Милан постигна договор со Рубен Аморим, кој треба да ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на италијанскиот клуб, објавија португалските медиуми. Според овие извори, португалскиот тренер се согласил на двегодишен договор, до летото 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Откако го напушти Манчестер Јунајтед во јануари, Аморим (41) планираше да не преземе нов клуб оваа сезона, но понудата на Милан ги промени ...

Исмаел Саибари ќе стане нов играч на Баерн. 25-годишниот напаѓач, неговиот клуб ПСВ Ајндховен и германскиот гигант ги договориле сите услови за реализација на трансферот. Наскоро сè ќе биде официјализирано. Саибари ќе стане нов играч на Баерн и ќе отпатува во Минхен по завршувањето на Светското првенство, каде што е со мароканската репрезентација. Овој фудбалер ќе ги помине медицинските прегледи во Соединетите Американски Држави. Тимот од ...

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше голема желба на Жозе Мурињо. Сепак, 24-годишниот Хрват рече „не“ на понудата од Мадрид и останува лојален на „Граѓаните“. Поради одлуката на Гвардиол, Реал реагираше на пазарот и изненадувачки постигна договор со Марк Кукуреља од Челзи. Тие платија 60 милиони евра за неговите услуги, а Гвардиол би ги чинел ...

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа зошто се толку почитувани низ целиот свет. По нерешениот резултат против Холандија (2:2) во Далас, илјадници јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот по завршувањето на натпреварот. Наместо тоа, тие останаа на трибините за да го исчистат просторот каде што го гледаа натпреварот. Глетката на јапонските навивачи ...

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство, додека во Групата Ф, Шведска го декласира Тунис со 5:1. Натпреварот во Филаделфија, пред речиси 60.000 навивачи на Еквадор, беше решен во 90-та минута. Целиот натпревар беше полн со интензитет, ритам и динамика, а тоа донесе многу шанси на двете страни, вклучувајќи и удари кон голот. Еквадор три пати ...

Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство. На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи. Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но ...

По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување. Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а ...

Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Мадрид по завршувањето на Светското првенство. Реал за него чќе плати 55 милиони евра,а доколку ги исполни бонусите, Челзи ќе може да инкасира и дополнителни пет милиони евра. Договорот е постигнат ненадејно и без најава, бидејќи најблиску до потписот на левиот бек беа Атлетико ...

Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1. Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за дуел помеѓу екипи со различен квалитет – „Панцерите“ влегоа како апсолутни фаворити против дебитантите и една од најмалите фудбалски екипи на турнирот, но Курасао, и покрај ова, покажа борбен дух и успеа да остави трага во историјата. Токму со голот на Комененсија беше ...

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Барселона, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. За хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона. На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на ...

Бразил го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Мароко, а реакциите во татковината, за настапот на националниот тим се брутални. Бразилските медиуми и коментатори не се задоволија со класичните критики, туку настапот на „Селесао“ го опишаа како алармантен, анемичен и на делови срамен. Бразил се спаси благодарение на индивидуалната мајсторија на Винисиус Жуниор, но впечатокот по натпреварот беше далеку од очекуваниот од петкратните ...

Јаки полициски сили, во полна борбена опрема, спречија потера по Тајрик Џонс во „Салата на мирот и пријателството“. Кога слушнаа што се случило во ходникот синоќа, откако го загубија петтиот натпревар од финалето на плејофот на паркетот од нивниот најголем ривал, кошаркарите на Панатинаикос се вратија за да се пресметаат со Џонс. Центарот на Олимпијакос, беше исклучен, на 3:17 до крајот на третиот период, откако го зграпчи Кендрик Нан за ...

Со нерешениот резултат против Бразил (1:1) на Светското првенство во 2026 година, мароканската репрезентација не само што освои важен бод, туку и испиша единствена страница во фудбалската историја. „Атлас Лајонс“, кои на Светското првенство во 2022 година во Катар станаа првата африканска репрезентација што стигна до полуфиналето на Светското првенство, сега уште еднаш влего во историјата на Мундијалите. Мароко стана првата репрезентација ...

Њујорк Никс ја освоија шампионската титулата во НБА лигата, откако ги победија Сан Антонио Спарс во петтиот натпревар од големото финале – 94:90 и со вкупно 4:1 во серијата стигнаа до првиот шампионски прстен од 1973 година. Петтиот натпревар од финалето се играше во Сан Антонио, а домашниот тим го отвори натпреварот подобро и стекна двоцифрена предност во текот на првото полувреме. Спарс во неколку наврати имаа предност од 16 поени, додека ...

Австралиските фудбалери ја победија Турција (2:0) во натпреварот од првото коло од Групата Д на Светското првенство. Нестори Иранкунда даде водство во 27-та минута, а победата ја потврди Конор Меткалф во 75-та минута. „Кенгурите“, приредија големо изненадување, ако се земат предвид најавите дека Турција може да направи големи нешта на Светското првенство. Турците имаа повеќе од 30 удари кон голот, но голманот Патрик Бич беше фантастичен. Во ...

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати). Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, ќе мора да одговора на ...

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки. Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута. Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, ...

