Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Изминатиот викенд во ПМФЛ шампионатот се одигра 15. коло. Од него беше дел градската пресметка помеѓу Вардар и Шкупи. Некогашните шампионите сега се во сосема спротивни ситуации. Вардар е пред промоција на есенски првак, а Шкупи е пред промоција на второлигаш. Дуелот заврши со високи и убедливи 6:1, што во потполност ја одсликува моменталната ситуација. А и настаните на теренот. Ревија на убаво голови, хет трик на капитенот Омерагиќ, два на ...
Францускиот прволигаш Ница го осуде однесувањето на навивачите на клубот, кои што ги нападнаа играчите по уште еден разочарувачки перформанс изминатиот викенд. Откако беше забележан шестиот последователен пораз во сите натпреварувања од Лоринт со 1:3, навивачите се соочиле со играчите во клупскиот тренинг центар. Нормално следувало, лавина од навреди, и барања за поголемо залагање. Ситуацијата екалсирала, а во еден момент дел од навивачите ...
Женската ракометна сениорска репрезентација денеска имаше посета на општина Кавадарци и на првиот човек на овој град, господинот Митко Јанчев. Во пријатна атмосфера, на средбата беа разменети мислења од областа на ракометот, но и воопшто спортот, бидејќи е добро познато, дека поголемиот дел од спортските колективи во Кавадарци опстојуваат пред се благодарение на помошта на општината. Градоначалникот Јанчев им посака на ракометарките добар пат, ...
Екипата на Барселона на свој терен викендов на Ноу Камп го пречекува Атлетико Мадрид во големото дерби од Примера шампионатот. Овој дуел, секако еден од клучните во тековново првенство, домаќинот ќе мора да го одработи без еден од најважните играчи, а тоа е Френки Де Јонг. Холанѓанецот според извештаите е болен, и тешко дека ќе може да се опорави. Ако на ова се додаде и фактот што Роналд Араухо исто така е вон конкуренција, тогаш станува јасно ...
Сензационално. Капитенот на Барселона, Роналд Араухо (26), доби одобрение од клубот да земе неопределено отсуство откако неговите претставници се сретнаа со спортскиот директор Деко во понеделникот. Уругвајскиот дефанзивец не беше во составот за победата од 3-1 во Ла Лига над Алавес на Камп Ноу во саботата и сега е потврдено дека тој привремено ќе го напушти тимот. Барањето на Араухо доаѓа по тешката недела во која беше исклучен во поразот од ...
Бидете подготвени еден натпревар на следното СП 2026 да трае и по три часа! Имено ФИФА подготвува важна промена во фудбалските правила за Мундијалот, а се однесува на примена на VAR технологијата при доделување корнери, тврди „The Times“. Предлогот доаѓа од високи функционери на ФИФА. Одамна е познато дека Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД како главен домаќин, Канада и Мексико како ко-организатори, а ова е ...
Одбојкарките на Пелистер Волеј ја запишаа првата тај-брејк победа сезонава во третиот ваков натпревар за нив во Првата женска лига, откако со 3:2 (25:18, 16:25, 25:21, 22:25, 15:8) ги совладаа Газели Волеј во последниот меч од 8. коло, кој се одигра во Битола. Во дербито на дебитантите во прволигашкото друштво противниците одиграа одличен натпревар, интересен, неизвесен, со убави поени и тактичко надмудрување. Газели Волеј имаше старт од 0:4, ...
Навистина што се случува со ѕвездата на Реал Мадрид и актуелен репрезентативец на Бразил? Имено Родриго израмни рекорд, ама негативен или анти – рекорд. Бразилецот сега има 30 меча во низа на кои не успеал да се запише во листата на стрелците за “кралевите“. Досега рекордер во Реал Мадрид беше Мариано Диаз со 30 меча во низа. Последниот гол на Родриго за “кралевите“ беше во март оваа година, или пред повеќе од осум месеци кога во 1/8 финалето ...
Втора година во низа машката и женската сениорска репрезентација на Македонија паралелно ќе учествуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија на последниот состанок донесе одлука да се задржи континуитетот на А селекциите во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие и нова тежина, односно ќе го замени квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2028. Машкиот национален тим од 2014-та година ја одржува ...
Селекторот на нашата најдобра ракометна репрезентација го објави поширокиот список на ракометари за претстојното ЕП 2026. На списокот се 35 ракометари, нема големи изненадувања, може да се каже очекуван список. Инаку Македонија на ЕП е во групата со Данска, Романија и Португалија. Репрезентативците ќе тренираат во Скопје се до 4 декември, потоа патуваат во Анкара на меѓународен турнир каде ќе настапат против Словенија, Словачка и Турција. Ова е ...
