Аргентина ќе игра во финалето на Светското првенство 2026 откако по голема драма со 2:1 ја победи Англија. ПО досадното прво полувреме во кое немаше ниту еден шут во рамките на двата гола, во вториот дел се случи спектакл. Двата тима започнаа многу поофанзивно, а први на гол се израдуваа Англичаните. Се играше 55 минута кога Англија направи брз напад, во неколку потези. Роџерс асистираше, а Ентони Гордон погоди за предност од 1:0. Ова беше ...

Дидие Дешан ќе седне на клупата како селектор на Франција за последен пат во својата кариера во натпреварот за третото место на Светското првенство в сабота. По 14 години на чело на француската репрезентација и бројни успеси, легендарниот Дидие Дешан се збогува со клупата на Галските петли. Дешан уште во јануари објави дека Светското првенство 2026 ќе биде неговото последно натпреварување, а неговата голема ера официјално завршува со ...

Англија поведе со 1:0 против Аргентина во второто полуфинале на Светското првенство. Се играше 55 минута кога Роџерс нафрли, а Ентони Гордон одлично се снајде во петерецот и го матираше голманот на Аргентина. Ова беше прв шут во рамките на голот на Аргентина и голманот Мартинез беше немоќен. За Гордон ова е прв погодок во дресот на репрезентацијата на Англија. Тој е фудбалерот кој непосредно пред почетокот на Мундијалот потпиша за ...

Прославениот француски репрезентативец Н’Голо Канте незабележително ја заврши мундијалската приказна. Докажаниот борец на теренот познат по својата искрена насмевка, на овој Мундијал си замина тажен. Франција синоќа беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија со 2:0, а Канте разочарано го гледаше немоќот на неговите соиграчи на теренот. Во седумте натпревари кои Франција ги одигра на ова СП, Канте не одигра ниту една минута. За Галските ...

Англија и Аргентина буквално водат фудбалска војна на теренот на „Мерцедес-Бенз“ стадионот во Аталанта, а по првото полувреме нема голови. Влогот е огромен, победникот ќе обезбеди место во финалето на Мундијалот, каде веќе чека Шпанија. Во првото полувреме беа направени дури 19 фаули (12 во корист на Англија и седум за Аргентина), што доволно кажува колку жестоко играат и не се дава никаква шанса на противникот да се надева дека може да ...

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство 2026. Во полуфиналето, Црвената фурија со 2:0 ја победи Франција и покажа дека знае да одигра најдобро против главните ривали во трката за трофејот. Малкумина веруваа дека Шпанија ќе може да ја заджи забревтаната Франција, и тоа без да постигне ниту еден гол. Сепак, Шпанија на овој Мундијал има гранитна одбрана. На шест од сеумте средби кои ги одигра, Шпанија не прими гол. ...

Шпанскиот играч од средниот ред, Родри, има вкупно 655 додавања на Светското првенство 2026, што претставува рекорд на Мундијалите од 1966 година наваму. Во полуфиналниот натпревар против Франција, кој Шпанија го доби со 2-0, Родри комплетира 67 додавања со прецизност од 86,6 проценти. Евентуалното освојување на светската титула ќе го внесе Родри во ексклузивното друштво на фудбалери кои во својата кариера ги освоиле Светското првенство, ...

Ривалството меѓу Англија и Аргентина е огромно и тоа не е само на спортски план туку има и историска нишка. Дека се воинствено расположени пред почетокот на мечот, навивачите на двете селекции покажаа со непочитување додека се интонираа химните на двете репрезентации на стадионот ” Мерцедес Бенз” во Атланта. Ривалството меѓу Англија и Аргентина е огромно и тоа не е само на спортски план туку има и историска нишка. Дека се воинствено ...

Англија и Аргентина ќе играат во меч кој треба да го даде вториот патник во финалето на Светското првенство. Се очекува натпреварот да биде напнат, благодарение на историското соперништво на Аргентина со Англија. Видео помошниците на судиите (VAR) се пред голема промена пред натпреварот. Поради голем број сомнителни одлуки на Светското првенство оваа година, службените лица за VAR ќе бидат сместени на самиоѕ стадион Идејата, според ...

Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство во меч на кој Ламин Јамал уште еднаш излезе како победник во дуелот против Килијан Мбапе. Двете светски ѕвезди беа во фокусот, а на крајот Јамал се радуваше и тоа веќе станува нормално. Во текот на изминатите две години, Јамал и Мбапе редовно играат еден против друг на клупско ниво, но и во националните дресови. Резултатот е речиси неверојатен, затоа што во досегашните ...

