Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во следната сезона во нашата елитна лига ќе играат 10 клубови. Откако осум се веќе познати, остануваат уште две места да се пополнат. А за тие две места се играат два баражи и тоа Пелистер – Шкендија (А), кој се игра во Кавадарци и Брера – Скопје, кој се игра во Битола. И двата овие меча се закажани за во недела (31 мај) со почеток од 16:30 часот. Инаку баражите за пополнување на ВМФЛ за следната сезона се играат ден порано, во сабота. Во ...
Заврши уште еден ПМФЛ шампионат. Во последното коло денеска, екипите на Македонија ЃП односно Тиквеш обезбедија победи во мечеви кои немаа резултатско значење. Македонија ЃО на колумбиски погон што се вели со головите на Гереро односно Еступиан, со конечни 4:2 го победи тимот на Силекс кој што овојпат настапи со речиси младински состав. Од друга страна пак, на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Тиквеш со 1:3 го совлада новиот ...
Не така далеку, поточно во соседна Србија, големите фудбалски трансфери од милионски размери се секојдневние. И тоа не само за клубови како Црвена Звезда, Партизан, Војводина, туку и за суперлигаши кои се мачат да го обезбедат статусот во елитата од типот на Јавор Матиз. Епа токму овој клуб, се пофали дека продал играч од 2.2 милиони евра. Младинскиот репрезенаттивец на Србија, Петар Петровиќ е нов играч на тимот на Штурм од Грац, а неговиот ...
Огромна бура од реакции и се случи на јавноста во Шпанија, откако селекторот Луис Де Ла Фуенте го објави конечниот список на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Во него на огромно изненадување на сите, нема ниту еден играч на Реал Мадрид, а искусниот стратег тоа го коментира на следниот начин. „Јас сум селектор и не ме интересира од кој клуб доаѓаат играчите. Тие се играчи на репрезентацијата, ...
Изминатиот викенд, на 22 и 23 мај 2026 година, на падините на планината Галичица и во Охрид се одржа осмото издание на планинската ултрамаратонска трка Ohrid Ultra-Trail. Настанот и оваа година донесе вистински спортски спектакл, обединувајќи професионални и рекреативни тркачи од целиот свет на едни од најубавите планински патеки во регионот. Годинава, Ohrid Ultra-Trail забележа рекордно издание со 920 натпреварувачи од 40 држави, кои ...
И официјално, Јетон Беќири не е повеќе тренер на екипата на Шкендија од Тетово. Предмалку клубот излезе со официјално соопштение во кое му се заблагодарува на искусниот стратег за соработката и за успесите кои што му ги донесе на тимот. Сепак, и покрај успехот во Европа и влезот во групната фаза од Конференциската лига, а потоа и во елиминационата фаза од ова натпреварување, сепак, Шкендија под водство на Беќири не успеа да ја одбрани ...
Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски испиша нова страница во македонската атлетика, поставувајќи нов национален рекорд во дисциплината десетобој на националното првенство на Словенија во Марибор. По два исклучително напорни и квалитетни натпреварувачки дена, исполнети со настапи во десет дисциплини, Огнен освои вкупно 7189 бодови, со што го подобри досегашниот македонски рекорд за дури 541 бод. Остварениот резултат според официјалната ...
Тукушто завршениот Серија А шампионат во моментов е во очигледно тотална реконструкција. По сите основи. Голем дел од екипите ќе ги менуваат тренерите, затоа што очигледно се незадоволни од она што се случуваше периодов. Па така, сеуште не се знае судбината на многумина во Милан и во Јувентус, два гиганта кои што нема да играат Лига на Шампиони, но затоа пак се знае начелно што ќе се случува во Рим односно Бергамо. Тимот на Лацио му се ...
Македонскиот национален тим до 19. години на чело со селекторот Димитар Капинковски утре и вчетврток закажа два домашни дуели против Словенија. Истите се играат во Струмица со почеток од 17:00 часот односно 12:00 часот за вториот дуел. Селекткорот Капинковски за овој дуел имаше мали проблеми да го состави ростерот од повеќе причини. Назиф Цека од Шкендија откажа поради повреда. Дополнително е повикан, Стефан Стаматоски од Вардар. Поради ...
Со дури осум играчи на Барселона, и без стоперите на Реал Мадрид, Дин Хујнен, односно на Атлетико Мадрид, Добин Ле Норман, репрезентацијата на Шпанија како еден од главните фаворити, ќе се упати кон претстојниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико. Селекторот на „Фуријата“, Луд Де Ла Фуенте се одлучи за состав кој што е очигледно компактен и за кој верува дека е способен за големи нешта. За неверување е, но во составот на Шпанија нема играч ...
Македонсиот национален тим денеска се собра во својата стандардна база, Хотелот Хилтон по повод претстојните пријателски дуелит против Босна односно Турција на гостински терен. Мечевите се закажани за 29. мај, односно 1. јуни, а што се однесува до составот, денеска во закажаниот термин се појавија речиси сите. Освен капитените Енис Барди односно Елиф Елмас кои што ќе пристигнат во текот на денот. Првиот тренинг пак е закажан за денеска од ...
Работнички ќе ја заокружи лошата сезона со домашен натпревар против Тиквеш во 33.коло од Првата фудбалска лига. Планот е да се забележи победа и да се освојат три бода на последниот меч пред своите гледачи. „Ќе одиграме одговорно до крај, посакуваме да ги освоиме трите бода. Верувам дека со добар пристап можеме да стигнеме до успех“, вели тренерот Муарем Муарем. Ова е натпревар кој нема никакво резултатско значење за домаќинот додека ...
Македонскиот национален фудбалски тим пред себе во јунскиот репрезентативен прозорец има два предизвика. Пријателски мечеви на гости против селекциите на Босна и Турција. Првиот меч го играме против босанците во Сараево на 29 мај, додека пак на 1 јуни ќе спарингуваме со Турција во Истанбул. Еден од оние кои што за прв пат е дел од А националниот тим е играчот на романски Ута Арад, Дин Аломеровиќ. Некогашниот младински репрезентативец на ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска во стандардната база во Хотелот Хилтон, ја обави прозивката по повод претстојните пријателски средби против селекциите на Босна односно Турција на гостински терен. Селекторот Гоце Седлоски, ги повика репрезентативците за мечевите кои што се играат на 29 мај во Сараево, односно на 1 јуни во Истанбул. Ќе спарингуваме со селекции кои што се дел од претстојниот Мундијал, и кој што се подготвуваат за ...
Кочани е четвртиот град кој ќе биде домаќин на „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Град кој со години создава врвни македонски спортисти и важи за вистински „расадник“ на таленти, утре ќе пулсира во ритамот на големиот спортски настан. Плазма Спортските игри за млади се една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години, кои оваа година за првпат се одржуваат и во ...
Фудбалската репрезенатција на Македонија на чело со селекторот Гоце Седлоски, денеска ги стартуваше подготовките за она што следува за нас. А тоа се пријателските мечеви против репрезенатциите на Босна односно Турција, селецкии кои ќе бидат дел од следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Нашиот состав денеска и официјално ги започна мини подготовките. Ќе биде присутен во Скопје до четврток кога се лета за Сараево, и на 29 мај се игра ...
Американецот со македонско потекло, Милан Илоски синоќа имаше една од своите незаборавни вечери во кариерата. Напаѓачот постигна три гола во дуелот против тимот на Интер Мајами, за својот тимо Филаделфија во поразот од 6:4. Илоски го отвори резултатот во третата минута, за да потоа погоди и во десеттата од пенал. Сепак, силата на тимот на Лионел Меси и на Луис Суарез ислезе на површина, па домаќинот постигна четири гола до полувреме. Илоски ...
Тинекс Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија. Две тешки победи за помалку од осум часа против Охрид и Мулти Есенс. Противник во полуфиналето беше кадетскиот тим на Охрид, над кого Пролет славеше со со 34-25. Победникот беше решен во одличното прво полувреме што Тинекс Пролет го доби со 16-8, водство што рутински беше задржано до самиот крај. Костов со пет гола беше најефикасен во тимот на Тинекс Пролет, а по четири ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, се обиде филозофски да го погледне поразот од 2-1 од Каљари во последното коло од Серија А. Поразот беше исклучително болен за „росонерите“, бидејќи ги исфрли од првите четири екипи во Лигата на шампионите. Тој призна дека никој не го очекувал овој пораз, но сепак одби да ги критикува своите играчи и ги пофали за нивната посветеност. „За жал, сега не можеме да го промениме резултатот. Кога губиме пет ...
Иако слледното Ел Класико е сè уште далеку, сепак атмосферата уште сега се загрева. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одговори на гласините што го поврзуваат Жозе Мурињо со следната работа во Реал Мадрид, изразувајќи увереност дека повторно ќе се сретне со Португалецот во Шпанија. На прашањето дали би бил спремен да се соочи со Мурињо доколку “Специјалниот“ ги преземе големите ривали на Мадрид, тренерот на Барселона одговори директно и ...
