Недостаток на реагенси, фантоми кои не оделе на работа а нивни колеги за месечен надомест ги евидентирале во системот, вработени кои факултативно шетале низ Институот, сомнителни тендери над дозволената граница и уште по сомнителни исплати на плати и награди без воспоставен систем, исплата на бонуси без основ. Ова се само дел од тврдењата на директорката на ИЈЗ, Марија Андонова, за ситуацијата во која го затекнала Институот кога го презела од ...

Државната комисија за спречување корупција со палета предлози за измени на законот за лобирање од хартија да стане применлив. ДКСК треба да проверува и гони во постапката помеѓу лобистот и лобираниот. Претседателот на Антикорупциска смета дека целта на најавните предлог измени е да се спречи корупцијата. И по 6 месеци проверки се уште не е готов извештајот на антикорупционерите за проверката на 60 носители на јавна функција дали имаат ...

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци. „Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи отстапувањата се ...

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудија убиството на 31-годишна жена во Битола, која според информациите на Министерството за внатрешни работи била усмртена со нож од нејзиниот сопруг. Во заедничко соопштение организациите наведуваат дека станува збор за уште еден фемицид кој, како што оценуваат, го потврдува загрижувачкиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди истрагата против поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Мицкоски рече дека во истрагата се вклучени неколку лица, додека според него, Богоев, во претходната влада, играл улога на посредник за неколку нерегуларни дејствија. Мицкоски рече дека има информации дека слични дејствија како вчерашните ќе бидат спроведени во неколку институции. „Се работи за лице кое e поранешен градоначалник ...

Во Белград утрово 26-годишник посегнал по животот на својот 92-годишен очув. Според информациите од српските медиуми 26-годишникот се сомничи дека ја нападнал жртвата која во тој момент се наоѓала во кревет и била во лоша здравствена состојба. Тој бил удрен во пределот на главата, а кога пристигнале полициските службеници на местото на настанот го пронашле починат. Случајот е пријавен во полиција утрово околу 7 часот, а 26-годишник е ...

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 млади животи, a над 200 беа повредени се изведуваа документи по документи десетици материјални докази, во кој најголем дел годишни извештаи на општинските инспекции. За адвокатот Петре Шилегов судењето ќе трае предолго и ќе ја чини државата многу, во однос на ваквиот опфат на обвинението и приложувањето на доказите. Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, ...

Несоодветно евидентирање и чување на реагенси, и злоупотреби со исплата на додатоци и награди на платите на дел од вработените – се само дел од нерегуларностите кои биле практикувани од страна на претходното раководство на Институтот за јавно здравје, а кои денеска ги кажа на прес конференција директорка Марија Андоновска. Високите награди се оправдувале со образложение „за домаќинско работење“ или за „извонредна успешност“ а со кои платите ...

Лејн Спир е 16-годишна девојка која семејните одмори ги минува кампувајќи во планина. Таа ги зема тие спомени здраво за готово сè додека не го загуби својот татко од рак. Само една година подоцна, Лејн сè уште тешко се справува со неговата смрт, додека нејзината мајка се мажи за човек што таа речиси и не го познава – припадник на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Денови. Како тоа да не е доволно, додека младенците се на ...

Млад човек (Robert Duvall) во 1940-тите создава семејство во Алабама. Неговата сопруга (Tippi Hedren) го напушта и се сели во Англија. Таму запознава и се мажи за Англичанец (John Hurt), со кого останува да живее многу години. Кога сопругата умира, нејзината последна желба е да биде вратена во Алабама и таму да биде погребана, иако мажот не ја видел речиси триесет години. Во тој момент се среќаваат двете семејства – нејзиното прво семејство ...

Во напнатиот трилер „Ќерката на кралот на мочуриштата“, жена со тајно минато ќе се осмели да се осмели во дивината што ја оставила зад себе за да се соочи со најопасниот човек што некогаш го запознала: нејзиниот татко. Во филмот, навидум обичниот живот на Хелена (Дејзи Ридли) крие темна и опасна вистина: нејзиниот отуѓен татко е озлогласениот крал на мочуриштата (Бен Менделсон), човекот што ја држел неа и нејзината мајка во заробеништво во ...

Париз, 1887 година. Иако двобоите се официјално забранети, тие и понатаму се единствениот начин за одбрана на честа. Мајсторот за мечување Клеман Лаказе се обидува да го спречи својот внук да влезе во нерамноправен дуел со искусниот полковник Бершер, додека Мари-Роз Астие де Валсајр, феминистка која се бори за еднаквост на жените, сака да докаже дека честа не е само машка привилегија. Историскиот филм на актерот и режисер Винсент Перез ...

Американецот Максвел Смарт (Стив Карел) работи во владина агенција за шпионажа. Кога седиштето на агенцијата е нападнато, шефот одлучува да го назначи Смарт за шпион и му го доделува партнер – секси агентката 99 (Ен Хатавеј). Двоецот тргнува да се бори против своите напаѓачи поминувајќи низ разни опасни ситуации. На крајот ќе биде компромитиран нивниот идентитет, и може да бидат посочени како жртви, додека на другата страна нивните напаѓачи ...

