Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед се надева дека напаѓачот Маркус Рашфорд ќе остане на „Олд Трафорд“. Крилниот напаѓач повторно е дел од Манчестер Јунајтед, откако претходната сезона и пол ја помина на позајмица, во Астон Вила и Барселона. Мораше да замине откако се скара со тогашниот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим. Сега тренер е Мајкл Карик, кој се чини дека е подготвен да му даде шанса на еден од најталентираните изданоци на познатата ...
Себастијан Покоњоли е новиот селектор на шкотската фудбалска репрезентација. Белгиецот го наследи Стив Кларк, кој, иако го продолжи договорот пред Светското првенство, се пензионираше по елиминацијата во првата фаза од Мундијалот. Себастијан Покоњоли потпиша двегодишен договор со Шкотската фудбалска асоцијација. 39-годишникот беше тренер на Монако минатата сезона, а годината пред тоа му ја донесе на Унион Сен-Жилоа првата титула во ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо откри дека претстојната сезона е веројатно последната во неговата кариера. Еден од најдобрите играчи во историјата на спортот и една од најпопуларните личности во светот се приклучи на Ал Наср пред неколку дена пред подготовките за новата сезона. Во новата сезона, клубот влегува со новиот тренер Ангелос Постеколглу и ќе се обидат да ги одбраната титулите во Саудиска Арабија и во Азиската Лига на ...
Реал Мадрид го победи Шалке со 3-0 во пријателскиот натпревар, но натпреварот беше обележан со срамен потег на Килијан Мбапе. Стрелецот на еден од трите гола пред 60.000 навивачи во Гелзенкирхен се изрезили со она што му го направи на репрезентативецот на БиХ. Напаѓачот на Реал ја протна топката низ нозете на играчот на Шалке, но Катиќ успеа да му ја одземе и да му ја додаде на својот соиграч. Откако го започна нападот на Шалке, додека ...
Барселона и Манчестер Сити постигнале договор во врска со трансферот на Родри, објавија сите релевантни шански и светски медиуми. Речиси еден месец траеше сагата околу тоа каде најдобриот играч на Мундијалот ќе ја продолжи кариерата. Се шпекулираше дека Родри ќе се пресели во Реал, но кога доби понуда од Барселона без размислување ја прифати. Потешкиот дел беа преговорите меѓу клубовите. Барселона мораше да испрати четири понуди, а ...
Фудбалерите на Ленс се победници на францускиот Суперкуп. Во борбата за првиот трофеј во сезоната во Франција, Ленс го победи Пари Сен Жермен со минимален резултат и покрај тоа што имаше еден играч помалку од 39-та минута. Ленс ја освои првата титула во Суперкупот и тоа во вториот обид, на која чекаше од 1998 година кога загуби од Пари Сен Жермен. Флоријан Туван го постигна единствениот гол на натпреварот во 32-та минута. Lens derrotou o ...
Арсенал го освои Комјунити Шилд откако го победи Манчестер Сити со 3:0 на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Головите ги постигнаа Рикардо Калафиори, Каи Хаверц и Мартин Едегор. Грчкиот крилен напаѓач Христос Цолис исто така имаше одлично деби за Арсенал, забележа две асистенции. Kai Havertz vs Manchester City Kai Havertz had a big impact in Arsenal’s 3–0 Community Shield win over Manchester City today. Goal: Havertz scored Arsenal’s ...
Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија. Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не го гледаат Бензема. Ал Хилал сака да го обнови тимот по сезоната во која не ...
Жоао Феликс го одбележа натпреварот помеѓу Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион ја започна новата сезона со победа од 3:0, без Кристијано Роналдо во тимот. Роналдо кој се ожени минатата недела го гледаше натпреварот од свечената ложат, каде што беше сведок на генијалниот потег на сонародникот Жоао Феликс во 40-та минута. Феликс, како во мал фудбал, со слалом помина покрај одбранбените играчи на гостите и ја смести ...
Фудбалерите на Интер Мајами беа поразени од Нешвил со 4:1 во МЛС лигата. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на својот татко и не се прослави, промаши пенал кога Нешвил водеше со 1:0. Тоа беше момент што влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-та минута, Аргентинецот се обиде да изведе пенал во стилотна Жоргињо, но голманот на домашниот тим Брајан Швејк, го прочита и лесно го одбрани ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, се струполи на теренот, во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусијала, ...