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија. Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка. Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница: Играчите на Панатинаикос се обидоа да ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“. Британецот стигна до најдобрата стартна позиција со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Седумкратниот првак, прв пат ќе стартува од првиот ред како возач на Ферари. Најблиску до најбрзите двајца беше лидерот во генералниот пласман Андреа Кими Антонели, кој ...

Ракометарите на Фуксе Берлин први изборија пласман во финалето, во Лигата на шампионите. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн, Берлин го победи бранителот на трофејот, Магдебург со 40:35 (19:17). „Лисиците“ го контролираа натпреварот од самиот почеток, се чинеше дека и порано ќе ја обезбедат победата, особено кога во 34-та минута, стекнаа предност 23:19. Магдебург сепак успеа да се врати со брзи три гола, а потоа и да дојде до ...

Се чини дека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка немало 44.985 гледачи, како што претходно објави ФИФА, поради што светската фудбалска организација се огласи со објаснување. „Официјалните податоци за посетеноста го одразуваат бројот на скенирани билети и гледачи кои биле присутни на стадионот, а не визуелни проценки за тоа колку седишта биле пополнети во кој било момент од натпреварот. 🚨 Breaking: So many empty seats were spotted ...

Фудбалската репрезентација на Турција се најде во центарот на вниманието на Светското првенство откако тројца репрезентативци биле снимени на балкон додека пушеле. Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции кај навивачите. Дополнителни контроверзии предизвикале шпекулациите на дел од корисниците дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт, иако за таквите тврдења засега нема официјална потврда. ...

Напаѓачот на американската репрезентација Фоларин Балоган изјави дека чувството да постигне два гола на Светско првенство е нешто што ги надминало неговите очекувања. „Замислував како ќе биде кога ќе постигнам гол на Светско првенство, но реалноста го надмина тоа. Ова е ноќ од соништата“, рече Балоган по победата на САД од 4:1 против Парагвај. Балоган, кој во минатото можеше да избира дали ќе настапува за САД или Англија, истакна дека ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, изјави дека би го заменил својот прв гол за националниот тим доколку тоа значело победа против Канада на Светското првенство. „Не можев да замислам поубаво сценарио од тоа првиот гол за репрезентацијата да го постигнам токму на Светско првенство. Сепак, жал ми е што не победивме. Повеќе ќе ми значеше да освоевме три бода, а јас да не постигнев гол“, рече Лукиќ по ремито 1:1. Тој додаде ...

Фудбалската репрезентација на Англија се соочи со непријатна ситуација пред првиот натпревар на Светското првенство против Хрватска. Според британските медиуми, дел од опремата на англиската репрезентација била украдена за време на транспорт кон Канзас. Меѓу украдените предмети се копачки, тренинг-топки и тактички табли што селекторот Томас Тухел ги користел за подготовка на тимот. Кражбата била извршена со провалување во возилата што ја ...

Босна и Херцеговина го отвори настапот на Светското првенство 2026 со реми 1:1 против Канада, а и покрај тоа што прими гол во завршницата, славјето меѓу навивачите во Сараево не изостана. Стотици навивачи излегоа на улиците на главниот град на БиХ по натпреварот, пеејќи и веејќи знамиња до доцна во ноќта, пренесува „Индекс“. За Босна и Херцеговина ова е прво учество на Светско првенство по 12 години, односно по настапот на Мундијалот во ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако, според податоците на Трансфермаркт, станал најбараниот фудбалер во светот. Лукиќ привлече големо внимание по погодокот против Канада, кој воедно беше и негов прв гол во дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Сепак, не само голот бил причина за огромниот интерес кај навивачите и скаутите. Според статистичките ...

Фудбалската репрезентација на Соединети Американски Држави го победи Парагвај со 4:1 во натпревар од првото коло во групата Д на Светското првенство. Американците поведоа уште во 7. минута со автогол на Дамијан Бобадиља, а потоа Фоларин Балоган двапати ја затресе мрежата, во 31. минута и во судиското продолжение на првото полувреме. Конечните 4:1 ги постави Џовани Рејна во осмата минута од судиското продолжение. Единствениот гол за Парагвај ...

Ко-домаќинот на СП, Канада и Босна и Херцеговина, одиграа 1:1 (0:1), во првиот натпревар, во Б групата. Канада го освои првиот мундијалски бод во историјата, бидејќи во претходните два настапи, во 1986 и 2022 година, ги забележа сите шест порази. БиХ слави бод во Торонто, кој може да им ја отвори вратата кон нокаут фазата. Екипата на Сергеј Барбарез успеаја во намерата, да не загубата на премиерата. БиХ беа дефанзивно оријентирани, им ја ...

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа до титулата во АБА лигата. Oва е прв трофеј за овој клуб, додека Партизан прв пат по 2021 година заврши сезона без освоена титула. Четвртиот меч понуди неизвесност до последната секунда. На Партизан му пресуди поранепниот играч, Алекса Аврамовиќ, со поени од линијата за слободни фрлања на 15 секунди до крајт. Во ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Паладиум

39866.93

Злато

133769.08

Калај

53.45

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.40

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

12.73

Кобалт

45.39

Сребро

2087.39

Платина

53498.84

Рутениум

48965.59