Сообраќајната полиција од 2 до 7 јуни спроведува засилени контроли на возачи на мотоцикли, мопеди и е-тротинети, во рамки на европската акција на Роадпол. Акцијата има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на несреќите. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе се проверуваат носење заштитна опрема, техничка исправност на возилата, поседување возачка дозвола и почитување на сообраќајните правила. Овие ...

Компании за топлинска енергија ги доставиле барањата до Регулаторната комисија за енергетика, за утврдување на новата цена на парното греење. Ова за Телма го потврдија од Комисијата. И од ЕСМ соопштија дека нивните три фирми, ЕСМ Снабдување, дистрибуција и производство ги доставиле пресметките. Но, на прашањата на Телма дали и за колку се зголемени нивните трошоци, каде има најголеми промени и колкаво зголемување би побарале за услугата што ...

Се бара исчезната Лидија Велковска- Бојчевска Изминува деветиот ден од исчезнувањето на 70- годишната Лидија Велковска- Бојчевска, лице со деменција, инаку пензиониран музејски работник. Од семејството велат дека по исчезнувањето на жената, случајот го пријавиле во полициската станица во Карпош и во Дирекцијата за заштита и спасување. И самостојно ја барале по добиени повици дека е лоцирана, но досега без успех. Велковска- Бојчевска исчезнала ...

На разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување одредени банкарски надоместоци по примерот на повеќе европски земји, повика Гувернерот на Народната банка. Славески во објава на социјалната мрежа „Икс“ истакна дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на ...

Куќа во Охрид стара еден век е срамнета со земја за помалку од два дена. Институциите денес си ја префрлаат одговорноста – едните велат дека не била под заштита, другите дека планирале да ја заштитат, третите дека постапиле законски. Истиот ден, полицијата откри случај во Куманово каде што уште во 2023 година бил урнат заштитен објект на културното наследство со спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, а на негово место била ...

На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон? Дали има некој што ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.111 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. ...

Македонија и летово останува извор на сезонска работна сила за европските земји. Само до април, повеќе од 5.000 македонски работници заминале на сезонска работа во Хрватска, а бројките се очекува дополнително да растат во текот на летото. Кои се најбараните професии, зошто сè повеќе млади, но и пензионери заминуваат да работат во странство и дали домашните компании остануваат без кадар? Додека македонските работници заминуваат во ЕУ, фирмите ...

Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на домаќинства кои имаат деца се намалува, додека драматично расте бројот на луѓе кои живеат сами или како парови без потомство. Од вкупно 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, минатата година само 47,4 милиони или скромни 23,4% вклучувале деца. Најголем дел од нив се парови со деца (14,7%), по што следат други видови сложени домаќинства ...

Во судницата во Идризово денеска треба да продолжи ново судење за случајот Пулс. Се очекува на судењето да бидат прикажани материјални докази од Обвинителство. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година ...

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...

Украински беспилотни летала извршија напад врз нафтен терминал во Санкт Петербург, при што според локални извештаи избувнал голем пожар проследен со силни експлозии. На социјалните мрежи беа објавени снимки од густ црн чад над пристанишната зона, додека руските власти соопштија дека собориле десетици дронови над Ленинградската област. Moment yet another Ukrainian drone slams into St. Petersburg oil terminal this morning as they have broken ...

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, тврди дека ревизијата во установата открила бројни неправилности во работењето за претходниот период. Според неа, меѓу спорните набавки е и мрежен кабел долг 15 километри, платен околу 15.000 евра, за кој институцијата нема податоци каде се наоѓа. Ревизијата утврдила и недостиг на документација за набавени компјутери, лаптопи и мобилни телефони. Андоновска посочи и на, како што ...

Воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, ќе воведе аминистрацијата на САД за како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се ...

Oстро критикувајкиго статусот на надворешната политика на САД, демократскиот сенатор Крис Ван Холен ги нападна државниот секретар Марко Рубио и неговиот шеф, претседателот на САД, Доналд Трамп, за преземените активности во текот на година и пол на функцијата во врска со помошта и странската интервенција. Господине секретаре, ова е вашето прво јавно сослушување откако претседателот Трамп и израелскиот премиер Нетанјаху започнаа нелегална војна ...

Aмериканската војска соопшти дека Иран испалил ракети кон Kувајт и Бахреин кои биле соборени, и дека САД како одговор започнале напади врз Ирански објект. Двата проектили испалиле кон Кувајт и се распаднале по пат, додека Американските и Бахреинските сили ги пресретнале ракетите насочени кон Бахреин. Централната команда на САД соопшти дека одговорила со напади врз иранска воена контролна станица на островот Кешм во Ормутскиот Теснец. -Иран и ...

Нова посета со стара порака. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, 12 месеци понеговата претходна посета на Македонија, го повтори тоа што и лани и го порача на земјава – без уставни измени нема продолжување на пристапниот процес. Новина во неговото обраќање беше што тој зборувајќи за граѓаните на земјава ги нарече „Македонци“. Кошта за тоа дали е прифатливо барањето на Македонија да и се дадат гаранции во форма на заклучоци од ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.51
39%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.65
64%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.29
57%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.99
47%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.65
61%
1020
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
57%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.71
57%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
43%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.91
39%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.47
68%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
90%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.05
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Калај

51.97

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09