Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Шкендија – Хиберниан вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје во реванш меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Шкотскиот тим на овој натпревар “влегува“ со предност ако се знае дека во Единбург минатиот четврток беше 2:1 за Хиберниан. И затоа Шкендија мора, ама баш мора да победи и тоа со два гола разлика ако сака пласман уште еден пласман во плеј – офот во некое европско натпреварување. Тетовци ...
Во третото редовно коло од домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Брегалница го игра големото дерби против тимот на Шкендија. Во Штип владее одлична фудбалска атмосфера по победата над Арсими, а истата ја пренесува Методиј Максимов, повратникот во дресот на Брегалница ова лето. “Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи ...
Уште еден доказ дека Љупче Дориев е во страшна форма во шампинатот на Узбекистан. Иако е “кралот“ на стрелците во тамошниот шампионат, попладнево на гостувањето кај Термез, македонскиот интернационалец и тоа како одигра голема улога, иако не постигна ниту еден гол од тие три за победата на неговата екипа со 1:3. Дориев не стрелаше во противничката мрежа, но затоа сите три гола беа негово дело што се вели, ако се знае дека на сите три тој ...
Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе учевствуваат, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, а истиот е закажан од втори до седми фебруари следната година. Овој турнир последните години се одржуваше во Саудиска Арабија, но годинава таму се одржува Азискиот куп, ...
Поранешниот тренер на Барселона, Чави, е назначен за нов селектор на Холандија со четиригодишен договор. 46-годишниот поранешен играч на Барселона и Шпанија ќе стане првиот странец кој ќе ја преземе функцијата селектор на холандската репрезентација откако Австриецот Ернст Хапел си замина во 1978 година. Роналд Куман поднесе оставка од функцијата селектор на Холандија откако тимот беше поразен од Мароко во осминафиналето на Светското ...
Македонскиот ракометен вицешампион, екипата на Е.Пелистер, во сезоната што претстои ќе биде наш претставник во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани во ова натреварување се соочуваат со квалитетни противници, кои што по распоред ќе пристигнат во „Градот на конзулите“ на следниот начин. Во рамките од првото коло, во Битола на 30. септември пристигнува екипата на Ла Риоха. Покрај овој противник, Е.Пелистер се соочува уште и со екипите ...
Еден од најдобрите крилни играчи на денешницата, членот на Манчестер Сити, Жереми Доку, денеска и официјално потпиша нов договор со тимот со рок до 2031 година. Тој откако пристигна од Рен во 2023 година за сума од 55 милиони фунти, прерасна во еден од најдобрите напаѓачи на светот, па новиот договор секако дека не е изненадување, напротив. „Овој клуб ми значи толку многу, се развив и како играч и како личност. Се чувствувам етаблиран тука и ...
Роџер Федерер повеќе не е милијардер, според најновата проценка на Форбс. Богатството на швајцарската тениска легенда нагло се намали по падот на вредноста на акциите во производителот на спортска опрема On Holding, компанија во која Федерер има значаен удел. Форбс сега го проценува неговото богатство на околу 827 милиони евра. Акциите на On паднаа за дури 22 проценти во вторникот, што е нивниот најголем дневен пад откако компанијата стана ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлијска бања. Таа во меч од првото коло загуби од Русинката Варвара Паншина со 2-0 во сетови (63 62) за 95 минути игра. Во првиот сет со двата брејка во првите пет гема Паншина поведе со 4:1 во гемови што беше доволна предноста за освојување на сетот, откако двете тенисерки имаа по уште еден брејк до крајот на сетот. Во вториот сет имаше два брејка и ги направи ...
Денеска дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлуки кои што се однесуваат на случувањата во второто ПМФЛ одиграно коло од новиот шампионат. Главна тема секако, инцидентите на големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија, одиграно на Арената Тодор Проески во Скопје, кое што тетовци го добија со 0:2. По завршувањето на истото, дојде до инцидент во кој што беа вклучено повеќе играчи од двата тима, а најдебелиот ...
Ништо ново за нас, ама гостите од Шкотска, посебно за претставниците на медиумите во таа земја кои се дојдени во Македонија, во Скопје, за вечерашниот меч Шкендија – Хиберниан секако изненадување, па и шок од она што го виделе во главниот град на нашата држава, барем според нивните изјави и коментари. А, еве како новинарот на edinburghnews.scotsman.com, го виде Скопје: “На Хиберниан му е потребен монументален европски настап во град со ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ настапи на Европското првенство кое се одржува во Париз. Тој го имаше својот настап во квалификациите на 200 метри слободен стил. Ѓуретановиќ кој е единствен македонски претставник на Европското првенство, го освои шестото место во својата квалификациска група со време од 1:52,59, со што го подобри својот најдобар резултат во кариерата на оваа дистанца, кој изнесуваше 1:52,86. Следен предизвик за ...
Вардар ги пушти во продажба сезонските билети за новата сезона. Цената изнесува 4.500 денари, а со купувањето на овој билет, фановите ќе можат да ги проследат сите натпревари на „црвено-црните“ вклучувајќи ја и групната фаза во Лигата на шампиони. „Почетокот на сезоната наближува. За таа цел, под слоганот „Љубовта наша голема” започнува продажбата на сезонски билети за домашните натпревари кои РК Вардар 1961 ќе ги одигра во домашното ...
ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА откако ја победи Астон Вила со 2-1 во Салцбург. За францускиот тим ова беше втор Суперкуп по ред. По натпреварот, тренерот Луис Енрике, го истакна менталитетот на својот тим, кој го освои новиот трофеј по многу кратки подготовки. „Не сум изненаден. Ги познавам моите играчи совршено. Беше многу комплицирано, како минатата година. Мораме да го истакнеме она што го направи тимот бидејќи не е лесно да се игра вака ...
Екипата на Силекс во пресрет на продолжението на домашниот ПМФЛ шампионат, се засили со поранешниот македонски младински репрезентативец, и досегашен член на екипата на Македонија ЃП, Мартин Талаков. Силекс посакува и следнава сезона како и изминатата да биде на самиот врв на табелата и да обезбеди место во Европа, а зошто не и трофеј како лани во Купот на пример. Талаков ја засилува и онака силната навална линија на кратовци. Екипата на ...
Шампионот на ПЛ спрема нов трансфер кој ќе биде „бум“ ако се реализира. По повеќе од 20 години чекање, Арсенал конечно успеа да ја освои титулата шампион на Англија минатата сезона, а Микел Артета веќе си постави нова цел за следната сезона. Целта на “Топџиите“ ќе биде трофејот од Лигата на шампионите, до кој беа исклучително блиску и минатата сезона, бидејќи играа во финалето, но не успеаја да го освојат ова натпреварување против ПСЖ. ...
Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија го пречекува Хиберниан во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. На првиот меч во Шкотска беше 2:1 за Хиберниан, што значи дека вечерва нашиот европски претставник ќе мора да победи ако сака пласман во плеј – офот во ова натпреварување каде би играл со подобриот од двомечот Гетеборг – Гент. Инаку ова ќе биде јубилеен 75-ти европски меч за Шкендија во ...
Најдобриот кошаркар на светот, Никола Јокиќ (31), посети берберски салон во Сомбор и го импресионираше берберот. После шишањето, тој му остави на берберот потпишан дрес на Денвер Нагетс и неколку топки со автограми од него. Колку беше радосен берберот од Сомбор, покажа неговата порака на социјалните мрежи: „Некои луѓе не се големи само од она што го постигнуваат, туку и од она што стануваат кога ќе го достигнат врвот. Никола Јокиќ. Голем ...
Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати на теренот во дресот на Интер. Тимот од Мајами беше поразен дома од мексиканскиот Леон во Лига купот со 3:2, и покрај водството од 2:1. Меси влезе во игра на почетокот на второто полувреме, на општо задоволство на навивачите, бидејќи малкумина на трибините мислеа дека ...
Зад тимот на Еурофарм Пелистер е уште една успешна контрола во рамките на подготовките за новата сезона. Избраниците на Лино Червар го одиграат третиот пријателски натпревар. Противник на битолчани беше тимот на Словењ Градец, од она што го сподели македонскиот вицепрвак, крајниот резултат е 22-21. За Еурофарм Пелистер ова беше трета победа во низа, откако претходно славеше против Катар и Крка. Прв посериозен тест, битолчани ќе имаат на 23. ...
Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, не е веќе во притвор. Тој е пуштен дома каде што ќе биде во домашен притвор во очекување на почетокот на судењето. Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра се со цел да не биде веќе во притвор. Да потсетиме дека тој е обвинет поради финансиски малверзации. Ова значи дека истражната постапка е завршена и судењето може да почне. Инаку претходно и Муамед Сејдини, кој беше ...
Атдхе Мазари (25) и официјално е нов член на Елбасан, тим од елитната лига во Албанија. Раководството на овој клуб веќе го промовираше напаѓачот и очекува од него добри игри, секако и голови. Инаку на Мазари последен клуб му беше Шкендија, каде играше како позајмен играч на Вараждин. Претходно играше и во Работнички, Победа, Струга Т, Охрид. Во нападот може да игра и по левата и десната страна, а добро се снаоѓа и како централен напаѓач. ...
Во Атлетико Мадрид владее голема неизвесност во врска со продолжувањето на кариерата на Хулијан Алварез, кој јавно изрази желба да го напушти клубот ова лето и да се приклучи на Барселона, но работите нема да одат толку лесно како што изгледаше на почетокот. Во очекување на средбата со Диего Симеоне, кој се приклучи на тренинзите на клубот оваа среда по враќањето од Сеул, Алварез доби неповолни вести. Норвешкиот голгетер и учесник на ...
Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, веднаш по тренингот на гостите од Шкотска, свој тренинг одработија и фудбалерите на Шкендија. Тој мина во добра, работна атмосфера, со верба во себе и своите квалитети. Сите во таборот на нашиот претставник се уверени дека утре во реваншот против Хиберниан ќе успеат да победат и со тоа ќе се најдат во плеј – офот во Лигата на Конференции. Проблем е тоа што стратегот Артим Положани има проблеми со ...
Познатиот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да ја заврши кариерата и ја објави својата одлука преку социјалните мрежи. Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA. Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер, а остана со нив дури и откако Кевин Дукент замина во тогаш најсилниот тим во лигата – ...
Охрид не само што убедливо го дони „езерското дерби“ со 37:24 против домашниот состав на “Струга 2026“, туку покажа моќно издание со кое порача дека има намера го одбрани трофејот освоен лани. Иако не беше се така лесно за големиот фаворит во првата фаза од средбата, сепак како што одминуваше времето ракометарите на Охрид го искажаа својот квалитет и на крајот славеа со убедлива разлика од +13 голови. На Охрид сега им треба победа и против ...
Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија. Македонски Телеком, како долгогодишен партнер на македонскиот ракомет, ја продолжува својата поддршка на турнирот и оваа година, а настаните ќе може да се следат во живо. Во среда започнува 54. издание на ...
Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија ја одржа официјалната прес конференција по повод реванш дуелот од третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против тимот на Хиберниан од Шкотска, кој што ќе се одигра на нашиот најголем стадион утре со почеток од 20:00 часот. Првиот дуел во Шкотска заврши со пораз на тетовци од 2:1, но тоа е далеку од некаков негативен момент. Шкендија покажа и на гости дека има ...
ПСЖ – Астон Вила 2:1 е исходот од вечерашниот меч во УЕФА Суперкупот, кој се одигра во Салцбург. Нова победа, нов трофеј за актуелниот европски првак. Со ова составот на Луис Енрике ја одбрани титулата и во Суперкупот ако се знае дека ПСЖ лани успеа да слави против Тотенхем. Стрелци на головите за ПСЖ беа Кварацкелија во 20. и Дуе во 61.минута, додека тимот од Бирмингем успеа преку Маџо да израмни на 1:1 во 45.минута од првото полувреме. ...
И официјално и дефинитивно, Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија. Она што беше највено во текот на денешниот ден, вечерва и се оствари. Чави Ернандез чекаше вистинска понуда цели две години, откако ја напушти клупата на Барселона, а сега конечно ја доби. Беше споменат како потенцијален тренер на Тотенхем, Милан, Мароко му беше понуден од националните тимови, но на крајот тој беше најдобар. Холандија е земја чија филозофија, како ...