Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а, секако, и докажан тренер, Зинедин Зидан, е на чекор од официјално преземање на селекторската функција во француската репрезентација. Според информациите на реномираното РМЦ радио, Зидан ќе биде промовиран за нов селектор на Галските петли следната недела во четврток или во петок. Иако договорот формално уште не е потпишан, се знаат речиси сите клучни детали. Се очекува Зидан да има основна ...
Англискиот шампион Арсенал го направи своето прво големо засилување во летниот преоден рок, откако денес го договори трансферот на 24-годишниот Христос Цолис. Се работи за грчки фудбалер кој првенство игра како лево крило, но е добар и на десната страна и во нападот, а во последните две години одигра одлично во тимот на Бриж. Цолис каде што беше еден од најдобрите играчи на белгискиот тим. Во 108 настапи за Бриж постигна 43 гола, а имаше и 45 ...
Англија не успеа по 60 години чекање повторно да игра финале на Светско првенство откако синоќа со 2:1 загуби од Аргентина. Англија водеше со 1:0 до 85-тата минута, но на крајот загуби со 1:2. Многумина како главен виновник за овој пораз на Гордиот Албион го посочија селекторот Томас Тухел. Германскиот стратег на чело на Англија реши неговата селекција да се брани во последните 30-тина минути, а тоа го искористи Аргентина и со два погодока ...
Во Челзи беа принудени да ја избришат објавата на социјалните мрежи со која го прославија голот на својот фудбалер Енцо Фернандес откако предизвикаа голем гнев кај навивачите. Фернандес го постигна израмнувачкиот погодок за Аргентина во полуфиналето на Светското првенство против Англија, по што актуелниот светски шампион направи пресврт и победи со 2:1, обезбедувајќи пласман во финалето. Веднаш по голот на Фернандес, на официјалниот профил ...
Фудбалскиот клуб Илинден продолжи да ги засилува своите редови како на теренот, така и меѓу стручниот штаб. Денеска беа промовирани двајца фудбалери, плус еден тренер. Младиот 19-годишен Марио Маркулев е шестото засилување за екипата на Илинден. Маркулев е офанзивен играч за врска кој доаѓа од младинскиот тим на Вардар. Од младинската школа на Вардар пристигна и Иван Ташовски. Тој е млад и талентиран играч кој за неколку дена ќе наполни 18 ...
Капитенот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, е задоволен од исходот на ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. „Црвено-жолтите“ во новоформираната група „Ф“ за противници ги добија селекциите на Австрија и Кипар, а за пласман во квалификациите ќе одиграат четири натпревари во борба за првото место. Иако ждрепката донесе противници со кои Македонија има позитивни искуства, ...
Дуелот меѓу Аргентина и Шпанија во финалето на Светското првенство не само што ќе донесе борба за најпрестижниот трофеј во фудбалот, туку и неверојатен, речиси филмски крај на приказна што започна пред точно 19 години. Социјалните мрежи буквално експлодираа откако светските медиуми се потсетија на легендарната фотографија од 2007 година на која 20-годишниот Лионел Меси го бања четиримесечното бебе – Ламине Јамал. Она што во тоа време ...
Голманот на Англија, Џордан Пикфорд, изјави дека е горд на сè што репрезентацијата постигна на Светското првенство, но призна дека нема објаснување за пресвртот во полуфиналето против Аргентина, кое го загубија со 2:1. Иако Англичаните поведоа во раната фаза од второто полувреме, нивниот сон за светската титула заврши со пораз од актуелниот шампион. „Би сакал да го знаев одговорот. Очигледно сум многу, многу горд на тоа што го направивме на ...
Англија водеше со 1:0 до 85-тата минута против Аргентина, но на крајот загуби со 1:2 во полуфиналето на Светско првенство. По мечот, една од најголемите ѕвезди на Англија, Џуд Белингам, физички го нападна дефанзивецот на Аргентина, Валентин Барко. Белингам стоеше сам и тажен додека неколку играчи на Аргентина недалеку од него се радуваа. Тогаш Белингам тргна кон Барко и го удри по главата. Потоа настана голем метеж, но, за среќа, не се случи ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар се најде во незавидна ситуација откако челниците на Фудбалската федерација на Македонија го одбија нивното барање за одложување на натпреварот од првото коло во новата сезона на Првата лига против Брегалница Штип. Вардарци сакаа да добијат повеќе време за да се подготват и да се фокусираат за двомечот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, но од ФФМ добија негативен одоговор на ...
Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство откако синоќа во полуфиналето ја совлада Англија со 2:1. Во големото финале Гаучосите ќе се соочат со Шпанија, а по натпреварот капитенот Лионел Меси победата им ја посвети на граѓаните на Аргентина, кои, како што рече, минуваат низ тешки времиња. „Горди сме и среќни што можеме да им донесеме радост на луѓето. Знаеме дека Светските првенства за нас се нешто посебно и дека во тие моменти ...
Македонските претставници во натпреварувањата на УЕФА оваа сезона имаат три победи и само еден пораз, а тоа плус од еден бод на рејтинг-листата на УЕФА. Ова лето имаме само еден претставник, но благодарение на успехот на Шкендија од минатата сезона, од следната година Македонија ќе има по четири претставника во европските купови. И тука барем сме сигурни, но одличниот старт на европското лето и гостинските победи на Силекс и Шкендија во ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, по елиминацијата од Купс во Лигата на шампионите, својот европски настап го продолжува во Конференциската лига, а таму за противник ќе ја има летонска Рига. Првиот меч помеѓу шампионите на Македонија и Летонија ќе се одигра во среда од 20 часот во Скопје, а вардарци во сабота ги очекува и меч од првото коло на Првата лига против штипска Брегалница. Вардар од Фудбалската федерација на Македонија побара ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија во втората фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 ќе разигрува со селекции на Кипар и Австрија. Ждрепката може да се оцени како поволна за нашите кошаркари, но и како голема шанса уште преку вториот филтер да се обезбеди пласман во главните квалификации за Европското првенство. Таму ќе се најдат најдобрите селекции од секоја од групите, а останатите, заедно со оние кои беа ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје по пауза од 26 години се враќаат во натпреварувањата под капата на ФИБА, па сезонава како актуелен шампион на Македонија ќе настапат во Европскиот куп, односно второто по ранг натпреварување. Актуелниот шампион на Македонија за противници ги доби АЕК Ларнака од Кипар, Вурцбург од Германија, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и полската Варшава. Посебно привлечен е мечот против екипата од Солун, кој нема сомнеж дека ќе ...
Голманот на Аргентина, Емилијано „Дибу“ Мартинес, не го криеше задоволството по победата од 2:1 над Англија во полуфиналето на Светското првенство. Ексцентричниот чувар на мрежата ги пофали своите соиграчи за големата борба против ѕвездите на Англија, додавајќи дека сега останува само уште „еден мал чекор“ до нова светска титула. „Многу се зборуваше за противниците што ги имавме на патот до финалето. Токму во вакви моменти сфаќаш колку е ...
Англискиот премиерлигаш Челзи направи конкретен чекор во обидот да го ангажира левиот бек на Реал Мадрид, Алваро Карерас. Тој е голема желба на менаџерот Чаби Алонсо, кој имаше можност да работи со него на „Сантијаго Бернабеу“. Лондонскиот клуб веќе испратил почетна понуда од 25 милиони евра за шпанскиот дефанзивец, со што ги започна преговорите за негов трансфер. Сепак, Реал Мадрид значително повеќе го цени својот фудбалер и за евентуална ...
Лионел Меси испиша уште една златна страница во историјата на светскиот фудбал за време на полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Капитенот на Аргентина беше стартер во спектакуларниот натпревар во Атланта и со тоа официјално стана највозрасниот фудбалер во поле кој настапил во полуфинале на Светско првенство. Меси до ова историско достигнување стигна на возраст од 39 години и 21 ден, уште ...
6798 Интер Турку – Сараево (17 часот) На првиот натпревар Сараево едвај се спаси од пораз, а предноста на Интер Турку е што се наоѓа во првенствен ритам. Типуваме дека финскиот тим нема да загуби и дека на мечот ќе има од еден до три гола. Предлог тип: 1X & 1-3 (2.03) 6799 Астана – Динамо сити (17 часот) Астана е поквалитетен тим и тоа ќе го докаже и на домашен терен со триумф и најмалку два гола во мрежата на Динамо сити. Предлог тип: 1 ...
Освојувачот на Купот, тимот на Силекс, и вицепрвакот Шкендија вечерва (20 часот) ги играат реванш-натпреварите од воведното квалификациско коло во Конференциската лига. Кратовци победија на првиот меч со 0-1 против Динамо Минск, но и натаму белорускиот тим е фаворит, иако натпреварот ќе се игра на комплексот на ФФМ. „Добро знаеме што нè очекува на реваншот. Против себе имаме навистина незгоден и квалитетен ривал, но на првиот натпревар ...
Денешниот Супер тип е максимално фудбалски, сите 16 понудени мечеви се од најважната споредна работа на светот. Тоа значи и комплетен фокус, а се разбира дека коефициентите се максимално зголемени. Понудата стартува од 17 часот и се протега во вечерните часови. Зголемени се квотите на Астана, Интер Турку, Нефчи, РФС, Хапоел Бер Шева, Динамо Тбилиси, Жалгирис, Волеренга, Лех Познањ, ЦСКА Софија, Динамо Киев, Шериф Тираспол, Динамо Минск, ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, порача дека неговата репрезентација повторно покажала зошто е една од најсилните селекции во светот, откако со драматичен пресврт ја совлада Англија (2-1) и обезбеди пласман во финалето на Светското првенство. „Искрено, мислам дека овој тим го игра својот најдобар фудбал токму кога е под најголем притисок. Кога ќе западнеме во тешка ситуација, а противникот ќе покаже и најмал знак на слабост, веднаш ...
Денешните Квоти на денот носат европски предизвик, изборот доаѓа од квалификациите за Лига Европа и за Конференциската лига. Петте предлози носат вкупен коефициент 40,67. Сент Џозеф игра со Бохемијанс и квотата на денот е 2.05 ако двете екипи постигнат гол и има најмалку по еден гол во двете полувремиња. Валеренга се среќава со Алесунд и ако домаќинот не загуби, а во првото полувреме биде постигнат најмногу еден гол, квотата на денот е 2.10. ...
Капитенот на Англија, Хари Кејн, не го криеше огромното разочарување по поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Според искусниот напаѓач, „трите лава“ одиграле квалитетен натпревар во поголемиот дел од мечот, но по водството од 1-0 го загубиле ритамот и ѝ дозволиле на Аргентина да ја преземе контролата. Тој нагласи дека планот во ниту еден момент не бил Англија да се повлече во одбрана. „Скршени сме – поради тимот, ...
Аргентина со неверојатен пресврт ја совлада Англија со 2-1 и обезбеди место во финалето на Светското првенство, каде што против Шпанија ќе ја брани светската титула. Сепак, славјето по полуфиналниот триумф отвори нова контроверзија, откако дел од аргентинските репрезентативци испратија политичка порака на теренот. Џовани Ло Селсо по натпреварот се појави со транспарент на кој пишуваше: „Фокландските Острови (Малвини) се Аргентина“. Набрзо му ...
Херојот на Аргентина, Лаутаро Мартинес, кој го постигна победничкиот гол за 2-1 против Англија во полуфиналето на Светското првенство, не ја криеше својата радост по последниот судиски свиреж. Напаѓачот даде исклучително емотивна изјава на теренот во Атланта, посветувајќи го својот златен гол на родителите и семејството, потсетувајќи се на тешкиот пат што го поминал од почетокот на кариерата до пласманот во големото финале. „Искрено, не знам ...
Аргентина втор пат по ред ќе игра во финале на Светско првенство, откако во драматичен меч со 2:1 ја победија Англија. Со овој триумф, избраниците на селекторот Лионел Скалони се изборија за место во финалето на Мундијалот, в недела против Шпанија. „Пресреќен сум поради ова. Аргентинскиот дрес заслужува за него да се остави и последната капка пот. Не можам да опишам сѐ што чувствувам во моментов, посебно поради луѓето кои слават сега нешто ...
Репрезентацијата на Англија на неверојатен начин остана без пласман во финалето на Светско првенство. Во меч на кој Англија водеше со 1:0 против Аргентина со голот на Гордон во 55 минута, на крајот фановите на Гордиот Албион останаа разочарани по поразот од 1:2. Гаучосите постигнаа голови во 85 минута и 90+2 минута за целосен пресврт и тоа откако селекторот на Англија, Томас Тухел реши да го брани водството во последните 30 минути. Веднаш по ...
Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство 2026 година. Двете репрезентации кои се континентални прваци на Европа, односно Јужна Америка, в недела ќе играат во мундијалското финале. Во Sport Life веќе се познати коефициентите за финалниот меч. Според првичните проценки, Шпанија е фаворит за победа во регулатниот дел. Квотата за победа на Шпанија е 2.25, додека Аргентина да се радува по 90 минути е со коефициент од 3.50. ...
Аргентина ќе игра во големото финале на Светско првенство откако со 2:1 славеше над Англија во неверојатно драматично полуфинале. Аргентина губеше до 85 минута, но шампионскиот менталитет дојде повторно до израз и Гаучосите направија целосен пресврт. Напрво Енцо Фернандез израмни на 1:1, а потоа во 90+2 минута Лаутаро Мартинез со глава погоди за 2:1 и голема радост и пласман во финалето. Со овој расплет на полуфиналето, само се потврди дека ...