Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Пет активни, два под контрола и три изгаснати е пресекот на состојбата со пожарите на територијата на Македонија. Ситуацијата полека се нормализира а бројката на регистрирани пожари на отворен простор се држи во просекот меѓу 20 и 25 дневно. Во подножјето на планината Китка веќе шести ден скопските пожарникари со тимовите на „Македонски шуми“ и ДЗС се обидуваат да го локализираат огнот. Според официјалните податоци на надлежните институции – ...
За 4,5 денари поскапуваат бензините и за 6,5 денари дизелот. Од ноќеска на полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,5 денари, е Еуросупер 98 е два денари поскап. Дизелот достигна 98 денари за литар. Во Регулаторната комисија за енергетика соопштија дека малопродажните цени се зголемуваат во просек за 4,85 проценти, затоа што цените на бензините на светските берзи се зголемиле за скоро 9 отсто, а берзанските цени на дизелот се ...
Сипаниците уништија меѓу 7.000 и 10.000 грла овци. Сточарите се жалат дека се доцни со мерки додека секојдневно се убиваат големи стада овци. Тие денеска од пред Владата побараа надлежните што поскоро да набават соодветна вакцина, со цел да се заштити сточниот фонд бидејќи на таа тема се преговарало повеќе од еден месец. „Досега имаме над 50 жаришта, имаме околу 40-50 уништени стада и околу 40 фамилии останаа без леб, на улица остануваат, ...
Трет смртен случај од западно-нилска треска. 61 годишен пациент од Скопје со коморбидитети почина викендов на Универзитетската клиника за инфективни заболувања. Со лабораториски потврдена невроинвазивна форма на болеста Западен Нил вирусна инфекција и со тешка клиничка слика. Се работи за пациенти кој има доста придружни, сериозни заболувања кои нормално литературно и научно се ризик фактор за ваков тежок исход на болеста- Фадил Цана, ...
Триесет и четири години македонска Армија. Одбележувањето на 18 август Денот на Армијата почна денеска од штипската касарна „Јане Сандански“. Ден кој е симбол на воената традиција, храброста на генерациите кои ја штителе татковината, но и на професионалноста на денешните припадници на Армијата, кои порачаа дека гордост е да се биде припадник на Армијата, чии корени длабоко се протегаат во историјата на македонскиот народ. Нашата Армија не ...
„Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата. Можеби Министерството, ненамерно, само ја опиша реалноста што ја создава оваа Влада“, се вели во соопштението на ДУИ. Според партијата Албанците систематски се отстрануваат од високите ...
Најмалку две лица ги загубија животите, а повеќе стотици мораа да бидат евакуиран заради двата големи пожари кои вчера во попладневните часови избувнаа „речиси истовремено“ на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина. Во обидите да го спречат евентуалното спојување на двата пожари бил ангажирани околу 260 пожарникари, меѓу кои 15 копнени тимови, 10 авиони и осум хеликоптери. Првиот пожар бил пријавен пред три часот попладне во близина на ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток и негов зет, Џаред Кушнер, пристигна во Израел, каде што се очекува денеска да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Кушнер претходно одржа ретки разговори со Хамас за спроведување на американскиот мировен план за Газа. Минатиот месец, „Одборот за мир“ на Трамп соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во Газа. ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...
Државата итно да најде решение за болеста сипаници кај овците бидејќи таа бргу се шири и претставува сериозен ризик за сточниот фонд, алармираат сточарите, кои денеска пораката ја упатија од пред Владата. Од Сојузот на одгледувачи на овци бараат од Агенцијата за храна и ветеринарство да им дозволи да ги вакцинираат своите стада, од Министерството за земјоделство бараат да преземе превентивни мерки и што поскоро да ги обештетат сточарите чии ...
Директорот на инфективната клиника, Фадил Цана, денеска информираше дека од последиците на западно-нилската треска, во болницата денеска починало уште едно лице, маж на возраст од 61-година. Како и во претходните два смртни случаи, станува збор за пациент кој бил хоспитализиран во тешка здравствена состојба, со повеќе ризични коморбидитети, вклучувајќи и обезност. Со тоа, вкупниот број на починати од ова вирусно заболување кое го пренесуваат ...
Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност, рече на денешната прес – конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се пласираа тврдења ...
Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, соопштуваат од ВРЕДИ. – Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека по негова наредба САД „значително ќе ги намалат“ заедничките воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на неговите, како што ги опиша – „многу добри односи“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп, на Truth Social исто така напиша и дека Јужна Кореја неодамна одбила да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран, алудирајќи на воената операција која Соединетите држави и ...
„Недели по ред противречни изјави на Мицкоски, Клековски, Тошковски, Ангелов и други за состојбата со водата во Гостивар. Прво – никој не реагираше на анализите и дозволија цел град да се отруе. Потоа Мицкоски објави дека водата е „технички исправна“ и дека луѓето можат да ја користат. Ниту едно стручно лице. Ниту еден документ. Ниту една анализа. Ниту една институција што тоа го потврдува. Само изјава на Мицкоски. Во меѓувреме, Тошковски ...
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко тело, е тоа што и оние минимални права кои законски им следуваат на ...
На мастерс тенискиот турнир во Синсинати утринава се комплетираше второто коло во машка и женска конкуренција. Победникот на минатонеделниот мастерс во Монтреал, Бен Шелтон, испадна уште на првиот меч, додека кај тенисерките немаше поголеми изненадувања. Португалскиот квалификант Жаим Фариа го шокираше домашниот фаворит Шелтон во два сета со 6-4 и 6-4. За Фариа тоа беше прва победа во кариерата против тенисер од ТОП 10 на АТП-листата. Второто ...
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...
Актерката Хајден Панетиер, ѕвезда на американските ТВ серии „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. „Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хајден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа и на милионите што ја гледаа на екранот“, рече нејзиниот татко, Скип Панетиер, во изјава за Би-Би-Си и други медиуми. Деталите околу нејзината смрт не ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...
Видеа со големи гужви и долги колони на пат кон Скопје ни испратија наши читатели кои со часови патуваат кон главниот град. Илјадници посетители од Скопје решиле викендот да го поминат во Маврово, но тоа ја оптовари и без тоа недоволната патна инфраструктура до и од нашиот најголем национален парк и една од најпопуларните туристички дестинации во Македонија. Видеа со големи гужви и долги колони на пат кон Скопје ни испратија наши читатели ...
Љупчо веќе десет дена е исчезнат, а семејството и неговите блиски, и полицијата трагаат по него. Неговиот внук Дарко, на социјалните мрежи напиша дека семејството уште пред исчезнувањето повеќепати барало помош од институциите, предупредувајќи дека Љупчо има сериозни психички проблеми и дека понекогаш престанувал да ја зема терапијата. Според Дарко, пријави за неговото однесување имало и од станари во зградата. Семејството, како што наведува, ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка организација. ...
Триесетина затвореници осудени во Шведска за тешки кривични дела се подготвуваат да почнат да ги издржуваат затворските казни во Естонија следната недела, врз основа на договор потпишан од двете земји минатата година. Тоа е првата група од договорените 300 затвореници кои се испраќаат во Естонија поради пренатрупаност на затворите во Шведска, а за ова Стокхолм ќе ѝ плаќа на Естонија околу 30 милиони годишно. Според Советот на Европа, ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
Американскиот пратеник Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска во Каиро ќе се сретне со раководството на палестинското милитантно движење Хамас, во присуство на египетски, катарски и турски претставници, пред да замине за Тел Авив, каде што ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави Ал Џезира повикувајќи се на извори. Според извор на катарската телевизија, средбата има посебно значење откако ...