
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Победата на Барселона над Рајо Ваљекано крена голема прашина и донесе промени на табелата во шпанската Ла Лига. Каталонците славеа на „Монжуик“ со 1:0, а единствен стрелец беше Роберт Левандовски, кој реализираше пенал во 28. минута. Пеналот беше досуден откако судијата Мелеро по прегледувањето на видеото од ВАР покажа на белата точка. Тој оцени дека Папе Сис неправилно го запрел Мартинез. Неколку минути претходно слична ситуација се случи во ...
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја прекина соработката со зимското засилување Денис Смит Јуниор, додека поранешниот НБА шампион Серж Ибака исто така ќе се раздели со шпанскиот клуб. Смит (27) деветти пик на НБА драфтот во 2017 година е поранешен играч на Далас Маверикс, Њујорк Никс, Детроит Пистонс, Портланд Трејл Блејзерс, Шарлот Хорнетс и Бруклин Нетс. Плејмејкерот имаше просек од 9,7 поени, три скока, 4,2 асистенции и 1,2 украдени топки во ...
Бенфика го пречекува Монако во 21 часот во реваншот од плеј-офот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Првиот меч Бенфика го доби во Монте Карло со 1:0. Натпреварот имаше стресна увертира. Лисабон синоќа беше погоден од силен земјотрес со јачина од 4,7 степени, непосредно пред тренерот на Бенфика, Бруно Лаже да ја започне својата прес конференција во клупскиот камп Сеиксал. Додека одеше до своето место, целата сала почна да тресе. Бројните ...
Аргентинскиот стручњак Диего Кока повеќе не е тренер на Ваљадолид, соопшти шпанскиот клуб. Кока го презеде Ваљадолид на 14. декември минатата година, кога на клупата го замени Пауло Пезалон, но на осум меча забележа седум порази и една победа и доби отказ. Ваљадолид е на последното место, 20. во шпанската Примера со 15 бода, осум бода под зоната за испаѓање. Од клубот изјавија дека тимот привремено ќе го води тренерот на резервниот тим Алваро ...
Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар ќе играат на гости кај Канзас Сити. Како што пренесуваат американските медиуми, големи се шансите Меси да не игра на тој меч, а причината е што температурата во тој град ќе биде -15 Целзиусови степени, а наводно се чувствува како да е -25. Затоа Меси не сака да биде на теренот, но ...
Нејмар пред еден месец се врати во Сантос, а во четвртиот меч за клубот во кој ја започна кариерата го постигна првиот гол. Нејмар постигна гол од пенал. Бразилецот погоди по пауза од 502 дена. Поранешниот играч на Барселона, ПСЖ и Ал Хилал , со гол и асистенција го предводеше Сантос до победата над Агуа Санта (3:1). Amazing run from Neymar to win a penalty 🥶 He then of course converts the penalty 🇧🇷pic.twitter.com/fiDQhAjppN — Brasil ...
Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен. Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто. Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да ...
Џејкоб Киплимо, атлетичар од Уганда, го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 48 секунди. Киплимо го истрча полумаратонот во Барселона за 56 минути и 42 секунди, што е за 48 секунди подобро од претходниот најдобар резултат, на Јомиф Кејелча, со 57 минути и 30 секунди. „Ова беше совршена трка. Идеална температура, без ветер, фантастична патека, сè помина подобро од очекуваното. Пејсмејкерот го постави договореното темпо од 2:45, но бев ...
Германскиот центар Даниел Тајс официјално го засили Монако. Тајс по осум години минати во НБА, каде за шест различни екипи, остана без договор и реши да се врати во Европа. Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Индијана Пејсерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс потпиша договор до летото 2026. На 411 натпревари во најсилната лига на светот забележа 7,1 поен, 4,7 скока и 1.3 асистенции по натпревар. Наводно ...
Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги оневозможи коментарите на Инстаграм бидејќи почнал да добива смртни закани. За потсетување, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна. Реал од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џуд Белингем. На англискиот репрезентативец му беше покажан патот во соблекувалната ...
Три евролигашки екипи, кои во моментов се борат за пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, доживеаја убедливи порази во натпреварите, во кои се бореа за трофејот во Купот на своите држави. Реал Мадрид во реприза на ланското финале во Купот доживеа пораз од Уникаха. За Андалузијците ова беше трето финале во Купот во последните шест години и втор трофеј во последните три сезони. Во единственото финале што го загубија, во сезоната ...
На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската. Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна. „Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата припаѓаат на НБА. На ...
Реал Мадрид и Манчестер сити во среда со почеток од 21 часот ќе го одиграат вториот плејоф натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Реал, минатиот вторник, во Манчестер стекна капитална предност, со два гола во финишот забележа победа 3:2. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има минимални шанси да се пласира во следната рунда. „Нашите шанси за победа на „Бернабеу“ се минимални, сите го знаат ...
Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека менаџерите имаа големи кадровски проблеми. Манчестер јунајтед на „Вајт Харт Лејн“, пристигна со само 12 фудбалери од сениорскиот погон, поради бројните повреди. Рубен Аморим зборуваше за тоа на прес конференцијата, а ако некој го разбира, тоа колегата од спротивниот табор Ангелос Постекоглу. Тренерот на Тотенхем со овој ...
Дејвид Мојс се врати на клупата на Евертон и ги врати насмевките на „Гудисон Парк“. Во прилог му одат и бројките. Шон Дајч доби отказ на клупата на „карамелите“ по лошиот старт во сезоната. Евертон беше блиску до зоната за испаѓање, Мојс дојде на местото на Дајч и го оживеа тимот. Дејвид Мојс се врати во клубот по 12 години и направи целосен пресврт, оттогаш Евертон е, верувале или не е најдобриот клуб во Премиер лигата. Од доаѓањето на Мојс, ...
