Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Од денеска и официјално Патрик Вијера е нов селектор на Сенегал. Интересно е што многумина дури и не знаеле дека Патрик Вијера е роден во Сенегал, поточно во Дакар. Значи, постои врска помеѓу поранешниот француски репрезентативец и неговата родна земја, сигурно ќе биде посебно и за него и за играчите кога ќе ја преземе тренерската палка. Тој е без работа од минатиот ноември, кога беше отпуштен од Џенова по 11 месеци на чело на италијанскиот ...
Баерн го доби пријателскиот натпревар со Хајденхајм со 4:2, но тоа не е она што го интересира тимот од Минхен, туку повторното колабирање на Џамал Мусијала. Мусијала се струполи пред само три дена на натпреварот против Лајпциг. Тој помина неколку минути на теренот на денешниот натпревар кога повторно се струполи. Влезе во игра во 61-та минута и повторно се струполи по само четири минути, за среќа успеа сам да го напушти теренот со помош на ...
Уште еднаш, Џамал Мусијала ги загрижи сите фудбалски фанови, кога повторно се струполи на тревата за време на натпреваро. Три дена по падот против РБ Лајпциг, тој повторно колабираше, овој пат на пријателски натпревар против Хајденхајм. Едвај беше на теренот пет минути, пред повторно да падне на теренот, што многумина ги загрижи и праша – што се случува со 23-годишниот фудбалер? Jamal Musiala has collapsed again today in the Bayern game ...
Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина. Од вечерва и официјално, ТФТ има ново име, Ѓорѓи Цветковски! Со само 18 години, Цветковски веќе покажа дека е еден од најголемите македонски таленти. На Европското првенство до 18 години бележеше одлични 17.3 поени во просек, со извонредни 45% реализација за три поени, со што се ...
Фановите на РК Пелистер, популарните “Чкембари“, вечерва на своите социјални мрежи јавно објавија дека нема организирано да присуствуваат на мечевите на својот тим во регионалната лига. Соопштението на “Чкембари“ ви го пренесуваме во целост: “Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига. Ова натпреварување не е приоритет за групата, ...
Прво Јован Александровски, а потоа и Александар Костоски и официјално вечерва се претставени како нови играчи на КК Соколи. Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски се чини дека е вистинско ново засилување! Искусен плејмејкер кој носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта. На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во ...
Пеп Гвардиола откри како ја искористил приказната за разводот со Кристина Сера како уникатен пример за мотивирање на играчите на Манчестер Сити. Пред неколку месеци, Шпанецот одлучи да го заврши својот десетгодишен мандат со англискиот гигант, а една деценија беше доволна за многу работи да се променат во неговиот живот – тој ги опиша деталите во документарецот „Прекрасна опсесија“. Филмот, кој се прикажува на Prime Video, ги следи ...
Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој што е интернационалец од Буркина Фасо и кој што до пред Леверкузен настапуваше во Португалија. Сега, по одлилно одиграната сезона во Баер, се повеќе клубови се интересираат за него. Има 27. години е во ...
Вака се делат премии во Албанија и тоа кога претседателот на клубот е во еуфорија. Динамо од Тирана успеа да се пласира во плејофот на Конференциската лига. Албанскиот тим ја победи латвиската Ауда со вкупен резултат од 4:1 и сега има шанса да стигне до групната фаза. Сепак, тој ќе биде прилично аутсајдер во плејофот. Пред нив е кипарскиот Пафос, минатогодишниот учесник во групната фаза на Лигата на шампионите. Еуфорија ги потресува ...
Реал Мадрид дури денеска ја одржа официјалната церемонија на претставување на својот нов тренер, Португалецот Жозе Мурињо. На настанот присуствуваше и претседателот на клубот, Флорентино Перез. Реал Мадрид претходно објави дека потпишале договор со Мурињо како нивен нов главен тренер. Сепак, официјалната презентација беше одложена, иако португалскиот стручњак веќе го водеше тимот за време на подготовките пред сезоната. Под водство на Мурињо, ...
ГРК Охрид со победа тргна во одбрана трофејот на турнирот “Крсто Андоновски Охрид 2026“. Вечерва во својата сала “Билјанини Извори“, тимот на стратегот Борис Ројевиќ славеше против У-20 селекцијата на Египет со 31:27. Очекувана победа, може да се каже и рутинска, но сепак само тренерот Ројевич знае дали ги „чуваше“ силите на својот тим против младите египетски ракометари или пак допрва треба да се подига формата. Охрид во текот на целиот меч ...
КК Работнички АД Скопје вечерва објави дека нов член на клубот, воедно и големо засилување е искусниот крилен центар Тарик Брунчевиќ.Екипата на Работнички во Тарик Брунчевиќ добива сериозно засилување на позициите 4/5. Брунчевиќ во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски земји бранејќи ги боите на тимови од Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција. Со своите 206 сантиметри, физичка сила и меѓународно искуство, Брунчевиќ ...
Вардарци го прегази, просто го декласира Олимпијакос и тоа со 39:27 на отворањето на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид. Едноставно грчкиот тим не беше никаква закана за шампионот на Македонија кој настапи без капитенот Лазаревски. Но и без него Вардар покажа сила. На самиот почеток беше израмнето, 3-3, но Вардар потоа дојде до позитива од 6-3. Фантастичен во овој период беше голманот Валах, тоа Вардар го искористи и ја зголеми предноста ...
И тоа каква “бомба“ лансираат медиумите на Островот, пред се “Гардијан“. Имено откако Диего Симеоне искочи со изјава дека сагата со Алварез е завршена, и дека тој останува во Атлетико Мадрид, доцна попладнево нова информација. Познато е дека Аргентинскиот напаѓач сака да се пресели во Барселона, но Атлетико Мадрид би сакал да го продаде на Арсенал отколку директно да го засили својот голем ривал од Ла Лига, пишува „Гардијан“. Се очекува ...
Сега е готово. Сега е официјално. Родри е нов играч на Барселона. Каталонскиот гигант го потврди доаѓањето на шпанскиот играч од средниот ред од Манчестер Сити со официјално соопштение на социјалните мрежи, со што се заклучи еден од најголемите трансфери ова лето. Барселона и Манчестер Сити потоа постигнаа конечен договор по неколкудневни преговори за време на кои каталонскиот клуб ја зголеми понудата неколку пати. „Господарот на просторот ...
Македонскиот младински репрезентативец Васил Ташовски, е во центарот на вниманието во соседна Србија откако за својот тим Младост Лучани изминатиот викенд го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Земун. Ташовски кој што од скоро е дел од националниот тим на Македонија доби сениорска шанса во Лучани и фантастично ја искористува во моментов. „Беше тежок и неизвесен натпревар. Мило ми е што мојот гол се покажа како одлучувачки, но немаше ...
И навистина не знае за доста. Љупчо Дориев продолжува да блеска во шампионатот на Узбекиста. Нов меч, нов гол на македонскиот интернационалец во дресот на Согдиана, и тоа 13-ти со што и натаму суверено е најдобар стрелец во елитната лига во Узбекистан. Поплднево во меч од 18.коло, Дориев стрелаше во 38.минута за 1:0 за Согдиана, на крајот овој натпревар заврши со победа на тимот на Македонецот со 2:1 со што и дефинитивно избега од опасната ...
Српските медиуму јавуваат дека по децении фудбалска и тренерска кариера надвор од Србија, Виктор Треневски се враќа онаму каде што ја доживеа реално својата најголема афирмација. Во Белград. Овојпат тој пристигнува како нов тренер на екипата на Бежанија, која што се обидува да се врати повторно на старите патеки и да стигне до највисокото фудбалско натпреварување кај нашиот северен сосед. Треневски има богато играчко, а сега и тренерско ...
Досегашниот голман на тимот на Тотенхем, Гиљермо Викарио и официјално е претставен како нов чувар на мрежата на тимот на Јувентус. Во објавата од Торино се вели дека Викарио на крајот од позајмицата може да стане и пермантен член на „Старата дама“ за сума од 8+2 милиони. Јувентус претходно се обиде со Зајон Сузуки односно Емилијано Мартинез да го затвори голманското место, но на крајот сепакм го врати Викарио дома. Досегашниот голман на ...
