Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Стеф Кари ќе се обиде да го убеди Леброн Џејсм да потпише за Голден Стејт и да ги здружат силите следната сезона. Голден Стејт Вориорс во наредните недели ќе разговараат со кошаркарот на Лејкерси, кој станува слободен агент во меѓусезоната 2026 година, објави инсајдерот на „Клачпоинтс“, Брет Сигел. Лидерот на Вориорс, Стивен Кари, наводно планира да се сретне лично со Џејмс овој месец за да разговараат за можноста да играат заедно. „На ...
Билетите за финалето на НБА лигата станаа поскапи од билетите за финалето на Светското првенство во фудбал. Њујорк го победи Сан Антонио во првиот натпревар од финалето на НБА со 105-95. По победата, цените на билетите за третиот и четвртиот натпревар во Њујорк нагло скокнаа на секундарниот пазар. Дури и пред изненадувачката победа на Никси во првиот натпревар, билетите за финалето во „Медисон Сквер Гарден“ беа најскапи досега, со цени од ...
Изминативе неколку дена завршија фудбалските возбудувања во Македонија во сите категории од највозрасни до најмлади. Многу победници, многу пехари и прослави за направените успеси. Фудбалската јавност е фокусирана кон елитата и случувањата во Првата лига иако интересот е голем и во пониските рангови, во младинските натпреварувања и регуоните. Но, постои тренер за кого овие денови се жетва на успеси, трофеи и признанија. Јован Трајков е ...
По ремито со Босна и Херцеговина и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации so 1369.16 поени. Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место. Има промена ина врвот на листата. ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, одговори потврдно на прашањето за тоа дали тимот ќе го освои Светското првенство во 2026 година. „Мислам дека да. Сакам да создадам високи очекувања кај играчите. Кога очекувањата се високи, мотивацијата е поголема“, рече Карло Анчелоти. „Талентот може да се искористи само преку кохезивен тим. Токму на ова треба да работиме – и ќе работиме. Психолошкиот аспект е клучен; ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ може многу брзо повторно да ја смени средината. Според пишувањата на дел од кошаркарските портали, Димитријевиќ е многу блиску до договор со грчки Арис кој подготвува тим со сериозни европски амбиции. Како што пишуваат порталите, Арис по доведувањето на Спанулис на кормилото на тимот сега е во фаза на составување респектабилен состав со кој сака да се врати на европската сцена. ...
Како што се наближува стартот на Мундијалот, така се загрева атмосферата а хроничарите се занимаваат со историја и статистика. Па еве зошто Бразил, Англија или Португалија нема да бидат светски прваци. Затоа што имаат селектор странец, а историјата вели дека досега ниту една репрезентација не била светски првак ако имала странец предводник. Од првото Светско првенство во Монтевидео во 1930 година, па сè до она во Катар пред четири години, ...
По договорот за доаѓање на Жозе Мурињо и дефанзивните засилувања Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не запира. Пред претседателските избори на Реал Мадрид оваа недела, каде што Перез ќе се соочи со неговиот противник Енрике Рикелме, сегашниот претседател објави понуда од 150 милиони евра за нов играч. Шпанските медиуми тврдат дека станува збор за играчот од средниот ред на ПСЖ, Жоао Невес. „Во ...
Манчестер Јунајтед веќе го заврши потпишувањето на играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, за кој се смета дека е првото засилување на Карик ова лето. „Ѓаволите“ се вратија во Лигата на шампионите и јасно е дека ќе мора да го зголемат играчкиот кадар, ќе им требаат повеќе играчи за да претстават сезона во која ќе играат на четири фронта. Бразилецот од Аталанта ќе чини околу 35 милиони фунти, а ќе се бараат и повеќе играчи од средниот ...
Столе Димитриевски, полека но сигурно си го пронајде местото во тимот на Валенсија. А зарем некој се сомневаше дека ќе биде поинаку? Нашиот капитен, прекален интернационалец, „голмаништето“, еден од накјвалитетните чувари на мрежата во Европа, денеска и официјално го потпиша новиот договор со екипата на Валенсија, каде што е член извесен период. Истиот вели дека Столе е дел од овој легендарен шпански клуб минимум до 2028 година, а за ...