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, не беше задоволен по ремито 2-2 во дербито во Торино. Неговиот тим ја држеше победата во свои раце, водејќи со два гола разлика, но повторно не успеа да победи и ја заврши сезоната со уште едно разочарување. На ова мора да го додадеме фактот дека „бјанконерите“ останаа надвор од топ 4 и нема да играат во Лигата на шампионите. Тренерот рече дека на овој состав му недостасува карактер. „Јас сум тренерот ...
Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во историјата, кое заврши со шокантен нерешен резултат 4-4. Голем херој за домаќините беше Луис Суарез, кој постигна хет-трик (29′, 44′ и 81′). Големата радост за домаќините, сепак, беше засенета во 73-тата минута кога Лионел Меси, кој имаше ...
Ѓоковиќ го надмина дефицитот и го победи Џовани Перикард со од 3-1 во сетови. Тоа беше негов 82-ри настап на Гренд слем турнир во кариерата, надминувајќи го Роџер Федерер и поставувајќи рекорд. „Не бев свесен за тоа. Одлично!“, рече Ѓоковиќ на почетокот на својата прес-конференција по натпреварот во мешаната зона. Дуелот со Перикард беше напнат во првите два сета, а не беше лесен ниту во четвртиот. „Натпреварот беше ментално предизвикувачки, ...
Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на битолскиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во ...
Сан Антонио убедливо ја победи Оклахома Сити со 103-82 во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција, израмнувајќи го резултатот на 2-2. Виктор Вембањама имаше брилијантна вечер, водејќи го својот тим со 33 поени, а натпреварот беше обележан и со солидна одбрана на Спарси која го ограничи нападот на Тандер на најнискиот број поени во сезоната. Откако лесно ги поминаа првите две кола од плејофот, Тандер се соочија со сериозен ...
Милан ја заврши сезоната на најлош можен начин. „Росонерите“ загубија од Каљари со 1-2 на „Сан Сиро“, а истовремено со победи на Комо и Рома, ги потполнија последните две места што водат до Лигата на шампионите. Тоа беше целосен дебакл што предизвика оправдани свирежи и протести од навивачите и го испрати Милан во Лигата на Европа, пишува MilanNews.it. Веднаш по последниот свиреж на судијата, главниот советник на клубот, Златан Ибрахимовиќ, ...
Младиот македонски куглар, Владимир Талевски, се враќа со нов национален рекорд од Европското првенство во куглање за играчи до 19 години, кое заврши во Австрија. Талевски успеа да собори 634 дрва во натпреварите на првенството, го освои петтото место и обезбеди финале. Македонија на ова ЕП беше преставена со двајца натпреварувачи. Покрај Талевски настап и и Емилија Илијевска. Илијевска со 572 соборени дрва оствари личен рекорд и пласман на ...
Седумкратниот шампион на Европа, тимот на Милан беше шокантно поразен од Каљари на својот Сан Сиро со резултат од 2:1, и со тоа остана без место во најсилното фудбалско натпреварување во светот. Иако поведоа во 2-та минута кога Салемаекерс постигна гол по асистенција од Хименез, „росонерите“ дозволија да бидат посрамени и да загубат од Каљари со што не успеаја да се квалификуваат ниту за место во Лигата на шампионите. На крајот, екипите на ...
Кими Антонели е победник на вечерашната трка во Ф1 за ГН на Канада на патеката “Вилнев“ во Монтреал. Ова беше негова четврта победа во низа, па сега и дефинитивно чудото од Италија со својот Мерцедес најавува битка за титулата. Неговиот совозач и најголем конкурент, Џорџ Расел не ја заврши трката. Вчера изгледаше дека Џорџ Расел е подготвен да возврати и да се приближи до својот совозач на врвот на генералниот пласман. Но, на крајот, ...
Новак Ѓоковиќ славеше по пресвртот против Џовани Мпечи Перикар од Франција со 5:7, 7:5, 6:1 и 6:4 или 1:3 во сетови во 1.коло на Ролан Гарос. Во следната рунда, најдобриот на сите времиња ќе игра против Валентин Ројер, исто така од Франција. Новак го доби најдоброто од Французинот во првиот сет, 22-годишникот сервираше брилијантно, имаше неверојатни 91% освоени поени на првиот сервис и не му дозволи на Новак да го направи она што најдобро го ...