Најголемата ѕвезда и капитен на Аргентина, Лионел Меси, призна дека тој и неговите соиграчи не одиграле на потребното ниво против Шпанија и дека поразот е сосема заслужен. Статистиката на аргентинскиот капитен го потврдува тоа – во првото полувреме имаше само 15 допири со топката, а натпреварот го заврши со вкупно 54 допири. „Тажен сум, но свесен сум дека не одигравме како што требаше. Искрено, тие беа подобриот тим. Загубивме и го прифаќаме ...

Лионел Меси го претрпе вториот пораз во неговото трето финале на Светско првенство, откако Шпанија славеше со 1:0 по 120 минути игра на стадионот во Њу Џерси. Капитенот на аргентинската репрезентација го одигра шестото Светско првенство, но не успеа по втор пат да биде на светскиот трон. По добивањето на сребрениот медал за поразениот во финалето, Меси не можеше да ги сопре солзите. Реакцијата на капитенот на Аргентина по добивањето на ...

Голем инцидент го засени крајот на финалето на Светското првенство, откако аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес влезе во физичка пресметка со двајца шпански фудбалери по поразот од 1-0 од Шпанија. Според снимките што се појавија по натпреварот, Паредес најпрво го удри Ерик Гарсија, а кога Гави се обиде да ја смири ситуацијата, аргентинскиот играч за врска тргна и кон него, предизвикувајќи хаос на теренот веднаш по последниот судиски ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ги обедини европската и светската титула. Црвената фурија ја одзеде круната на Аргентина и во наредните четири години ќе биде светски фудбалски владетел откако во финалето на Мундијалот славеше со 1-0, со голот на Феран Торес. Покрај трофејот, Шпанците ги собраа и индивидуалните награди. Родри е избран за најдобар фудбалер на Светското првенство, Пау Кубарси е најдобар млад играч на турнирот, додека ...

Шпанскиот репрезентативец Родри испиша нова страница во историјата на Светските првенства, поставувајќи рекорд за најмногу точни додавања во историјата на Мундијалите. Играчот за врска на Манчестер сити стигна до бројката од 1.343 успешни додавања, со што го надмина досегашниот рекордер, легендарниот бразилски фудбалер Дунга, кој имаше 1.306 прецизни додавања. Родри го собори рекордот во првото полувреме од финалето на Светското првенство ...

Шпанија ги обедини европската и светската титула, одземајќи ја круната од Аргентина, откако ја совлада со 1-0 по продолженија во финалето на Мундијалот. Херој на големата пресметка на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси беше Феран Торес, напаѓачот на Барселона, кој се покажа како вистински џокер од ракавот на Луис де ла Фуенте. Тој доби шанса во 62-та минута на местото на Микел Ојарзабал, а возврати со гол за светска титула, по одличната ...

Аргентина и Шпанија ќе играат продолженија, откако регуларниот тек од финалето на Светското првенство заврши без голови, но актуелниот светски првак остана со фудбалер помалку. Во 93-тата минута Енцо Фернандес доби црвен картон, откако грубо стартуваше над Кубарси, со што го заслужи вториот жолт картон за исклучување. 🚨 Enzo Fernandez Red Card 🤯🔥 pic.twitter.com/QFuT842Lxd — KinG £ (@xKGx__) July 19, 2026 Шпанија беше подобар ривал во ...

Пред два дена се појавија информации дека најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, би можел да ја продолжи кариерата во Бешикташ, а договорот изгледаше како да е пред финализирање, сè додека не се вмеша агентот на играчот, барајќи лична провизија од неверојатни 35% од износот на трансферот. Функционерот на Бешикташ, Сердал Адали, ја сподели оваа информација, истакнувајќи дека таа сума е неприфатлива за клубот од Истанбул и се заканува да ...