Екипата на Шкендија од Тетово објави дека следното коло, четврто по ред во новиот ПМФЛ шампионат, ќе го одигра пред публика. Поточно, мина суспензијата која што Шкендија ја доби по инцидентите од минатогодишното финале во Купот на Македонија. Па така, сега тетовци, повторно на комплексот Петар Милошевски во Скопје, и повторно во вечерен термин од 19:00 часот, но овојпат со присуство на публика ќе ја пречекаат екипата на Струга Трим Лум. Во ...
На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето”. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао”, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, ...
Од ФК Пелистер предмалку информираа дека следниот меч од ВМФЛ конкуренцијата кој што битолчани како домаќини требаше да го одиграа на свој терен на стадионот Петар Милошевски, ќе биде одигран во Кавадарци. Причината поради која што Брера наместо во Битола ќе гостува во Кавадарци е состојбата на теренот на „Петар Милошевски“ односно поради санацијата на истиот. СпортСпорт напиша и објави какви последици теренот во Битола имаше поради ...
Една од најочекуваните трансфер саги ова лето, онаа на Родри од Манчестер Сити во Барселона. Играчот од средниот ред, кој пристигна вчера во каталонската престолнина, ги започна медицинските тестови утрово во осум часот по локално време во медицинскиот центар на клубот „Суит Еспортива Жоан Гампер“. Играчот од средниот ред беше пречекан од група навивачи на влезот во базата на Барселона. Се очекува успешно да ги помине медицинските тестови до ...
Најновото засилување на тимот на Милан, Диего Мореира денеска пристигна во Милано, каде што откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе може да го потпише договорот со легендарниот клуб од Сан Сиро. Мореира пристигнува од Стразбур во голем трансфер вреден околу 50 милиони евра. Белгискиот интернационалец игра и повеќе од добро во изминатите сезони, па ваквиот развој на настаните воопшто не изненадува. Тој е сериозно засилување за Милан на ...
Тимот на Борусија Дортмунд продолжува летово да се засилува летово, а последно ново лице кое што пристигнува во Германија е досегашниот играч на ПСВ Ајндховен, Џои Верман. Договорот на Холанѓанецот со Борусија Дортмунд е важечки е до 2031 година, а Верман ќе го носи дресот со број 25. Неофицијалните информации се дека, трансферот е вреден 22 милиони евра. Верман е повремен репрезентативец на Холандија за која што селекција има одиграно 23 ...
Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во чадор организацијата на светскиот фудбал преку е-пошта. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 ...
Малцинските сопственици на Челзи, Тод Боли и Марк Волтерс, се во преговори со своите партнери во конзорциумот на клубот, Клирлејк, за продажба на своите акции. Мнозинскиот сопственик на Челзи, Клирлејк Капитал, поседува 61,5% од клубот, додека Тод Боли и Марк Волтер поседуваат по 12,8%. Сепак, двајцата водеа разговори за продажба на своите акции на Клирлејк, предводен од Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано. Боли беше лицето на конзорциумот што ...
Македонскиот интернационалец и репрезенативец Никола Серафимов денеска од 21:00 часот со својот тим Левски Софија, го игра првиот од двата дуели од плеј офот за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите. Стоперот денеска пред преполните трибини во Софија ќе се обиде заедно со своите соиграчи да создаде домашна предност пред реваншот во Атина, и да си ја отвори уште повеќе вратата кој групната фаза од најелитното фудбалско клупско ...
Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, сè уште не е сигурен дека ќе игра на Отвореното првенство на САД. Бранителот на титулата има здравствени проблеми, има проблем со коленото, веќе некое време се лекува во Торино. Во неделата го прослави својот 25-ти роденден, а во понеделник се врати во Торино за да ги продолжи терапиите. Тој исто така одработи тренинг насочен кон тестирање на состојбата на коленото. Понеделник и вторник ќе бидат ...
РК Вардар подготви серијал посветен на своите фанови, кои со години ги бодрат „црвено-црните“ на секој натпревар. Во прва епизода гостин е Александар Узуновски – Узун, долгогодишен навивач кој се истакнува со својата редовност, поддршка и емоција со која го бодри Вардар на натпреварите. „Ни претставува чест како клуб, овој серијал да го започнеме токму со него и неговите сеќавања поврзани со Вардар. Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно ...