Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. – Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија , на својата редовна ...
Русија соопшти дека отворила кривична истрага за украинскиот напад со дронови извршен на 22 мај во Старобилск, град во окупираниот регион Луганск. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека нападот погодил студентски дом, при што загинале 21 лице, најголем дел млади девојки, а 63 студенти биле повредени. Украинскиот Генералштаб, пак, соопшти дека цел на нападот бил локалниот штаб на специјалната руска единица за дронови. Киев ...
За да изврши поголем притискот врз Еврпа, Вашингтон ги информираше сојузниците дека постепено ќе го намалува бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови што се ставени на располагање за потребите на НАТО. Одлуката била соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО, а ја пренел советникот на Пентагон Александар Веле-Грин (Alexander Velez-Green), според двајца дипломати од ...
Американските берзи забележаа нов раст, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран „се одвиваат добро“. Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот позитивно влијаеше врз финансиските пазари. Индексот S&P 500 порасна за 0,6 отсто, додека Nasdaq достигна нов рекорд со раст од 1,2 проценти. Во исто време, Дау Џонс забележа мал пад од 0,2 отсто. На пазарот на обврзници, приносите на американските државни ...
Повеќе лица се повредени при експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ што се случи во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. Повеќе лица се повредени при експлозија во фабриката за целулоза и ...
Се роди нова сила на грчката политичка сцена, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС, јави дописничката на МИА од Атина. Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор ...
Колку од казните за фирми кои сакаат да избегнат царина се процесуираат? – Што најмногу запленува царината: кеш, акцизна стока, дрога, филери, ботокси…? – Каква стока превезувал камионот со косовскиот возач кој усмрти на обиколницата четворица луѓе? Колку царината е дигитализирана и како ќе се употреби вештачката интелигенција и ИТ системите? „Топ тема“ интервју со директорот на македонската царина, Бобан Николовски. Колку од казните за ...
Делумно е обновен интернетот во Иран, соопшти платформата за следење на интернет „НетБлокс“ (NetBlocks). Според платформата, во Иран по 88 денови блокада, постепено се враќаат интернет-услугите. Тоа е најдолгата национална интернет-блокада. „НетБлокс“ наведе дека сè уште не е познато дали повторно воспоставениот интернет ќе биде траен или повторно ќе биде блокиран. Интернетот во Иран е блокиран на 28 февруари, првиот ден од ...
Денеска на меѓународните берзи е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник. Денеска на меѓународните берзи е регистриран ...
Директорот на Македонската Царина, Бобан Николовски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма најави нов случај со заплена на 80 килограми марихуана за кој, како што рече, јавноста допрва ќе биде информирана во детали. „Последниот случај со 80 килограми марихуана е чист погодок на нашето царинско разузнавање. Засега сме оптимално екипирани, но има потреба. Мислам дека има потреба од среднисти, луѓе кои што оперативно би работеле, меѓутоа од млади ...
Минибусот, во кој беа фатени половина милион евра на граничниот премин „Табановце“, тргнал од Германија со седум албански државјани, требал да заврши во Албанија, а каде требало да завршат парите, ќе треба да дознаат други институвии, истакна Бобан Николовски, директор на Македонската Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тимот е составен од многу искусни луѓе коишто собирале информации што се случива во регионот. Доаѓа ...
Во моментот има 213 кривични пријави по разни основи, само во првото тримесечје од оваа година се поднесени 71, меѓутоа само од оперативните тимови на царинската управа, рече Бобан Николовски, директор на Македонската Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во 2025 година, Одделението за истраги при секторот за контрола и истраги поднесе 213 кривични пријави, што е за пет пати повеќе споредбено со годишниот просек од 2017 ...
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тепката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно ...
Новиот македонски фудбалски шампион Вардар ги продолжи договорите со двајца важни играчи. Репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов остануваат во редовите на „црвено-црните“. Велковски и Николов се вратија во Вардар во зимскиот преоден рок и во пролетната полусезона одиграа важна улога во освојувањето на шампионската титула во домашното првенство. Претходно и двајцата беа дел од најтрофејниот македонски клуб во периодот од 2015 до ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „Директно“ изјави дека новото задолжување од 260 милиони евра е неопходно поради обврските што државата треба да ги сервисира во наредните години, обвинувајќи ја претходната власт за создавање на долговите. „Во наредните две години ние како држава треба да вратиме 6 милијарди евра стари долгови, а од 2026 до 2030 година треба да вратиме 9 милијарди евра долгови кои се земени од ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку дена откако законот беше предложен во Собранието по скратена постапка и во нетранспарентна процедура, мислам дека тие ќе бидат товар на граѓаните и нема да се употребат за она што се најавуваше, а тоа е развојни проекти“, ...
Селекторот на женската одбојкарска репрезентација, Милош Гавриловиќ, го скрати списокот на 16 одбојкарки кои ќе бидат дел од тимот за претстојните два пријателски натпревари со Косово, но и за стартот на Европската лига. Подготовките траат веќе две недели, а првиот турнир нашите одбојкарки ќе го играат од 5 до 7 јуни во Порто. Во изборот на новиот селектор се најдоа три дебитантки: одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок, како и средните ...
Нуклеарната програма, Ормускиот Теснец и „замрзнатите“ средства се трите црвените линии на Техеран во преговорите со САД, објавија иранските државни медиуми. Иранската новинска агенција ИРНА наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Земјата поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели. Како втора црвена линија на Техеран се наведува ...
Една лента од булеварот Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје затворена за сообраќај, граѓаните поминуваат меѓу автомобилите. Крајот на улицата Христо Смирненски целосно затворен. Градилиштето го проголта тротоарот, а и дел од коловозот пропадна во дупката од која треба да изникне петкатна зграда. Одронувањето на земјата во градилиштето однесе и две бандери, а во дупката заврши и информативната табла со името на инвеститорот и изведувачот. ...
Ако економијата е толку силна зошто се задолжуваме со нови 260 милиони евра. Опозицијата со прашања за новиот заем кој денеска го пројде последниот собраниски филтер, но и за тоа каде е министерката за финансии да дојде во Собранието за вакви точки. Пратеникот од СДСМ Битиќи излезе на говорницата со обвинувања дека со новиот заем е веќе очигледно дека ќе се поминеме границата на вкупен долг од преку 11 милијарди евра. Ако економијата е толку ...
Оффест, фестивалот на музиката на светот по 25. јубилеен пат ќе се одржи од 03. до 06 јуни на сцените на МОБ и МКЦ. Организаторот најави 8 концерти со репрезентативни имиња и покрај тоа што, како што кажа, спонзорите се намалиле, Град Скопје не го финансира фестивалот откако градоначалник станала Данела Арсовска, па досега, ресорното министерство како покровител доделило 35 илјади евра, а Скопје нема ни летна сцена. Затоа амбициите за ...
Поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори, како транспортот, енергетиката, ИКТ- индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите, предвидува стратешкиот договор што беше потпишан денеска во Охрид меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега, Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија.Беше потпишан и договор за ...
Опозицијата одбројува денови и го обвинува премиерот Мицкоски за свесно закочување на реформскиот пат. Од власта со контра обвинување до лидерот на СДСМ, Филипче, на кого му го доделуваат епитетот „специјален бугарски пратеник“. Од двата табора и денеска продолжија со препукувањата за евроинтеграциите. Социјалдемократите се на став дека власта ја замајува јавноста за реформската агенда, додека земјата тапка во место. „Пет дена до уште едно ...
Соединетите американски држави соопштија дека воените сили извршиле нови напади врз јужен Иран, таргетирајќи ракетни позиции на Исламската револуционерна гарда и чамци кои се обидувале да постават мини. Според централната команда на САД (Центком) нападите биле изведени во „самоодбрана“, со намера„за заштита на американските воени единици од заканите кои доаѓаат од иранските сили. Иранската Револуционерна гарда пак тврди дека нивни припадници ...
Граѓаните се соочуваат со листи на чекање, недостиг од медицински кадар, преоптоварени амбуланти и се поголеми трошоци за лекување. Ова се дел од причините поради кои земјава е рангирана меѓу најслабо оценетите здравствени системи според индексот на „Нумбео“, оценка со која се согласуваат и домашните здравствени експерти. На листата од 25 земји, Македонија се наоѓа на 22. место со индекс 55 и просечна годишна потрошувачка од околу 639 долари ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот на претседателот ги додели наградите и признанијата „Women in Tech® Macedonia Awards“, настан организиран од Women in Tech® Македонија во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Добитнички на главните награди се Кристина Мукаетова за најперспективна тинејџерка, Маја Наумовска Савеска за најголем поддржувач, Биљана Пејоска Ристеска за највлијателна иницијатива, ...
Дете кое пешачело со неговиот дедо вчера по улица во скопската населба Драчево било сретнато од познаник кој управувал со мотор. Лицето го фатило дете за рака со што продолжило да управува со моторот, а детето во неможност да продолжи да чекори, паднало и било влечено по улицата. „На 25 мај oколу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се приближил мотор ...
„Кроација ерлајнс“ продолжува со кратење на дел од регионалните линии, при што најпогодени се рутите од Загреб кон Скопје и Сараево. Според специјализираниот портал EX-YU Aviation во јуни компанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно кон Скопје, наспроти девет во истиот период лани, додека кон Сараево се предвидени девет до десет летови неделно. Намалувањата започнаа уште во зимската сезона, а како главни причини се наведуваат ...
Каде е министерката за финансии да го образложи новото задолжување – праша опозицијата на денешната седница во Собранието на која се дискутираше за предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка и за новата фискална стартегија. „Ова е фискална стратегија за преживување, а не за раст“ рече опозицијата според која е катастрофално што буџетскиот дефицит е искористен до мај годинава. За заменикот ...
Скопска Апелација ја преиначила затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична, потврдија од судот за Телма. На обвинетиот Љубе Крстевски Кривичниот суд лани во јули му изрече три месеци затвор за кривичното дело убивање и мачење животни. Апелација ја прифатила неговата жалба му ја сменила казната во парична, да плати 90 дневни глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра. Одлуката била донесена во февруари. Според обвинителниот, на ...