Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...
Додека утрово САД жестоко го нападна Иран, Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Тој ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. –Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога ...
Парламентарната дипломатија и интерпарламентарниот дијалог се особено важни демократски инструменти, заради директниот легитимитет на пратениците, чиј извор е народот како политичка заедница, односно збир на индивидуи – граѓани, од кои извира и на кои им припаѓа суверенитетот, истакна претседателката Силјановска Давкова. Според претседателката, Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги ...
Петдневна турнеја која стартува денеска од Сараево има претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, низ земјите од Западен Балкан. Тој до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на ...
Сирени и експлозии од воздушната одбрана се слушаат утрово над Кувајт Сити. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана отворила оган за да пресретне дојдовен бараж од ирански беспилотни летала и ракети. САД бомбардираа ирански радарски и контролни места за беспилотни летала во Иран откако Техеран собори американски дрон MQ-1 Predator овој викенд, соопшти американската војска денеска. Иран призна дека започнал одмазднички напад без да каже ...
Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, го искористи националното телевизиско обраќање за да го потврди суверенитетот на Мексико и да предупреди дека САД се обидуваат да влијаат на изборите во земјата во 2027 година, додека истовремено ја бранеше својата администрација во однос на безбедноста, економијата и социјалните програми. Настанот одбележа две години од нејзината изборна победа во 2024 година и привлече илјадници поддржувачи во ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати официјално писмо со оставка до канцеларијата на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, во кое се наведува дека корпусот на исламската револуционерна гарда ја презел целосната контрола врз управувањето со земјата, објави Иран Интернешнл. Пезешкијан, во писмо испратено во последните неколку часа, го предупредил Хамнеи со критички тон дека структурата на управување на земјата во пракса отстапила ...
Ракометарите на Охрид го освоија ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во салата „Билјанини Извори“ ја победија Татабања со 31-25 во реванш-финалниот натпревар. Охриѓани до првиот трофеј во својата историја, и тоа европски, стигнаа со двојна победа, бидејќи славеа и на првата средба во Унгарија со 29-28. Македонскиот тим доминираше пред домашните навивачи, иако на полувремето имаше минимална предност од само 12-11. Најголем „виновник“ за тоа ...
Кавга во Кабинетот, кавга меѓу МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција или реална шпионска афера? Дали и каде протекле информации и компјутерите во кабинетот на претседателката Силјановска? Истражуваме и колку странски државјани во последните месеци се протерани од Македонија заради шпионски активности поврзани со политика или криминално подземје. Како да се зачуваат класифицираните информации од странски ризик? ...
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 15 до 22 години кои се сомничат за кривичните дела „Насилство“, „Злоупотреба на лични податоци“, „Неовластено снимање“ и „Самовластие“, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). „Во период од февруари 2025, пријавените дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на социјални мрежи користеле лажен профил преку кој се ...
Демонстранти во Албанија се судрија со приватно обезбедување на локација на која е планиран луксузен проект поврзан со Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Граѓанските организации во Албанија предупредија дека американската инвестиција го загрозува екосистемот во заштитеното подрачје. Инцидентот се случил викендот во областа Звернец, во околината на Валона. Десетици лица се собраа на ...
Скопје и Шкендија Арачиново ги добија бараж-натпреварите за пополнување на Првата македонска фудбалска лига. Второлигашите беа подобри од прволигашите Брера и Пелистер и изборија пласман во елитата. Скопје со минимални 1-0 ја победи Брера на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, благодарение на голот на Душко Трајчевски во 88-та минута од натпреварот. Многу подраматично беше на Градскиот стадион во Кавадарци. Шкендија Арачиново поведе ...
Македонската фудбалска репрезентација утре од 18:30 часот ќе се соочи со Турција во Истанбул во пријателски натпревар. Тоа за нашиот тим ќе биде втора контрола по ремито 0-0 против Босна и Херцеговина во Сараево во петокот. Селекторот Гоце Седлоски е свесен за квалитетот на противникот, кој има фудбалери од светска класа, но Македонија треба да покаже дека може да се носи рамноправно со селекции кои ќе играат на претстојното Светско ...
Холандската полиција почна проверка на постапувањата на своите службеници, откако на социјалните мрежи се појави снимка од приведување во центар за азиланти во Зејст. На видеото се гледа како полицаец грубо влече трудница по што таа паѓа на земја. Инцидентот, според холандските медиуми, се случил на 19 мај во објект на Кампвеге во Зејст. Полицијата соопшти дека службениците интервенирале по пријави за закани и оштетување имот пришто, како што ...
Само до април, Македонија веќе испорачала над 5.000 сезонски работници во Хрватска, покажуваат официјалните статистички податоци на таа држава. Според хрватското Министерство за внатрешни работи, исклучувајќи го периодот на пандемијата, секое лето таму одат меѓу 10 и 14 илјади работници на сезонска работа. „Генерално Македонија има одлив на сезонска работна сила и тој циклус јас го следам од 1998 година наваму. Имаше осцилации во одредени ...
Пешачките премини се местата каде граѓаните најбезбедно го минуваат коловозот. Но, таму каде што тоа не е можно, се градат подземни и надземни премини кои треба да овозможат сигурно движење. Скопје има неколку такви, но дел од нив денес повеќе наликуваат на заборавени простори, отколку на безбедни пешачки коридори. Кај трговскиот центар „Скопјанка“, во Oпштина Аеродром, се наоѓа еден од подземните пешачки премини. Затворени дуќани, отпад и ...
Старото хидројаловиште во градот Пробиштип кое е едно од најжешките еколошки точки во државата се очекува наскоро да се санира. На овој простор на површина од околу 50 хектари рудникот за олово и цинк „Злетово“ со години го има депонирано отпадот од преработката на рудата. Старото рударско езеро е напуштено, па по него расте трска и трева, а општината подготви проект за негова за санација. Градоначалникот Тони Тоневски смета дека со ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено од владата соопштуваат дека како резултат на разговорите со компанијата „Окта“, обезбеден е попуст од два денара по литар кој ќе започне да се применува од утре (понеделник, 1 јуни). Со овие мерки, и согласно владините пресметки, од „Илинденска“ очекуваат цената на дизел горивото да се намали до 6,5 денари по литар, додека ...
Над 5.000 сезонски работници од Македонија веќе отишле во Хрватска. Летната сезона допрва почнува, а искуството од минатите години покажува дека оваа бројка може да се удвои. Ако се земат предвид и останатите држави кои се поатрактивни за летна сезонска работа, тогаш бројките стануваат уште поалармантни. Најголема побарувачка за сезонски работници во странство има во угостителските и услужните дејности, како и во градежништвото. А, колку сето ...
Со затоплувањето почна и зачестеното палење на депониите во југоситокот. Градската депонија во Радовиш вчера повторно гореше, но, според тамошните пожарникари, пожарот е подметнат намерно, најверојатно од пиромани. Радовишката територијална противпожарна единица преку соопштение на социјалните мрежи повика да се најдат сторителите. „Пожарникарите се повикани и од своите домови, а сите расположливи екипи ќе дадат максимум за да го локализираат ...
ПСЖ синоќа го победи Арсенал на пенали и ја освои втората титула по ред во Лигата на шампиони. УЕФА сезонава во елитното натпреварување подели неверојатни 2,4 милијарди евра преку наградниот фонд, а очекувано најмногу заработија финалистите. Францускиот тим само со победата во финалето во Будимпешта инкасираше 25 милиони евра, додека Арсенал како поразен финалист доби 18,5 милиони евра. Вкупната заработка на парижаните оваа сезона во Лигата ...
Уставните измени и европската интеграција, кој блокира, а кој работи за друга држава. Двете најголеми партии од македонскиот политички блок денеска продолжија со меѓусебните обвинувања. За опозициската СДСМ нема ништо спорно доколку Бугарите се внесат во уставот и нема опасност по идентитетските прашања. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ само цврсти писмени гаранции се предуслов за евентуални уставни измени. Лидерот на најголемата опозициската ...
Анонимно писмо испратено до медиумите и до институциите го отвори случајот со копирање податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова. КОД истражува што стои зад она што обвинителството го нарече инцидент, додека претседателката негира сериозен случај со шпионажа. Во Кабинетот имало и внатрешен конфликт, но за последиците се интересираат и НАТО дипломатите додека истрагата сè уште трае. Во КОД ...
Триесет дена во притвор му даде Кривичниот суд на возачот кој ја предизвика сообраќајката на Пластичарска улица во која загина млад моторџија. Судот го прифати предлогот на јавното обвинителство кое отвори истрага против 31-годишниот возач на аудито А4 кој ја предизвика несреќата. Откако обвинителството отвори истрага за него, побара и притвор, бидејќи се сомневаше дека може да избега или да го повтори делото. Она што го утврди од увидот и ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на Општина Могила. Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата ...
Членови на германската бизнис заедница и официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во Санкт Петербург. „Сакаме, како и сите големи западни земји, да го одржиме економскиот мост кон Русија и да го заштитиме над 100 милијарди евра вредниот германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај западните санкции со кои се таргетирани стотици руски компании, ...
Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. „На улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, А.Л. предизвикал ...
Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија холандските медиуми. „Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција. Во соопштението се додава дека за време ...
Ракометниот клуб Охрид го делат уште 60 минути од освојување на Европскиот куп на ЕХФ. Тимот од крај езерото има шанса да го задржи пехарот во Македонија, откако ова натпреварување лани го освои Алкалоид. Момците на тренерот Борис Ројевиќ имаат позитивен резултат од првата средба во Татабања, односно победа од 29-28, па сè освен пораз вечерва ќе го промовира Охрид во европски шампион. Реванш-финалниот натпревар се игра вечерва од 20 часот во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти е подготвен да заземе побавен пристап во преговорите со Иран и покрај загриженоста за економскиот ефект на војната. Според него, брзање во преговорите може да ги поткопа шансите за постигнување на поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо бидејќи, знаете што, цените на бензините ќе паднат. Но, ако брзате, нема да постигнете добар договор“, порача Трамп. Тој додаде дека администрацијата ...