Пари Сен Жермен е на пaт да официjализира две сериозни офанзивни засилувања. Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација Феран Торес и белгискиот талент од Ајакс, Мика Годс, пристигнаа во Париз, каде што ќе ги минат медицинските прегледи пред да ги комплетираат трансферите. Според информациите, двата трансфера се веќе договорени и потврдени. Торес ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на францускиот шампион за обештетување ...

Вардар обезбеди пласман во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, каде ќе се соочи со бранителот на трофејот Охрид. Црвено-црните убедливо го совладаа Бутел со 36-23 и без поголеми проблеми го потврдија првото место во својата група. Поради лошите временски услови во Струга, натпреварите наместо на отвореното игралиште се одиграа во СЦ „Тими“. Вардарци уште од самиот почеток ја презедоа контролата и рутински стигнаа до победата ...

Галатасарај изненадувачки не успеа да победи на свој терен против екипата на Корум во дуел од првото коло на новата сезона во турското првенство. Актуелниот турски првак се намачи и со гол во 90 минута се спаси од пораз. На крајот, дуелот заврши 2:2. Овој меч е значаен за македонската фудбалска јавност, затоа што во дресот на турскиот гигант дебитираше Газимчан Караташ. Тоа е левиот бек кој летово направи трансфер од тимот на Башакшехир во ...

Сагата околу иднината на Савињо влегува во решавачка фаза. Дваесет и двегодишниот Бразилец сака уште ова лето да го напушти Манчестер сити, но клубот засега не дава зелено светло за трансферот, иако на маса има понуда дури од 100 милиони евра од Тотенхем. Лондонскиот клуб, предводен од Роберто де Ѕерби, сака да изгради силен тим за новата сезона, а Савињо е една од главните желби. Сепак, Манчестер сити не е подготвен лесно да се откаже од ...

Сопствениците на поранешниот англиски шампион, Лестер, се подготвени да го продадат клубот, но бараат најмалку 200 милиони фунти. Лестер од оваа сезона ќе игра во Лига 1, третото ниво на англискиот фудбал. Тоа е драматичен пад за клубот кој само пред десет години ја освои титулата во Премиер лигата, во една од најголемите сензации во историјата на фудбалот. Кинг Пауер го презеде клубот во 2010 година, под водство на тајландскиот бизнисмен ...

Трансферот на Жоао Палиња од Баерн Минхен во Астон вила изгледа сè помалку веројатен. Тоа го потврди спортскиот директор на баварскиот гигант, Макс Еберл. Во овој момент двата клуба не можат да постигнат договор за трансферот. Баерн сака да го продаде Палиња, додека Астон вила преферира да го доведе на позајмица. Германскиот шампион не се согласува со таквата опција и инсистира на директна продажба. „Астон вила нè контактираше во врска со ...

Некогашниот италијански репрезентативец Чиро Имобиле ненадејно стави крај на играчката кариера на 36 години. Во последната сезона, Имобиле го носеше дресот на францускиот тим Париз, а имаше договор до јуни 2027 година, но неочекувано реши дека е време да се прости од активното играње. На официјалните страници на социјалните мрежи на Париз му изразија благодарност и му посакаа сѐ најдобро. Merci pour ton exceptionnelle carrière, Ciro ...

Арсенал започна преговори со Баер Леверкузен за евентуален трансфер на дефанзивецот Џарел Кванса, информира „Скај спортс“. Микел Артета сака да го засили тимот со нов одбранбен фудбалер поради повредата на Вилијам Салиба и хроничните проблеми со кои се соочува Јуриен Тимбер. Поради тоа, Tопчиите бараат играч кој може да настапува и како централен дефанзивец и како десен бек. Досега Арсенал беше поврзуван со Езри Конса и Жил Кунде, но нова цел ...

Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Брадли Баркола, е сè поблиску до трансфер во Ливерпул. Според информациите, двата клуба наскоро ќе постигнат договор за трансфер вреден 125 милиони евра. Французинот веќе ги договорил личните услови со Црвените и треба да потпише договор до 2032 година. Баркола не настапи во натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон вила, а по натпреварот, претседателот на парискиот клуб, Насер Ал-Хелаифи, призна ...

Манчестер јунајтед сериозно се подготвува за стартот на новата сезона во Премиер лигата, а тренерот Мајкл Карик е во потрага по нови засилувања. Гигантот од „Олд Трафорд“ летово веќе потроши 85 милиони фунти за доведување нови играчи. Дресот на Манчестер јунајтед го облекоа Андреј Сантос, Јури Тилеманс и голманот Карл Дарлоу, додека Маркус Рашфорд исто така се врати по позајмицата во Барселона. Сепак, Карик потенцира дека тука не е крајот на ...

Искусниот аргентински голман Нахуел Гузман повторно се најде во центарот на вниманието поради своето контроверзно однесување откако доби црвен картон поради туркање на судијата во натпреварот помеѓу Тигрес и Ванкувер Вајткепс. Дуелот од последното коло во групната фаза на Лига купот заврши нерешено 1-1, по што Тигрес победи со 5-4 на пенали. Покрај возбудувањата околу победникот, мечот ќе се памти и по глупоста која ја направи Гузман. ...

Сопствениците на Ливерпул се согласија да продадат околу една третина од клубот на конзорциум, вклучувајќи го и милијардерот и основачот на Амазон, Џеф Безос. Во соопштението, „Фенвеј Спортс Груп“ (ФСГ) потврди дека е постигнат „дефинитивен договор“ за продажба на „стратешка малцинска инвестиција“ на „1892 Холдингс“. Групата ја предводи британско-индискиот милионер бизнисмен Амит Батија, а го вклучува и милијардерот и коосновач на Фејсбук, ...

Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим веќе започна да прави големи промени во составот на Росонерите. На подготовките во пресрет на новата сезона, Аморим констатирал дека во составот нема да му бидат потребни дури седум фудбалери и дал „зелено светло“ тие да си заминат од „Сан Сиро“. Според информациите што ги објави „MailSport“, на списокот се наоѓаат неколку добро познати имиња кои претходно играле разни улоги во тимот. Прв меѓу нив е Фикајо ...

Екипата на Арсими стигна до првата победа и првите бодови воопшто во новата сезона од македонската фудбалска лига. Во третото коло, Арсими пред своите навивачи минимално со 1:0 славеа против Башкими во дуел на единствените две екипи кои немаа освоено ниту еден бод во првите две кола. Во првото полувреме немаше погодоци, иако двата тима имаа свои шанси за погодок. Најдобрата можност Арсими ја пропушти во 38 минута кога Велија ја погоди ...

Интер и Лацио мораа итно да го променат договорот меѓу нив во врска со трансферот на играчот од средниот ред Давиде Фратеси во „орлите“, објавија италијанските медиуми. Како што е познато, двата клуба се договориле да го изнајмат италијанскиот репрезентативец за еден милион евра и условна задолжителна опција за откуп за 14 милиони евра, како и 50% од парите во случај на негова следна продажба. Сепак, поради лошата финансиска состојба на ...

Шпанскиот стратег Алберт Риера потпиша двегодишен договор со Црвена ѕвезда. Договорот беше потпишан на Мајорка, каде што Риера се наоѓа и се очекува најдоцна до недела да се пресели во Белград. Според медиумите во Србија, Риера ќе има одличен договор од финансиски аспект. Пишувањата се дека Шпанецот во првата сезона ќе заработи 960.000 евра, а во втората сезона како предводник на Црвена ѕвезда би заработил 980.000 евра. Риера нема да има ...

Само неколку дена по венчавката на Кристијано Роналдо и Георгина Родригес откриени се деталите од церомонијата. Двајцата склучиле граѓански брак во својот нов дом во близина на Лисабон, а на церемонијата присуствувале само нивните најблиски и децата. Венчавката се одржала на 11 август во 13:30 часот, во луксузниот дом на Роналдо во престижниот кварт Квинта да Марина, во близина на Кашкаиш. На церемонијата присуствувале четворица сведоци, ...

Трансферот на Родри во Барселона е една од најактуелните приказни во преодниот рок, а сега се откриени и вистинските причини поради кои сè уште не е реализиран. На најдобриот играч на Светското првенство, Родри, му останува уште една година од договорот со Манчестер сити. Токму поради тоа се очекуваше неговиот трансфер во Барселона да биде релативно едноставен, но ситуацијата е далеку од таква. Во последно време големите европски клубови не ...

Барселона сака да ангажира нов централен напаѓач до крајот на преодниот рок. Главна желба на Каталонците е Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид, но трансферот на аргентинскиот репрезентативец во овој момент изгледа многу тешко остварлив. Поради тоа, на „Камп ноу“ веќе се разгледуваат и алтернативни решенија. Една од опциите е голгетерот на Спортинг Лисабон, Луис Суарес. Тој се најде на листата на потенцијални засилувања откако станува јасно ...

Кристијано Роналдо повторно е во активен погон за тренинг во тимот на Ал-Наср. Португалскиот ветеран се врати на тренинг по неколкуте слободни денови што ги имаше за неговата венчавка. Роналдо направи свадба со неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригес. Само два дена по свадбата, Роналдо се врати во тимот на Ал-Наср и се приклучи на подготовките на тимот. Кога се појави на првиот тренинг, Роналдо изненади со нов имиџ. Како ретко кога, ...

