Седум и пол години казна затвор изрече кумановскиот суд за Вангелица Илијевска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан во Кратово. Обвинителството претходно изврши преквалификација на делото од „убиство“ во „убиство на миг“. Илијевска призна вина и изјави дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела. Обвинетата стапила во брак во 2011 година и се сели во ...

Млекарниците кои произведуваат сирење и млечни производи согласно стандардите и без употреба на репроматеријали како што се млеко во прав и палмина маст треба да бидат објавено од страна на надлежните институции, а не да се ставаат сите во исти кош бараат производителите, откако викендов од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е ...

Претседателот на Европскиот совет, кој утре ќе ја посети Македонија, ќе ја предупреди владата дека треба да ја исполни обврската за уставни измени, очекува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Обвини дека премиерот ги загрозува националните интереси со тоа што ќе ја остави Македонија да биде слепо црево на Балканот. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено ќе каже дека сега е моментот за проширување и дека не е ...

Неколку ученички се насилни кон нивна соученичка, додека останатите снимаат со мобилни телефони и се потсмеваат. Вознемирена и оставена без поддршка, девојчето се обидува да си го одземе животот. Ова беше симулација преку која сакаа да ја прикажат реалноста низ училиштата. Денес, средношколци ја испратија пораката за сериозните последици што ги остава врсничкото насилство. По завршувањето на перформансот, се наредија така што слоговите на ...

Статутот на Друштвото на писатели на Македонија не е усогласен со новиот, актуелен Закон за здруженија и фондации, вели Гордана Јовиќ- Стојковска, романсиер, поетеса, преведувач и литературен критичар, која викендов со мнозинство гласови беше избрана за нова претседателка на Друштвото , на одржаното редовно изборно Собрание. Нејзин приоритет за зацврстување на темелите на ДПМ, како што рече, е промената на Статутот, за да Друштвото на ...

Во Универзитетската клиника за детски болести е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, покажуваат дека 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина. „Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе Одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,238 ден/кг и сега ќе изнесува 47,906 ден/кг. Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на ...

Владата на Унгарија ќе го промени уставот за да го отстрани претседателот на државата, како дел од напорите на новиот премиер, Петер Маѓар, да се ослободи од функционерите назначени за време на поранешниот премиер Виктор Орбан. Маѓар и неговата партија Тиса извојуваа убедлива победа на парламентарните избори во април. Со двотретинско мнозинство во парламентот, тие можат да спроведат далекусежни промени во политичкиот систем што Орбан го ...

Додека САД и Иран разменуваат напади а обидите за постигнување мировен договор се уште не даваат резултат, ескалира и безбедносната ситуација во Либан, кој е под жесток воен притисок на Израел. САД потврдија дека дека за време на викендот извршиле напади врз ирански воени цели, додека Техеран соопшти дека одговорил со напад врз американска база во Кувајт. Ова е трет пат во последната недела прекинот на огнот меѓу САД и Иран да биде нарушен. ...

На најновата листа „Глобал 2000“, објавена од Центарoт за рангирање на светски универзитети, нема ниту еден универзитет од Македонија, вклучително и најголемиот државен универзитет, Св.„Кирил и Методиј“ од Скопје. Рангирањето е направено врз основа на анализа на повеќе од 81 милион податоци и четири клучни критериуми: квалитет на образование, вработливост, квалитет на наставниот кадар и истражувачка работа. Најдобро пласиран универзитет од ...

Македонија останува на ставот дека се потребни јасни гаранции оти историските, идентитетските и културните прашања и јазикот нема да бидат дел од преговарачкиот процес, како и исполнување на пресудите од Европскиот суд за човекови права. По средбата со бугарската министерка Весислава Таневска, министерот Тимчо Муцунски изјави дека засега не гледа позитивни сигнали од бугарска страна. Коментирајќи го предлогот на германскиот канцелар Фридрих ...

Во струмичкото село Вељуса викендов се одржа манифестацијата „Црешијада“, која собра голем број посетители од цела Македонија. Настанот беше спој на традиција, култура и вкусни производи од цреши, а организаторите велат дека се изненадени од интересот. „Преполно е, јас сум сериозно многу позитивно изненаден од тоа што луѓето сакаат да ја негуваат и чуваат традицијата. Она кое што со денешната манифестација сакаме да го покажеме е дека во ова ...

На депонијата „Краста“ во Куманово синоќа избувна пожар, а екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ и денеска работат на негово локализирање. Според надлежните, пожарот се гасне со затрупување на отпадот со земја, со цел да се спречи понатамошно чадење. Во интервенцијата учествувале и кумановските пожарникари, кои синоќа од 20 до 23 часот гаснеле со едно противпожарно возило. Од претпријатието очекуваат ситуацијата наскоро да биде ставена под ...