Фудбалскиот клуб Милан и голманот Мајк Мењон постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, францускиот голман постигнал вербален договор со Милан и ќе потпише договор до 2028 година. Во принцип ќе заработува пет милиони евра годишно и одредени бонуси. Се очекува Мењон во наредните недели и официјално да потпише нов договор. Тој пристигна во Милан од Лил во летото 2021 година за 16 милиони евра. Со овој потпис, ...
Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи во посебен систем, а победи тимот кој го избра прославениот центар и сопственик на четири шампионски прстени Шекил О’Нил. Ол-стар викендот го пропушти Леброн Џејмс. Ѕвездата на ЛА Лејкерс се повлече еден час пред почетокот, поради повреда на зглобот. Тимо Шек до победата го предводеше иконата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари. Со ...
Манчестер јунајтед во Лондон, против Тотенхем, го доживеа 12.пораз во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Тотенхем победи со голот на Џејмс Медисон постигнат во 13.минута. На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, менаџерот на Јуанјтед Рубен Аморим рече: „Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, ...
Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1:0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе од Интер, додека Јувентус се наоѓа на четвртото место со десет поени помалку од првопласираниот тим во Серија А. Дербиот на стадионот на Јувентус во Торино го реши португалскиот репрезентативец, Фабио Консеисао во 74.минута. ⚽️ GOAL: Francisco Conceição 🇮🇹 Juventus 1-0 Interpic.twitter.com/AdPSNh7PTf — Goals Xtra (@GoalsXtra) February ...
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0. Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал. Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер ...
Хулигани го нападнаа делегатот на натпреварот меѓу Локомотив Пловдив – Септембри Софија одигран во првенството на Бугарија. Пред почетокот на натпреварот се одржа речиси половина час долга церемонија и молитва за одбележување на стогодишнината на клубот. Гостите славеа со голот на Рупанов од пенал во 60. минута. Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето. На еден од навивачите на Локомотив му се слошило на трибините, лекарите ...
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Вулверхемптон со 2:1 во 25. коло од Премиер лигата. Ливерпул го забележа првиот триумф по два неуспеси, загубија од Плимут во Купот и играа нерешено со Евертон во Премиер лигата. Со оваа победа, до која дојдоа потешко од очекувањата, Ливерпул ја врати предноста од седум бода во однос на Арсенал, додека Волвс и покрај поразот се уште се веднаш над зоната за испаѓање. Првото полувреме на „Енфилд“ беше идеално ...
Започна пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Во 19.коло Шкендија во Скопје го победи Вардар, Работнички загуби од Шкупи, Силекс не успеа да го совлада Тиквеш, а Струга доживеа пораз во Гостивар. Шкендија со триумфот над Вардар во Скопје (2:1) се искачи на лидерската позиција на табелата и во исто време го турна Вардар на последното место. Ибраимо го постигна првиот гол за Шкендија, изедначи Закариќ од пенал во ...
Рускиот тенисер Даниил Медведев имаше интересен предлог за сите кои потенцијално би паднале на допинг тест. Тенискиот свет зборува за случајот „Јаник Синер“, откако Италијанецот се спогоди со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Синер прифати тримесечна суспензија и ќе му се врати на тенисот на 4.мај. „Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако тие кажат: „Ви најдовме ова, ќе бидат две години (суспензија)“, ќе ...
Никола Јокиќ изјави дека поразот од САД на ланските Олимписки игри во Париз е најголемиот во неговата кариера, пренесоа американските медиуми. Јокиќ потсети на полуфиналето на Олимписките игри во Париз, каде Србија беше поразена од селекцијата на САД со 95:91. „Секогаш велам дека тоа беше најтешкиот пораз во мојата кариера. Беше интересен натпревар, се чувствував како сите да навиваат за нас, бидејќи сме толку мала земја. Не сум сигурен дали ...
Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско. Хиро се мачеше да се пласира во финалето, каде беше подобар од Бади Хилд и Дариус Гарланд. Демијан Лилард, двократен победник, целосно потфрли, не успеа да го помине ни првиот круг. Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени, но во лучните моменти успеа да погоди две зелени топки кои вредат три поени и ...
Кошаркарот на Орландо, Мек Мекланг испиша историја во Сан Франциско откако победи на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, трет пат по ред. Ѕвездата на Џи лигата приреди извонредно шоу, постигнувајќи совршени резултати на сите четири забивања. „Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам”, рече Мекланг. Покрај Мекланг, само Нејт Робинсон победил уште ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Купот на Македонија 13. пат во својата историја. Во финалето МЗТ го декласира Кожув со 86:61. Финалето имаше доза на неизвесност само на почетокот на натпреварот. Серијата од 12:3 му ја донесе на МЗТ првата серизна предност (18:10) и од тој момент започна доминацијата на МЗТ. На стартот од втората четвртина, МЗТ стигна и до двоцифрена предност, а на пауза замина со предност од 15 поени (42:27). Во вториот ...
Баер Леверкузен и Баерн одиграа нерешено без голови (0:0) во дербито од 22. коло на Бундес лигата. Двете најдобри екипи во Германија ги поделија бодовите, во натпревар во кој „фармацевтите“ доминираа, но не успеаја да постигнат гол. Виртц прв му се закани на Нојер, Фримпонг и Тела ја погодија гредата, а Тела вп неколку наврати беше блиску до гол. Во 66. минута дефанзивецот на Баерн Ито од гол линијата интервенираше и спречи водство на Баер. ...
Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2:2 во Рим. Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А. Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута ...