Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата е најдено во скопското село Копаница. Покрај телото е пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Од обвинителството соопштуваат дека сопругот е уапсен и отворена е истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, по член 396 од Кривичниот законик. Тој е во притвор. „По наредба на јавниот ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353, ст.3, в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. „Пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил границите на своето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара со тајванскиот претседател Лаи Чинг Те пред да донесе одлука за евентуална продажба на оружје на Тајван. Рече дека Вашингтон „добро ја контролира ситуацијата“ и дека ќе работи на „тајванското прашање“. САД формално не го признаваат Тајван како независна држава, но остануваат негов главен сојузник и снабдувач со оружје. Изјавите на Трамп доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски денешната прес-конференција по повод објавувањето на списокот фудбалери за претстојните пријателски натпревари, ја почна со извинување до јавноста за постапките на фудбалскиот клуб Вардар. „Во мое лично име и во име на сите играчи на Вардар, сакам да се извинам до целата македонска јавност за песната што ја пеевме при прославата на титулата по победата во Струга“, рече кратко ...
Трите компании за парно на ЕСМ, за производство, дистрибуција, и снабдување ги прават послендите пресметки на трошоците, врз основа на кои ќе се донесе одлука за новата цена на греењето. До крајот на месецов тие треба да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика, каде ќе се утврди каква ќе биде корекцијата во која како параметри треба да се земат фјучерсите за цената на гасот. Пред извесно време првиот човек на РКЕ, Ацо Ристов ...
Украина треба да добие „асоцијативно членство“ во Европската Унија, како одлучувачки чекор на нејзиниот пат кон полноправно членство, додека Западен Балкан и Молдавија би можеле да се приближат кон ЕУ и да се забрза нивниот процес на пристапување, пишува канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, во писмо до лидерите на Европската Унија, објави Европскиот Западен Балкан Писмото е испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ...
Пазарните инспектори не утврдиле значително поскапување. Забележале минимално поместување на цените кај некои производи, ова за Телма го соопштија од Пазарен инспекторат. Контролите на испекторите во 10 тина големи ланци маркети и на над 100 прехрамбени и непрехранбени производи покажале дека каи некои млечни и месни производи кои се од увоз има зголемување на цените од 1 до 5 отсто. Исто и кај некои детергенти е утврдено дека има минимално ...
Пратеничката група на СДСМ нема да учествува во најновото задолжување на државата, најави партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција претпладнево. Последното задолжување од 260 милиони евра од повеќе банки, иако владата бараше 300 милиони евра, го нарече „брутално“. „Огромни суми, стотици милиони, милијарди евра, пари кои што не одат никаде, освен строго контролирано, во партиските форми преку тендерските постапки. Ние нема да ...
Француската полиција ја прошири истрагата за сексуално насилство и злоставување во училиштата во Париз, откако беше продолжен притворот за 16 вработени за време на процесот на испитување. Осомничени, на возраст од 18 до 68 години, работеле во државното основно училиште Сен Доминик во 7-от париски арондисман, а истражиталите ги испитуваат поради сомнежи за силување и други насилни или непримерни однесувања кон деца. Париското државно ...
Британското радио „Каролина“ по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал. Радиостаницата што ја емитува програмата низ целиот јужен дел на Англија нагло ја прекина песната „What’s Up“ од бендот „Фор ју блондс“ за да ја пушти веста за наводната смрт на кралот, по што ја пушти песната „God Save the King“, пишуваат медиумите. – Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, постапката за смртта на кралот, која сите станици во Велика ...
Иран, воспоставува повеќеслоен систем за контрола на пловидбата низ Ормускиот теснец, клучна морска рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта. Овој систем вклучува владини договори, строга проверка на бродовите и во некои случаи наплата на „такси“ за безбеден премин, додека глобалните енергетски текови се нарушени поради регионалниот конфликт. Во еден од инцидентите за кои пренесува Ројтерс, танкер со ирачка нафта на пат ...
Фудбалот треба да биде место каде што спортот, почитта и заедништвото се пред сè. Но, финалето на Купот на Македонија 2025/26 повторно отвори сериозни прашања за однесувањето на навивачките групи и одговорноста на институциите. Исвиркување на македонската химна и националистичките скандирања од трибините предизвикаа бурни реакции во јавноста. Зошто нема строги мерки и за навивачите кои покажуваат непочитување кон државните симболи? АНКЕТА: ...
Украинските беспилотни летала неодамна предизвикаа загриженост со влегувањето во Балтичкиот воздушен простор, што доведе до тензии со земјите од НАТО. Литванците се засолнија во Вилнус поради активноста на беспилотните летала во Белорусија. Не се пријавени повредени, но овие инциденти покренаа прашања за воздушната одбрана на НАТО. Украинските власти се извинија, обвинувајќи го руското електронско мешање за испраќање беспилотни летала надвор ...
Цените на нафтата забележuvaaт раст од над 1%, откако пазарите продолжија внимателно да ги следат неизвесните мировни преговори меѓу САД и Иран, како и сигналите за намалување на глобалната понуда. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ пораснаа на 106,29 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта достигна 99,55 долари за барел, делумно надоместувајќи ги загубите од претходниот ден. Пазарите остануваат чувствителни на секоја нова ...
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри ...
Црна Гора оваа недела одбележува 20 години независност од сојузот со Србија, славејќи дведецениска трансформација што веќе ја донесе малата балканска земја во НАТО. Сега таа се насочува кон својата следна пресвртница: Целосна интеграција во Европската Унија. Во изјава за Асошиејтед Прес, среде националните свечености, претседателот Јаков Милатовиќ го опиша членството во НАТО како клучна пресвртница и рече дека е уверен дека земјата со 623.000 ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе „разговара со“ тајванскиот претседател Лаи Чинг-те пред да донесе одлука за продажба на оружје на Тајван. „Ќе разговарам со него. Разговарам со сите. Таа ситуација ја имаме многу добро под контрола“, рече Трамп, додавајќи: „Ќе работиме на проблемот со Тајван“. САД, како и сите земји што имаат формални врски со Пекинг, не го признаваат Тајван како земја, но се најсилниот поддржувач и снабдувач со ...
Денес треба да стане познато дали ќе се одржи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која е заглавена расправата за новиот заем од 260 милиони евра. Прашањето за закажување на седницата останува отворено по барањата од владејачкото мнозинство. Тие побараа од претседателот на Собранието и од претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, итно да се закаже седницата. Доколку тоа не се случи, постои можност седницата да ...
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро за заговор за убиство на американски државјани и други кривични дела поврзани со соборувањето на два авиони во 1996 година. Во инцидентот, што се случил меѓу Куба и Флорида, загинаа четири лица, од кои тројца американски државјани. Американското Министерство за правда соопшти дека Кастро, кој тогаш бил министер на вооружените сили на Куба, се товари и за уништување на летала ...
Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, предложи германскиот канцелар Фридрих Мерц што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Германскиот канцелар предложи и политичка обврска ...
Астон Вила ја освои Лигата на Европа на УЕФА по победата од 3-0 против Фрајбург во вечерашното големо финале што се одигра во Истанбул. Премиерлигашот на доминантен начин дојде до втората европска титула во клупската историја, а прва по 44 години, кога го крена пехарот во Купот на европските шампиони, натпреварување денес познато како Лига на шампиони. Англискиот состав по првото полувреме имаше предност од 2-0, благодарение на головите на ...
Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија за сезоната 2025/26 започна со голем скандал. Навивачите на Шкендија седеа за време на интонирањето на македонската химна пред стартот на натпреварот и силно ја исвиркуваа додека траеше. Таканаречените „Балисти“ покажаа големо непочитување кон државната химна, а за време на натпреварот се слушнаа и националистички скандирања од трибината со навивачите на тетовскиот клуб. Очигледно е дека македонскиот ...
Силекс е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија за сезоната 2025/26, откако вечерва во големото финале одиграно на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Шкендија со минимални 1-0. Единствениот гол на натпреварот го постигна босанскиот интернационалец Ади Алиќ во 71. минута, по одличната асистенција на Дарко Додев. За кратовци ова е четврти трофеј во Купот во клупската историја, откако претходно славеа и во 1994, 1997 и во 2021 ...
Се зголемува меѓународната осуда за однесувањето на Израел кон про-палестинските активисти кои се наоѓаа на бродовите од хуманитарната флотила што се движеше кон Газа и беше пресретната од израелските поморски сили. Обединетото Кралство, Франција, Италија, Канада и САД беа меѓу земјите кои изразија огорченост откако израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, објави видео на кое се гледа како им се потсмева на активисти ...
МЗТ Скопје го дели само една победа до нова шампионска титула во домашното кошаркарско првенство, откако максимално го искористи домашниот паркет и поведе против Маџари со 2-0 во финалната серија. МЗТ Скопје доминираше три четвртини, но Маџари одигра феноменални последни 10 минути и го направи финишот многу интересен. По првото полувреме, актуелниот шампион водеше со 47-31, а претходно имаше и највисоки 18 поени разлика. Во третиот период МЗТ ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа на гостувањето кај Охрид во дербито на 9. коло од плеј-офот и направија голем чекор кон обезбедување на второто место на табелата. Сепак, работата не е целосно завршена за битолчани, кои во последното коло на домашен терен мораат да го победат и Алкалоид. Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот натпревар во последните месеци и дојде до победа од 25-22 на гостувањето кај Охрид. Битолчани го контролираа ...
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата во рамки на Инструментот за реформи и раст, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, што според него е највисок износ во регионот. Средствата се одобрени по позитивна оценка за спроведените реформски чекори, особено во делот на образованието и дигитализацијата. Од вкупната сума, 30,6 милиони евра ќе одат директно во државниот буџет, а останатите средства ќе ...
На конференција по повод Денот на Европа, собранискиот спикер Африм Гаши порача дека европската иднина на Македонија зависи и од граѓанската заложба, а не само од Брисел. Опозицијата со оценка дека патот кон Унијата е јасен и уставните измени не го загрозуваат идентитетот. Од власта остануваат на ставот дека нема да поддржат внесување на Бугарите во Уставот без јасни гаранции против нови барања. На конференција по повод Денот на Европа, ...
Администрацијата на Трамп поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро заради кривични дела поврзани со неговата наводна улога во соборувањето на два цивилни авиони во 1996 година, при што животот го загубиле четири лица, меѓу кои и тројца Американци. При објавувањето на обвиненијата, кои вклучуваат заговор за убиство на американски државјани и убиство, вршителот на должноста американски државен обвинител и поранешен ...
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во емисијата „Топ Тема“ оцени дека протестите се легитимен демократски механизам, но предупреди дека политичките пораки и националистичките скандирања можат дополнително да ги зголемат меѓуетничките тензии. Таа посочи дека уште од младоста учествувала на мирни протести и ја разбира потребата различни групи да го искажат своето незадоволство, доколку тоа се прави на цивилизиран начин. „Од 16 ...