Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Израелскиот министер за финансии. Безалел Смотрич, нареди иселување на цело палестинско село на окупираниот Западен Брег, кое долго време е цел на израелските власти. Ваквата мерка, според Смотрич, е негов одговор на информациите дека тој можеби ќе биде наредна цел на меѓународните обвинители за воени злосторства. Засега не е потврдено дали Меѓународниот Кривичен Суд навистина размислува за налог за апсење против Смотрич. Судот во Хаг соопшти ...
Антонио Конте ја напушта клупата на Наполи по завршувањето на оваа сезона поради лични причини. Тој иако има договор до јуни 2027 година, веќе го информирал претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис дека сака да си замине. Според италијанските медиуми, 56-годишниот стратег сака да се раздели со Наполи без финансиска компензација. Под негово водство тимот лани ја освои шампионската титула во Серија А, додека оваа натпреварувачка година ...
Фудбалскиот клуб Саутемптон остана без шанса да се бори за влез во Премиерлигата, откако Англиската фудбалска лига го исфрли од финалниот плеј-оф поради шпионски скандал. „Светците“ нелегално го снимале тренингот на Мидлсборо пред првиот натпревар од полуфиналето во плеј-офот за влез во Премиерлигата. Саутемптон го доби двомечот откако по ремито без голови на првиот дуел, славеше пред своите гледачи на „Сент Мери“ со 2-1 по продолженијата. ...
Намалената побарувачка на станови во првиот квартал од годинава може да биде последица на глобалната економска неизвесност и стравот кај граѓаните да инвестираат, смета универзитетскиот професор Горан Марковски. Во „Топ Тема“ тој оцени дека покрај цената, сѐ поважно прашање е каков квалитет добиваат граѓаните за парите што ги плаќаат. „Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движат работите понатаму. Според досегашните анализи, во овој ...
Пазарот на недвижности во земјава со години се соочува со последици од повеќе кризи и ограничена понуда, оцени сопственикот на „Голден Арт“, Ивица Јакимовски, во гостување во „Топ Тема“. Според него, сегашната состојба на пазарот е резултат на повеќе фактори кои се надоврзувале во изминатите години, почнувајќи од урбанистичките ограничувања, па сѐ до глобалните економски кризи. „Факт е дека на пазарот има одредена злоупотреба, меѓутоа ако ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција води предистрага по анонимна кривична пријава, потпишана од „група вработени во МВР“, за сомнежи за преземање на податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објави „Слободен печат“. Според пријавата, се копирале и енкриптирале податоци, т.е. се шифрирале во таен код за наводно да завршат кај разузнавачки служби во странство. Под сомнение, ...
Продажбите и закупите на станови се намалени во првиот квартал од годинава споредено со последниот квартал од 2025 година, но според претседателот на Здружението за градежништво во Стопанската комора на Македонија, Андреја Серафимовски, е прерано да се носат заклучоци за идното движење на цените на недвижностите. Во гостување во „Топ Тема“ , Серафимовски оцени дека период од три месеци не е доволен за да се прогнозира дали цените ќе продолжат ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот. Одлука околу евентуалната казна веројатно ќе има следната недела, откако ќе биде комплетирана сезоната. „Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од ...
Веднаш излеговме со реакција во која јасно порачавме дека не поддржуваме таков начин на прослава кон било кого, а камоли кон жените, рече Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија, во денешната дебата во „Директно“ на Телма ТВ за прославата на фудбалерите на Вардар на шампионската титула со навредливи и вулгарни песни. „Денеска поведовме постапка преку дисциплинскиот комесар. Какви ќе бидат санкциите и што ќе биде ...
Возрасни сме, секој одговара за своите постапки што ги прави, меѓутоа познавајќи го спортскиот дух на секој еден спортист,ако најавил прес-конференција, очекувам да излезе и да се извини на јавноста, рече Борко Ристовски, министер за спорт и млади, во денешната дебата во „Директно“ на ТВ Телма за тренерот на Вардар, Гоце Седлоски. Седлоски е тренер на Вардар и селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. С.Д. Возрасни сме, секој ...
По вчерашното прво читање на измените на Законот за студентски стандард, предложени од група пратенички од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, следуваа реакции од младински организации и политички подмладоци, кои предупредуваат дека измените ќе значат намалена поддршка за студентите и поголем финансиски товар. Измените предвидуваат нова поделба на студентските домови на „Тип 1“ – реконструирани и енергетски ефикасни домови и „Тип 2“ – постојни ...
Двократниот шампион Карлос Алкараз ќе го пропушти овогодишното издание на Вимблдон поради повреда на десниот зглоб на раката. Шпанецот последен пат настапи на тениските терени на 14 април во Барселона. Алкараз денеска преку социјалните мрежи објави дека рехабилитацијата оди во добра насока, но дека сè уште не е подготвен за враќање на теренот. Поради тоа, официјално се повлече од турнирот во Квинс, како и од грен слемот Вимблдон. Светскиот ...
Трет ден чади депонијата во Радовиш. Пожарот избил во петокот, а бидејќи не успеале да го изгаснат целосно, сега голем чад се шири низ целиот град. Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец апелира граѓаните да не минуваат многу време надвор и да ги затвораат вратите и прозорците од своите домови додека се смири ситуацијата. Трет ден чади депонијата во Радовиш. Пожарот избил во петокот, а бидејќи не успеале да го изгаснат целосно, сега ...