Статистичките податоци велат дека Андреј Јакимовски е четвртти стрелец по одигрувањето на првите два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. На двата одиграни натпревари со Азербејџан и со Ирска, нашиот крилен играч постигна 51.поен, односно во просек по 25.5 поени по меч. Лидер е Дардан Бериша од селекцијата на Косово, кој на средбата со Албанија даде 35.поени, што е нешто повеќе во однос на Андре Спиг (Ерменија), кој има ...
Очекувано, Скот Мектоминеј е избран за најдобар играч во сезоната 2024/25 во која неговиот Наполи ја освои титулата. Репрезентативецот на Шкотска едноставно беше најдобриот поеидинец во шампионскиот состав, па затоа немаше никакви дилеми дека ќе ја освои оваа престижна награда. ✨GGDC2025 ✨ Standing ovation per Scott McTominay, il calciatore dell’anno 2024/25#GranGalàDelCalcio pic.twitter.com/W39nofOROJ — Gran Galà del Calcio AIC (@GranGalaAIC) ...
Утре од 18:45 часот во меч од 10.коло во групата Б во ракометната Лига на Шампионите, ракометарите на Пелистер му гостуваат на Загреб. Секако дека ова е важен меч за нашиот шампион. Во изминатите девет кола битолчани забелажаа само две победи и седум пати се поразени. Дали ова е шансата за нови бодови. Инаку ова дербито на дното, играат претпоследниот и последниот на табелата во групата Б. Во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар има ...
Екипата на Вардар 1961 вечерва (18:45 часот) на домашен терен го пречекува Тулуз во рамките на последното коло во Европската лига. Македонскиот тим е лидер во својата група и веќе има обезбедено пласман во главната рунда, останува да ја стави „јагодата на шлагот“, победнички како лидер да ја заврши оваа фаза. Вардар 1961 е лидер има осум бода, еден бод повеќе од Кристијанштад, додека денешниот противник е последен и нема ниту еден освоен бод. ...
Иако одложените мечеви од 13., 14. и 15.коло во ВМФЛ првично беа планирани да се играат напролет, сепак најново е тоа што се планира да се играат овој месец и со тоа на зимската пауза да се оди без одложен меч. Па така сите седум натпревари кои беа одложени за пролетниот дел, сепак ќе се играат во термините од 3 декември, 6 декември, 7 декември и 12 декември. Ова значи дека Охрид сега има и тоа какви шанси сепак да стане сенски првак. Имено на ...
Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дие е најдобриот млад играч под 21 години. Со тоа напаѓачот на европскиот шампион ја доби и наградата “Голден бој“ во манифестацијата која се одржа во Торино во организација на “Туто спорт“. Лани беше Ламине Јамал, а оваа Дуе. Интересно е тоа дека Французонот од можни 500 поени, успеа да освои 450. На второто место се најде Арда Ѓулер од Реал Мадрид. “Навистина сум многу среќен што стојам пред вас. Оваа награда ...
Ф1 тимот на Ред Бул објави дека „искрено жали“ за коментарите дадени за време и по Големата награда на Катар, кои, според Мерцедес, доведоа до тоа возачот Кими Антонели да добива навредливи пораки и закани на социјалните мрежи. Антонели ја смени својата фотографија на Инстаграм во црно во понеделник, откако доби голем број непријатни пораки, вклучувајќи и сериозни закани, потврди Мерцедес, како што објави Би-Би-Си. Контроверзноста избувна ...
На само четири месеци пред почетокот на дополнителните квалификации за Светското првенство во 2026 година, селекторот на Суринам, Стенли Менцо (62), неочекувано поднесе оставка. Менцо се повлече откако репрезентацијата на Суринам не успеа да обезбеди директно место на Светското првенство, туку наместо тоа ќе игра во интерконтиненталните квалификации во март. Суринам заврши втор, зад Панама која обезбеди директен билет за Светското првенство, ...
Никола Јокиќ уште еднаш одигра маестрален меч за својот Денвер, овојпат против Далас, но сепак неговиот тим беше поразен. Србинот на кракот заврши со нов “трипл-дабл“, единаесетти оваа сезона и тоа 29 поени, 20 скокови и 13 асистенции, ама бадијала, на крајот беше 131:121 за Маверикси.Едноставно Денвер немаше своја ноќ и дозволи од еден од послабите тимови во НБА да биде поразен. Лејкерси и Лука Дончиќ по серијата од седум победи, беа поразени ...
Во единствениот дуел денеска кој што се играше во рамките од тековното коло од шпанскиот шампионат, Примера, екипите на Рајо и Валенсија одиграа нерешено 1:1. Домаќинот во 37. минута поведе со голот на интернационалецот од Сенегал, Нобел Менди. Гостите пак го изедначија резултатот во 64. минута преку Диего Лопез во 64. минута. Потоа и двата тима, не ги искористија своите можности за да дојдат до трите бода, па резултатот остана непроменет. ...
