2604 Халмстад – Хакен (16.30 часот) Халмстад е последен на табелата во шведската лига, има само една победа во досегашните 12 кола. Хакен е трети, но има два порази по ред и сега е со сериозно заостанување зад лидерот Сириус кој има девет бодови повеќе. Хакен не е претерано опасен гостин, освоија 9 бодови од можни 18 на шесте гостувања. Последните три лигашки мечеви на Хакен беа супер ефикасни со пет или повеќе голови. Предлог тип: 2 & ...

Аргентина и Шпанија вечерва во финалето на 23-тото Светско првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси од 21 часот ќе одлучат која селекција ќе ја нарекуваат актуелен светски првак во следните четири години. Шпанија има можност да стане светски шампион по втор пат откако сефтето го направија во 2010 година, а доколку успее, избраниците на Луис Де ла Фуенте ќе направат ги спојат европската и светската титула. Фуријата го направи истото во ...

Денешниот Супер тип е необичен, бидејќи последниот од 16-те натпревари во понудата ќе почне во 19 часот, и нема чекање зголемена добивка до доцна вечерва. Во понудата има комбинација од фудбал и тенис. Има одлична квота за победа на Циципас како за почеток, но мечот почнува веќе во 11.30. Тука се и одлични квоти на Ѓере, Рубљов, Бадоса, а кај фудбалите стандардно имате избор од пет различни игри. Денешниот Супер тип е необичен, бидејќи ...

Откако заврши натпреварот за трето место, на Англичаните им беа врачени бронзените медали, а за време на церемонијата имаше навистина интересна сцена. Откако сите членови на Англија кои беа регистрирани за натпреварот добија медали, играчите почнаа да повикуваат друг човек да дојде да земе медал. Тоа е голманот Џејсон Стил кој беше со тимот во текот на целото натпреварување, но не беше официјално регистриран за натпреварите на Светското ...

Доколку на ист тикет ги уплатите петте квоти на денот кои ги нуди Sport Life, ќе добиете вкупен коефициент од 43.29. Меѓу петте игри е и предлог со квота од 2.20 за финалето на СП помеѓу Шпанија и Франција. Квотата ќе биде добитна ако двата тима дадат гол и ако падне гол во второ полувреме. Тука е и квота од 1.95 за Норчепинг – Сандвикенс за играта дека домашните ќе постигнат барем по еден гол во двете полувремиња. Квота од 2.30 се нуди за ...

Натпреварот за трето место против Англија беше последен за Дидие Дешан како селектор на француската репрезентација, по 14 години на чело. Под негово водство, француската репрезентација имаше 122 победи, загуби на 33 меча, и одигра 32 нерешено. Под негово водство, тимот го освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2022 година, а заврши и втор на ЕВРО 2016 и СП во 2022 година. „Дидие Дешан отелотворуваше високи стандарди, ...

Десетте гола кои паднаа во победата на Англија над Франција од 6-4 во дуелот за трето место на СП 2026, придонесе овој меч да се памети веројатно уште долго. На фудбалските Мундијали, уште од 1982 година кога Унгарија го тресна Ел Салвадор со 10-1, не беше виден меч со 10 голови. Рекордот е 12 голови, од победа на Австрија над Швајцарија од 7-5 во 1954 година. Од 1958 година наваму, не беше видено на едно исто СП на два меча да имаа 8+ ...

Букајо Сака одигра клучна улога во спектакуларната победа на Англија од 6-4 над Франција во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство. Крилниот напаѓач на Арсенал постигна хет-трик и ја посвети победата на навивачите на „Трите лава“. Тој им се придружи на Џеф Херст, Гари Линекер и Хари Кејн како единствените Англичани кои постигнале три гола во еден натпревар на СП, а стана само втор играч по Пеле во 1958 година кој направил ...

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Тој синоќа постигна два гола во натпреварот за третото место против Англија и има 22 гола на Мундијалите, надминувајќи го Аргентинецот Лионел Меси кој има 21 и вечер има шанса да го подобри својот биланс. „Да бидам искрен, би сакал да не бидам најдобар стрелец, а да бидам во финалето на Светското првенство. Двете полувремиња беа сосема различни. ...

Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство, откако во неверојатна голеада славеше против Франција со 6-4 во Мајами. Двете селекции имаа добри моменти, Англија по првиот дел поведе со 4-0, а Франција многу брзо се врати до 4-3 во вториот дел. Сепак, на крајот Англичаните стигнаа до триумф од 6-4. Килијан Мбапе постигна два гола за Франција и на овој Мундијал стигна до десет постигнати гола, а вкупно 22 ...

Светското првенство влегува во својата завршница. Вечерва се игра натпреварот за третото место, а утре Аргентина и Шпанија ќе се борат за највредниот трофеј во светскиот фудбал. Покрај престижот, финалистите ќе се натпреваруваат и за огромна финансиска награда. ФИФА за Мундијалот обезбеди рекорден награден фонд, а новиот светски шампион ќе инкасира дури 50 милиони долари. Поразената селекција во финалето ќе добие 33 милиони долари, додека ...

Франција е понижена на најсуров начин по само едно полувреме од дуелот за третото место на Светското првенство. Тоа е последен меч за Дидие Дешан како селектор, а ќе биде испратен со убедлив пораз, ако се суди според играта на Триколорите во првите 45 минути. pic.twitter.com/dCkAsRQF2a — ✦ @TalkFootX ✦ (@ShirleenOh52187) July 18, 2026 Англија првиот дел го доби со неверојатни 4-0. Французите излегоа како на прошетка, за разлика од ...

Реал Мадрид ќе биде без Родриго уште неколку месеци, откако шпанскиот весник „АС“ објави дека бразилскиот репрезентативец нема да биде подготвен за настап пред почетокот на 2027 година. Дваесет и петгодишниот офанзивец сè уште е во процес на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која предвреме ја заврши неговата сезона 2025/26, а воедно го лиши и од настап на Светското првенство 2026 со репрезентацијата на Бразил. Повредата ја ...

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, во интервју за шпанското радио „Копе“ откри дека добил понуда за продолжување на договорот со американската репрезентација, а истовремено го сподели и своето мислење за големото финале на Светското првенство меѓу неговата родна Аргентина и Шпанија. Аргентинскиот стратег, чиј тим беше елиминиран во осминафиналето на Мундијалот 2026, смета дека во финалето нема апсолутен фаворит и дека шансите на двете ...

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста, еден од клучните играчи во генерацијата која ја освои светската титула во 2010 година, го сподели своето мислење за големото финале на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Поранешниот играч на Барселона зборуваше и за тоа како неговата поранешна репрезентација би можела да го запре Лионел Меси, неговиот долгогодишен соиграч од каталонскиот клуб. Според Иниеста, целосно запирање на ...

Легендарниот англиски напаѓач и втор најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, Вејн Руни, смета дека Томас Тухел треба да остане селектор на националниот тим, освен доколку Фудбалската асоцијација на Англија не успее да го ангажира Пеп Гвардиола. Англија не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство 2026, откако во полуфиналето беше поразена од Аргентина со 2-1. По натпреварот, Тухел се најде на удар на јавноста ...

Летниот преоден рок влегува во својата најважна фаза, а Жозе Мурињо продолжува да инсистира на ангажманот на италијанскиот репрезентативец Алесандро Бастони. Португалскиот стратег го гледа стоперот на Интер како идеално решение за одбраната на Реал Мадрид и врши притисок врз клупското раководство да го реализира трансферот. Сепак, од „Сантијаго Бернабеу“ му порачале дека евентуалниот ангажман на Бастони ќе биде можен само доколку претходно се ...

Челзи го реализираше еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна договор со Астон Вила за ангажманот на Морган Роџерс. Англискиот репрезентативец беше меѓу најбараните фудбалери во Премиер лигата, а неговиот трансфер предизвика вистинска сензација на Островот. За услугите на Роџерс сериозен интерес покажуваа и Манчестер сити и Манчестер јунајтед, додека Арсенал долго време важеше за главен фаворит за неговиот потпис. Сепак, ...

Компанијата „Гугл“ објави видео од рекреираниот најубав гол во кариерата на фудбалската легенда Пеле. Не постои оригинална снимка од голот, само фотографија, но потребно е да се види целата акција, не само завршницата за да се види каква мајсторија направил Кралот на фудбалот. Користејќи технологија со вештачка интелигенција, и раскажување на сведоци, беше рекреиран голот што го постигна Бразилецот на 2-ри август 1959 година, на натпреварот ...

Црвена ѕвезда продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а белградскиот клуб официјално го потврди ангажманот на американскиот кошаркар Патрик Болдвин јуниор. 23-годишниот крилен кошаркар пристигнува во Белград како поранешен 28-ми пик на НБА драфтот во 2022 година. Болдвин беше избран од Голден Стејт вориорс, а во досегашната кариера настапуваше и за Вашингтон визардс, како и во развојната НБА лига. Станува збор за кошаркар висок ...

Францускиот репрезентативец Ибрахима Конате испрати емотивна порака во пресрет на натпреварот против Англија за третото место на Светското првенство 2026, истакнувајќи дека неговата репрезентација има обврска достоинствено да се прости од селекторот Дидие Дешан. Иако Триколорите останаа без можност да се борат за светската титула, дефанзивецот на Франција нагласи дека тимот ќе даде максимум за да го заврши турнирот со победа и на најдобар ...

Легендарниот хрватски напаѓач Давор Шукер даде изјава во која ја коментираше изјавата на селекторот на Англија, Томас Тухел, дека ниту Англија ниту Франција не сакаат да го играат натпреварот за третото место на Светското првенство. Тухел изјави: „Никој од нашите играчи и ниту еден од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да играат во финалето. Сите играат за да го освојат Светското првенство. Имаме еден ден помалку ...

Легендата на англискиот фудбал и поранешен капитен на репрезентацијата, Вејн Руни, покажа дека ветувањата треба да се исполнуваат. Поранешниот напаѓач на Манчестер jунајтед го реализираше необичното ветување што го даде за време на Светското првенство 2026. Руни пред неколку дена изјави дека ќе седне во чамец и ќе весла по реката Мерси доколку Норвешка успее да го елиминира Бразил и да стигне до четвртфиналето на Мундијалот. Малкумина веруваа ...

Како што се наближува големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, така расте и вистинската треска за билети. На официјалните продажни канали одамна нема слободни места, а цените на секундарниот пазар достигнуваат неверојатни суми. Иако беше јасно дека билетите нема да бидат евтини, понудите што се појавија на интернет ги надминаа сите очекувања. За разлика од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога најскапата ...

Струга Трим Лум и италијанскиот голман Марко Анџелети ја завршија соработката пред истекот на договорот, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин. Анџелети зад себе остава одлична сезона во дресот на стружани, во која се наметна како еден од најсигурните чувари на мрежата во македонскиот фудбал. Италијанецот беше најуспешниот голман во Првата македонска фудбалска лига, откако на 15 натпревари успеа да ја сочува својата мрежа ...

Леброн Џејмс кој наскоро ќе наполни 42 години и веројатно ќе ја игра последната сезона од неговата долга и блескава НБА кариера, уште ја држи целата НБА во неизвесност околу тоа каде ќе игра. Легендарниот кошаркар ќе продолжи да игра, а пред повеќе од две недели тој објави дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс. Неизвесноста влијае не само на навивачите и тимовите, туку и на раководството на лигата. Комесарот Адам Силвер не сака да ризикува да ...

Македонскиот репрезентативец Јован Манев е нов член на Шкендија. Централниот дефанзивец пристигнува од хрватска Риека и со тетовскиот клуб потпиша договор до летото 2028 година. Шкендија ја потврди соработката со 25-годишниот стопер, кој по успешно поминатите медицински прегледи стави потпис на двегодишен договор во присуство на спортскиот директор Ардијан Цуцули. Тетовци добиваат искусен дефанзивец со меѓународно искуство, кој веќе подолг ...

Познатиот канадски рапер Дрејк, често се обложува на големи суми и најчесто губи пари, а овојпат тој се обложи на победа на Аргентина против Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство. Дрејк уплатил 1,5 милиони долари на победа на Меси и другарите, и чека добивка од 5,1 милион ако Гаучосите го добијат мечот за титула во 90 минути игра. Во 2022 година, Дрејк истотака се обложи (уплати 1 милион долари) на Аргентина за победа во ...

Поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља, кој беше дел од славната генерација што ја освои светската титула во 2010 година, би можел да го пропушти финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина поради неочекувани административни проблеми. Некогашниот лев бек откри дека неговото барање за електронска патна авторизација за влез во САД било одбиено, поради што не може да отпатува во Њу Џерси, каде што утре ќе се одигра ...

Лионел Меси кој има рекордни осум „Златни топки“ на магазинот „Франс фудбал“ за играч на годината, ако ја одведе Аргентина до нова светска титула, би можел и по деветти пат да биде прогласен за најдобар на светот. Меси ќе биде кандидат, благодарение на промена на правилата во 2007 година. До таа 2007 година, правилото за избор на освојувачот на „Златната топка“ беше друго, дотогаш кандидати беа само фудбалери кои играат во Европа. Пред 19 ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.31
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
76%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.51
45%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.08
89%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
64%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.47
54%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
85%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
63%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
57%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.67
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Бакар

12.74

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12

Злато

130265.18

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Паладиум

39448.97

Сребро

1870.85

Платина

50958.93

Иридиум

252383.36

Калај

53.50

Рутениум

53852.50