Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во еуфорија да го прослави истиот ја прескокна рекламната ограда до теренот. Несвесен дека зад неа има дупка, односно почнува тунелот од каде што играчите излегуваат на терено. Секако, играчот не беше подготвен за таков скок, па се повреди при ...

✍️Марија Ковачева Македонската кадетска репрезентација го освои 9-тото место на Европското првенство кое денеска завршува во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски токму од главниот град на Србија испратија порака дека Македонија има светла иднина. Денеска, нашите надежи славеа против Израел со убедливи 39-29 благодарение на фуриозната игра во второто полувреме, период во кој кадетите блескаа. Ова беше петти триумф во низа ...

Во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, се игра големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија. Уште не беше започнат мечот, а веќе забележавме несакан момент. При интонирањето на химната на Република Македонија, стандардна процедура пред стартот на секој меч од ПМФЛ шампионатот, интернационалецот од Косово, и член на Шкендија Дрилон Ислами, се дрзна да си ја поправа опремата наместо да ...

Македонскиот ПМФЛ шампионат го има на програмата своето второ коло, а во него на Аренаат попладнево се среќаваат Вардар и Шкендија во првото големо дерби сезонава. На полувреме резутатот е 0:0, во дуел во кој и двата тима немаа стопроцентна шанса, туку спорадични обиди, кои или завршија со удар околу голот или со сигурна интервенција на чуварите на мрежата. Родригез и Омерагиќ кај домаќинот на стартот се најдоа во поедини ситуации, Ибраими ...

Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветото место на Европското првенство, откако на последниот натпревар го победи Израел со 39-29. До триумфот нашите момци дојдоа благодарение на одличната игра во второто полувреме. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски по вторпат во само неколку месеци потврдија дека се класа за Израел, претходно оваа земја ја победија во финалето на Светското училишно првенство во ракомет. Првото ...

Ханси Флик направи анализа на настапот на Барселона во двата натпревари од пријателскиот трипартитен турнир „Куп Фриули Венеција Џулија“. Каталонците го победија Нотингем со голот на Рафиња, но веднаш загубија од Удинезе, по што Италијанците го кренаа трофејот пред локалната публика во нивниот роден град Удине. Германскиот специјалист коментираше и за моменталната состојба на трансфер пазарот во клубот, кој пред околу 24 часа направи ...

Семејството Бас, кое ги води Лос Анџелес Лејкерс речиси пет децении, е во преговори за преземање на францускиот тим од Евролигата, Асвел. Францускиот медиум BeBasket тврди дека двете страни веќе некое време се во преговори и дека договор би можел да се постигне најдоцна до крајот на 2026 година. Главната поента на преговорите се однесува на износот на обештетувањето, со оглед на тоа што двете страни наводно разгледуваат износ помеѓу 60 и 80 ...

Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76. Естонките подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина создадоа предност од осум поени (23:15). Во вториот период нашите млади кошаркарки одиграа далеку подобро, ја намалија негативата и на полувремето заминаа со достижни 35:40. Клучна за конечниот исход беше третата четвртина, во која Македонија ...

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. „Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден. Сепак, ...

Денеска е фудбалски празник во Македонија. Денеска од 17 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје спектакл. Ново “црвено – црно“ мега- дерби меѓу гигантите во мак – фудбалот. Во меч од 2.коло во новата 2026/27 сезона силите ќе ги одмерат Вардар и Шкендија. Шампионот против ЕВРОПСКА Шкендија. Меч кој, како и да заврши, нема ништо да одлучи, до крајот на сезоната ги чека уште три вакви меѓусебни дуели, но сепак меч кој може јасно да ги ...

Досегашниот играч на Барселона, Роналд Араухо, веќе е на пат за Англија, каде што по лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на тимот на Ливерпул. Тој доаѓа на едногодишна позајмица, по што „Редси“ ќе имаат можност да го откупат за сума од 55 милиони евра. Истата не е обврзувачка и Араухо ќе треба да заземе сериозно место во стартниот тим на Ливерпул за да следното лето добие и перманентен дил со овој клуб. Мора да се напомене ...

