Спортскиот медиум „Атлетик“, објави ранг-листа на дресовите на сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство. Дресовите се рангирани од најубавите до најгрдите, а хрватските навивачи нема да бидат воодушевени бидејќи дресот на репрезентацијата е на последното, 48-мо место. Погледнете ја целата листа ТУКА. „Атлетик“, понуди кратко објаснување за секоја репрезентација, а американскиот медиум пишува дека „Најки“, овој пат утнал со ...

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра во четврток, во кој ќе се сретнат Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше и на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар во 2022 година. Интересно е ...

Манчестер Сити и Челзи водат интензивни преговори во врска со ангажирањето на тренерот Енцо Мареска, кој е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Сити, објавија англиските медиуми. Пеп Гвардиола на 22 мај, објави дека ќе го напушти Манчестер Сити. Мареска набрзо беше идентификуван како прв избор, а преговорите меѓу двата клуба во моментов се во напредна фаза. Главната тема на дискусија е износот на надоместокот што ...

Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца. Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Фиорентина до 30 јуни 2028 година. Тој го замени Паоло Ваноли, кој ја напушти Фиорентина пред три дена. Гросо (48) го тренираше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари. Фудбалерите на Фиорентина ја завршија сезоната во Серија А ...

Репрезентативците на Франција и Шпанија, едни од фаворитите на Светското првенство, забележаа победи во генералните проби пре стартот на турнирот. Со идентични 3:1 славеа Фрнцузите против Северна Ирска и Шпанија против Перу. Со три гола на Михаел Олисе од Баерн Минхен, Французите ја победија Северна Ирска со 3:1 во Лил. Франција, највисоко рангираната репрезентација на ранг-листата на ФИФА и еден од фаворитите за титулата во САД, загуби ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс ги победија Њујорк Никс со 115:111 во третиот натпревар од финалето на НБА. Со овој пораз заврши серијата од 13 последовни победи на Никс во плејофот. Во драматичен натпревар, Сан Антонио Спарс ги победија Њујорк Никс и го намалија дефицитот на 2-1 во серијата. Никс беа многу лути на судиите кои им дозволија на Виктор Вембањама и неговите соиграчи груба игра, додека во второто полувреме доделија 22 слободни ...

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата кариера. Ориги припаѓа на оние важни, но не премногу експонирани играчи, кои имаа големо влијание врз тој клуб. Белгискиот фудбалер со Ливерпул ги освои речиси сите титули: во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот… Одигра 175 натпревари за „Црвените“, постигнувајќи 41 гол. Играше и за тимови како Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, додека за ...

На судијата Омар Абдулкадир Артан, избран од ФИФА да го суди Светското првенство, му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето. Иако ја доби потребната виза по долг процес, неговото пристигнување во САД, за разлика од другите африкански службеници, не помина без проблеми. Артан, кој неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година, беше запрен на аеродромот и вратен во Турција без јасно објаснување. ...

Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд. Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, ...

Ден по убедлива победа на изборите за претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез јасно стави до знаење кои ќе бидат неговите први потези. Иако фокусот е на новиот тренер Жозе Мурињо и засилувањата како Конате и Дамфрис, главната цел на Перез е насочена кон најголемиот ривал, Барселона и „случајот Негреира“. Претседателот на Реал Мадрид објави дека ќе достави обемно досие од 500 страници до УЕФА, опишувајќи го случајот како „најголемиот ...

Жозе Мурињо, повторно ќе б иде тренер на Реал. Ова синоќа го потврди Флорентино Перез, по победата на претседателските избори. Португалецот започна да го комплетира тренерскиот штаб за својот втор мандат во Реал Мадрид. Португалскиот тренер е познат по тоа што сака да има поранешен играч на клубот до себе, а според информациите на Рамон Алварез де Мон, избраниот кандидат за таа улога би можел да биде Пепе, пишува „Марка“. Пепе помина десет ...

Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио и Николо Скира. Според Скира, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор за Манчини до 2030 година, вреден два милиони евра по сезона. Скира наведува дека Манчини е „на чекор“ од враќање на клупата на четирикратниот светски шампион. Според тие информации, планот е Манчини да ја предводи Италија до ...

Шпанската фудбалска асоцијација објави дека Ламин Јамал и Нико Вилијамс ќе бидат подготвени да се стават на располагање на репрезентацијата од првиот ден на Светското првенство. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека двајцата играчи кои се опоравуваа од повреди ќе бидат подготвени од почетокот на турнирот, односно од натпреварот против Зеленортските острови на 16 јуни. Де ла Фуенте објави дека речиси сигурно ќе биде подготвен и Виктор ...

Кога ќе заврши Светското првенство за Франција, ќе заврши и улогата на Дидие Дешан како селектор. Во 1998 година, Дидие Дешан стана светски шампион како капитен на Франција, а потоа во 2018 година стана третиот човек во историјата кој го достигна врвот на светот и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Бразил) и Франц Бејкенбауер (Германија). Кога Франција ќе го одигра последниот натпревар на овогодинешното ...

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. На планетарната смотра прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, поради што првата фаза ќе трае до 28 јуни. Погледнете го распоредот на натпреварите во групната фаза, со сатницата и местата на одигрување: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – Босна и ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, направи промена во листата за Мундијалот, поради повредата на Весли, тој го повика играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. На последниот тест пред почетокот на Светското првенство, Бразил го победи Египет со 2:1, но Карло Анчелоти, но тој натпревар му донесе само грижи на Анчелоти. Десниот бек на Бразил, Весли, беше заменет во 17-та минута од натпреварот поради повреда на глуждот. Повредата е ...

