Црногорските претставници во европските фудбалски купови летово одиграа девет натпревари од квалификациите и ги загубија сите девет, со негативна гол-разлика од 6-19. Морнар, Дечиќ и Петровац беа елиминирани на првата пречка со по два пораза, и тоа од клубови од Андора, Летонија односно Литванија, додека шампионот Сутјеска, откако беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите, е пред испаѓање и од Конференциската лига. Во првиот ...
Црногорскиот клупски фудбал продолжува да тоне на европската сцена. Со поразот на Сутјеска од 0-3 против белорускиот шампион МЛ Витебск, црногорските клубови ја продолжија црната серија - девет европски натпревари и девет порази. Особено загрижува фактот што сите екипи кои ги елиминираа црногорските претставници во првото квалификациско коло, веќе во следната рунда беа елиминирани без да постигнат ниту еден гол, и тоа против противници кои не ...