Лионел Меси е централна фигура на аргентинската репрезентација во финалето на Светското првенство против Шпанија, а навивачите очекуваат токму тој да биде клучниот играч на патот до шампионската титула. Сепак, неговата вклученост во играта на самиот почеток од натпреварот беше речиси невидлива. Прецизната статистика, која ја објави “Опта”, открива дека Меси во првите 15 минути од финалето забележал само еден допир со топката. Тој единствен ...

Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер потврди дека ФИФА ќе ги анализира задолжителните паузи за хидратација, што предизвика бројни реакции од навивачите, тренерите и фудбалската заедница, по завршувањето на Светското првенство. Задолжителните паузи за хидратација беа меѓу најдискутираните нови карактеристики на Светското првенство чии домаќини се САД, Канада и Мексико, а сега пристигна потврда дека ФИФА ќе ја разгледа нивната иднина по ...

Шпанија и Аргентина играат без голови по првото полувреме од финалната пресметка на Светското првенство на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси. Ламин Јамал имаше убава шанса на стартот, но не успеа да го надмудри Унаи Симон, додека Лионел Меси засега е резервиран. Шпанците имаат поголем посед на топката и се чини дека го диктираат темпото, а Аргентина ќе чека шанса во продолжението од дуелот. Влогот е голем, па ќе се бара една можност за да се ...

Нов скандал го тресе турскиот фудбал, откако потпретседателот на Галатасарај, Маруф Гунеш, беше уапсен под сомнение за нелегално обложување и местење натпревари. Според информациите од Турција, под истрага е и легендарниот голман Фернандо Муслера. Наводно, Гунеш уплатил дури пет милиони евра на облог со коефициент 130 дека Муслера ќе постигне гол на натпреварот против Кајзериспор, одигран на 18 мај 2025 година. Истражителите се сомневаат дека ...

Тоа што долго време се најавуваше, сега доби и официјална потврда. По неуспешниот настап на Германија на Светското првенство под водство на Јулијан Нагелсман, нов селектор ќе биде Јирген Клоп. Прославениот германски стратег самиот потврди дека постигнал договор за разделба со својот досегашен работодавец „Ред Бул“ и дека повеќе нема пречки да ја преземе германската репрезентација. „Постигнав договор со Ред Бул за моето заминување. Навистина ...

Легендарниот германски репрезентативец и поранешен играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос, во својот подкаст кој го води заедно со братот Феликс, го сподели своето мислење за вечерашното финале од Мундијалот меѓу Шпанија и Аргентина. Крос смета дека Шпанија е супериорна и дека доколку Фуријата прва постигне гол, на Аргентина лошо и се пишува. Според него, Шпанците знаат совршено да казнуваат и едноставно ги „мелат” противниците кога ...

Репрезентациите на Шпанија и Аргентина вечерва ќе се борат за највредниот трофеј во светскиот фудбал, а селекторите Луис де ла Фуенте и Лионел Скалони ги открија стартните единаесетмина. Шпанскиот селектор не направи никакви изненадувања и се одлучи за проверениот состав што ја одведе Црвената фурија до финалето. Во средниот ред предност доби Фабијан Руиз, кој ќе настапи заедно со Родри и Дани Олмо, додека Педри останува на клупата. Шпанија: ...

Сите сме во очекување на финалето на Светското првенство во кое силите ќе ги одмерат Шпанија и Аргентина. Се прогнозира, се анализира, ќе се навива за својот фаворит во финалето. Пред МетЛајф стадионот е вистинска лудница веже неколку часа пред почетокот на финалето. Се чини дека Аргентинците се во поголем број, но има и многу шпански фанови, а секако и дел од другите среќници кои успеаја да најдат билет, и секако имаа доволно финансии за да ...

Бразилската легенда Роналдо Назарио, познат како Феноменот, не крие на чија страна е пред големото финале на Светското првенство. Двократниот светски шампион смета дека Шпанија нема да наиде на сериозен отпор од Аргентина во неделното финале на турнирот. Во разговор со Денилсон, свој поранешен репрезентативен соиграч и светски шампион од 2002 година, објавен на ТикТок, Роналдо не се двоумеше со прогнозата. „Шпанија ќе победи лесно против ...