Робин ван Перси, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. На клупата тој мина 18 месеци. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, и покрај тоа што обезбеди место во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј. 42-годишниот стручњак го водеше клубот во 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Тој беше унапреден на позицијата главен ...

Флорентино Перез убедливо го победи против кандидатот Енрике Рикелме на претседателските избори. Тој ќе го предводи Реал Мадрид до 2030 година. Перез, во првото обраќање на навивачите им ја вети 16-та титула европски првак и потврди дека Жозе Мурињо ќе го предводи тимот наредната сезона. Сега, Перез треба да исполни уште едно ветување. Да донесе голема ѕвезда во клубот. Пред изборите се шпекулираше дека клубот ќе потроши 150 милиони евра, ...

Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати – ...

Ракометарките на Мец одиграа феноменално на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Во полуфиналето победија против Букурешт со 32:27, а во финалето го симнаа од тронот тимот од Ѓер 31:29 (18:17). Мец стигна до првата титула во историјата кога станува збор за Лигата на шампионите, а Ѓер не успеа да стигне до третата титула по ред, не успеа да го зголеми бројот на трофеи од седум на осум. Во борбата за третото место, тимот од Букурешт го ...

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во 65-та минута, но по десетминутна медицинска интервенција, стана и сам го напушти теренот, проследен со аплауз од трибините. Натпреварот заврши кратко потоа, во 79-та минута. Сцените потсетуваа на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар, и овој пат играчите формираа круг околу ...

За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот. Сè се случи во 65-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Претходно, искусниот Данец имаше кратка расправија со играч на гостинскиот тим. Недолго потоа, тој почна да се држи за градите. Медицинскиот персонал беше итно повикан да му помогне на 34-годишниот фудбалер. По неколкуминутен прекин, беше одлучено ...

Пари Сен Жермен го информирал Реал Мадрид дека Португалците, Жоао Невеш и Витиња не се на продажба, одбивајќи понуда од 150 милиони евра за еден нив двајца. Но, како што објави шпански „АС“, играч за врска од Португалија би можел да го облече дресот на Реал Мадрид ова лето, ако Перез победи на изборите денес, што е очекувано, и Жозе Мурињо стане тренер. Матеус Фернандеш од Вест Хем е личен избор на Жозе Мурињо, пишува „АС“, и треба да се ...

Александар Серлот од наредната сезона ќе го предводи нападот на Јувентус, тврдат бројни релевантни извори од Италија. Норвежанецот ги договорил личните услови со Јувентус и чека финализирање на преговорите меѓу клубовите. Се шпекулира дека Атлетико бара 30.000.000 евра за неговиот трансфер, додека планот на Јувентус е да го намали обесштетувањето. Во текот на изминатата сезона, Серлот постигна 20 гола во сите натпреварувања, беше златен ...

Андреа Кими Антонели победи на најпозната Ф1 трка во светот, Големата награда на Монако. 19-годишниот Италијанец, со победата низ улиците на Монте Карло, урна неколку рекорди. Ја забележа петтата победа во низа и стана најмладиот возач со гренд слем (стартувше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го извозе најбрзиот круг во трката). Во трката обележана со откажувањето на фаворитите, излегување на безбедноснотот возичо и ...

Речиси ниту еден голем градежен проект, во последно време, не може да избегне одложувања и пречекорувања на трошоците, а работата на стадионот „Спотифај Камп Ноу“ и целиот комплекс „Еспаи Барса“ не е исклучок. Не само што реновирањето е одложено во споредба со првичните планови, туку и заемот од 1,45 милијарди евра, кој го обезбеди „Голдман Сакс“, се покажа како недоволен. На Барселона ѝ требаат повеќе пари за да го заврши својот амбициозен ...

Ирачкиот напаѓач Ајмен Хусеин беше задржан и испрашуван речиси седум часа на аеродромот О’Хара во Чикаго откако пристигна со репрезентацијата на Светското првенство. На Хусеин конечно му беше дозволено да влезе во Соединетите Држави, но на фотографот на тимот му беше забранет влез во земјата. Според ирачки спортски службеник близок до репрезентацијата, телефонот на Хусеин бил проверен по пристигнувањето. По речиси седумчасовно испрашување, ...

Турските медиуми објавија дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу би можел да стане ново засилување на Фенербахче, во случај претседателскиот кандидат Хакан Сафи да победи на претстојните клупски избори. Според извештаите од Турција, Сафи наводно постигнал принципиелен договор со играчот од средниот ред на Интер, но реализацијата на трансферот ќе зависи од исходот на изборите, како и од евентуалниот договор со италијанскиот клуб. Се ...

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Египет со 2:1 во последниот тест пред почетокот на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти доби причина за загриженост. Десниот бек Весли мораше да го напушти теренот во 17-та минута поради повреда на глуждот. Според бразилските медиуми, станува збор за истегнување, па затоа е избегната сериозна повреда, но конечната проценка ќе биде позната по дополнителните прегледи. Бразил нема многу ...

Победник на Големата награда на Унгарија, осмата трка во сезоната на Мото ГП, е возачот на Дукати, Марк Маркез. Маркез на „Балатон парк“, прослави голем јубилеј, ја забележа 100-та победа во кариерата, која ја чека од септември 2025 година и трката во Сан Марино. Ова е првата победа на Маркез од Сан Марино, пред 266 дена. Валентино Роси има најмногу победи во „кралската класа“, 89, додека Марк Маркез ја забележа 74-та. На второто место беше ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Алуминиум

3.40

Бакар

12.73

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Сребро

2087.39

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Платина

53498.84

Злато

133769.08

Паладиум

39866.93