Работнички за првпат во својата историја ќе се натпреварува во Втората лига, а ова лето клубот претрпе целосна трансформација на играчкиот кадар. По испаѓањето од елитата, Романтичарите влегуваат во новата сезона со амбиција експресно да се вратат меѓу најдобрите. Нов тренер на тимот е Баже Јанакиевски, кој доби задача да создаде конкурентна екипа и да го врати Работнички во Првата лига. Во сезоната 2026/27, дресот на Романтичарите ќе го ...

Нов Зеланд се приклучи кон земјите кои ја повлекоа поддршката за актуелниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. Одлуката доаѓа како реакција на плановите на швајцарскиот функционер за продажба на дел од комерцијалните права за турнирите под покровителство на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. Планот во меѓувреме беше повлечен, но предизвика сериозна загриженост околу ...

Аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварес ја прифатил одлуката на Атлетико Мадрид да не му дозволи трансфер во Барселона и, според информациите од извори блиски до клубот, ќе продолжи да го носи дресот на Јорганџиите. Аргентинскиот напаѓач им се извинил на соиграчите поради јавното изразување на желбата да го напушти клубот. Тој им порачал дека повторно ќе биде целосно посветен на тимот, како што беше во претходните две сезони. Алварес ...

Најдобриот играч на Светското првенство, Родри, конечно ја коментираше својата иднина во Манчестер сити и призна дека е подготвен да го напушти клубот. По завршувањето на Мундијалот започнаа шпекулациите за иднината на шпанскиот играч за врска. Прво се споменуваше Реал Мадрид, а потоа во трката се вклучи и Барселона. Дури се појавија информации дека Родри и каталонскиот клуб ги договориле личните услови, но дека останало клубовите да се ...

Енцо Фернандес кажал „да“ за Манчестер сити и сега чека Челзи да попушти и да му дозволи да се пресели на „Етихад“. Челзи во текот на оваа недела постави рок до петок во 18 часот за потенцијална понуда, која мора да изнесува 120 милиони евра. Во спротивно, преговори нема да има. Доверливата аргентинска новинарка Вероника Брунати, која е позната по блиските контакти со аргентинските репрезентативци, потврди дека Енцо ги договорил личните ...

Реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу полскиот Лех од Познањ и КИ Клаксвик од Фарските Острови е одложен за еден ден поради проблеми со патувањето на гостинскиот тим. Густата магла над аеродромот Вагар во средата го оневозможила планираното слетување на Лех. Бидејќи станува збор за единствениот комерцијален аеродром на Фарските Острови, полскиот тим немал можност да го пренасочи летот. Нов обид за патување имало во ...

Европската „екскурзија“ за македонските клубови заврши синоќа, откако и последниот преставник Шкендија доживеа елиминација. Шкендија одигра без голови против Хибернијан во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, па со вкупни 1:2 е елиминирана. Претходно елиминации доживеаа и Вардар и Силекс. Вардар прво беше елиминиран од КуПС во квалификациите од Лига на шампиони, а потоа кога продолжи во Конференциската лига веднаш ...

1011 Вулверхемптон – Блекбурн (21:00) Вулвехмптон и Блекбурн ќе означат старт на новата сезона во англиската Чемпионшип дивизија, а очекувањата се дека тоа ќе биде во ефикасен меч и со победа на домашната екипа. Волците немаат пораз од денешниот противник уште од 2012 година, а оттогаш победија петпати и четирипати играа нерешено. Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.24) 3032 Каљари – Арецо (18:30) Каљари е апсолутен фаворит на дуелот од ...

Третото прволигашко коло започнува со дуел во Гостивар на двете екипи кои имаа најслаб старт на првенството. И Арсими и Башкими имаат по нула бодови, но и катастрофална гол-разлика од 1:20. Екипата од Чегране загуби со 5:1 од Тиквеш и со 4:0 од Брегалница, додека кумановци беа поразени со 6:0 од Силекс и со 5:0 од Тиквеш. Токму затоа овој меч е можност за една од екипите да излезе од кризата, а според составот, поблиску до такво нешто е ...

Понудата со зголемени квоти на Sport Life за петок во Супер типот е комплетно фудбалска. Сите 16 натпревари се од фудбалот, а она што е интересно, дури на 14 меча фаворитската улога ја имаат домашните екипи. Само на два меча се очекуваат победи на гостите. Првиот натпревар од Супер типот започнува во 12 часот, а освен зголемени квоти за конечен тип, може да се најдат и за игрите на голови, тимови, но и комбинација од конечен тип и голови. Во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53