Новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, оцени дека средбите кои ги одржал денеска во Брисел, биле „продуктивни“, додека се обидува да ослободи милијарди евра од фондовите на ЕУ за својата држава. По серијата состаноци на високо ниво во Брисел, Маѓар изрази оптимизам дека средствата од Европската Унија би можеле наскоро да и бидат исплатени на Унгарија. Маѓар ја одржа првата директна средба со претседателката на Европската комисија, Урсула ...

Недовербата на младите во институциите и јазот меѓу стратегиите и реалноста беа клучните пораки на Теодора Милеска од Мрежа Стела во дебатата „Топ Тема“ на Телма. Милеска посочи дека секојдневните проблеми со кои се соочуваат младите директно влијаат врз перцепцијата за институциите. Според неа, младинските политики формално постојат, но нивната реализација е сериозно проблематична. „Од младински политики најчесто имаме ПДФ документи што може ...

Недостатокот на реални услови за младите, и покрај постоењето на политики „на хартија“, беше во фокусот на излагањето на Гоше Николов, основач и уредник на студентската платформа „Студентарија“, во дебатата „Топ Тема“ на Телма. Николов посочи дека иако формално е образуван во една област, реалноста го насочила кон друга, каде успеал да создаде простор за делување и ангажман. Тој нагласи дека младите сè почесто ја напуштаат државата, но дел од ...

Младинските политики во Северна Македонија постојат повеќе на хартија отколку во пракса, а чувството на разочараност кај младите сè повеќе расте, оцени Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во дебатата „Топ Тема“ на Телма. Ходаи посочи дека иако пред неколку години размислувал да студира во странство, сепак одлучил да остане во земјата и да се бори за промени. „Иако куферчето ми е спакувано, многу сакам да останам тука… чувствувам ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната 11. седница утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Давид Илиески, задолжувајќи ја Развојната банка да ги достави бараните информации од јавен карактер. Судот одлучи дека Развојната банка е должна „да ги достави бараните информации, согласно Барањето за пристап до информации од јавен карактер… во рок од 8 дена откако Одлуката… ќе се објави ...

Мнозинството ја испрати техничката влада во историјата. Седумдесет пратеници го притиснаа зеленото копче, наспроти единаесет кои гласаа „против“. Седницата траеше неколку часа, помина со бројни процедурални забелешки и неколку паузи. Кулминираа препукувањата на релација власт и опозиција. „Треба да дојдете до вашата крајна цел, а тоа е да не учествувате на следните парламентарни избори“, кажа Горан Минчев, министер за јавна администрација. ...

„Бела книга“ на достигнувања е заедничко име на двете студии на Економскиот факултет и на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години. Публикацијата беше презентирана денеска во Скопје во присуството на високи владини функционери, претставници на институциите и академската фела, деловни партнери и ...

Светското фудбалско првенство 2026 година ќе донесе неколку новитети. Судиите ќе имаат право да доделуваат црвени картони за играчи кои ја покриваат устата при расправии на теренот со противници или со судиите, но и за оние што демонстративно ќе го напуштат натпреварот. Меѓународниот одбор за фудбалски правила (ИФАБ), одобри нови дисциплински мерки што ќе важат на претстојниот Мундијал, со кои судиите ќе имаат можност да доделуваат директни ...

Швајцарија во 56,1 милион швајцарски франци ќе ја помага евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот стабилен и одржлив развој. За оваа одлука на швајцарската конфедерација информираше нејзиниот претседател, Ги Пармелан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава, наведувајќи притоа дека средствата се издвојуваат во рамки на Швајцарката програма за соработка со предвиден буџет до 2028 година. „Швајцариија придава огромна важност на мирот и ...

Осум години казна затвор за Раде Трајковски Штекли за трговија со дрога, кокаин и марихуана. Останатите од неговата група Стефан Китанов, Александар Вучевски и Филип Таневски добија по пет години зад решетки, а Стојан Миланов – три години и 10 месеци. Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата, порача дека кривичните дела поврзани со продажба на дрога имаат алармантен одѕив и мора има сериозен пристап во нивно откривање и превенирање, ...

Четиринаесет годишен монструм од Гостивар чекал родителите да излезат надвор за да ја силува една година помала сестра. Гнасниот чин го сторил двапати во текот на февруари, а обвинителството ќе го гони за родосквернавење. Скопското обвинителство, пак, соопшти дека гони монструм кој три години сексуално злоставувал дете родено во 2012 година. Од Канцеларијата на народниот правобранител денеска излегоа со застрашувачки бројки. Над 600 деца биле ...

Синдикатите со поделени ставови за одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. За едни, борбата за работнички права е на улица, за други решението е дијалог. Сојузот на синдикати на Македонија и овој 1 мај ќе организира протестен марш. Главната порака останува иста, зголемување на минималната плата. Според ССМ, повеќе од 200.000 работници во земјава земаат плата пониска од 600 евра. „Уште на 4 мај, првиот работен ден по продолжениот ...

Војната на Блискиот Исток, постојаната инфлација и неизвесноста го забавија растот на економиите на Западниот Балкан, оценува групацијата Светска банка. Недостигот од работна сила во регионот ги ограничува можностите за повисок раст. Според новиот Извештај, просечниот економски раст во регионот годинава ќе биде 2,8 отсто, што е за 0,3 процентни поени помалку од претходната прогноза. За Македонија намалувањето е за 0,1 процентни поени, па сега ...

На 17-ти ноември 2024-та, Муамед Сејдини даде оставка од функцијата претседател на Фудбалската Федерација на Македонија. -После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на ФФМ. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Ја напуштам оваа позиција со гордост, напиша ...

Социјалдемократите предвреме ја напуштија работната група за Изборниот законик. Претпладнево не се појавија на седницата во министерството за правда, во знак на револт што владејачкото мнозинство не се откажа од намерата да се укине техничката влада и денеска го стави законот пред пратениците. Сите останати партии беа присутни и застанаа зад заедничка изјава која ја прочита министерот Филков, а во која изразуваат незадоволство од потегот на ...

Цената на нафтата на светските берзи повторно скокна на 115 долари за барел, пред да се спушти на 114,37 по најавите во американските медиуми дека Соединетите држави се подготвуваат за продолжена поморска блокада на Иран. Волстрит Џурнал објави дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил продолжување на блокадата во обид да изврши притисок врз иранската економија. Според американските медиуми, Трамп се одлучи за продолжување на ...

Украина се подготвува за извоз на оружје, бидејќи земјата произведува повеќе одошто е потребно на нејзините оружени сили, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во некои производствени подрачја моментно имаме до 50 отсто вишок на капацитетот. Извозот на украинско оружје ќе стане реалност. Украинската војска секогаш ќе има право на приоритет и снабдување во доволни количини, ќе земе сè што ѝ треба, а количината над тоа ќе оди за ...

Две третини од планираниот буџетски дефицити за годинава е исполнет и тоа само за три месеци. Заклучно со март министерствата потрошиле над 400 милиони од планираните речиси 640 милиони евра за оваа година. Ова значи дека до крајот на 2026 можат да се искористат уште 230 милиони евра. Со ваквата сликата за домашната каса во првиот квартал, се отвара прашањето колкава можност има државата да носи дополнителни мерки ако има потреба од тоа. ...

Системот овозможува образование, а не работи на задржување на младиот кадар. Ова е ставот на поранешниот истакнат солист во Македонскиот балет, сега современ танчер, мултидисциплинарен уметник и кореограф, Искра Шукарова, денеска кога светот и Македонија го чествуваат Светскиот ден на танцот. Според Шукарова, за работа во класичниот балет, адресата е МОБ, но за изведувачите на современ танц нема разбирање, простор за работа и неопходна ...

Осум години затвор за Раде Трајковски Штекли, а по пет години добија Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски, додека Стојан Миланов е осуден на три години затвор. Ова е пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана. Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои ...

Апелациониот суд на Словачка денеска ја потврди 21-годишната казна затвор за Јурај Цинтула кој се обиде да изврши атентат на словачкиот премиер Роберт Фицо. Пресудата на Апелациониот суд , со која е незначително корегирана правната квалификација што ја изрече првостепениот суд, стана правосилна, а Цинтула е прогласен за виновен за извршување на терористички напад. Цинтула за време на судењето пред првостепениот суд тврдеше дека имал намера да ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју за „Шпигел“ оцени дека Европа мора да ги засили сопствените одбранбени капацитети, вклучувајќи и разговори за нуклеарно одвраќање, бидејќи дипломатијата, како што наведе, не може да биде делотворна ако зад неа не стои вистинска воена моќ. Повикувајќи се на мисла на прускиот крал Фридрих Втори, Мерц порача дека „дипломатијата без оружје е како музика без инструменти“. Со тоа нагласи дека европската ...

14 годишен малолетник од Гостивар, извршил обљуба врз неговата 13 годишна сестра. Тој бил уапсен вчера изутрина по пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра. Тој подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на сестрата, а кога родителите не биле дома, два пати извршил обљуба односно против нејзината волја ја принудил на сексуални односи. Во службен разговор во ...

Европската унија уште во овој квартал планира да ѝ ја достави на Украина првата транша од 90 милијарди евра вредниот пакет за нејзина поддршка. Брисел ќе ги достави 45-те милијарди евра , од кои една третина е наменета за задоволување на буџетските потреби на Украина, додека остатокот ќе се потроши на нејзината одбрана. Ќе ја распоредиме првата транша од 45 милијарди евра за 2026, уште во овој квартал, една третина од нив за буџетските ...

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3. Мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и ЗНМ денеска организира доброволна акција за дарување крв. Акцијата се одржува на повеќе локации во земјава, со главен настан во Скопје во просториите на Црвениот крст од 08:00 до 14:00 часот. Крв се дарува и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип. Во продолжение изјави на Тамара Грнчароска – новинар, Младен ...

Сексуалната злоупотреба на деца останува сериозен и континуиран проблем во Македонија, покажуваат најновите анализи, на Народниот правобранител. Во периодот 2020–2024 година се евидентирани 508 случаи, а само во 2025 година уште 96, со што вкупниот број достигнува 604 жртви. И покрај постоењето на законска рамка, системот сè уште не обезбедува доволно ефикасна и навремена заштита за децата. Најранлива категорија се децата на возраст од 11 до ...

И овој први мај , меѓународниот ден на трудот, работниците и Сојузот на синдикати на Македонија излегуваат на протест. Акцентот на минималната плата која според нив не обезбедува ниту основни услови за живот, а институциите не покажуваат волја за суштински решенија. Од синдикатот велат дека повеќе од 200 илјади работници се со плата под 600 евра. Први мај е велат денот кога работниците треба да бидат најгласни, па порача дека протестот оваа ...

Светската банка прогнозира дека цените на енергијата во 2026 година ќе пораснат за околу 24 проценти, што би било највисок раст од периодот по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Причина за ова се геополитичките тензии и нарушувањата на глобалните пазари на стоки.Во својот извештај за пазарите на стоки, банката очекува вкупните цени на суровините да се зголемат за 16 проценти, поттикнати од поскапувањето на енергијата, ѓубривата и ...

Атлетико Мадрид вечерва го пречекува Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони – дуел што носи судир на два различни фудбалски света, но со иста цел – пласман во големото финале. Тимот на Диего Симеоне сезонава ја гледа Лигата на шампиони како единствена шанса за трофеј, откако остана без шанси за титулата во Ла Лига, а загуби во финалето на Купот на Шпанија од Реал Сосиедад. Аргентинскиот стратег пред натпреварот ...

Со аплауз беше поздравено гласањето во Европскиот парламент за Резолуција со која се повикуваат земјите-членки да престанат да се водат од дефиницијата за силување заснована само на сила и насилство и нагласија дека тишината или недостатокот на отпор не треба да се смета за согласност. ефинирање на сексот без активна согласност како силување, што претставува историски чекор за правата на жените и жртвите на сексуално насилство во ЕУ. ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
37%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
50%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.99
50%
1012
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.74
43%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.34
38%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
57%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
47%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.85
39%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.09
41%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.47
49%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
49%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.3
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09