Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Стотици граѓани годишно бараат заштита од дискриминација. Бројот на претставките расте а најмногу случаи на утврдена дискриминација има во јавниот сектор. Колку граѓаните се еднакви пред институциите, на работното место, во образованието и во јавниот живот? Каде царува нетолеранцијата ? Дали најранливите се најнезаштитени? Случаите за дискриминација поврзана со бременост, раѓање и мајчинство во работните односи го вклучија црвентот светло . ...
Словенија доби нов премиер откако парламентот денес го избра десничарскиот политичар Јанез Јанша за шеф на владата, означувајќи значителен политички пресврт во земјата која во изминатиот период беше управувана од либерална власт. За изборот на Јанша гласаа 51 пратеник, додека 36 беа против во 90-члениот словенечки парламент. Сепак, новиот мандатар ќе треба повторно да се појави пред пратениците за гласање за составот на новиот владин кабинет. ...
Најголем број од претставките за дискриминација се однесуваат на работните односи, а најчесто доаѓаат од државниот сектор, каде граѓаните пријавуваат дискриминација врз политичка и етничка основа, посочи Томшиќ. „Во делови на напредување на кариерата се најмногу на политичка основа, дискриминација. Најмногу доаѓаат од државниот сектор каде или ја наведуваат политичката или етничката состојба“, изјави Томшиќ. Според него, околу 50 проценти од ...
Граѓанските организации реагираат на предложените законски измени поврзани со распределбата на средствата од игрите на среќа, предупредувајќи дека може да бидат загрозени услугите за ранливите категории граѓани. Атанас Аврамов од Мрежата за заштита од дискриминација во „Топ Тема“ на Телма изјави дека организациите кои работат со ранливи групи не се против законските измени во целина за Законот за игри на среќа, туку предупредуваат на ...
Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ. Во објава на неговот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ тој наведе дека одлуката ја донел со цел, како што посочи, да го заштити угледот на партијата од „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на ...
Фудбалскиот клуб Вардар смета дека Фудбалската федерација на Македонија нема фактичка и правна основа за дисциплинска постапка поради спорната прослава на титулата во угостителски објект. Од таборот на „црвено-црните“ велат дека станувало збор за приватна забава, а официјалната прослава е закажана за утре во Градскиот парк во Скопје, по натпреварот со Шкендија. Вардар минатиот петок ја победи Струга со 1-0 на гостински терен и математички ја ...
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за ...
Поранешни членови на Управен одбор на ТЕЦ Неготино, а сега директори во Електрани земале апанажа и плата во исто време се сомнева Антикорупциската комисија. Ќе ги пријави во обвинителството после анонимна дојава уште од пред скоро две години. На денешната седница членовите на ДКСК утврдија дека во злоупотребата им помогнале поранешни членови на надзорниот одбор на Тец Неготино, па и тие ќе влезат во известувањето за Злоупотреба на службена ...
Поништен е тендерот кој го добија унгарската „Електробус – Икарус“ и австриската ЕВН за набавка на електрични автобуси и станици за полнење. Според информациите на Телма една од четирите фирми кои конкурираа поднела жалба до Државната комисија по жалби кој донела одлука тендерот да се поништи. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични ...
Граѓанските организации се загрижени дека, со новиот Закон за игри на среќа, владата ќе им ги укине фондовите. Во старото законско решение е точно наведено кои организации ќе ги добиваат парите што приредувачите на среќа мора да ги издвојуваат за нив. Во член 16 стои дека, ќе се финансираат националните инвалидски организации, нивните здруженија и асоцијација, здруженија на граѓани за борба против семејно насилство и Црвениот крст. За оваа ...
Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски се 20-годишните момчиња кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Тие патувале во возилото „БМВ“, управувано од таткото на Адам, Ристе Велков, кога во нив удрил камионот управуван од 76-годишен косовски државјанин. Сите патници во возилото, три момчиња на 20 години и таткото на едно од децата, починале на лице место. Сочувство до семејствата изразија од Основното училиште „Петар Поп ...
Пешаци, моторџии и лица со тротинети постојано поминуваат низ прометната улица кај Бит Пазар, додека дел од возачите запираат за да ги пропуштат, а дел реагираат со свирење. Метежот и раздвиженоста се присутни во текот на целиот ден, а мостот над нив најчесто останува празен. Граѓаните велат дека преминот им го олеснува движењето, но сметаат дека мора да се преземат мерки и просторот да биде соодветно обележан за да биде побезбеден. „Не е ...
Коалицијата „ Менуваме“, што ги застапува правата на лицата со попреченост одржа состанок со заменик министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски и му достави драфт верзија на Закон за лична асистенција. Овој гест е поради кратењето часови за лични асистенти на лицата со попреченост, од март наваму. Доколу ги помине административните филтри, законот ќе го замени досегашниот Правилник , кој што не ги гарантира правата за асистенција, велат ...
Доколку собранието го усвои предложениот Закон за игри на среќа, 10.000 вработени во секторот ќе останат на улица што, заедно со семејствата, ќе значи 35.000 нови кандидати за исселување во странство. Тоа е социјална бомба, предупреди Оливера Костова, претставничка на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, на денешниот протест во Скопје. „Ако овој економски сектор престане да постои во Македонија, ние ќе ...
