Сагата околу трансферот на Јан Диоманде во Реал продолжува. РБ Лајпциг сè уште не е подготвен да одговори на најновата понуда на Реал, и како последица на тоа, Реал Мадрид нема контрапонуда на која може да одговори, објавува германски „Скај Спорт“. Според овој извор, но и според инсајдерот Флоријан Плетенбург, договор меѓу клубовите околу трансферот на крилниот напаѓач се уште нема. Да ве потсетиме, Јан Диоманде не беше ниту на клупата на ...

Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС лигата и го предводеше Чикаго Фајер до победа од 2-1 над Шарлот. Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона ова лето, а на своето деби пред домашните навивачи веднаш покажа зошто е доведен. Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој постигна гол по асистенција од Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-та минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-та минута го ...

Лионел Меси (39) се врати во тимот на Интер Мајами во саботата, само 13 дена по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство. Во натпреварот против Колумбус Кру, кој заврши 2:2, Меси влезе од клупата во 53-та минута, а публиката бурно го прослави неговото влегување на теренот на стадионот „Ну“ во Мајами. Ова беше прв настап на Меси за клубот по неговото шесто Светско првенство, а тој влезе на местото на Даниел Пинтер. Само три ...

Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но се чини дека неговата нова дестинација нема да биде Бешикташ, туку нивниот ривал Трабзонспор. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, клубот му понудил на египетскиот напаѓач двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона по состанокот со неговите менаџери. Салах наводно е отворен за таа опција, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе разговара со своето семејство, ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на своите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2. Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешен резултат, пишува „goal.com“. Реал влезе во вториот дел со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, ...

Кристијан Ериксен направи уште еден чекор во процесот на закрепнување, бидејќи се појави на теренот на својот клуб Волфсбург за прв пат по здравствените проблеми што ги имаше во јуни. Искусниот дански играч од средниот ред присуствуваше на пријателскиот натпревар против холандскиот тим Телстар, кој го гледаше од клупата, а германскиот клуб соопшти дека неговата посета првично била планирана порано, но била одложена поради организациски ...

Актуелниот шампион на Италија, Интер, договори големо засилување во одбраната. Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нераѕурите“. Според информациите од аргентинскиот „ESPN“, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, и лелниците на лондонскиот клуб. На овој начин, ...

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор стигнаа до точка што лесно може да биде почеток на крајот за Бразилецот во „Кралскиот клуб“. Раководството на Реал, како што објави „Марка“, му достави ултиматум на Бразилецот: продолжување на договорот под условите што ги диктира клубот или разделба до крајот на преодниот рок. И покрај ултиматумот што обично предизвикува негативни чувства од другата страна, клупските челници испратија јасни сигнали до Винисиус ...

Шампионот на Англија, Арсенал, успеа да ги убеди челниците на Њукасл во врска со трансферот на Бруно Гимараеш. Прашање на денови е кога Бразилецот официјално ќе стане играч на Арсенал. Иако 28-годишниот играч од средниот ред има договор со „сврчките“ уште две години, тој инсистираше да го напушти клубот, а главната причина е што Њукасл не игра во европските натпреварувања оваа сезона. Капитенот не се појави во тренинг кампот во Шпанија, ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од предлогот за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори, по силното противење во рамките на светската фудбалска организација и заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да основа компанија вредна 20 милијарди долари за управување со комерцијалните работи на ФИФА, вклучувајќи ги Светските првенства за мажи и жени, ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) воведе сериозни санкции врз Челзи по истрагата за неправилности во работењето на лондонскиот клуб. „Сините“ беа казнети со 10 милиони фунти, или околу 11,7 милиони евра, а им беше забрането и регистрирање нови играчи во следните два трансфер периоди. Случајот беше покренат откако сегашното раководство на Челзи, кое го презеде клубот во 2022 година, пријави само потенцијални неправилности од ...

