот шампион на Англија играше во ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје. Првиот ...
Андони Ираола ќе биде новиот тренер на фудбалерите на Ливерпул. Двете страни постигнале договор, истиот ќе биде официјализиран во наредните денови. Пред неколку дена, Ливерпул официјално се раздели со Арне Слот, и веднаш се шпекулираше дека Ираола треба да биде негов наследник. Легендата на Атлетик Билбао, по завршувањето на сезоната, по три усшешни сезоно го напушти Борнмут. Сезоната, Ираола со Борнмут ја заврши на шестото место, што значи ...
Селекторот на турската репрезентација, Виченцо Монтела, по победата над Македонија (4:0) го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство. Италијанецот најмногу им верува на фудбалерите од двата најголеми турски клуба Галатасарај и Фенербахче, а тука се и интернационалните ѕвезди како Арда Ѓулер од Реал, Кенан Јилдиз од Јувентус и играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу. На Светското првенство, Турците ...
Јошко Гвардиол истакнува дека е среќен во Манчестер Сити, но не гарантираше дека ќе остане на „Етихад“ дури и по Светското првенство. Како што е познато, Гвардиол го доведе во прашање својот статус по заминувањето на Пеп Гвардиола. Шпанските медиуми истакнуваат дека Гвардиол е голема желба и на Барселона и на Реал Мадрид и дека се очекува голема битка за неговиот потпис доколку одлучи да си замине. „Постојат разни гласини за сè и сешто. ...
Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на патници за претстојното Светско првенство, на него нема изненадувања во споредба со поширокиот список што беше објавен претходно. Далиќ одлучи да се потпре на докажани сили кои го понесоа товарот во квалификацискиот циклус и подготовките, што значи дека Хрватска патува на Мундијалот во својот најсилен состав. Тимот повторно ќе го предводи ...
Чуварот на мрежата на македонската репрезентација, Столе Димитиревски ќе остане во Валенсија. Клубот ја искористил можноста и без преговори го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година. Во договорот на Димитриевски, постоеше клаузула, според која клубот, со одреден надомест кон голманот, еднострано може да го продолжи договорот. Одлуката за клупските челници беше лесна, бидејќи Димитриевски одлично бранеше во вториот дел од ...
Џамал Мареј нема да биде дел од репрезентацијата на Канада во наредниот период, што значи дека ќе ги пропушти Мундобаскетот и Олимписките игри. Ова веројатно значи крај на кариерата во националниот тим за големата ѕвезда на Канада. Канадскиот селектор Гордон Херберт го објави списокот на играчи на кои смета за претстојните квалификации за Светското првенство во 2027 година, како и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ...
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинеската компанија „Ли-Нинг“. Со потпишувањето на договорот, НБА ѕвездата го заврши долгиот процес на преговори што следеше по неговата разделба со „Андер Армур“ во ноември минатата година. Кари во понеделникот објави дека потпишал историски договор со „Ли-Нинг“, кој ќе го прошири неговиот бренд „Кари“ на глобалниот пазар. Соработката ќе вклучува ...
Голем интерес во Премиер лигата владе за играчите на Вест Хем, откако тимот испадна од елитното друштво. Најголем интерес има за Матеуш Фернандеш, а медиумите тврдат дека клубот е принуден да го ппродаде Португалецот. Вест Хем им порача на Арсенал и Манчестер Јунајтед дека ќе мора да платат до 80 милиони фунти, или 92 милиони евра, за потписот на Матеуш Фернандеш. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го доведе 21-годишникот, додека ...
Рик Аделман, член на Кошаркарската куќа на славните и еден од најуспешните тренери во историјата на НБА, почина 15 дена пред 80-от роденден. Веста беше објавена во понеделник од Националната асоцијација на кошаркарски тренери (NBCA). Аделман, татко на тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, беше примен во Куќата на славните во 2021 година, а причината за неговата смрт сè уште не е објавена. Пред да стане еден од најпочитуваните тренери, ...
Македонската репрезентација доживеа тежок пораз од Турција со 4-0 (2-0) на пријателскиот натпревар одигран во Истанбул. Избраниците на Гоце Седлоски не успеаја да му се спротивстават на квалитетниот противник, кој рутински стигна до победата. Македонија во интервал од четири дена тестираше две селекции, учеснички на Светското првенство. Против БиХ одигра 0:0, ппротив Турција доживеа дебакл. За новиот селектор и неговите избраници ова е лоша ...
Шпанскиот стручњак Ињиго Перез е назначен за нов тренер на Виљареал, објави клубот од стадионот „Ла Керамика“. Како што беше објавено, 38-годишниот тренер потпиша тригодишен договор со челниците на „жолтата подморница“. Перез неодамна играше во финалето на Конференциската лига со Рајо Ваљекано, каде што беше поразен од Кристал Палас. На клупата на Виљареал, тој го наследи Марселињо, кој по три успешни сезони замина од кормилото на „жолтата ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, во Истанбул, доживеа тежок пораз од Турција (4:0). На „Шукур Сарачоглу“ стадионот, избраниците на Гоце Седлоски беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Во еден момент впачатокот беше дека Турците играат со половина од силите.. Во првиот напад, Узун ја погоди гредата од голот на Димитриевски, а минута подоцна Кокчу го постигна првиот гол. Она што не успеа во првата, Узун го направи во ...
Селекторот Хавиер Агире избра 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на Светското првенство. Најинтересното име на листата е Гилермо Очоа, од АЕЛ Лимасол, за кого ова ќе биде шесто Светско првенство. Голманот ќе има ист број учества на Мундијалите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Овие тројца не пропуштиле ниту едно Светско првенство од 2006 година. Домашната репрезентација го отвора Светското првенство со натпревар против Јужна ...
Столбот на одбраната на Арсенал и француската репрезентација, Вилијам Салиба, би можел да биде надвор од терените неколку недели. Француските медиуми денес открија дека Салиба чувствувал непријатност пред финалето на Лигата на шампионите, но сакал да игра по секоја цена и со тоа ја влошил ситуацијата. Според последните информации, Салиба се соочува со неколку неделна пауза, поради што неговиот настап на Светското првенство е под знак ...
Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид, во текот на летниот преоден рок. Словенецот, еден од најдобрите голмани во изминатата деценија, 12 години е член на Атлетико. „Марка“, откри дека Атлетико ќе ја почитува секоја одлука на словенечкиот голман, кој заслужи да го избере најдоброто решение за продолжување на кариерата. Овој извор, истакнува дека Облак има договор до летото 2028 година, тој е еден од најплатените со годишна нето ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати јасна порака за иднината на Винисиус Жуниор, нагласувајќи дека клубот нема да му застане на патот доколку Бразилецот одлучи да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите за трансфер стануваат сè погласни бидејќи преговорите за нов долгорочен договор во шпанската престолнина продолжуваат да застојуваат, пишува „Goal.com“. Во интервју за „Ел Паис“, Перез јасно стави до знаење дека ...
Џејмс Милнер објави дека ја завршува својата професионална кариера на 40-годишна возраст. Брилијантниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Одигра 658 натпревари во најсилната лига во светот. Во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и Брајтон. BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) усвои серија значајни промени во правилата на играта што ќе бидат имплементирани на претстојното Светско првенство. Новитетите вклучуваат проширени овластувања на ВАР технологијата, построги казни за недолично однесување на играчите и цел сет мерки насочени кон намалување на непотребното губење на времето. Целта на промените е да се зголеми ефективното време за играње, побрзо донесување ...
Информацијата која изминатите денови циркулираше во јавноста, доби официјална потврда, Ибрахима Конате го напушта Ливерпул. И покрај разните шпекулации, Французинот го напушта „Енфилд“ како слободен играч, откако му истече договорот. Тој сакаше да остане, но раководството на клубот очигледно сакаше нешто друго. Врз одлуката влијание имаше и лошата сезона што ја одигра францускиот дефанзивец. Ова е четврто потврдено заминување од клубот по ...
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои трофеј втора сезона по ред, последниот пат тоа се случи кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година, „кралскиот клуб“ не успеа да освои трифеј. Цехот го платија двајца тренери, а покрај нив, според претседателот Флорентино Перез, и други се виновни. „Светското ...
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски шампион откако го победија Арсенал во финалето по изведувањето пенали со 4:3. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а головите ги постигнаа Каи Хаверц за Арсенал во шестата минута и Усман Дембеле од пенал во 65-та минута за ПСЖ. Иако голот за израмнување го постигна Дембеле, актуелниот освојувач на Златната топка, а наградата за играч на натпреварот му припадна на Витиња, еден од ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама. Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот. До ...