Тимот на Кремонезе го одработи вечерва можеби клучниот трииумф есенва што се однесува до бодовите и ситуацијата на табелата. На гостувањето кај Болоња извојувана е победа од 1:3, со што Кремонезе дефинитивно бега од долниот дел од табелата и опасната зона. Гостите на овој дуел имаа клучни четири минути во првиот дел. Пахеро во 31. минута, па Џејми Варди во 34. погодија за 0:2, за да во судиското продолжение Орсолини намали на 1:2. Џејми Варди ...
Кровната светска фудбалска асоцијација, ФИФА за в петок го закажа извлекувањето на групите за претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи следното лето 2026 година во САД, Мексико и Канада. Дванаесет групи ќе добијат по четири репрезентации, и на тој начин ќе бидат распоредени сите квалификувани селекции плус домаќините. Ден потоа пак, в сабота, ќе биде одреден и распоредот на натпреварите. Вкупно 48 репрезентации ќе одиграат точно 108 мечеви на ...
Големото дерби на турскиот фудбалски шампионат, помеѓу екипите на Фенербахче и Галатасарај заврши со поделба на бодовите. Конечниот резултат гласи 1:1, во еден како по обичај екстра интересен и возбудлив дуел. Гостите дојдоа во водство во 27 минута со голот на Сане. Резултатот не се менуваше се до последните моменти од мечот кога младиот Дуран, постигна ефектен гол и го израмни резултатот. Со оваа поделба на бодовите разликата меѓу вечните ...
Искусниот Един Џеко е мета на критики во јавноста во Италија, откако по поразот на неговиот тим Фиорентина од Аталанта, во рамките од викенд колото во Серија А, влезе во отворен вербален конфликт со дел од навивачите на трибините. Тоа автоматски значи и евентуална казна односно суспензија за босанецот, затоа што тоа реално е строго забрането, особено на највисоко фудбалско ниво. Откако заврши мечот, играчите отидоа до трибината кај навивачите, ...
Во таборот на Струга Трим Лум секако дека владее одлично расположение по највисоката прволигашка победа. Викендов против Башкими тимот на Трим Лум обезбеди голем триумф од 6:0, и на тој начин ја потврди и понатаму битката за есенската титула. Иако има само уште едно коло, стружани и натаму не се откажуваат од трката. „Натпреварот не започна најдобро, речиси петнаесетина минути бевме „поспани“ и не реагиравме како што треба. Потоа, со ...
Македонскиот репрезентативец, и искусен интернационалец, Александар Трајковски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб. Откако неколку месеци е без клуб, Трајковски еве на почетокот на месец декември конечно ја пронајде својата следна дестинација. Еден од загрепските прволигаши, му ги отвора вратите очигледно на сега веќе 33 годишниот напаѓач кој што со изведбите пред се во репрезентацијата изминатиот период ...
Нашиот репрезентативец Ставре Јада, продолжува да ги освојува снежните патеки и со голема посветеност да ги претставува боите на Македонија. Овој викенд, Ставре Јада се натпреваруваше на две ФИС трки во конкуренција со врвни светски скијачи, потврдувајќи дека македонското скијање има свој силен амбасадор на меѓународната сцена. Во Санта Катерина Валфурва – Италија, на трката 10км мажи, Ставре се пласираше на 23-то место од 103 натпреварувачи, ...
Сандро Вагнер нема повеќе да биде тренер на Бундес лигашот, Аугзбург. Тој и менаџментот на клубот спогодбено го раскинаа неговиот актуелен договор, и клубот ќе има нов кормилар многу скоро. Вагнер го предводи баварскиот клуб од почетокот на оваа сезона, а на 14 натпревари под негово водство, Аугсбург има забележано 3 победи, 1 нерешен резултат и 8 порази и е на 14-то место во Бундеслигата. Клубот преку официјално соопштение му се заблагодари и ...
Енди Мареј сподели анегдота за својот краток тренерски ангажман со Новак Ѓоковиќ, признавајќи дека сè започнало на прилично „срамотен“ начин. Британецот, кој во ноември го изненади тенискиот свет преземајќи ја улогата тренер на својот долгогодишен ривал само неколку месеци по пензионирањето, откри дека уште првиот ден телото го издало. „По тенискиот тренинг, неговиот кондициски тренер ми рече: Новак оди на долго, бавно трчање во паркот, сакаш ...
Везистот на Челзи, Енцо Фернандес е посочен како можен наследник на Лионел Меси на капитенската позиција во аргентинската репрезентација. Иако не цели кон култната десетка, Фернандес отворено признава дека сонува еден ден да ја преземе капитенската лента од легендата чија репрезентативна кариера се ближи кон крај, пишува Goal.com. Светското првенство 2026 речиси сигурно ќе биде негово последно. Меси – наследството и неизвесниот проштален момент ...