Ули Хенес (74), почесниот претседател на Баерн, одговори на медиумските шпекулации за иднината на Михаел Олисе (24) и ја отфрли можноста за негов трансфер во Реал Мадрид. „Се насмеав добро кога ги слушнав тие гласини. Олисе има договор уште три години, нема повеќе што да се каже на оваа тема“, рече Хенес. „Дури и да дојде царот на Кина, нема да седнеме и да преговараме за Олисе“, додаде Хенес. Олисе, француски напаѓач кој може да игра како ...

Еден од најблиските советници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка во знак на протест поради планот за продажба на удели во комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Карлос Кордеиро, поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави и еден од советниците на ФИФА во работната група на Белата куќа за овогодинешното Светско првенство, го обвини Инфантино за ...

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген ќе биде новиот голман на славниот холандски Ајакс. Ајакс успешно го заврши второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Ја елиминираше Војводина и ќе ги продолжи квалификациите против ирскиот Шелбурн. Се очекува за тие натпревари, на голот да биде Тер Штеген, кој пристигнува од Барселона. Германецот утре ќе пристигне во Амстердам, кога ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор. ...

Пари Сен Жермен конечно успеа да постигне договор со Монако во врска со трансферот на младиот Магнес Аклиуш. Преговорите меѓу клубовите траеја со недели, а според француските медиуми, Монако се согласи на петтата понуда на актуелниот европски шампион. Француски медиуми тврдат дека Монако се согласил да го продаде својот млад крилен напаѓач за 50 милиони евра, што е за пет милиони повеќе од последната понуда на ПСЖ. На неговото доаѓање ...

Најдобриот млад играч на Ла Лига минатата сезона е новото засилување на Реал Мадрид. Реал Мадрид доцна синоќа, го извести Леванте дека ќе ја кативира клаузулата за откуп на 21-годишниот напаѓач. „Кралскиот клуб“ за Еспи плати 25 милиони евра. Минатата сезона, Еспи, минатата сезона постигна 11 голови во дресот на Леванте. Foto/ EPA Најдобриот млад играч на Ла Лига минатата сезона е новото засилување на Реал Мадрид. Реал Мадрид доцна ...

Еден ден откако ФИФА ја објави намерата Светското првенство во иднина да има приватен партнер, во светот на фудбалот се крена голема бура. УЕФА и КОНКАКАФ одлучија да ја бојкотираат ФИФА, а иста одлука наскоро се очекува да донесе и Азиската конфедерација. Според почетната позиција, европските репрезентации нема да учествуваат на Светското првенство во 2030 година доколку претседателот Џани Инфантино ја спроведе својата идеја. Земјите од ...

Легендарниот италијански фудбалер Франко Барези почина на 67-годишна возраст, објави Милан само 24 часа откако првично ја демантираше веста. Клубот од „Сан Сиро“ се збогува со човекот кој го претставуваше срцето и душата на „росонерите“ и ја посвети целата своја професионална кариера на црвено-црниот дрес. Како долгогодишен капитен, Барези стана симбол на Милан и лидер на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со клубот и ...

Атлетико Мадрид официјално ја пријави Барселона во Шпанската фудбалска федерација (RFEF), обвинувајќи го каталонскиот клуб за несоодветен и нелегален пристап до нивниот напаѓач Хулијан Алварез. Аргентинскиот интернационалец има договор со Атлетико до летото 2030 година, но тој навести за време на Светското првенство дека сака да го напушти клубот. Тоа дополнително го поттикна интересот на Барселона, која го гледа Алварез како едно од ...

Сите 55 фудбалски асоцијации членки на УЕФА, меѓу кои е и Фудбалската федерација на Македонија, ја поддржаа можноста за бојкот на Светското првенство во знак на протест. Причината е предлогот на ФИФА за продажба на малцински удел во нова компанија која би управувала со комерцијалните права на најголемите натпреварувања. Одлуката беше донесена на вонреден состанок на УЕФА одржан попладнево, само два дена откако ФИФА го презентираше ...

Фулам постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос за вкупна сума од 50 милиони евра. Според договорот, вредноста на Гарсија беше проценета на 40 милиони евра, а на Паласиос на 10 милиони евра. Договорите содржат и клаузула според која на Реал ќе му припаднат по 30 проценти од идните гтрансфери на фудбалерите. Двајцата фудбалери на „Крејвен Котиџ“ пристигнаа на барање на новиот тренер, Алваро Арбелоа. ...

Јувентус ја доби трката со Челзи за потписот за суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Карем Алајбеговиќ. Како што пишува најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, „Старата Дама“ од Торино ги договорила сите детали со 18-годишникот и неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен. Вредноста на комплетниот трансфер треба да изнесува 35.000.000 евра, според формулата 33 милиони се фиксни, а другите два милиони евра преку ...

Претседателот на Азиската фудбалска конфедерација (AФК), шеикот Салман бин Ебрахим Ал-Калифа, го оцени планот на ФИФА за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори како „целосно неприфатлив“ и рече дека потегот ја поткопува континенталната структура на спортот. Невообичаено директните коментари од бахреинскиот функционер беа дел од писмото испратено, во четвртокот, до адресите на 47-те национални асоцијации членки на ...

Францускиот фудбалер Максенс Лакроа е нов играч на Челзи, објави англискиот клуб. Лакроа потпиша договор со Челзи до 2032 година, а во клубот доаѓа од Кристал Палас за 60.700.000 евра, објави „Скај Спортс“. „Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челзи и неговата победничка традиција, па ова е навистина горд момент. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме ...

Леброн Џејмс сè уште не одиграл ниту една секунда во дресот на Филаделфија, а успеа да сруши еден рекорд, што најдобро покажува колку внимание предизвика неговото доаѓање. Новиот дрес со број 23 на Леброн стана најпродаваниот дрес од кој било спортист во Америка во првите 48 часа од неговото објавување, покажуваат податоците од компанијата „Фанатикс“. Тој го надмина претходниот рекорд на јапонската бејзбол ѕвезда Шохеи Охтани, поставен ...

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, го најави доаѓањето на ново напаѓачко решение, кое го нарече „бомба“ и рече дека работата на клубот во летниот преоден рок е завршена само 60 проценти. Во овој период, клубот веќе двапати го сруши сопствениот рекорд за износот на трансфери и досега инвестираше 267 милиони евра во тројца нови фудбалери. Трансферите на Тотенхем во актуелниот преоден рок: Сандро Тонали (108 милиони евра) Матеус ...

Германскиот шампион, Баерн Минхен, објави дека за нив преодниот рок е завршен. Ова го потврди Макс Еберл, спортскиот директор на великанот од германската покраина, Баварија. „Го завршивме преодниот рок со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен. Го направивме тоа многу брзо и со тоа го завршивме потпишувањето на играчи за ова лето“, рече Еберл. Иако многу големи имиња се поврзуваа со Баерн, Еберл е јасен. „Се ...

Италијанскиот фудбалски тренер Роберто Манчини во своето прво јавно обраќање и се извини на нацијата. Манчини е повторно назначен за селектор на Италија, која е во голема криза, три години откако ја напушти таа позиција поради профитабилен договор со репрезентацијата на Саудиска Арабија. „Многу ми е жал. Тоа е како кога ќе ја изгубите жената на вашиот живот. Потоа сфаќате дека сте направиле нешто што не требало да го направите. Затоа ми е ...

Среде подготвките за новата сезона, тренерот на Њукасл, Еди Хау го напушти клубот. Хау замина по поразот од Бристол со 4:1. Њукасл реагираше брзо, германскиот стручњак Матијас Јајзл, актуелниот стратег на Ал Ахли од Саудиска Арабија, ќе го замени Хау. Англискиот стручњак ја напушти клупата на „Страчките“ по 231 натпревар и речиси пет години поминати на „Сент Џејмс Парк“. Тој победи на 84 од 179 натпревари во Премиер лигата, што го прави ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради инциденти што се случија веднаш по финалето на Светското првенство против Шпанија. ФИФА под истрага ги стави играчот од средниот ред Леандро Паредес и дефанзивецот Нахуел Молина, додека постапка беше покрената и против помошникот на селекторот на Аргентина, Роберто Ајала. Аргентина го загуби финалето на Светското ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42