Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Колку се безбедни градилиштата? Дали профитот и корупцијата се ставаат пред безбедноста на работниците и граѓаните? Кој контролира, а кој одговара кога ќе се случи несреќа? Во „Топ Тема“ со Наташа Стојановска дебатираат Јосиф Јосифовски, декан на Градежниот факултет, Наташа Мирошниченко Велјановска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Грозданка Тилева од Државниот инспекторат за труд и Дејан Митески, градоначалник на ...
Во вечерашното издание на „Топ Тема“, претставничката на Државниот градежен инспекторат, Наташа Мирошниченко Велјановска, укажа на сериозните предизвици со кои се соочува институцијата во спроведувањето на инспекцискиот надзор. Според неа, ограничените кадровски капацитети и недоволно прецизните законски решенија ја намалуваат ефикасноста на контролите на терен. „Државниот градежен инспекторат има само четири инспектори за територијата на ...
Во вечерашното издание на „Топ Тема“, Грозданка Тилева од Државниот трудов инспекторат предупреди дека градежништвото и натаму е секторот со најголем број тешки повреди и смртни случаи на работното место. Таа истакна дека податоците што ги евидентира Инспекторатот укажуваат на потребата од засилени мерки за заштита на работниците и поголема одговорност од сите учесници во градежниот процес. „Пет смртни случаи на градилиште се забележани ...
Во вечерашната „Топ Тема“, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, истакна дека локалните власти мора доследно да ги користат сите законски механизми за спречување на бесправното градење и заштита на јавниот интерес. Тој посочи дека општината годинава веќе интервенирала во неколку случаи, но нагласи дека одговорноста за надзорот и санкционирањето е заедничка и вклучува повеќе институции. „Општина Аеродром годинава затворила две ...
Во „Топ Тема“, деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, истакна дека безбедноста на градилиштата не смее да биде препуштена на случајност и дека надлежните институции мора да дејствуваат превентивно. Според него, дали ќе продолжи изградбата на градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ ќе зависи од проценките што ќе ги направи Општина Центар за состојбата и безбедноста на околните објекти. „Дали на градилиштето на улицата „Теодосиј ...
Потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак ја пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова со букет цвеќе во рамките на нејзината официјалната посета на Република Словaчка. Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, при што истакна дека Македонија неоправдано и предолго се наоѓа во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, според него, треба ...
Претставникот на здружението „Пелагониско поле“, Борче Бучински, во гостувањето во емисијата „Директно“ изнесе сериозни обвинувања на сметка на големите млекарници во земјава, тврдејќи дека потрошувачите пијат млеко со сомнителен квалитет, додека домашните производители се на работ на егзистенција. Според Бучински, млечниот сектор во Македонија е под силно влијание на странски капитал, што овозможува лесен увоз на млеко од странство, но ...
Промените во квалитетот на храната и неточното означување на производите претставуваат сериозна закана за јавното здравје, особено за ранливите категории граѓани, предупредува Игор Спировски од Институтот за јавно здравје во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма. Според Спировски, иако јавноста е често фокусирана на микробиолошката контаминација, пестицидите и тешките метали, најголемиот предизвик за македонското здравство се ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува засилување на мониторинг програмите за квалитет на производите, како одговор на се почестите појави на т.н. „food fraud“ или измами со храна, кои стануваат сериозен предизвик не само во земјава, туку и низ цела Европа. Светлана Колариќ од АХВ, во гостувањето во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, појасни дека Агенцијата работи според повеќегодишни и годишни контролни планови кои се ...
Анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија дека дел од операторите со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите, продавајќи производи чиј состав не одговара на она што е наведено на декларацијата. Најголеми отстапувања се забележани кај млечните и месните производи, каде е утврдено присуство на недозволени состојки како растителни масти. Светлана Колариќ од АХВ, во гостувањето во емисијата „Директно“ на ...
