Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Флорентино Перез е убеден дека ќе ги добие изборите на 7 јуни и ќе продолжи на претседателското место во Реал (М). За „Ел Еспањол“, тој повторно остро го критикуваше својот ривал, Енрике Рикелме, и одреди датум за објавување на првото засилување што го обезбедил за следната сезона. „Ќе ги имаме имињата на новите засилувања пред недела, не грижете се. Луѓето не се сомневаат во тоа, луѓето ме познаваат. Секогаш создавав возбуда во текот на ...
Германски РБ Лајпциг се уште чека телефонски повик од Наполи за да ја разрешат ситуацијата околу нашиот репрезентативец Елиф Елмас, тврдат германските медиуми. Според последната информација објавена утрово, опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи е сè уште важечка. „Опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи сè уште може да се активира. Изнесува 16,5 милиони евра. Но, еве до денеска наутро, сè уште нема контакт меѓу двата ...
Околу 1.000 дечиња со неверојатна енергија се натпреваруваа на „Денот на спортот“ во Кавадарци. Овој инспиративен спортски настан се одржа во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година ја носат својата магија и во Македонија. На секој агол од терените владееше возбудлива атмосфера, исполнета со насмевки, фер-плеј и спортски дух. Од Кавадарци беше испратена силна и јасна порака – спортска Македонија има светла ...
Тој е човек од најголема доверба на Луис Енрике, тој е прв асистент на шефот на европскиот првак. Тоа е Рафаел Пол помошник тренер на Луис Енрике кој во саботата ја освои втората Лига на шампиони со него во ПСЖ. Шпанецот имаше тежок пат до тука, бидејќи неговата сопруга Ракел почина во ноември 2024 година, а тој ѝ го посвети освојувањето на најважниот трофеј на клубот. Сопругата на Пол, Ракел, почина во 2024 година по долга и сериозна ...
Гркот Кристијан Гколомеев беше единствениот спортист кој собори светски рекорд на контроверзните „Подобрени игри“ во Лас Вегас, на кои спортистите не беа контролирани за употреба на допинг. 32-годишниот пливач оствари време од 20,81 секунди во машката трка на 50 метри слободно, соборувајќи го рекордот на Австралиецот Камерон МекЕвој од 20,88 секунди, поставен во март, но времето на Гколомеев нема да биде признато од официјалните власти. ...
По освојувањето на шампионската титула, во Вардар веќе почнуваат да размислуваат и за европските обврски ова лето, пред се стартот во квалификациската фаза од Лигата на шампионите. На подготовките во Италија кои се закажани овој месец, „црвено-црните“ треба да ја искристализираат формата пред првите дуели во најсилното европско натпреварување. Сепак, репрезентативците Давор Талески, Бобан Николов, Дарко Велковски, Ѓорѓије Јанкулов и ...
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во своето прво полуфинале на Гренд слем турнир во кариерата, откако го победи Бразилецот Жоао Фонсека со 3-0, во сетови 6-4, 6-3, 7-6 (7-3) на Ролан Гарос. Дваесетгодишниот Чех го постигна најголемиот успех во својата кариера досега по два часа и 33 минути игра на централниот терен на „Филип Шатрие“. Во натпревар кој многумина го најавуваа како иднина на машкиот тенис, Меншик, благодарение на подобар ...
Идниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на централниот дефанзивец Ибрахима Конате, кој го напушти Ливерпул како слободен играч, објави „Кадена СЕР“. 27-годишниот Французин е трансфер приоритет на Реал Мадрид по заминувањето на Давид Алаба и честите повреди на Антонио Ридигер и Едер Милитао. Доколку се пресели во Реал Мадрид, Конате нема да биде меѓу најплатените играчи во тимот – неговата плата ќе биде на исто ниво ...
Непријатна вести попладнево доаѓаат од седиштето на ЕХФ. Имено и официјално ЕХФ потврди дека е покрената истрага поради расистички навреди на финалето во Охрид меѓу ГРК Охрид и Татабања во салата “Билјанини извори“. Да потсетиме дека нашиот претставник и во тој меч беше подобар од унгарскиот тим и го освои пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. А еве што се вели во соопштението на ЕХФ: “Европската ракометна федерација е свесна за инцидентот на ...
Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија која што се обидува да се врати денеска од гостувањето кај Турција од Истанбул, во Скопје би требало да пристигне околу 20:00 вечерва. Тоа е последната информација од Истанбул, каде што нашиот национален тим денеска заглави поради неисправност на чартер авионот попладнево. Експедицијата веќе еднаш полета од Истанбул, но поради технички проблеми со леталото, истото се врати повторно на ...
И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на “вечниот“ Дон Флорентино, тврид дека Перез рез ѝ помогнал финансиски на Барселона со импресивна сума од 400 милиони евра. „Флорентино Перез директно ѝ помогна на Барселона кога не беа во добра финансиска состојба, со 400 милиони евра“, изјави Рикелме за ...
Убави вести за сите во селекцијата на Шпанија, како и за фновите во таа земја во пресрет на стартот на СП. Закрепнувањето на Ламине Јамал напредува многу добро, тврди весникот „Спорт“. Играчот веќе тренира нормално со своите соиграчи, следејќи го планот, а знаците се исклучително позитивни, според медицинскиот тим на репрезентацијата. Се очекува Ламине Јамал да биде достапен за првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство во САД, ...
Нова шокантна вест од Англија. Легендата на Ливерпул и Англија, Џон Барнс, открит дека се борел со рак на простата. Барнс, кој сега работи како стручен коментатор за спортскиот гигант ESPN, рече дека неговата простата е отстранета откако неговите деца инсистирале да оди на преглед. Зборувајќи отворено за Times Radio, тој нагласи дека темата е сè уште табу за многу мажи. Џон Барнс има силна порака до сите мажи да ја надминат својата ...
По долги години играње во ВМФЛ, тимот на Саса од Македонска Каменица во следната сезона ќе игра во Трета лига – Исток. Ова доаѓа откако Саса беше поразена од Еуромилк со 1:2 во баражот во саботата. Секако дека разочарувањето е големо во Македонска Каменица, а како капак на фудбалските фанови од други клубови си фаќаат сеир и си играат мајтап со овој клуб. Па така еден фан се разбира со фотомонтажа си напиша: “Вака го личи стадионот на ФК ...
Се поблиску е моментот кога ќе биде познато каде најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ ќе ја продолжи својата кариера, а извори од Атина, сугерираат дека тоа би можел да биде Панатинаикос. Иако атинскиот гигант е максимално фокусиран на почетокот на финалната серија од грчкото првенство, поради што во клубот се воведени посебни мерки на претпазливост, се чини дека дел од работата веќе се завршува околу наследникот на Атаман. Имајќи ...
Реал Мадрид постигна договор со францускиот централен бек Ибрахима Конате, според гуруто за трансфери Фабрицио Романо. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул ќе пристигне на “Бернабеу“ како слободен агент со четиригодишен договор. Исто така, се зборува за опција за продолжување на договорот за уште една година. Финализирањето на трансферот зависи од претседателските избори и потенцијалната победа на сегашниот шеф и апсолутен фаворит Флорентино ...
По многу проблеми, дефект на авионот, полетувања па слетување брзо во Истанбул, конечно експедицијата на нашата А-репрезентација е во Скопје, каде што слета предмалку како што и беше најавено. Да потсетиме дека вчера во Истанбул, македонската репрезентација во пријателски меч беше поразена од Турција со 4:0. Враќањето беше закажано за утринава. Тоа и се случи, но само по некои 20-тина минути лет, авионот мораше да се врати во Истанбул поради ...
Фудбалска Битола е во шок, по настаните во неделата кога Пелистер во баражот беше поразен од Шкендија Арачиново, со кој овој тим испадна од ПМФЛ. Во фудбалска Битола владее гнев. Јасно е дека ова е катастрофа за сите кои се во Пелистер, но најмногу за фановите. Вечерва навивачката група Чкембари излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: “По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот ...
Нема дилеми дека Гоце Седлоски е тренерот кој ја одбележа сезоната 2025/26 која штотуку заврши. Седлоски со Вардар ја освои титулата, па така по пауза од шесет години тој и неговите играчи го вратија најтрофејниот клуб на Македонија повторно на тронот. Седлоски сега веќе не е тренер на Вардар и официјално, само што заврши сезоната, откако и се израдува на титулата сега сите мисли ќе му бидат кон репрезентацијата. Седлоски и Вардар имаа силна ...
Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута. Ова беше и за двете селекции претпоследна проверка пред настапот на СП 2026 кое започува на 11 јуни. Секако дека и двајата селектори, Златко Далиќ и Руди Гарсија комбинираа со составите, направија по десет измени, но исто така јасно е дека “коцкестите“ и не се во којзнае каква форма. ...