Рафаел Леао дефинитивно ќе го напушти Милан овие денови, останува да се види кој клуб ќе го избере за да ја продолжи кариерата, тврдат италијанските медиуми. Многу се очекуваше од Леао во Милано и тоа не беше без причина, но се чини дека напаѓачот никогаш целосно не го покажа својот потенцијал. Со текот на времето, се создаде негативна енергија во односот помеѓу играчот и клубот, а ситуацијата ескалираше ова лето кога новиот тренер Рубен ...
Атлетико Мадрид се засили со репрезентативецот на Аргентина, Кристијан „Кути“ Ромеро. Светскиот првак со Аргентина во 2022 година потпиша договор со „јорганџиите“, до летото 2031 година. Тимот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне сега брои четворица од редовите на „албиселесте“ – тука се неговиот син Џулијано Симеоне, резервниот голман Хуан Мусо и Хулијан Алварез, кој остана во Атлетико и покрај тоа што изрази желба да замине во ...
Феран Торес официјално стана играч на Пари Сен Жермен, објави францускиот клуб. Торес потпиша договор со ПСЖ до 2031 година, а во Франција доаѓа од Барселона за 50 милиони евра, објавува „Мундо депортиво“. „Воодушевен сум што започнувам нова авантура во толку амбициозен клуб како Пари Сен Жермен. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике што ми дадоа можност да ...
Барселона подготвува алтернативни решенија во нападот, откако трансферот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид станува сè потежок за реализација. Според наводите, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го сака Жорж Микаутадзе како опција за нападот, бидејќи смета дека обесштетувањето од 60 милиони евра е превисоко. Германскиот стратег наводно бара подостапен напаѓач кој би прифатил улога во ротацијата, а една од опциите е Луис Суарез од ...
Поранешниот МВП и играч на бројни НБА тимови, Расел Вестбрук, го објави крајот на својата кариера на 38-годишна возраст. Вестбрук вториот играч во историјата кој завршил сезона со просек од трипл-дабл, ја објави својата одлука на оригинален начин, објавувајќи краток филм во траење од три и пол минути, чиј наратор е добитникот на Оскар, Мајкл Б. Џордан. Sometimes you don’t even know when you’ve already watched the end. You had to be there. ...
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана првиот тренер со четири порази во четири натпревари во Суперкупот на Европа. Во последниот меч, неговиот тим загуби од ПСЖ со 2:1 во Салцбург. И покрај поразот, Емери истакна дека Астон Вила може да биде горда на прикажаната игра. „Поразот никогаш не може да ве направи среќни, но начинот на кој се натпреварувавме, како играчите реагираа во текот на сите 90 минути и шансите што ги создадовме – ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по освојувањето на Суперкупот на Европа изјави дека неговите фудбалери имаат огромна мотивација и амбиција повторно да ги освојат сите трофеи. „Многу е лесно да ги мотивирате овие играчи, тие го сакаат тоа што го работат. Мора да останеме амбициозни и професионални и повторно да се обидеме да освоиме сè. Тоа е амбицијата“, изјави Енрике. ПСЖ го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:1 против Астон Вила во ...
Лионел Меси (39) неочекувано се врати на теренот по смртта на неговиот татко во обид да го обезбеди местото на Интер Мајами во Лига Купот, но неговото присуство не беше доволно. Интер Мајами беше елиминиран од натпреварувањето по поразот од 2-3 на домашен терен од мексиканскиот тим Леон, натпревар во кој требаше да победат со голема гол разлика за да продолжат понатаму. Неговото појавување на клупата беше целосно изненадување бидејќи не се ...
Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, објави Фудбалскиот сојуз на Холандија. Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец го наследи Роналд Куман и потпиша четиригодишен договор со челниците на ФС Холандија. Чави ќе дебитира на клупата на „Лалињата“, на 24 септември против Германија во Лигата на нации, а во истото натпреварување ќе гостува во Белград три дена подоцна. Интересно е што 46-годишниот Чави ќе го замени ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија Суперкупот на УЕФА откако во Салцбург беа подобри од победникот на Лигата на Европа, тимот на Астон Вила. Натпреварот на „Ред Бул Арена“ заврши со резултат 2:1 (1:1). Головите ги постигнаа Хвича Кварацкелија во 20-та минута и Дезире Ду во 61-та минута за ПСЖ, а 17-годишниот дебитант Брајан Маџо во 45-та минута за Астон Вила. Интересно е што натпреварот се одигра на 56-тиот роденден на Пари Сен ...
Шпанецот Алберт Ријера ќе биде новиот тренер на српскиот шампион, Црвена звезда. Неговата промоција ќе биде во четврток, кога и ќе биде потпишан договорот, најверојатно на две сезони. Ријера ќе биде промовиран на стадионот „Рајко Митиќ“, а на истото место ќе дебитира во четврток, 20 август, кога Црвена Звезда ќе се сретне со Викторија Плзењ во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Алберт Ријера беше кандидат за клупата на Звезда и ...
Европскиот шампион Пари Сен Жермен и победникот на Лигата на Европа, Астон Вила, ќе се борат за трофејот од Суперкупот на УЕФА. Кој ќе биде поуспешен од двајцата големи шпански тренери – Луис Енрике или Унаи Емери? Купот го бранат ПСЖ. Натпреварот ќе се игра во Салцбург од 21:00 часот. Ова ќе биде 51-во издание на Суперкупот на УЕФА, а европските шампиони досега беа поуспешни. Односот е 30:20 во победи. ПСЖ предводени од Луис Енрике сакаат ...
Еден од најдобрите фудбалери на 21 век, Кристијано Роналдо, се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез. Двојката ја круниса својата 10-годишна врска со брак. Свадбената церемонија се одржа во Каскаис во близина на Лисабон. А голгетерот на Ал Насра објави слика на својот Инстаграм, на која се гледаат две раце со венчални прстени. За само половина час, сликата доби дури три милиони лајкови. Двојката се запознала пред 10 години во ...
Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда, објавија српските медиуми. Станковиќ поднел оставка по елиминацијата од Хапоел Бер Шева и се збогувал со играчите во соблекувалната, со што практично ставил крај на неговиот втор мандат на црвено-белата клупа. Црвена Звезда објави непосредно пред полноќ, а во текот на денот по состанокот на Управниот одбор на клубот, а се очекува одлуката на Станковиќ да биде потврдена на тој состанок. На ...
Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој е во сериозни финансиски проблеми. Информацијата ја објави францускиот L’Équipe, а доаѓа во време кога иднината на клубот од Кнежевството е целосно неизвесна. Монако минува низ една од најтешките финансиски кризи во својата историја. Долговите беа проценети на 24 милиони евра во јуни, а клубот веќе се ...
Откако потпиша за Челзи, Пеп Чаварија беше претставен во специјално видео во кое пие кафе. 🎥 Pep Chavarría's welcome video featuring Alonso's Cafe. (Source: @ChelseaFC) pic.twitter.com/SdBSfdv9Mr https://t.co/10qIL76xMs — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2026 Челзи го донесе Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, а шпанскиот лев бек потпиша договор до 2031 година. Лондонскиот клуб ќе му плати околу 19 милиони евра. Чаварија има 28 ...
Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес (26). Еден од хероите на Светското првенство на Шпанија сега е на еден чекор од заминување во Париз, а договорот вреди вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се согласија за клучните услови по интензивните преговори, пишува Catalan Sport. Преговорите не беа лесни. ПСЖ прво ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус десет милиони бонуси, но ...
Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак откри дека Фудбалската асоцијација на Холандија сè уште не го контактирала, но исто така нагласи дека гледа потенцијал за освојување на најголемите трофеи во сегашната генерација на „лалињата“. „Секогаш сакам да му помогнам на KNVB и гледам јасни можности. Мислам дека оваа селекција на Холандија ...
Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По 0:1 во Унгарија, во Белград, израелскиот шампион славеше со 0:2 и го посрамоти српскиот тим пред домашната публика. Прво, на крајот од првиот дел со свирежи ги испратија своите миленици во соблекувалната, потоа влегоа во клинч со тренерот Дејан Станковиќ, кога тој беше исклучен, а во финишот му порачаа на ...