По повод одбележувањето на 100 години од постоењето на Зоолошката градина, Флекс Кредит ДОО Скопје ќе донира специјализиран објект за сместување на дел од животните (влекачи), со што ќе се придонесе кон подобрување на условите за нивен престој, развој и грижа. Примопредавањето на донацијата ќе биде утре, на настан организирн во Зоолошката градина, а на кој ќе се обратат претставници на Зоолошката Градина Скопје и Флекс Кредит ДОО Скопје. Во ...
Куќата на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, изградена во 1927 година веќе е урната. Додека граѓаните жалат за уривањето на уште една стара градба, институциите со различни ставови околу надлежностите Купишта греди, тули и земја денес се наоѓаат на местото на препознатливата куќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Урната е за неполни два дена, а врз урнатините е паркиран багерот. Граѓаните се прашуваат дали можеше да се спаси. Многу ми е ...
Без правосилно решение на инспекцијата за утврдените пропусти во козјо и ситно сирење или млечна урда, граѓаните кои купувале од производите кои надлежните не ги објавуваат засега не може да тужат и бараат отштета. Адвокатот Горан Нациќ за Телма вели дека во случај на загрозена безбедност и здравје, надлежните треба да ги предупредат граѓаните што да не купуваат. Надлежните институции, во скор временски период треба да ги обзнани компаниите ...
И за транспарентноста и за борбата со криминалот се потребни повеќе средства. Државниот обвинител Савески испрати порака до извршната и законодавната власт од конференцијата финансиски поддржана од ЕУ на која беше презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство Сиромашно јавно обвинителство не може да се спротивстави на богатиот криминалитет , без финансиска поддршка, ние го даваме максимумот, но резултатите не може да ...
Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во одговор до Телма тврдат дека извршиле инспекција во кабинетот на Гордана Силјановска, во мај откако во Слободен Печат беа објавени првите информации за „шпионската афера“ на Водно. Дирекцијата врши инспекции за проверка на начинот на ракување и чување на класифицирани информации во онституциите. Од ДБКИ велат дека осомничениот немал пристап до класифицирани информации. Предистрагата ...
Додека Владата го промовира новиот оперативен план за вработување и најавува мерки за отворање на нови работни места, на страницата на АВРМ можат да се најдат огласи со кои се бараат работници за плата под законскиот минималец кој изнесува нешто над 26 илјади денари. Директорот на Агенцијата не беше запознаен со овие повици прикачени на страницата на Агенцијата за вработување со која тој лично раководи. Откако се посомнева дека станува збор ...
Куќата на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, изградена во 1927 година веќе е урната. Додека граѓаните жалат за уривањето на уште една стара градба, институциите со различни ставови околу надлежностите Купишта греди, тули и земја денес се наоѓаат на местото на препознатливата куќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Урната е за неполни два дена, а врз урнатините е паркиран багерот. Граѓаните се прашуваат дали можеше да се спаси. Многу ми е ...
Министерските фотелји најрано за две недели ќе бидат ставени на тест – кој останува, кој ротира, а кој заминува од Владата? Премиерот Мицкоски денеска порача дека втората половина на месецот е резервирана за реконструкцијата. Образложението за тајмингот останува истото, да се комплетираат внатрешнопартиските реструктурирања во ВМРО-ДПМНЕ, откако процесот заврши кај коалицискиот партнер Вреди кој прерасна во партија. Премиерот Мицкоски не ...
Во текот на летната сезона се ограничува пловидбата на скутери и чамци. Одлуката за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт Според оваа одлука се забранува пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот. За чамците пловидбата се забранува од утре – 3 јуни до 31 август 2026 год. времетраење ...
Развлечени и искинати кабли, жители со проблеми со интернет и телевизија, и затворена една лента од булеварот „Теодосиј Гологанов“ за да им се овозможи на камионите полни со земја да ја затрупаат градежната јама на градилиштето кое минатата недела го проголта тротоарот и дел од коловозот на улица Христо Смирненски во центарот на Скопје. Вака денеска изгледа градилиштето на булеварот Теодосиј Гологанов по одронот од пред една недела од кој ...
