Европската ракометна федерација, ЕХФ, на социјалните мрежи му посвети објава на македонскиот првак Вардар кој после неколку години пауза се враќа во Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои во 2017 и 2019 година. „Ноќите на ЕХФ Лигата на шампионите се повторно во Скопје. Двократните шампиони Вардар се враќаат. Дали се подготвени уште еднаш да ја изненадат Европа?“, објави ЕХФ. Тука се и снимки од некои од најинтересните моменти од ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го најави „кам-бекот“ на Вардар 1961 во Лигата на шампионите. Двократниот европски првак повторно се враќа на најголемата сцена, а ЕХФ потсети на најдобрите денови, кога вардарци двапати се искачија на покривот на Европа и оставија силен белег во елитното натпреварување. Амбициите на Вардар се секогаш високи, а армијата навивачи на „црвено-црните“ сигурно се надева на нови успеси и што ...