Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на последното Светско првенство. За нас оваа вест е интересна зошто на 3-ти октомври во меч од рамките на Б Лигата на Нации, селекцијата на Шкотска гостува во Скопје. Инаку Покоњоли досега во својата тренерска кариера ја водел екипита на Унион Сен Жил, како и ...
Македонските бои ќе ги бранат спортисти во индивидуални и екипни дисциплини, со поддршка од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ќе присуствува на свеченото отворање на Игрите. Натпреварите ќе се пренесуваат во живо на МРТ 3, а случувањата од Таранто ќе може да се следат и преку социјалните мрежи на МОК Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше ...
Христијан Малески уште еднаш покажа дека е напаѓач од репрезентативен калибар. Јасно е, кога ќе го одлучиш дербито со гол со кој ќе го урнеш шампинот, а лани си бил втор најдобар стрелец во Лигата, тогаш од тебе се очекува да бидеш носител на играта на Струга ТЛ. Вчера така и беше. Малески го совлада Талески на најубав можен начин од таа позиција во која беше и на својот тим му донесе голем триумф. Токму затоа според „СпортСпорт“ напаѓачот ...
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, одлучи кои 14 девојки ќе го понесат товарот во БВА Зонските квалификации за пласман во Европското првенство 2027, кои од 19 до 23 август ќе се играат во Мостар, БиХ. Тринеделните подготовки и трите тренинг контроли со А националниот тим овозможија на селекторот и стручниот штаб да го изберат тимот на кој ќе му ја дадат довербата во пресрет на историската шанса ...
Се ближи денот кога Новак Ѓоковиќ ќе стави крај на кариерата. Најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за „Каталонски спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси ги освои своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните ...
Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра ...
Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе одлични оценки за организацијата, условите и целокупната реализација на шампионатот. Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин и организатор на Европското првенство за мажи до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија и на кое настапија најдобрите млади кошаркари од повеќе европски земји. Покрај квалитетната кошарка и ...
Македонските екипи стартуваат со натпреварите во рамките на регионалната лига. Вардар е првиот тим кој ќе ја отвори дебитанската сезона во ова натпреварување. Актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Војводина, меч кој се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17:30 часот. Причината поради која „црвено-црните“ наместо во Скопје ќе играат во Охрид е учеството на новиот меѓународен турнир, чиј домаќин е токму ...
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, потврди дека ќе се натпреварува во мешани двојки со Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД. Двајцата се пријавија за турнирот, кој ќе се игра повторно оваа година според изменетите правила. Сабаленка ќе биде партнерка на Ѓоковиќ наместо Олга Даниловиќ, со која играше минатата година. Потврдата дојде по победата на белоруската тенисерка во второто коло во Синсинати против Гибсон, додека ...
Од лошо во полошо во таборот на македонскиот првак. Заминува Дарко Велковски. Репрезентативниот стопер, ден по поразот од Струга Трим Лум, најави заминување од Вардар, со тоа што кариерата ќе ја продолжи во Бахреин. Стоперот прави трансфер во екипата на Ал Халдие, тим кој е вицепрвак на својата земја и кој го предводи тренерот Горан Томиќ. Голем удар за актуелниот првак на земјава, кој се соочува со тектонски нарушувања, скандали, а еве сега ...
Вториот тим на Еурофарм Пелистер доби ново засилување. Станува збор за младинскиот репрезентативец, Марин Крстевски. Средниот бек во редовите на битолскиот тим доаѓа од Мулти Есенс. Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски. Марин Крстевски беше кадетски и јуниорски репрезентативец на Македонија и настапи на Европското првенство М20 што летово се играше во Романија. Тој беше еден од најистакнатите ...
Дали е ова вест на годината? Селекторот на на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, “паднал во несвест“ додека неговите жени се тепале. Хаосот го спречила полицијата која морала да дојде на местото на настанот и ги привела двете актерки од овој инцидент. После тоа, Хасан паднал во несвест поради стрес. Наводно не можел да поверува што видел, па ја изгубил свеста. Првите информации велат дека тој моментално е во стабилна ...
Џенаро Гатузо им се извини на навивачите на Лацио по поразот од 2:0 од второлигашот Мантова на Олимпико, со кој клубот неочекувано беше елиминиран во првото коло од Купот на Италија. Гатузо ја презеде целосната одговорност за испаѓањето и рече дека тимот мора мирно да се сврти кон работата пред почетокот на сезоната во Серија А. Ова е најновиот во низата неуспеси за Гатузо. На крајот од сезоната 2024/25, тој го напушти Хајдук откако не ...
Илија Абутовиќ, е еден од странските ракометари кои во македонскиот ракомет остави свој белег. Дефеназивецот беше дел од златните денови на РК Вардар, во 2017 го подигна победничкиот пехар во Лигата на шампиони. Тој се врати во Македонија после одредено време и го облече дресот на Пелистер. Од оваа сезона Абутовиќ е член на Партизан. Во интервју за „Моцарт Спорт“ Абутовиќ вели дека во сите 16 години поминати надвор од Србија одлично се ...
Вчера со дербито во Струга и со дуелот на ФФМ, се затвори 3.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Струга ТЛ славеше против Вардар со 1:0, со голот на Малески, а Шкендија со убедливи 4:1 славеше против Брегалница. По ова може да се анализира табелата по ова 3.коло. Шкендија е лидер со 9 максимални 9 бода, само тетовци имаат “три од три“. На делба на второто место со Силекс и Струга ТЛ, кои имаат по седум бода. И двете екипи имаат по две победи и ...
Пред речиси еден месец, во Њујорк се играше финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое “Црвената Фурија“ го доби со минимален резултат од 1:0 по продолженијата. Честа да го суди ова финале му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ кој одлично ја заврши работата, а овој натпревар беше огромен предизвик поради сите валкани потези што ги видовме од играчите на Аргентина. “Гаучосите“ влегоа во овој натпревар доста ...
Еден од дефанзивците на репрезентацијата на Босна, кој што беше дел и од Мундијалот во САД, Мексико и Канада, Денис Хаџикадуниќ пристигнува во Сплит, каде што ќе стане нов член на екипата на Хајдук. Некогашниот млад репрезентативец на Шведска, кој што го промени спортскиот пасош и кој што заигра за Босна, пристигнува во Сплит откако му заврши ангажманот во тимот на рускиот тим на Ростов. Хаџикадуниќ има 28. години и е роден во Малме, каде ...
Нема крај на скандалите во ФК Вардар АД кои носат многу немир, проблеми а и слаби игри, но и порази со кои клубот од минатата сезона не личи на себе, клубот кој е бренд во земјава и регионот стана клуб за потсмев, резил и мајтапење. Најновото од кујната на Вардар и скандалот вечерта пред дуелот со Струга Трим Љум. Екипата од Скопје заминува во карантин во еден хотел во Охрид. Таму се сместуваат, вечераат и треба да се фокусираат за дербито ...
По дербито во Струга, каде домашната Струга ТЛ со 1:0 го победи Вардар, вечерва со свој коментар за делењето на правдата искочи и Фудбалската федерација на Македонија. „Високо квалитетно судење на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар. Во една од клучните судиски ситуации, одбранбениот играч на домашната екипа игра со рака во неприродна положба, јасно одвоена од телото, со што го спречува ...
Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа, но не може Ланс. Имено овој тим минатата сезона беше подобар во финалето на Купот на Франција, а еве вечерва успеа да ги победи “светците“ во Суперкупот на Франција и тоа со голот на Таувин во 32.минута. Фактот дека играа на својот стадион, воопшто не го намалува ...
Продолжува кошмарот на актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар во новата ПМФЛ сезона. Во рамките од третото коло денеска во Струга, тимот на Вардар загуби од домаќинот Трим Лум со конечни 1:0 и уште повеќе си ја продлабочи кризата во својот табор. По минатонеделниот пораз во дербито со Шкендија на свој терен, Вардар сега загуби и во второто дерби во само три кола. Струга ТЛ од друга страна одлично си ја заврши задачата. ...
Шкендија со убедливи 4:1 против Брегалница вечерва на ФФМ. Трета победа во третиот меч во новата сезона, па така сега тетовци се лидери на табелата и само тие се максимални. Очекувана победа на големиот фаворит, стрелци беа Трумчи во 61. и Красничи во 66.минута, потоа Ндзенгуе и Зејнулаи во самиот финиш. Мартин Стојанов во 86.минута постигна убав гол за 2:1. Сепак не беше така лесно за Шкендија. Ослабена со неиграњето на неколку свои ...