Перинаталното ментално здравје кај жените е нова тема која е исклучително значајна и на која треба да се посвети огромно внимание бидејќи истражувањето покажува дека не само во Македонија туку и во светски рамки на голем број жени кои штотуку се породиле им е потреба психолошка поддршка бидејќи се соочуваат со проблеми како анксиозност и депресија. Да се сензибилизира општеството и да се направат што е можно подостапни здравствените услуги за ...

80% од граѓаните кај нас би одбиле за паричен надомест да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, што претставува еден од највисоките проценти во Европа. Истовремено, друга анализа констатира дека 98% од онлајн коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза. Ова само дел од наодите од двегодишното истражување на проектот ENCODE, презентирани во Скопје на настан организиран од Институтот за ...

Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео со кое повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат да биде оштетен или ограбен гробот на Ѓорѓи. – „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли ...

Кумановец киднапирал познаник кој го тепал и дрогирал во својот дом и го принудувал орално да го задоволува. 35 годишниот кумановец е уапсен синоќа. Кај него е најдена марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. Според полицијата тој се сомничи дека во 23:00 часот на 29.05 киднапирал 36 годишен кумановец и на сила го држел, дрогирал, тепал и ...

Дронот што се урна во четврток вечерта во Галати е Геран-2 од руско потекло. Тоа е недвосмислениот заклучок на техничкиот извештај финализиран од романските државни експерти“, наведе Дан во порака на X, заедно со четири слики на кои наводно се гледа леталото. При падот на дронот повредени и хоспитализирани беа 14-годишно момче и 53-годишна жена. Руската амбасада во Букурешт го обвини Киев дека планира провокации, а претседателот Владимир ...

Двајца мажи кои работеле на полиња во близина се полесно повредени во експлозијата на фабриката за огномет Та’Лурдес на Малта, објави independent.com.mt. Врз нив паднале остатоци од експлозивни направи и тие се однесени во болница. Мажите се на возраст од 67 и 47 години, и двајцата се од заливот Сент Полс. По силната експлозија следуваа серија помали експлозии кои го потресе подрачјето Магтаб рано денеска. Густ облак од бел и сив чад се изви ...

Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија ...

Управата за јавни приходи ја заврши обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои роковите за поднесување истекоа во март 2026 година. Анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, раст на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка, што укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 ...

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа ...

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда. Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже, се вели во соопштениото од опозициската СДСМ. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот ...

Македонците заминуваат на сезонска работа, додека домашните компании сè почесто увезуваат работници од Азија за да ги пополнат испразнетите работни места. Меѓу 10 и 15 илјади Македонци годишно работат во Хрватска, а во исто време се издадени 305 работни дозволи и речиси 3.000 мислења за вработување странци, најмногу од Бангладеш, Непал, Индија и Турција. Трендот отвора прашање дали Македонија се соочува со хроничен недостиг на работна сила и ...

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...

Додека утрово САД жестоко го нападна Иран, Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Тој ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. –Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога ...

Парламентарната дипломатија и интерпарламентарниот дијалог се особено важни демократски инструменти, заради директниот легитимитет на пратениците, чиј извор е народот како политичка заедница, односно збир на индивидуи – граѓани, од кои извира и на кои им припаѓа суверенитетот, истакна претседателката Силјановска Давкова. Според претседателката, Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги ...

Петдневна турнеја која стартува денеска од Сараево има претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, низ земјите од Западен Балкан. Тој до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на ...

Сирени и експлозии од воздушната одбрана се слушаат утрово над Кувајт Сити. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана отворила оган за да пресретне дојдовен бараж од ирански беспилотни летала и ракети. САД бомбардираа ирански радарски и контролни места за беспилотни летала во Иран откако Техеран собори американски дрон MQ-1 Predator овој викенд, соопшти американската војска денеска. Иран призна дека започнал одмазднички напад без да каже ...

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, го искористи националното телевизиско обраќање за да го потврди суверенитетот на Мексико и да предупреди дека САД се обидуваат да влијаат на изборите во земјата во 2027 година, додека истовремено ја бранеше својата администрација во однос на безбедноста, економијата и социјалните програми. Настанот одбележа две години од нејзината изборна победа во 2024 година и привлече илјадници поддржувачи во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.51
39%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.65
64%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.29
57%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.99
47%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.65
61%
1020
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
57%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.71
57%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
43%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.91
39%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.47
68%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
90%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.05
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Злато

131337.93

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42