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на фудбалската јавност откако се појавија информации дека тој размислува и за настап на Светското првенство во 2030 година. Иако нема официјално потврда од таборот на Роналдо, можно е да се случи ветеранот да остане активен и во следните четири сезони. Една од главните причини за ваквите шпекулации дека Роналдо ќе игра на СП 2030 е тоа што Португалија е една од земјите кои ќе бидат домаќини на ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс Кратово утревечер во Скопје ќе го игра реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против тимот на Динамо Минск. На првиот меч одигран на неутрален терен во Стара Загора, кратовци одиграа одличен меч и победија со 1:0. Тоа значи дека утревечер Силекс доволно е да не загуби за да ги продолжи настапите во следното коло во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Тренерот на ...

Вардар победи на гостувањето кај КуПС, но ,за жал, е елиминиран од квалификациите во Лигата на шампионите. Македонскиот првак по 90 минути имаше предност од 2:0, а тоа беше истиот резултат со кој загуби во Скопје на првата средба. Токму затоа требаше да се играат дополнителни 30 минути во кои КуПС даде два гола, а Вардар само еден и на крајот резултатот беше 2:3 во корист на Вардар, но првакот на Финска се радуваше со вкупен резултато од 4:3. ...

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе изрази јасна желба летово да го облече дресот на Реал Мадрид. Како што пренесува угледниот новинар Санти Ауна, фудбалерот кој имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен, сега е подготвен за нов предизвик и тоа во Кралскиот клуб. Оваа желба на Олисе ја знаат и челниците на Реал Мадрид и можно е да се случи мадридскиот гигант да подготви огромна сума за негово доаѓање. Од друга страна, од Баерн Минхен ...

Поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни упати големи пофалби за Џуд Белингам, кого го прогласи за најдобар фудбалер на Светското првенство досега. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид прикажува феноменална форма и веќе има шест гола на шест натпревари. Со овој учинок тој заостанува само два гола зад лидерите во трката за Златната копачка, Килијан Мбапе од Франција и Лионел Меси од Аргентина. Пред Белингам е и Ерлинг Халанд со седум погодоци, ...

Златан Ибрахимовиќ немаше милост кон Французите по поразот во полуфиналето на Светското првенство од Шпанија, а посебно го критикуваше Дидие Дешан поради една одлука поврзана со составот. Франција го заврши настапот во борбата за златниот медал откако во полуфиналето загуби од Шпанија со 2-0. Иако многумина ја сметаа Франција за главен фаворит за освојување на светската титула, Шпанија одржа вистинска фудбалска лекција и заслужено обезбеди ...

Фудбалскиот клуб Илинден продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Денеска беа промовирани четворица нови фудбалери кои во следната сезона ќе го носат Црвено-црниот дрес на тимот. Давид Ристовски е играч кој доаѓа од екипата на БВК Коњаре и настапува на позицијата офанзивен играч за врска. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој потекнува од фудбалско семејство од Општина Илинден и кој со своите квалитети, карактер и желба за ...

Фудбалската репрезентација на Англија не игра со истиот интензитет на Светското првенство како што фудбалерите го покажуваат тоа на клупско ниво во Премиер лигата, но аргентинскиот играч од средниот ред, Алексис Мекалистер, останува внимателен пред полуфиналниот дуел меѓу двете селекции. Дваесет и седумгодишниот фудбалер, кој веќе шест сезони настапува во англиското првенство и зад себе има освоена титула со Ливерпул, смета дека постои ...

Изминатата ноќ бил извршен обид за грабеж во куќата на Ламин Јамал во Есплугес де Љобрегат (Барселона), кој бил спречен благодарение на брзата реакција на неговото приватно обезбедување. Чуварите на камерите забележале двајца маскирани мажи како се качуваат на ѕидот околу имотот, по што тие избегале, а случајот бил пријавен во каталонската полиција „Мосос д’Ескуадра“. Според информациите на весникот „Ла Вангвардија“, обидот за грабеж се ...

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓорѓиевска и официјално е ново засилување на Црвена ѕвезда, клуб кој во новата сезона влегува со значително поголеми амбиции, како на домашната така и на меѓународната сцена. Ѓорѓиевска во редовите на српскиот тим пристигнува по настапите за турскиот клуб Одунпазари, а зад себе има богата интернационална кариера исполнета со настапи во неколку европски првенства. Македонската ракометарка во своето ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека „нема да ги меша“ фудбалот и политиката пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија во Атланта. Двете репрезентации ќе обноват едно од најпознатите ривалства во историјата на репрезентативниот фудбал. Англија ќе се обиде да го совлада актуелниот светски шампион и да стигне до своето прво финале на Светско првенство по 1966 година. Ривалството на теренот дополнително е ...

Шпанија ја победи Франција со 2-0 во полуфиналето на Светското првенство. Стрелци беа Микел Ојарзабал во 22-рата минута од пенал и Педро Поро во 58-мата минута. Шпанија сега во неделното финале го очекува победникот од натпреварот меѓу Аргентина и Англија. Во составот на Шпанија посебно импресионираше Марк Кукуреља. Левиот бек на Црвената фурија и од неодамна фудбалер на Реал Мадрид целосно го неутрализира Мајкл Олисе. Офанзивецот на Баерн ...

Шкендија практично ја заврши работата уште на првиот натпревар во Гибралтар, каде што убедливо ја совлада Европа со 5-0, па утрешниот реванш на Националната арена „Тодор Проески“ треба да биде само формалност. Сепак, и покрај огромната предност, тренерот на тетовскиот тим Артим Положани не дозволува никакво опуштање. Тој најави максимално сериозен пристап, како и на секој друг европски натпревар. „Имаме добар резултат од првиот натпревар, но ...

Галатасарај започна контакти со Манчестер сити за можен трансфер на англискиот репрезентативец Фил Фоден, пренесуваат турските медиуми. Според информациите на весникот „Фанатик“, претседателот на Галатасарај, Дурсун Озбек, му дал целосни овластувања на италијанскиот агент Џорџо Гарди да ги води преговорите со раководството на англискиот клуб и да ги испита условите под кои би можела да се реализира зделката. Истиот извор наведува дека токму ...

Шпанија го чека ривалот во финалето на Светското првенство. Дали тоа ќе биде актуелниот светски првак Аргентина или селекцијата на Англија, одговорот ќе го добиеме вечерва. Лео Меси или Хари Кејн? Кој ќе блесне на полуфиналната пресметка во Атланта? „Меси е најдобар во историјата и заслужува максимален респект“, вели Хари Кејн. Од друга страна, Меси никогаш во кариерата нема одиграно натпревар против Англија. Понудата на Специјалниот сингл е ...

Победата на Вардар на гостувањето кај КуПС од 2-0 во регуларен дел и 3-2 по продолженија не беше доволна за пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но донесе поени за македонскиот фудбал на рангирањето на УЕФА. На табелата на едногодишен коефициент на УЕФА, Македонија е 13-та во Европа. Победите на Вардар, Силекс и Шкендија донесоа 1.000 поени и заедно со Азербејџан сме најуспешни летово. На петгодишната табела ...

Паузата помеѓу двете полувремиња на финалниот натпревар на Светското првенство, што ќе се игра в недела на стадионот „Метлајф“, треба да трае околу 25 минути поради музичката програма моделирана како на Суперболот. За време на паузата ќе се одржи спектакл, чии главни ѕвезди се Мадона, Шакира и јужнокорејската K-поп групата BTS. Правилата на играта, како што се донесени од Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), предвидуваат дека ...

Бет билдер понудата на Sport Life е составена од шест комбинации со двоцифрени квоти за полуфиналниот меч од Светското првенство Англија – Аргентина. Една од комбинациите е со квота од 13.0, а за добивка треба Кејн, Гордон, Меси и Алварес да упатат барем по еден до два шута во рамките на голот на противникот. Има комбинации кои ја фаворизираат едната или другата репрезентација, како и неутрални, каде што се бара придонес од два тима. ...

Шпанија на ова Светско првенство се покажа како уништувач на своите европски ривали. Во нокаут-фазата дома ги испрати Австрија, Португалија и Белгија, а ја надигра и ја совлада и фаворизираната Франција. Сега ѝ следува финале со Англија или Аргентина. Единствен тим кој остана непоразен против Црвената фурија на СП 2026 беа Зелено’ртски Острови, селекција која не е од Европа. А, и последниот тим кој ја елиминирал Шпанија на Мундијал е од ...

6786 У. Крајова – МЛ Витебск (19.30 часот) Кај овој пар од квалификациите во Лигата на шампионите нема дилеми кој е поквалитетен и кој ќе оди понатаму, Универзитатеа првиот меч против Белорусите го доби со 4-1, и тоа на гости, па веќе може да размислува на следното коло во кое ќе игра со Левски или Борац Бања Лука. Пред три дена тимот од Крајова го освои Суперкупот на Романија. Последните седум меча на МЛ Витебск беа ефикасни со „Гол-Гол и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.47
61%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
83%
1010
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.5
78%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.49
47%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.8
41%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.82
92%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
64%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.1
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.67
90%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
68%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
58%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.41
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Калај

53.50

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Платина

50958.93

Сребро

1870.85

Бакар

12.74

Кобалт

56.29

Паладиум

39448.97

Злато

130265.18

Рутениум

53852.50