Третото прволигашко коло започнува со дуел во Гостивар на двете екипи кои имаа најслаб старт на првенството. И Арсими и Башкими имаат по нула бодови, но и катастрофална гол-разлика од 1:20. Екипата од Чегране загуби со 5:1 од Тиквеш и со 4:0 од Брегалница, додека кумановци беа поразени со 6:0 од Силекс и со 5:0 од Тиквеш. Токму затоа овој меч е можност за една од екипите да излезе од кризата, а според составот, поблиску до такво нешто е ...

Башкими сè уште е без освоен бод во новата сезона од Првата лига, откако претрпе два тешки пораза во првите две кола. Со дури 11 примени гола и ниту еден постигнат, клубот од Куманово имаше лош старт, но во екипата веруваат дека со промената на стручниот штаб и доаѓањето на новиот шеф, Шабан Сулејмани, работите ќе тргнат во позитивна насока. Следен ривал на кумановци е екипата на Арсими, денеска од 16:30 часот, која исто така е без бодови по ...