Џани Инфантино се соочува со секојдневни прашања за кризата во ФИФА и постојани повици дека е време да поднесе оставка. Првиот човек на светскиот фудбал го доживеа истото во петокот, но неговиот одговор беше инспириран од косата на новинарот – или поточно од недостатокот на неа – бидејќи претставникот на седмата сила е исто така ќелав како него! Инфантино се одржа интересен „дуел“ пред хотел во Доминиканската Република, каде што Инфантино ...

Неверојатен, фантастичен гол и тоа во Чемпионшип кој секако дека ќе конкурира за гол на годината и тоа на мечот Бирмингем – Бристол. Се играше 85.минута а резултатот беше 1:1, а тогаш гостинскиот фудбалер Том Балард ја затресе мрежата со удар со петтица. Домашните беа во шок а гостите во еуфорија, и поради водството, но и порада начинот на кој Балард ја затресе домашната мрежа. Навистина неверојатно е што направи фудбалерот на Бристол. ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше триумфот од 2-1 над Еспањол во првото коло од Ла Лига. „Кралевите“ дојдоа до победата благодарение на голот на резервниот играч Карлос Еспи кон крајот на натпреварот. „Мислам дека ја заслуживме победата, но Еспањол не заслужи да изгуби. Го контролиравме натпреварот многу добро, вршевме притисок, преземавме многу ризици и мислам дека заслуживме да победиме. Сепак, за тим кој игра како ...

Сергеј Јакировиќ испиша историја во Премиер лигата! Неговиот Хал Сити го шокираше Манчестер Јунајтед и победи со 2:0, а фудбалскиот тренер од Мостар стана првиот тренер од Босна и Херцеговина што победил во елитното англиско натпреварување. По натпреварот, харизматичниот Јакировиќ направи вистинско шоу пред англиските новинари. Сергеј Јакировиќ долго ќе го памети 22 август 2026 година. Не само затоа што неговиот Хал Сити сензационално го ...

Столе Димитриевски синоќа на мечот со Селта просто блескаше на голот на Валенсија. Овој меч заврши со резултат 0:0, Македонецот имаше неколку одлични одбрани, но со една посебно се истакна. Токму затоа Ла Лига преку својот медија центар на социјалните мрежи и тоа како го истакна настапот на нашиот репрезентативен голман, нарекувајќи ја таа одбрана на Македонецот – брилјантна. Јасно е дека Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, ...

Дејан Георгиевски, еден од нашите најголеми адути за медал на МИ 2026 во Таранто, имаше победнички старт. Нашиот таеквондист успеа во категоријата над 80 килиограми, да победи со 2:1 против Мотаз Ифауи од Тунис. Не беше нималку лесно за нашиот претставник, но сепак кога беше најпотребно во третата рунда успеа да го победи незгодниот противник. Од друга страна вториот наш таеквондист Филип Блажевски, во категоријата под 80 килограми, беше ...

Интер Мајами не успеа да победи во четвртиот натпревар по ред во МЛС и петтиот во сите натпреварувања. Тимот на Лионел Меси загуби со 1-2 дома од Торонто, иако Аргентинецот повторно постигна гол. Торонто пристигна во Флорида со само една победа во последните 14 натпревари од МЛС, но играше многу мудро и ги искористи своите шанси пред голот на Дејн Сент Клер. Пред паузата речиси и да немаше интересни моменти, бидејќи двата тима дејствуваа ...

Уште еден доказ дека Столе Димитриевски не само што го оправдува фактот дека е бр.1 на голманската позиција во Валенсија, туку и тоа дека е еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига. Во елитната лига на светскиот првак. Вечерва на “Местаља“, Валенсија остана непоразена од Селта, на крајот беше 0:0, само поради Македонецот кој едноставно беше фантастичен. Покрај тоа што остана со „чиста мрежа“, туку во неколку наврати на бравурозен ...

Потресни сцени на мечот Фенербахче – Коњаспор, на кој играше и нашиот Енис Барди. Во финишот беше 4:1 за домашните, ама имаше немили, потресни сцени. По еден воздушен дуел, Керем Актуркоглу остана неподвижен на теренот, а играчите на двата тима побараа медицинскиот тим да дојде и да му помогне што е можно поскоро. На напаѓачот на Фенер му беше укажана помош неколку минути, а Актуркоглу во еден момент ја изгуби свеста по еден дуел и пад. ...

Баерн Минхен триумфално ја започна новата сезона. Екипата на Винсент Компани успеа да ја победи Борусија Дортмунд со резултат од 1:2 (0:2) во меч од Супрекупот на Германија кој се одигра вечерва на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Борусија практично не се закани во првото полувреме, Баерн докажа дека моментално е најдобриот тим во Германија дури и на самиот почеток на сезоната и шансите продолжија да се појавуваат, а веќе во 28-та минута го ...

Попладнево се одиграа пет натпревари од 2.коло во ВМФЛ. Втор меч како домаќин, иако сега во Кавадарци, и втор кикс на Пелистер,на тимот кој се посочуваше како главен фаворит сезонава за највисок пласман. По тие 1:1 со Камјани минатата сабота, сега и против Брера реми, ама без голови. Очигледно е дека на битолчани не им оди и во Втора лига. Пелистер речиси цело второ полувреме играше со играч повеќе, но железната одбрана на гостите, на ...

Фудбалската селекција на Македонија, односно У-20 тимот, вечерва на својот прв меч на Медитеранските игри во Таранто, одигра без нерешено 0:0 против соодветната селекција на Тунис. Тоа значи дека избраниците на селекторот Александар Таневски освоија бод на својот прв меч во групата А, во која се и репрезентациите на Турција и Мароко. Првите две екипи ќе одат во следната фаза, во полуфиналето на фудбалскиот турнир на Медитеранските игри во ...

Ни Мбапе, ни Вини, туку резервистот Еспи е херојот на Реал Мадрид. Се играше 90. минута кога Еспи, кој влезе само десет минути претходно на местото на Белингам, успеа да се снајде пред голот на Еспањол и да “стрела“ за конечни 1:2 за “Кралевите“.Ова беше меч од 2.коло во Ла Лига, но и прв меч на Реал Мадрид во новата сезона. Секако дека Жозе Мурињо во негов стил му се израдува на голот и победата, тој тргна со победа во својот втор мандат на ...

Марио Младеновски, со својот Вараждин во 28.минута најави сензација на “Максимир“ кај Динамо Загреб, со гол за голема радост, но тоа беше само најава. Ова на македонскиот интернационалец беше втор гол сезонава во ХНЛ, иако е дефанзивец, но на крајот резултатот гласеше 3:1 за големиот фаворит. Интересно е што на одмор се замина со тие 0:1, со голот за водство на Македонецот, ама во продолжение шампионот на Хрватска и тоа како ја покажа сета ...

Заминувањето на освојувачот на “Златната топка“ е огромен удар за тимот на Манчестер Сити, кој со години ја градеше својата доминација токму преку неговата игра на средината од теренот. Родри одигра 298 натпревари за Сити и освои дури 14 големи трофеи, вклучувајќи четири титули во англиското првенство и Лигата на шампионите. Сепак, на „Етихад“ очигледно не сакаат долго да тагуваат по една од своите најголеми ѕвезди. Манчестер Сити веќе ...

Македонската пресметка во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ повторно му припадна на ГРК Охрид, кој повторно на сметка на Вардар успеа да дојде до нов пехар пред стартот на сезоната. Избраниците на Борис Ројевиќ славеа со 29-27 (12-10). И на оваа средба тренерот, Иван Чупиќ не можеше да смета на комплетниот состав, без Малус, Јанковски, Лазаревски, Да Силва. Во првото полувреме видовме изедначена игра, со тоа што водството се менуваше, ...

Само шест дена по неговиот 25-ти роденден, почина португалскиот фудбалер Кевин Кастро, кој се струполи на теренот за време на пријателскиот натпревар помеѓу Реал Масама и Естрела Амадора. Лекарите веднаш се обидоа да му помогнат, беше употребен и дефибрилатор, но фудбалерот, за жал, почина откако беше префрлен во болница. Кастро се струполи во десеттата минута од натпреварот, по што на теренот истрчаа лекарите од двата клуба. На помош дојдоа ...

Каква бламажа на “Спарси“ на стартот од сезоната во ПЛ? Ниту Тонали од 108.000.000, ниту Фернандес, кој беше платен 98.000.000 евра, не му помогнаа вечерва на Тотенхем, кој потроши 327.000.000 европски банкноти во претходниот дел од преодниот рок. Резултатот од тоа во првото коло од новата сезона во Премиер лигата е поразителен, Брентфорд – Тотенхем 3:0. Играчите на менаџерот на тимот Роберто де Зерби беа надиграни во секој сегмент од ...

Натпреварот помеѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн во 1/32-финалето од Купот на Германија на крајот беше одигран и заврши со победа од 1-0 за гостите по продолженијата. Мечот беше прекинат на крајот од регуларното време кога домашните навивачи влегоа на теренот, а полицијата мораше да влезе за да спречи тепачка меѓу навивачите на двата тима. Сузбивањето на немирите и враќањето на навивачите на Манхајм во нивниот сектор резултираше со ...

Откако го победи Рајо Ваљекано дома во првото коло, Севиља сепак успеа да освои три бода во далеку потешка задача. Како гости, го победи Атлетик Билбао со резултат од 1:3 (0:1). Билбао беше подобар противник на почетокот од натпреварот. Неколку сериозни напади, обиди на Геренбарена и Игнасио Вилијамс, а потоа и клучниот детаљ од натпреварот. Билбао остана со играч помалку по прекршокот на Берчиче, кој како последен играч во одбраната го ...

Да се знае кој е кој во Серија А. Имено на отварањето на новата сезона во елитната лига во Италија, шампионот тргна шампионски. Интер со 4:1 на свој терен на “Меаца“ во Милано славеше против Монца. Чалханоглу со “бомба“ успеа да го совлада гостинскиот голман уште во 6.минута за 1:0 за тимот на стратегот Кристијан Киву. Сепак Монца не се предаде така лесно, па во 29.минута Варела израмни на 1:1, резултат со кој се замина одмор. Во продолжение ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали својот тим по победата од 3-0 над новодојдениот Ковентри во првото коло од Премиер лигата. „Одлична игра – ми се допаднаа многу работи во играта на момчињата. Доминиравме целосно, имаше неверојатно разбирање на теренот. Постигнавме два одлични гола пред паузата. Моравме да ја контролираме играта и им дадовме време на некои играчи за игра, па затоа беше навистина добар натпревар“, рече Артета. „Не ...

Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина. Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2:2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите. Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18-тата капитенот Леис Факиќ зголеми на 2:0. Во ...

Шкендија (А) – Арсими 0:2 попладнево на Чаир во меч од 4.коло во нашаат елитна лига. Со двата гола на Лорик Каба Јакупи во второто полувреме, тимот од Чегране дојде до победа, втора сезонава и втора во низа. Интересен меч на Чаир, со многу шанси и со два гола, и двата во мрежата на домашниот тим. Иако под невозможни временски услови, +40 степени Целзиусови на Чаир во Скопје, првото полувреме беше интересно. Домашните имаа свои шанси, ама ...

Кошаркарите на ТФТ доцна попладнево во Солун, во пријателски меч се поразени од ПАОК со 94:69. По традиција овие две екипи играат контролни мечево пресрет на стартот на сезоната. Повеќе од јасно е дека домашниот состав, со оглед на квалитетот, дојде до убедлива победа. Уште од самиот старт домашните кошаркари наметнаа свој стил на игра, резултатски се одлепија и потоа се беше полесно за составот на стратегот Андреа Тринкиери. Кај тимот на ...

Илија Несторовски и во новата сезона во ХНЛ покажува дека е врвен голгетер и дека годините не му пречат. Попладнево во меч за својот Славен Белуо против Горица стрелаше за 2:0 во 21.минута. Ова беше негов втор гол сезонава во најсилната лига во Хрватска. Да кажеме дека Македонецот имаше шанси и за втор гол. Сепак во 65.минута мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда, да се надеваме дека сепак не е ништо сериозно за нашиот ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Холандија која како 12-тата трка во сезоната во Формула 1 ќе се вози утре. Британецот ја освои втората пол-позиција по ред на „Зандворт“, со круг од 1:11.163 минути, со десетинка предност во однос на Џорџ Расел во Мерцедес. На овој начин, актуелниот шампион му се одмазди на својот сонародник за тоа што му ја украде пол-позицијата за спринт трката во последен ...

Италијанскиот маратонец Алесио Окипинти е победник на 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска. Тој ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри за 5:03,44 часа. Одличен настап имаше македонски млад маратонец, Петар Цеков, кој во конкуренција на 16 маратонци на крајот го освои третото место. Второто место му припадна на Николо Ричарди, а 17-годишниот Петар Цеков успеа да се пробие меѓу ...

Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал Палас. Победата на „карамелите“ ја најави Десбјури-Хол со голот во 42. минута, а печат на триумфот стави Бери со голот во 53. минута од мечот. Големо разочарување за навивачите на „Сити Граунд“ каде екипата на Нотингем Форест на домашен терен загуби во ...

Во очекување на новата кошаркарска сезона во домашното првенство, Владимир Мирковски, шефот на стручниот штаб на КК Работнички, најави битка за врвот. “Цел ни е да го вратиме Работнички таму каде што му е местото – на врвот! Имаме нова управа, нова енергија и заедничка цел – да го вратиме Работнички таму каде што му е местото!”, вели Владимир Мирковски. Мирковски ја почнува својата 24-та сезона како тренер, а втора на кормилото на сениорите ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76