Полицијата поднесе кривична пријава против кумановец кој пред три години урнал куќа заштитена како културно наследство, а на кој била поставена спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, и на нејзино место изградил објект од втора категорија без дозвола. Објектот кој го урнал бил заведен во регистерот на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство. Иако прекршил неколку закони, не бил казнет, а градежната инспекторка ...
Во Македонија не постои законска можност за покренување групни тужби при случаи слични на откритието на инспекциите на редица млечни производи кои не го задоволуваат квалитетот кој го декларирале. Групната тужба е дел од европското законодавство, но ниту со тековните измени таа не е предвидена во Законот за парнична постапка. Единствена можност е индивудално тужење за кило сирење со фискална сметка, а ако има илјадници оштетени може да се ...
Седум кадидати за нов член на Судскиот совет го поминаа филтерот во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Сите се дипломирани правници, а станува збор за Шпреса Даути, Феузи Џафери, Елвир Исеини, Сабедин Даути, Артим Ислами, Фадил Џелили и Фатмир Емрулау. Но, Феузи Џафери бил и шеф на кабинет на министер за образование од редовите на ДПА. Тоа го потврди и пратениикот Беким Ќоку кој го презентираше кандидатот. „Има околу ...
Државниот ревизор утврди низа неправилности во работењето на Институтот за јавно здравје за 2024 година – имало финансиски исплати што не биле предвидени со Колективниот договор, а се доцнело и со објавување на клучни извештаи за состојбата на здравјето на населението, меѓу кои и за влијанието на загадениот воздух. Дел од нив биле подготвени дури во 2025 година, кога веќе ја изгубиле својата актуелност и употребна вредност. Пропусти има и во ...
Меѓународната конфедерација на синдикати во својот Извештај за 2026 година – Индекс за глобални права, повторно ја рангира Македонија во групата земји со систематско прекршување на работничките права. Земјата е оценета со 4 од можни 5 степени, што ја сместува меѓу државите со сериозни ограничувања на синдикалните слободи и правата на работниците. Во извештајот се нотираат напади и притисоци врз синдикалните претставници, вклучително и случаи ...
Метеоролошката агенција на Обединетите нации во вторник прогнозира умерен до можеби силен Ел Нињо што би можело да доведе до повисоки глобални температури и да го зголеми ризикот од екстремни временски услови во наредните месеци. Ел Нињо е периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Тихи Океан, кое обично трае помеѓу девет и 12 месеци, според Светската метеоролошка организација. Организацијата ...
Еден месец откако градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски отвори боледување, и ги префрли сите должности на советник во општината, премиерот денеска му се обраќаше на заменикот и го ословуваше како градоначалник. Лукровски ги делегираше своите овластувања на Неделчо Крстевски – советник во општината, кој го презеде раководењето со општината. Тој денеска беше на отворање на базен во општина Крапош, а на кој присуствуваше и премиерот ...
Вонвременските нумери на Влатко Стефановски оживеаја на сцената на МНТ , низ постановката на мјузиклот „ Као какао“. Проектот го постави режисерот Дејан Пројковски по текстот на Венко Андоновски. Дојде време ете, за мојот идол и за нашите идоли да направиме мјузикл. Меѓутоа, многу е важно дека го вративме духот на тоа време кога младите луѓе навистина сакаа да постигнат успеси во уметноста, во спортот, вели Венко Андоновски, автор на текстот ...
Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили. Ова беше ужасна ноќ, една од најлошите што сум ги доживеал. Одлучив оваа вечер да одам во засолништето и тоа беше исправната одлука бидејќи дрон падна недалеку од каде што живеам. Беше многу блиску и многу страшно. ...
„Нема намера да поддржам авантура без извесен крај“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски пред посетата на претседателот на Европскиот совет Кошта во Скопје. „3 децении граѓаните беа сведоци на вакви гимнастики и сме на исто место каде што бевме пред 25 години. Не може да очекувате дека ќе дојде некој висок европки политичар, и ние ќе го смениме ставот“ рече тој. За да се стави крај на тоа, тој бара од Еу да усвои нов зклучок за ...