Винченцо Монтела, селекторот на турската репрезентација, го објави конечниот список од 26 фудбалери за Светското првенство во 2026 година. Италијанскиот стручњак ги избра своите конечни избори по победата од 4:0 против нашата репрезентација. Секако, ѕвездите на Реал Мадрид и Јувентус, Арда Ѓулер и Кенан Јилдиз, главните столбови на Турците, привлекуваат најголемо внимание на списокот. Многумина од нив очекуваат да бидат главниот адут што ...
Големи проблеми за репрезентацијата на Швајцарија, поточно за Брил Емболо. Екипажот на швајцарците веќе го мина Атлантикот и се подготвува за Мундијалот, но не и Емболо, за кого САД прави проблеми за влез во оваа држава. Швајцарските медиуми пренесуваат дека се пронајдени аномалии во документацијата на Емболо, а истите се поврзани со наводен инцидент од 2018 година. Во моментов не се објавени дополнителни детали за случајот, но ситуацијата ...
Кормиларот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал предмалку го објави проширениот список на играчи на кои ќе смета за претстојниот ФИБА јунски репрезентативен прозорец. Истиот е секако во рамките од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на ...
Барем медиумите во Србија, КК Ц.Звезда има нов тренер.Тоа е Ибон Наваро, пишува порталот „Меридијан Спорт“. „Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка и сè што останува е да се официјализира целиот договор“, пишува порталот, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим. По четири исклучително успешни години на клупата на Уникаха, во кои освои дури седум трофеи, меѓу кои и две ...
Горан Закариќ од Вардар е играчот на сезоната за 2025/26 според “СпортСпорт“. Не дека мора од шампионот да доаѓа најдобриот, туку и дека офанзивиот играч за врска на Вардар едноставно го заслужи тоа со своите игри, 11-те постигнати голови во шампионатот. Јасно им е на сите дека тој беше “командантот“ во играта на тимот кој по пауза од шест години повторно си ја врати титулата. Покрај него во тимот на сезоната од Вардар се Матиќ, Јанкулов, ...
Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се очекува секако да биде на минимум нивото на кое што беше неговиот претходник. Тедеско неодамна беше на чело на турскиот тим Фенербахче. Претходно беше селектор на Белгија, тренер на РБ Лајпциг, Спартак Москва, Шалке и Ауе. Domenico Tedesco è il nuovo ...
И тоа се случува. Легендарниот Кени Далглиш објави преку социјалните мрежи дека боледува до рак. Но, како дополнение на објавата, тој додаде дека истата излегла по грешка, и дека тој сепак, сакал тоа да остане приватност. Но, кога веќе јавноста дозна за неговата состојба, тој објасни дека за разлика од неговиот телефон, тој свесно оди на терапија и истата засега дава добри резултати. Дека сепак, јавноста не требала да ја дознае оваа ...
Македонската фудбалска експедиција која што денеска требаше да се врати од Истанбул по синоќешниот пријателски дуел со Турција, има проблеми. Чартер авионот со кој што патуваше нашата репрезентација и пропратните членови на делегацијата, по само дваесетина минути лет од Истанбул се вратил од местото каде што полетал поради проблеми. Најверојатно поради дефект на леталото. Чартерот требаше да слета во 13:30 часот во Скопје, а за подетални ...
Репрезентацијата на Австрија во пресрет на Мундијалот кој што се одржува во САД, Мексико и Канада, останува без еден од своите најдобри играчи, Криштоф Баумгартнер. Звездата на Ред Бул Лајпциг се повреди на загревањето на синоќешниот пријателски дуел против Тунис во Виена, и дефинитивно е аут за претстојниот турнир. Реално, Баумгартнер ја игра сезоната на кариерата, затоа што има импресивна клупска статистика од 17 гола и осум асистенции во ...
Ford одбележува значаен јубилеј со производството на милионитата Ford Puma во фабриката во Крајова, Романија. Ова достигнување претставува важна пресвртница не само за компактниот кросовер, туку и за Ford во Европа. Од своето лансирање, Ford Puma успеа да се наметне како еден од најпопуларните модели во европската автомобилска индустрија. Во 2025 година Puma беше најпродаваниот патнички модел на Ford во Европа, а воедно и најпродаваниот ...