По само две кола и веднаш големото „црвено-црно“ дерби на Македонија. Вардар ја пречекува Шкендија на пеколните +40 во Скопје во дуел на кој и двата тима имаат една цел – победата. Дерби во кое двете тима влегуваат со дијаметрално спротовни резултати од сработеното во подготовките и низ настапите на контролните средби, настапите во Европа и премиерното коло. Шкендија е таа која сеуште е во Европа и игра во третото квалификациско коло од ...

Возачот на тимот на Трекхаус, Раул Фернандес е победник на 12. трка од овогодинешниот МОТО ГП шампионат, која што се возеше на легендарната патека во Силверстоун во Англија. Ова за шпанецот беше втора победа сезоната, а 12 во кариерата. На втората позиција се пласираше Хорхе Мартин кој што имаше 2.5 секунди заостанување зад победникот, додека пак на третата позиција се пласираше Марко Бецеки. Во генералниот пласман води денеска ...

На пријателскиот меч одигран во Сеул, Ј. Кореја, екипата на Манчестер Сити со конечни 3:1, беше подобра од екипата на Атлетико Мадрид. Пред преполни трибини со над 66.000 гледачи, тимот на Атлетико поведе во 43. минута преку Домингез. Сепак, во вториот дел Сити со головите на Мармуш во 57. односно 59. минута, најпрво направи комплетен пресврт, за да на крајот, во деведесеттата минута Рајан Аит Наури ја завери победата од 3:1. Сити уште има ...

Перуанскиот фудбалски тим Депортиво Мунисипал претстави нов, уникатен дрес, на кој се прикажани 1000 различни спонзори. Со седиште во Лима, главниот град на земјата, Депортиво Мунисипал е еден од најисториските клубови во Перу и четири пати го освоил националното првенство. Тимот моментално игра во третата лига на земјата и се соочува со финансиски проблеми. По губењето на својот главен спонзор, клубот одлучи да започне нова кампања, како ...

Шпанскиот фудбалер Серхи Роберто потпиша за Лос Анџелес Галакси Како што беше најавено, 34-годишниот играч од средниот ред пристигна како слободен агент од Комо и се обврза на едногодишен договор, со опција да остане до јуни 2028 година. „Серхи носи комбинација од лидерство, технички квалитет, тактичка интелигенција и шампионско искуство што малку играчи го имаат“, рече Вил Кунц, генерален менаџер на ЛА Галакси. „Тој беше клучен член на ...

Македонската машка кадетска репрезентација денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Белград. Селекторот, Горан Кузманоски и неговите момци ќе ги одмерат силите против Изреал во битката за 9-тото место на овој шампионат. Противникот е добар познат за нашите ракометари, токму против оваа селекција Македонија играше на Светското училишно првенство кое се одржа во Скопје, а златниот медал го освоија ...

Македонската машка кадетска репрезентација во салата „26 парил“ ги игра натпреварите од Европското првенство „Б“ Дивизија чиј домаќин е токму нашата земја. Покрај Гевгелија, натпреварите од овој шампионат се играат и во Скопје. Нашите кошаркари до сега одиграат три натпревари од групната фаза, запиша победа и два порази. Атмосферата во салаата „26 април“ е одлична, кадетите имаат поддршка од трибините. Во центарот на вниманието секогаш се ...

Најголемиот македонски фудбалски бисер, Лука Трпески, продолжува да блеска во дресот на Црвена Звезда. Иако има само 16 години, Трпески во првата фаза од подготовките беше дел и од сениорскиот тим на белградскиот клуб, а сега настапува за младинските селекции на „црвено-белите“. Младиот македонски фудбалер имаше фуриозен старт на новата сезона и покажа дека и годинава сериозно ќе се бори за место меѓу најдобрите. Очекувањата се големи, ...

Голманот Ферат Рамани во четвртокот во Единбург и тоа како имаше добар настап. Со своите одбрани успеа да ја спаси во неколку наврати мрежата на Шкендија. Сепак Хиберниан успеа да победи со 2:1, а до реваншот во Скопје, тетовци денеска ги чека големото дерби со Вардар од 2.коло во ПМФЛ. За тоа какви се очекувањата и амбициите на Шкендија од денешното гостување во Скопје, се игра од 17 часот на Арената “Тодор Проески“, свое видување има токму ...

Аргентинецот Родриго де Пол направи убав гест на натпреварот со Монтереј – му го посвети голот на Лео Меси. Во 32-та минута, Де Пол постигна ефектен гол, сместувајќи ја топката во мрежата од околу дваесет метри во долниот агол, а потоа направи трогателен гест во чест на својот сонародник, пријател и соиграч. Меси го пропушти натпреварот од добро позната причина, поради смртта на таткото на Хорхе. Гестот на Де Пол предизвика долг аплауз на ...

Денеска во меч од 2.коло во новата сезона, Струга ТЛ му гостува на Скопје. Овој меч ќе се одигра на стадионот на ФФМ со почеток од 17 часот. Јасно е дека по победата над Шкендија Арачиново во воведното коло, амбициозниот тим на Струга ТЛ, некогашн двоен шампион на Македонија, има победнички амбиции. Во пресрет на овој меч свој коментар има Бесмир Бојку, клучниот играч на тимот на стратегот Бледи Шкемби: „Денеска против Скопје, како и на ...

Италијанскиот вицешампион Наполи ја отфрли понудата на Фенербахче за Ромелу Лукаку, објави новинарот Јаз Сабунџоглу. Фенербахче понудил 6 милиони евра за 33-годишниот репрезентативец на Белгија. Сепак, „наполитанците“ инсистираат на најмалку 10 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат. Се очекува Ромелу Лукаку да го напушти Наполи, каде што нема да се смета на него. Тој има договор за уште една сезона со италијанскиот клуб. ...

Лесно, очекувано, убедливо. Победа на Тиквеш на гости кај Башкими среде Куманово со 0:5 во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Ако во првите половина час не видовме ништо, поради пеколната горештина на стадионот во Куманово, гостите од Кавадарци ја почнаа серијата голови во 36.минута преку Висдом за 0:1. По пет минути нов гол за 0:2 и тоа преку Лавал. Со тие 0:2 се замина на пауза. Во второто полувреме Башкими се обиде да стори нешто, ...

Башкими – Тиквеш 0:2 е резултатот по првото полувреме од средбата во Куманово, во рамките на 2.коло во ПМФЛ. Пеколно топлото време не дозволи подобар фудбал, сепак не се игра фудбал во вакви временски услови. До 36.минута речиси да не видовме ништо, а тогаш гостите од Кавадарци со голот на Висдом поведе со 0:1. Пе минути подоцна Лавал успеа да зголеми на 0:2. Со овој резултат Тиквеш ја оправдува улогата на голем фаворит на овој меч. Тимот на ...

Брегалница – Арсими 4:0 е исходот од вчерашниот меч во Штип во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Штипските “сини“ одиграа навистина добар резултат и носени на “крилјата“ на Мартин Стојанов и Методи Максимов, стрелци на три од четирите гола, дојдоа до првите бодови во новата сезона, до првата победа, откако на стартот беа поразени од Вардат во Скопје. Стрелец на гол беше и младиот Тасев. Во убав амбиент под рефлектори во градот веќе ...

И тоа го има во Р.Ирска. Имено неверојатен иднцидент го одбележа натпреварот од првенството на Република Ирска помеѓу Шамрок Роверс и Дандалк, кога навивач на домашната екипа влета на теренот и се судри со гостинските играчи. Сè се случи во средината на првото полувреме, кога Шамрок го израмни резултатот на 2:2. Дандалк доби пенал, а Хорган беше прецизен од белата точка. Тој го прослави голот пред трибините со домашните навивачи, што ...

И дефинитивно Мохамед Салах во Трабзон има кралски третман. Овој трансфер го изненади фудбалскиот свет, а египетската ѕвезда покрај Црното Море доживеа кралски пречек и привилегии што многумина не можат ни да ги замислат. Салах предизвика невидена еуфорија на северот од Турција со потпишувањето за Трабзонспор, што го направи најплатен играч во европскиот фудбал. Неодамнешната ѕвезда на Ливерпул ќе заработи дури 23.000.000 евра во текот на ...

Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино, посрамотениот и потресен Швајцарец се огласи. ФИФА повторно се најде на удар и сега мораше да се огласи. Секако, претседателот Џани Инфантино ги отфрли обвинувањата како неосновани. „Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, силно ги отфрла овие тврдења и истакнува ...

По Мохамед Салах, уште една фудбалска ѕвезда е пат кон Турција. Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб. Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето. Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58