Фудбалерите на АП Брера го освоија трофејот во Купот на Македонија во конкуренција на младинци. Оваа генерација на Струмичани ја потврди доминацијата во текот на оваа сезона откако претходно славеше и во првенството. Во финалето во одличен натпревар АП Брера беше поуспешна од Шкупи и тоа по изведување на удари од 11 метри. По 90 минути игра двата тима постигнаа по два гола. Шкупи поведе со голот на Судејс Чајани уште во втората минута и тоа ...
Фудбалерките на Кочани успеаа да обезбедат опстанок во најсилната женска лига во Македонија откако во баражот за пополнување на Првата ЖФЛ ги совладаа Билјанини Извори со 7:3. Охриѓанки кои во Втората лига го освоија второто место по само шест минути игра имаа предност од 2:0, а стрелци на головите беа Марија Јулчовска во 3. и Ивана Николоска. Потоа следуваше целосна доминација на Кочани, а серијата голови за прволигашот ја отвори Андреа ...
И вечерва се одиграа неколку пријателски натпревари во пресрет на стартот на СП, сепак во преден план беше дуелот во Нант меѓу Франција и Брегот на Слоновата Коска. Овој меч во Нант заврши со сензационална победа на БСК со 1:2, иако за четата на селекторот Дидие Дешамп настапија најдобрите, како Мбапе, Олисе… Франција поведе со голот на Шерки во 45.минута, а Доуе во 53.минута и Диало во 84.минута реализираа за гостите. И за Франција и БСК ...
Така тоа го прават големите клубови. Иако Ханси Флик има договор со Барселона до 2028 година, сепак раководството на каталонската гордост знае кој е човекој кој ќе го наследи Германецот, кога и да се случи тоа. Ангажирањето на Ханси Флик беше вистински потег од страна на Барселона. Германскиот стручњак дојде во 2024 година, го воведе својот систем и освои две титули во шпанското првенство во последните две сезони. Барса го продолжи договорот ...
Маја Хвалинска дојде на Гренд слемот во Париз како 114-та тенисерка во светот, ги помина квалификациите до главната ждрепка, а потоа блесна на најголемата сцена и направи едно од најголемите чуда во историјата на Гренд слемот. Во полуфиналето, Хвалинска ја победи Русинката Дијана Шнајдер со 2:0, во сетови 7:6(4), 6:4. Мечот траеше двесте и седум минути. Повторно, Хвалинска влезе во мечот како целосен аутсајдер против 23-тата во светот ...
Шкендија вечерва излезе со официјална реакција по повод вчерашната одлука на ФФМ да се казни тетовскиот клуб со исфрлање од Купот за наредната сезона и парична казна од 105.000 евра. Реакцијата на Шкендија ви ја пренесуваме во целост: “По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против КФ Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и корегира. КФ Шкендија е меѓу ретките клубови ...
„Шишињата за вода за повеќекратна употреба повеќе не се дозволени на стадионите на Светското првенство “ – вака гласи анредбата од страна на ФИФА, кон организаторите САД, Мексико и Канада, на претстојниот Мундијал. Светската кровна организација смета дека екстра популарните шишиња на тој континент се потенцијална опасност, па за да се спречи секаква можност од евентуална повреда, истите нема да бидат дозволени. Секако, ова го покренува ...
Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран е осуден на две и пол годишна казна затвор. Пресудата е резултат на обвинението кое што го зафати Саран, и плу уште двестотини фудбалски работници, фудбалери, судии кој што се дел од обложувачкиот скандал кој што го потресе турскиот фудбал минатата есен. Турската фудбалска федерација (ТФФ) уапси голем број играчи, менаџери, судии и сопственици на клубови поради наводна вмешаност и поврзаност со ...
Како што тврдат медиумите во Шпанија, Реал Мадрид ќе продолжи да биде дел од кошаркарската елита во натпреварувачката сезона 2026/27. Оваа очекувана, но исклучително важна одлука гарантира дека сите акционерски клубови остануваат цврсто приврзани кон најсилното клупско натпреварување на Стариот континент, во средината на сè погласните и амбициозни планови за формирање нова континентална лига наречена „НБА Европа“. Клубот од Мадрид беше ...
Кошаркарите на Дубаи поведоа со 1:0 на почетокот од финалната плејоф серија од АБА лигата. Тимот на тренерот Александар Секулиќ заслужено го победи составот на Партизан со резултат од 99:93 пред околу 9.500 гледачи во неговата „Кока Кола Арена“, по подобра игра во поголемиот дел од натпреварот. Партизан ќе има следна можност за „брејк“ во сабота од 18:00 часот, за кога е закажан вториот натпревар, исто така во Дубаи. За да се случи тој ...
