Најслаткото чоколадо во градот, верувале или не, ќе го пронајдете во најнеочекуваното место – во сувенирницата и билетарница од битолскиот музеј. По теркот на европските музеи, од синоќа започна со функционирање обновената сувенирница којашто има и нова улога – оттаму купувате билет за влез во Музејот. Чудесната стаклена кутија којашто многумина до пред десетина години ја нарекуваа киоск, некои сувенирница, лоцирана спроти спортската сала и ...

Националниот парк „Пелистер“ во соработка со експерти од Германија и Националниот парк „Галичица“, на Пелистер спроведуваат организирано проучување на лилјаците. Синоќа реаелизираа едукативна сесија со средношколци, а истражувањето ќе се спроведува до 16 овој месец. Злокобен, сенишен, дракулест – се се ова дефинирања на еден од најинтересните цицачи кои летаат – лилјаците. Лошиот имиџ започнува со фактот дека тоа се суштества на ноќта, многу ...

Од Општина Битола денеска преку соопштение информираат дека по констатираните теренски пропусти, односно девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, општина Битола достави известување до Министерството за транспорт и врски. Во известувањето до Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија ...

Битолска „Нискоградба“ информира дека спортските реквизити кои беа поставени во новиот парк во Нова Битола, се времено демонтирани од страна на КЈП ,,Нискоградба” Битола и истите се наоѓаат во нивниот стопански двор. „Демонтажата е извршена заради поставување на подни гумени плочки. По поставување на подни гумени плочки, спортските реквизити ќе бидат вратени на постоечката локација“ стои во информацијата од јавното претпријатие. Претходно ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека по извршената санација на водоводната мрежа (челична цевка Ф – 400) на ул. „Кире Костадиновски“, Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато. Истакнуваат дека екипите беа постојано на терен и активностите околу санацијата се одвиваа во најбрз временски рок. Фото: ...

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. Трамп вчера изјави дека во Истанбул ќе отпатува само ако на преговорите присуствува Путин. Откако рускиот претседател изјави дека нема да присуствува на преговорите и Трамп. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио ...

Владата на Швајцарија предупреди дека ќе бара да го ограничи слободното движење на луѓето од ЕУ ако нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминат одредени граници, објави МИА. Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка и покрај противењето на националистите, за кои Европска Унија е закана по суверенитетот на земјата. Договорот се соочува со долг процес на ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска повика на разум , да не се стопираат проектите од Советот, да се остават настрана ситните политички интереси и калкулации во интерес на граѓаните на Битола. „Повторно имаме нова, но веќе видена, состојба на надмудрување во Советот на општина Битола, повторно влегуваме во вртлогот на приказната за политика, а добиваме наше битолско одбивање на средства од Европската Унија. Советот на Битола ...

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба ...

За уписи во средните училишта во општина Битола за учебната 2025/2026 година, предвидени се два уписни рокови: ЈУНСКИ УПИСЕН РОК: * Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година. * Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот. АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК: * Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 ...

Уште една мачна и тешка ситуација за Битола. И повторно за европски пари. ВМРО ДПМНЕ деновве со обвинување до СДСМ, Поинаку и Левица дека не гласале за седум европските проекти. На последната седница на Советот на Општина Битола, на комисиската расправа Бојкоски се обидуваше да им ја објасни ситуацијата со договор кој е од 2023 година и за кој има пари за општините, бклучително и за битолската. Николовски од СДСМ бараше да се достави се пред ...

Од 17 до 23 мај, Битола ќе биде домаќин на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, културен настан кој веќе четврт век ја афирмира моќта на индивидуалната актерска изведба и ја поврзува домашната со светската театарска сцена. Годинава, фестивалот ќе понуди 10 монодрамски претстави во официјалната програма, со учесници од 9 држави: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и Бугарија. Отворањето ...

„Поминаа три години од почетокот на крвавата војна во Украина, сите погледи на светот се вперени во календарот: 15 мај 2025 година, дали двајцата Владимирови, рускиот и украинскиот претседател, Путин и Зеленски, конечно ќе се сретнат и директно ќе преговараат за условите за мир?“ – пишува Би-Би-Си во информацијата за Руско-Украинските воени дејствија и предлозите за примирје, односно договор за мир. Путин пред неколку недели предложи директни ...

Во 37 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 4, 14, 23, 28, 30, 34, 37. Извлечено беше и црвеното топче кое ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 499.773,75 денари. Фондот за седумка во следното коло е 31.476.000 денари. На џокерот извлечени беа следните броеви: 8, 0, 3, 0, 4, 2. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше две петки секоја од нив вредна по 17.088,00 денари. ...

Среќата под прстите со инстант лозот „Калинка“, вака се вели за новит лоз на Државна лотарија. Вашиот репортер со своите прсти почна да греби и да си ја проба среќата. Првата грепка која чини само 70 денари, му донесе 70 денари, ја замени за друга „“Калинка“ и таа му донесе 70 денари оти изгреба три полиња со иста сума. Не ги зеде парите за да биде на нула, тука добитната ја замени за нова и тука заврши. Немаше добивка, но иако веруваше дека ...

Управата за хидрометереолошки работи (УХМР)за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер и тоа претежно од северен правец. Во Битола и околината се очекува температурата да се движи меѓу 8 и 20 степени Целзиусови. Во државата максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени. Државата е сеуште под влијание на влажен бран. Водениот талог од синоќешниот дожд во Битола изнесува 5 литри на метар ...

Вчера уште рано наутро на едно место, за некои утринска провокација. По неа соопштение за инвестицискиот циклус. 10 милиони евра во образованието од локалната власт, донации, министерството. Ова го знаете од вчера, а филмот допрва почнува каде дејствието се случува во минатото. Имате време да си направите на пример пуфки, додека телеграфски кажеме што претходеше на она што после не врати во минатото. Завршните сметки на основните и средните ...

Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, стои во извештајот на Државната ревизија. „Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, не донесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, не изрекувањето на глоби спрема ...

Не поминаа 48 часа од завршувањето на големата акција за чистење на градот „Генералка викенд“, екипите на Нискоградба се соочија со некој што задоцнил – во акцијата. Интевернираа во реката Драгор, отстрануваа кревет. Во екот на акцијата „Генерална Викенд“ и во Битола се доби инспирација да се зачисти, кој по дома, кој по надвор. Сметот едни го ставија во своите канти, дел од граѓаните селектираа, а еден – непознат, ја искористи реката Драгор. ...

Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски денеска рече дека советниците на СДСМ, Поинаку и Левица не гласаа седум проекти во висина од 1 милион евра кои беа одобрени од Европската инвестициона банка за општина Битола. „Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на последната седница предложи точка со која 7 проекти требаше да отпочнат со реализација а финансирани од европската инвестициона банка. Во моментот се ...

13/05/2025 07:06 - Тера

Доколку имавте 1.000 евра за една влезница, ама сепак не успеавте на купите влезници за ниту една од евровизиските вечери, во следните минути збор-два за Евровизија 2025. Оваа е евровизиска недела за европските музичари, и за политичари. Македонија не оди. Некои велат – конечно некоја добра одлука, ги има и тие кои сметаат дека присуството на Македонија на евровизија треба да биде и политичка порака – како одговор на се што се случува на ...

Министерството за внатрешни работи денеска предупредува на интернет криминал што се случува во континуитет но деновиве е засилен. Имено, преку електронска пошта на корисниците им се испраќаат лажни пораки од вистински македонски компании кои ве обвинуваат за сторен прекршок па ви ги бараат личните податоци. Не наседнувајте. Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов ...

Владата ја разгледа и усвои информацијата за потреба за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола. Во соопштението од Владата се вели дека формирањето на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола претставува стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование особено во Пелагонискиот и ...

На денешната седница на Советот на Општина Битола, процедурално реагираше советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски. „Во салата согласно Законот за употреба на знамињата во заедниците и Законот за употребата на знамето на држвата, има тука истакнато знамиња на друга држава. Вие како најодговрна тука во Советот, ве повикувам да се стави ред во салата, бидејќи вие сте за тоа задолжена, бидејќи со вака поставените знамиња се ...

Продолжуваат интензивните инспекциски контроли и увиди на терен во објектите на територијата на општина Битола. Акцентот пред се е ставен на образовните објекти, односно на градинките и училиштата, во насока на зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите, во заедничка соработка и консултација со Дирекцијата за заштита и спасување, соопштија од Општина Битола. Во градинката во с. Бистрица, екипата на ДЗС констатираше ...

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад тргнаа во штафетен ултрамаратон низ Европа кон Брисел синоќа беа пречекани од повеќе стотици граѓани на бриселскиот плоштад „Шуман“, каде се наоѓаат и седиштата на Советот на ЕУ и Европската комисија. Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, ...

По девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, согласно договорот за изведување, настанатото оштетување ќе биде санирано од страна на изведувачот, соопштија утрово од Општина Битола. Во соопштението од Општината се вели дека наведениот објект, односно ул. „Бурса“ е во гарантен период и сите аномалии кои што се појавиле или ќе се појавуваат, ...

Во периодот на енергетска трансформација кон целосно зелено сценарио, државната енергетска компанија АД ЕСМ интензивно работи на елиминирање на набавката на јаглен за потребите нА РЕК Битола, каде што овој енергенс учествува со околу 50 отсто во производствената цена на електричната енергија. Експлоатацијата на јаглен и во близина на Живојно, битолско, кое се наоѓа во непосредна близина на двата постоечки рудници на најголемиот енергетски ...

И денеска претпладне група странски туристи во посета на Битола. Според јазикот на кој зборуваа беа од западна Европа. Една од главните локации каде застануваат, се фотографираат и водичите ги информираат е центарот на градот, односно плоштадот „Магнолија“ со споменикот Филип втори и Саат кулата. Тука има и верски објекти кои исто така се разгледуваат. Широк Сокак без сомнение е улицата каде задолжително поминуваат разгледувајќи ја старата ...

„Пелистерскиот водопад од денес е лесно достапен за сите. Патеката е уредена и поставени се нови содржини за одмор и престој на крајната локација“ соопшти денеска директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски. Денес вработените од НП „Пелистер“ со помош на коњи и поддршка на локалното население од Нижо Поле, работеа на уредување(расчистување и маркирање) на патеката која води до една од најлесно достапните убавини на Пелистер, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.29
99%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
69%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
82%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
92%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
94%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28