Трет ден чади депонијата во Радовиш. Пожарот избил во петокот, а бидејќи не успеале да го изгаснат целосно, сега голем чад се шири низ целиот град. Градоначалникот Љупче Почивалец апелира граѓаните да не минуваат многу време надвор и да ги затвораат вратите и прозорците од своите домови додека се смири ситуацијата. Трет ден чади депонијата во Радовиш. Пожарот избил во петокот, а бидејќи не успеале да го изгаснат целосно, сега голем чад се ...
Трите закони кои цело време ги бараме: Законот за електронско здравство, Законот за здравствена заштита и Законот за докторска дејност се очигледно заглавени низ лавиринтите на министерството за здравство и надлежните институции, реагираат од Здружението на семејни лекари. Два закона од нив се поминати на ЕНЕР, но не и Законот за докторска дејност, реагира д-р Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на семејни лекари. Дури и по 15 години, ...
Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери. Новите измени на Законот (за студентски стандард) се директен удар врз студентскиот стандард, изјави на прес-конференција, Стефанија Кузмановска од Социјалдемократската младина на Македонија. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат ...
Враќање на довербата во судството преку работа без партиски притисоци и бизнис влијанија е ветувањето што го дадоа сите кандидати на денешното интервју за член на Судскиот совет кој се предлага од Собранието. Речиси сите, како слабост и главна причина за пренатрупаноста со предмети, го наведоа недостигот од кадар. Дел од кандидатите имаа и свои идеи како да се подобри состојбата. „Јасните и целосни образложенија на одлуките се клучни за ...
Финалето на Западната конференција во НБА-лигата стартуваше со спектакуларен натпревар. Сан Антонио славеше на гостувањето кај шампионот Оклахома дури по две продолженија. За Тандер ова беше прв пораз сезонава во плеј-офот, бидејќи во претходните две рунди со по 4-0 ги елиминираа Феникс и Лос Анџелес Лејкерс. Спарс поведоа со 1-0 во меѓусебната серија со триумф од 122-115 во Оклахома по дури 10 минути екстра време. Виктор Вембањама одигра ...
Синот на милијардерот, основач на „Манго“, e уапсен од полицијата во Барселона поради сомневања за смртта на неговиот татко. Модниот магнат Исак Андич, 71, почина во декември во 2024 година додека со својот син Џонатан планинареше во близина на Барселона. Тој почина, како што првично се тврдеше, во несреќа за време на планирањето, кога паднал во бездна длабока 150 метри. Четириесет и петгодишниот син е уапсен утринава под сомнение за убиство ...
Епидемијата на ебола, од која починаа најмалку 131 лице во Демократска Република Конго, можеби се шири побрзо отколку што првично се сметаше, предупреди претставник на Светската здравствена организација. Д-р Ан Ансија за Би-Би-Си изјави дека колку повеќе агенцијата истражува, толку појасно станува дека случаите се прошириле и во други области. Првично се мислело дека бројот на заболени е 513 случаи, но дополнителната анализа покажала дека ...
Вооружен напаѓач убил осум лица при пукање на автобуска станица во Египет, пред да биде застрелан од полицијата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот во Абнуб, на околу 300 километри јужно од Каиро, во провинцијата Асиут, се повредени пет лица, пренесе агенција ДПА. Министерството соопшти дека сторителот синоќа отворил оган неселективно кон минувачите на една автобуска станица. Безбедносните сили потоа го пронашле ...
Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе соопшти дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, барајќи од највисоките европски институции да се изјаснат за постапувањето на данска полиција кон демонстрантите во Копенхаген. Повод за писмото на Кобахидзе е интервенцијата на данската полиција пред ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Ова решение се наметна по воведувањето на ЕЕС системот во Шенген зоната, а беше договорено на средбата со хрватскиот министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Хрватска е втора земја која донесе одлука за издавање долгорочни визи, по Швајцарија. Николовски ...
Државата доцни и со повратот на ДДВ, но и со исплатата на државната помош. На дел од странските компании, Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, кои треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите се уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова се само некои од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги посочија од германската комора и за кои се надеваат на ...
Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено уште едно рочиште за судењето за предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Во предметот е назначена обвинителката Енѓелуше Кадриу Лежи откако претходно обвинителката во случајот Ленче Ристоска беше повлечена од страна на новиот државен обвинител Ненад Савески. Обвинителката Кадриу Леши ќе ги разгледува и ќе прави увид во сите вештачења за да го прецизира обвинителниот акт. ...
Одбивањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прифатат предлог – законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, за претседателот на СДСМ Венко Филипче е јасно признание дека во владата „врие од луѓе со бугарски пасоши“. „Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на ...
Македонија се наоѓа во групата на земји со умерено пренатрупани затвори, со 104 затвореници на 100 расположливи места и истовремено е меѓу европските држави со најдолг просечен период на издржување затворска казна, кој изнесува 18 месеци, покажуваат податоците од годишната статистика на Советот на Европа за затворската популација (SPACE I) за 2025 година што беше објавена денеска. Во неа се укажува на сериозен тренд на пренатрупаност во ...
Сè додека се врши притисок и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото, г-дин Милошоски имал различни проблеми, поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на „Пуцко Петрол“, тоа е продолжение на вршење на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите што спроведуваат закони. Така да ова е прашање кое не загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби, е коментарот на лидерот на ДУИ, ...
Советот на јавни обвинители работи врз основа на факти и докази, а не врз основа на политички тврдења и нема да дозволи политичко влијание врз постапките водени од јавните обвинители, наведува Советот во своите одговори откако обвинителката Катерина Коларевиќ и раководителот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се под интевнзивна канонада напади од претсавници на власта, а пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат и нивни оставки. Гневот го навлекоа поради ...
„Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката. Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство. Дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката? – Зошто СДС не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? – ...