Младинците на Брера денеска славеа во младинското финале во Купот на Македонија против Шкупи и тоа по подобро изведување на пеналите. Сепак она што треба да се одбележи и е фантастичниот гол на играчот на струмичани Марио Митрев и тоа во 75.минута кога од речиси 40 метри упати силен и максимално прецизен удар кој просто ја “скина“ мрежата на противникот. Ова не е само еден од најубавите голови во последно време во мак – фудбалот, туку и во ...
Шпанскиот тренер Андони Ираола официјално стана менаџер на Ливерпул. Со денови се шпекулираше за ова, поточно откако Арне Слот беше отпуштен, а сега е јасно дека Ираола доби одлична шанса во еден од најголемите клубови во светот. Ираола имаше успех работејќи во Борнмут, во текот на вториот дел од штотуку завршената сезона во Премиер лигата, тимот помина 18 натпревари без пораз и го зазеде шестото место на табелата, што им обезбеди место во ...
Мундијалот во САД, Мексико и Канада започнува за една недела, а е проследено со многу бои и интересни традиции. Една од нив се таканаречените пророци, кои добија популарност од Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Во Бразил пронајдоа такво пророштво, но за разлика од октоподот Пол во Германија во 2010 година, во земјата на самбата тоа е ајкула. Во градскиот аквариум во Рио де Жанеиро, ја почестија малата женка ајкула Ритиња со ...
И дефинитивно нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен ќе се бори за титулата во елитната кошаркарска лига, откако вечерва на гости кај Бон славеа со 57:77 за трета победа во третиот меч од полуфиналната серија од плеј – офот. Со тоа ставија печат на севкупниот триумф од 3:0 против Бон во ова полуфинале. Македонскиот репрезентативец вечерва на паркетот мина само 14.минути, немаше ни потреба од поголема минутажа и запиша ...
Селекцијата на Македонија до 20.години в понеделник ќе има уште една контрола, силен тест натпревар. Противник е соодветната селекција на САД а натпреварот се игра на стадионот “Христо Ботев“ во Благоевград (Бугарија). Прво младата селекција на САД ќе ги одмери силите против селекција на Грузија за да потоа на 8 јуни (понеделник) се среќава со Македонија, барем според нивните информации. Секако дека ова ќе биде уште една добра контролна ...
И дефинитивно Антонио Конте го напушти Наполи по две многу различни сезони. Првата беше славна, крунисана со титулата во Серија А, додека втората беше обележана со постојани проблеми што на крајот го принудија тренерот да се повлече на крајот од кампањата. Сега, како слободен агент, неговата иднина е предмет на жестоки шпекулации. За многумина, следниот логичен чекор за Конте е враќање на кормилото на италијанската репрезентација, која веќе ...
Скопје од денеска до 7 јуни е европски центар на минибаскетот, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, е домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет. На престижниот настан учествуваат тренери, едукатори и спортски работници од бројни европски земји, кои секојдневно се посветени на развојот на најмладите кошаркари и кошаркарки. Главната цел на конвенцијата е преку ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов заминува од Турција. Според информациите кои ги објавија турските медиуми, нашиот репрезентативец добил известување од клупското раководство на Коџаелиспор дека треба да си побара нов клуб. Турските медиуми потврдија дека Чурлинов е едно од трите имиња во клубот на кои им било кажано дека нема да им бидат продолжени договорите. покрај Чурлинов од Коџаелиспор заминуваат и Александар ...
Додека фудбалскиот свет е во очекување на СП 2026 кое започнува следниот четврток, ние во фудбалска Македонија сме во очекување на 16/17 јуни кога УЕФА ќе ја одржи ждрепката за 1. и 2. квалификациско коло во ЛШ, ЛЕ и ЛК. Познато е дека Вардар како шампион ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, додека Шкендија и Силекс во квалификациите во Лигата на Конференциите. “СпортСпорт“ веќе неколку пати ги објави можните противници на ...
На само неколку дена од стартот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, нови моменти што се однесува до организаторот. САД и нејзиниот визен режим во последниот период е сериозно прашање за остатокот од светот, а тука не е исклучен ниту претстојниов фудбалски турнир. ФИФА делегираниот арбитар од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан сеуште нема одобрено американска виза и се нема упатено кон оваа земја. Тоа е сериозен проблем, затоа што тој е веќе ...