Некогашниот симбол на Скопје –ГТЦ местото каде се среќаваа генерации и беше со полни дуќани, денеска книжи загуби. Минатата година тие изнесувале речиси 300 илјади евра, пишува во најновиот извештај на Друштвото. Иако, тие се намалени ГТЦ има предизвици. Од една страна не може да си ги наплати побарувањата, а од друга им се трупаат обврски за кои им се неопходни средства. Отежнатата наплата на побарувањата, ја загрозува ликвидноста на ...
Во две табли со јајца 25 годишна жена се обидела да внесе марихуана и кокаин во затворот Идризово. Дрогата требало да заврши кај сопругот кој одлежувал казна затвор. Од 60 јајца скенерот покажал дека 28 биле полни со пакетчиња дрога тешки речиси половина килограм. Осомничената е мајка на две деца од кои едното е 5 месечно бебе. „На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во ...
„Петте италијански државјани кои загинаа на нуркање на Малдивите, кога излегле од подводната пештера влегле во погрешен тунел“, соопшти компанијата што ги пронајде и извлече нивните тела. Финските нуркачи од DAN Europe ги пронајдоа Италијанците во ќорсокак во пештерaта на длабочина од околу 50 метри. „Немаше излез“, рече извршната директорка на компанијата, Лаура Марони. Во несреќата загинаа Моника Монтефалконе, вонреден професор по екологија ...
Економска катастрофа и финансиски крах… Вака од опозициската СДСМ ја опишаа состојбата во државата на денешната прес-конференција од партиското седиште. Обвинуваат дека буџетот е во криза, снемува пари, а власта неконтролирано се задолжува. „Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само 260 милиони евра со висока камата од 4,5%. Ова значи само едно – и банките се сомневат во фискалниот капацитет на државата. Уште поважно прашање ...
Трагите од кочење на асфалтот на скопската обиколница се свежи, оградата на автопатот искршена, а камионот сѐ уште е покрај патот. Токму на ова место се случила трагичната несреќа во која животот го загубија четири лица – три млади момчиња на дваесет години и таткото на едното од нив. Возачот на камионот изгубил контрола над возилото, се судрил со автомобилот од спротивен правец, по што настанал пожар во двете возила. „Ова е точното место ...
Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во седиштето на партијата. „Оценетите реформи во Република Македонија, вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за ...
Поништена е јавната набавка за електрични автобуси на ЈСП. Одлуката ја донела Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи“, соопштија од Министерството за транспорт. По втор пат се поништува јавната набавка за градски автобуси. На последниот оглас кој заврши во ...
Поништена е јавната набвака за електрични автобуси на ЈСП. Одлуката ја донела Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност. „Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи“, соопштија од Министерството за транспорт. По втор пат се поништува јавната набавка за градски автобуси. На последниот оглас кој заврши во ...
Договорот меѓи САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, треба да биде објавен за неколку часа, пренесува Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори. Според Нацрт договорот во кој Ал Арабија имала увид, се предвидува моментен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите боишта – копнени, морски и воздушни. Договорот вклучува и взаемна обврска дека нема да се гаѓаат воена, цивилна и економска инфраструктура, како и запирање на сите ...
Поранешната асистентка на Џефри Епстин, Сара Келен, сведочеше на затворена седница пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, републиканец од Кентаки, изјави дека поранешната помошничка на Џефри Епстин, Сара Келен, дала „најсуштинско“ сведочење досега. Таа поминала часови одговарајќи на прашања за осудениот сексуален престапник и мрежа за злоупотреба во ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ Неготино. „Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на АД ТЕЦ Неготино. Пријавените лица наведени во пријавата биле членови на поранешниот управен одбор на АД, воедно и распоредени на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ ...
Соединетите Американски Држави привремено ја запреа продажбата на оружје за Тајван во вредност од 14 милијарди долари за да се осигураат дека имаат доволно вооружување за војната против Иран, изјави в.д. секретарот на американската морнарица, Хунг Цао. Неговата потврда за време на сослушувањето во Сенатот доаѓа по само неколку денови од неодлучното делување на претседателот Доналд Трамп по тоа прашање по разговорите со кинескиот колега Си ...
25-годишна девојка се обидела да внесе кокаин и марихуана во скопскиот затвор Идризово. Дрогата била спакувана во две табли со јајца кога дошла да го посети сопругот кој одлежувал казна затвор. Во јацата со дрога имало 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. „На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во ...
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, денеска го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе патуваат на Светското првенство 2026 година. Германскиот стратег направи неколку големи резови, па меѓу повиканите нема дел од најголемите англиски ѕвезди, што предизвика лавина реакции на Островот. Тухел за Мундијалот нема да смета на ѕвездата на Челси, Кол Палмер, потоа на Фил Фоден од Манчестер сити, како и на Трент ...
Најмалку четворица загинати и 35 повредени е билансот на нападот со дронови на украинските оружени сили врз колеџ и студентски дом во Старобељск, во областа Луганск, соопшти Јана Лантратова, комесарка за човекови права. „Во време на нападот, таму се наоѓале 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години. Според прелиминарните податоци, загинаа четири лица“, напиша Лантратова на платформата Макс, пренесува РИА Новости. Претседателот на руската ...
Фајнл-фор турнирот во кошаркарската Евролига стартува денеска во Атина, каде четири европски гиганти ќе ја почнат битката за најпрестижниот клупски трофеј на континентот. „Телеком центарот“ во Атина ќе биде домаќин на завршниот турнир, а првото полуфинале носи вистинска кошаркарска класика меѓу Олимпијакос и Фенербахче. Грчкиот тим влегува како најдобар од регуларниот дел од сезоната и ќе има огромна поддршка од трибините, додека турскиот ...