Ај, да не биде пред натпревар, да не се руши атмосфера, битен натпревар – дерби со Струга Трим Љум. Но еве по поразот, по најновиот пораз на ФК Вардар АД на Миленко Неделковски, на површина излегуваат сите „фекалии“. Уловен моментот кога Герсон Родригес си донесол женска во карантинот на клубот во пресрет на дуелот со Струга. Фотографијата ја покажува целата неодговорност и некултура на споменатиот скап фудбалер на Вардар. На фотографијата ...
Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Баерн – Макс Еберл – изјави дека Џамал Мусијала е во добра состојба, откако колабираше за време на натпреварот со РБ Лајпциг. Баерн го победи РБ Лајпциг со 3:1 во Минхен во пријателски натпревар закажан уште во 2021 година, како дел од трансферот на тренерот Јулијан Нагелсман, но натпреварот беше обележан со нешто друго – падот на Џамал Мусиала. Фудбалерот на Баерн колабираше во последната фаза од ...
Килијан Мбапе се врати во Реал Мадрид и веднаш постигна гол во победата од 3-0 над Шалке 04 на гостински терен во пријателски натпревар на „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен. Ибрахим Конате го имаше своето неофицијално деби за „Кралевите“, почнувајќи како стартер. Марк Кукуреља и Јан Диоманде исто така дебитираа во второто полувреме. Исто и Тибо Куртоа и Џуд Белингам се вратија во составот на Реал Мадрид. Реал Мадрид поведе во 6-тата минута ...
Уф, за малку! Имено се играше 85.минута кога беше досуден пенал за Пелистер, при резултат 0:1 за Камјани. Одговорноста ја презеде Мирчевски, погоди за 1:1, и со тоа го спаси битолскиот тим од БРУКА, од БЛАМАЖА, од КАТАСТРОФА. Бадијала беа жестоките протести на гостинските играчи, се знае дека во ВМФЛ нема вар. Пелистер – Камјани 1:1 е конечниот исход од вечерашниот меч од 1.коло во ВМФЛ кој се одигра на стадионот “Петар Милошевски“ во ...
Играчот од средниот ред Родри е новото засилување на Барселона, објавува Фабрицио Романо во својот препознатлив манир „Here we go“. Потврди и “Марка“! Спектакуларен трансфер на Каталонците кои ја добија „Златната топка“ пред две години. Тој беше мачен од повреди во текот на целата минатата и предминатата сезона, се веруваше дека нема да може да биде старецот, а потоа го негираше тоа на последното Светско првенство. Тој беше витален дел од ...
Расинг од Сантандер ќе жали што не ја претвори предноста од два гола во победа против Виљареал на „Ел Сардинеро“, но нерешениот резултат од 2:2 на почетокот на новата сезона од шпанското првенство е одличен резултат за повратникот на највисокото ниво од натпреварувањето. Веќе воведните минути од натпреварот во Сантандер покажаа дека повратникот на највисокото ниво на шпанскиот фудбал нема да влезе во натпреварот со бело знаме, а наградата ...
Барселона оствари убедлива победа од 5-2 во пријателскиот натпревар против Базел, кој се одигра на „Сент Јакоб Парк“. Младите напаѓачи на Каталонците, Хамза Абделкарим и Џеси Бисиву, постигнаа вкупно три гола во пријателскиот натпревар и се соочија со сериозен предизвик за стартниот состав во новата сезона. Хоан Гарсија и Ерик Гарсија започнаа како стартери за Барселона, додека Дани Олмо, Жил Кунде, Пау Кубарси и Ламине Јамал влегоа во игра ...
Шкендија – Брегалница 0:0 по првото полувреме на последниот меч од 3.коло кој вечерва се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Иако ослабена со неиграњето на 3-4 стандардни играчи, сепак Шкендија одигра напаѓачки, агресивно, креираше 4-5 добри шанси, но Тамба двапати, Криезиу, Красниќи, Ибраими… никако не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на штипските “сини“. Брегалница крајно дефанзивно ориентирана, а во 42.минута Калпалчки ...