Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Странските инвеститори алармираат дека бавната администрација станува сериозна пречка за бизнисот во земјава. Од германската стопанска комора велат дека компаниите предолго чекаат работни дозволи за странски кадар, а за дел од фирмите доцни повратот на ДДВ и исплатата на државната помош. Бизнис заедницата бара владата да назначи едно одговорно лице или институција што директно ќе ги решава проблемите на инвеститорите, со цел да се избегнат ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека извршиле успешни воздушни напади во кои се уништени неколку тајни складишта за оружје на Хамас во централниот дел на Појасот Газа. Според воени извори, три складишта кои беа погодени во саботата содржеле противтенковски ракети, огнено оружје, рачни ракетни фрлачи (РПГ), борбени елеци и друга воена опрема, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во официјалното соопштение на ИДФ се додава дека во ...
Со свечена академија „Од слово до вечност“, во црквата „Света Софија“ во Охрид беше одбележан денот на сесловенските просветители „св. Кирил и методиј“. Од манифестацијата беа испратени пораки за важноста на светите браќа Кирил и Методиј за писменоста. Се истакнаа улогата на солунските браќа во создавањето на словенската писменост, при што јазикот беше дефиниран како клучен елемент на националниот идентитет, културното достоинство и ...
Германските инвеститори алармираат дека бавната администрација станува сериозна пречка за бизнисот во земјава. Од германската стопанска комора велат дека компаниите предолго чекаат работни дозволи за странски кадар, а за дел од фирмите доцни повратот на ДДВ и исплатата на државната помош. Бизнис заедницата бара владата да назначи едно одговорно лице или институција што директно ќе ги решава проблемите на инвеститорите, со цел да се избегнат ...
Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес Mакедонскиот јазик е признат и рамноправен во Oбединетите нации и во Eвропската унија, порачаа од опозициската партија на денот на сесловенските просветители. Вистински патриотизам е да ја обезбедиш иднината на државата, да го заштитиш идентитетот и да обезбедиш рамноправно место за Mакедонија меѓу европските народи, велат од СДСМ. Во периодот ...
Според едните никаков економски напредок, според другите успешно економско владеење. Опозицијата и власта одново се скараа околу економските резултати, поточно околу тоа чии математики се точни и кој правилно ги чита бројките. Откако вчера лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, обвини за економска катастрофа, односно дека по две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нема напредок на ниту едно поле, а најголемо потфрлање има во економијата ...
И борбата против корупцијата и за ефикасна правда најде место во празничниот говор за Светите просветители од сакралниот културно-верски објект Света Софија. Премиерот Мицкоски упати порака до еден дел од обвинителството, но и до оние кои и се исмевале на правдата- вели правда мора да има, а обвинителството и институциите треба побрзо да ги разгледуваат жалбите и пријавите на граѓаните, наместо да остануваат во фиоки. -Немојте да мисли кој ...
Мисијата на Кирил и Методиј има универзални вредности тоа е мисија за рамноправност на народите и на јазиците, што е многу актуелно и од денешен аспект, вели Црвенковска, професорка по старословениски јазик која сиот свој работен век го посвети на студентите и научно- истражувачката дејност на УКИМ. Празникот на сесловенскиите просветители кои ја создадоа словенската писменост го чествува сиот словенски свет. Загрижувачки се податоците дека ...
Не е првпат големи и капитални случаи за корупција да се затвараат без резултат, но несфатливо е и што државниот обвинител не бил информиран за текот на сега веќе запрената истрага за мазутот, вели во интервју за КОД, Слаѓана Тасева, од Транспаренси интернешнл. Во КОД вечерва и за приговорот на ЕСМ која бара да продолжи истрагата за мазутот, но и зошто не може да се прочитаат резултатите од анализите во истрагата за загадување од мазутот ...
Вака изгледа железничката станица во Скопје во 2026 година. Простор во кој времето како да застанало, а промените се гледаат само делумно. Тивко и непрометно, изгледа местото кое во минатото било центар на метеж, на граѓаните кои брзале да стигнат на време, за да го фатат возот кој би ги однел до посакуваната дестинација. Полу-испразнети контејнери, застарени, корозивни шини, кои се полни со отпушоци од цигари и ѓубре. Од страна може да се ...
Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, синоќа изјави дека планира повторно да се кандидира на претседателските избори и дека има намера да се врати во Венецуела пред крајот на годината. Мачадо ја даде изјавата за време на средбата со неколку други венецуелски опозициски лидери во Панама Сити, нешто повеќе од четири месеци по изненадувачката одлука на Белата куќа да се дистанцира од ...
Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“. Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со ...
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со ...
Полицијата приведе беровчанец кај кого пронашла кокаин, а во возилото имал полициска униформа, оружје и муниција во багажникот. Тој е задржан во полициска станица. Тој бил уапсен во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во близина на угостителски објект во Струмица. Кај него прво е пронајдена бела прашкаста материја, за која тој самиот потврдил дека е кокаин. Потоа, при претрес на багажникот на возилото ...
Полицијата приведе беровчанец кај кого пронашла кокаин, а во возилото имал полициска униформа, оружје и муниција во багажникот. Тој е задржан во полициска станица. Тој бил уапсен во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во близина на угостителски објект во Струмица. Кај него прво е пронајдена бела прашкаста материја, за која тој самиот потврдил дека е кокаин. Потоа, при претрес на багажникот на возилото ...
Регионалниот центар на либанската служба за цивилна заштита во јужниот град Набатие утринава беше целосно уништен при израелски воздушен удар, и покрај примирјето кое е во сила од 17 април. Објектот бил „директно погоден од непријателски израелски удар“, при што зградата целосно се урнала, а предизвикана е и голема материјална штета врз возилата и спасувачката опрема, се наведува во официјалното соопштение на Дирекцијата на либанската цивилна ...
Разгневени жители на град во центарот на жариштето на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго нападнале и запалиле шатор во здравствен центар каде што се лекувале заразени со вирусот, соопшти медицинскиот персонал. Ова е втор ваков напад во регионот во рок од една недела. Според првичните информации, во нападот нема повредени. Пациентите успеале да избегаат од пожарот, а најмалку 18 лица за кои се сомнева дека се заразени со ...
Иранските власти утринава егзекутираа маж под обвинение за пренесување доверливи информации на САД и Израел за време на војната, јави информативната агенција на иранското правосудство „Мизан“. Лицето, идентификувано како Моџтаба Киан, според властите во Техеран, испраќало податоци на „непријателот“ за иранската одбранбена индустрија. Во Иран се спроведуваат голем број смртни казни по обвиненија за шпионажа, особено по масовните протести што ...
Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци. Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...
Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена ...
Две лица се ранети во пукотница во близина на Белата куќа. Инцидентот се случи на авенијата Пенсилванија, веднаш до комплексот на Белата куќа од каде се слушнале истрели, по што следувал брз одговор од полицајците на Тајната служба. Ранети се осомничениот напаѓач, кој е во критична состојба и случаен минувач – и двајцата се пренесени во болница. Напаѓачот истрелал неколку куршуми кон припадниците на Тајната служба, по што тие возвратиле. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека мировниот договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека наскоро се очекува неговото финализирање. Во соопштението од Белата куќа е наведено дека објавата следува по серија „добри разговори“ што Трамп ги имал со лидерите на неколку земји на Блискиот Исток и Пакистан. Во разговорите учествувале група лидери од Заливот и регионот, вклучувајќи претставници од Саудиска Арабија, Обединетите ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска официјално го доби шампионскиот пехар и ја прослави 12-тата титула во својата историја. Во последниот натпревар од сезоната, „црвено-црните“ славеа убедлива победа од 3-0 против најголемиот ривал Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. По натпреварот следуваше голема прослава со навивачите — најпрво на теренот на нашиот најголем стадион, а потоа славјето се пресели на „Школка“ во Градскиот парк. ...
Протестите во Белград предводени од студентите повторно завршија со судир меѓу полицијата и демонстрантите. Нередите овој пат избија пред самиот крај на протестот, кога група демонстранти започна да фрла петарди во кампот на поддржувачите на власта, колоквијално познат како „Чациленд“. Поради тоа во паркот каде што се наоѓа кампот пристигнаа припадници на полицијата и жандармеријата, по што и тие станаа мета на камења, шишиња, факели и други ...
Стариот и руиниран систем за наводнување, ладните ноќи, потоплите денови, климатските промени и оваа година се причините што сеидбата на кочанското „бело злато“ оди бавно и со проблеми. Оризопроизводителите се и дополнително демотивирани од ниската откупна цена на оризовата арпа, која е од ланската реколта и треба да ја продадат, за да инвестираат во новата сеидба. Голем дел од земјоделците не се задоволни со оваа сеидба, бидејќи реколтата од ...