Аргентина ќе го брани трофејот во финалето на Светското првенство. Тоа беше мисијата на Лионел Меси и друштвото уште од стартот на овој Мундијал, па иако имаа потешкотии на некои натпревари, сепак, успеаја да стигнат до завршниот натпревар. Аргентинците се многу суеверни, па така и при редењето за интонирање на националните химни, тие ја „повикувале судбината“. Имено, броевите на фудбалерите, наредени, го отсликувале токму датумот на ...

Фудбалот често пишува неверојатни сценарија и приказни, една таква имаме и денеска кога првпат на фудбалски терен еден против друг ќе се соочат Лионел Меси и Ламин Јамал. Нивната поврзаност е огромна, а сè некако се врти околу шпанскиот репрезентативец со бројот 19. Ламин е 19-годишен, а кога игра за Шпанија го носи дресот со бројот 19. Денеска е 19-ти јули, а 19 се појавува и како разлика помеѓу датумите на родендените на Јамал и Меси. ...

Лошите временски услови го спречија претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да отпатува во Мајами за да го гледа натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година помеѓу Англија и Франција. „Требаше да бидам во Мајами за натпреварот за бронзениот медал помеѓу Англија и Франција. За жал, временските услови овде не ни дозволија да летаме за Мајами, па дојдовме на стадионот за финалниот натпревар за да провериме дали сè е ...

Претседателот на ФК Вардар, Миленко Неделковски, имаше интересна објава на Фејсбук во која откри дека смета оти тоа што Шкендија се засилува е резултат на силата на Вардар и желбата на тетовци да му парираат на првакот. „ФАКТ: Да не беше Вардар волку силен, Шкендија немаше толку да се засилува. Врз база на тој ривалитет, МАКЕДОНСКИТЕ засилувања кај тетовчани добија сериозно добри финансиски договори. Па така, Вардар кога е силен, помага на ...

Поранешниот германски фудбалер Тони Крос секогаш го кажува она што го мисли, па од неутрална гледна точка како некој што долго играше во Шпанија и против Лионел Меси, се осмели да даде мислење за тоа кој е фаворит во финалето на СП. Крос нема дилеми, според него Шпанија ќе ја освои титулата. „Ако тим како Шпанија игра и победува, не сакате да се соочите со нив“, рече Тони во емисијата на TikTok заедно со својот брат Феликс. Според него, ако ...

Ирската ултимејт фајт ѕвезда, Конор Мекгрегор, се обложи со 100.000 долари дека Аргентина ќе ја победи Шпанија во финалето на Светското првенство во фудбал и тоа со резултат 3-2. Причината е што некој со профил со име Дилема, во јули 2021 предвидел дека на Мундијалот во 2026, во финале ќе играат Аргентина и Шпанија со додаток дека Гаучосите ќе победат со 3-2. „Мојот облог е Аргентина да ја победи Шпанија со 3-2 во регуларното време. Зошто го ...

Финалето на Светското првенство ќе биде 70-тиот натпревар на Родри за шпанската репрезентација. Неговото патување со националниот тим започна во март 2018 година, кога го имаше своето деби против Германија во Диселдорф. Вечерва на двобојот за најпосакуваната титула против Аргентина, тој ќе ја носи лентата за капитенот по 12-ти пат и ако победи, би можел да стане петтиот различен капитен во историјата на националниот тим што кренал победнички ...

Специјалот на Sport Life за финалето на Светското првенство во фудбал е преполн со игри и не е лесно да се одбере само една игра на која и се обложиле. Кај стрелците, прв фаворит за отворањето на резултатот е Лионел Меси, пред Микел Ојарзабал, а по нив следуваат Ламин Јамал, Феран Торес, Хулијан Алварес и Лаутаро Мартинес. Но, бидејќи Шпанија е фаворит, најмалата квота за комбинацијата победа и стрелец е Шпанија и Ојарзабал. Има супер квоти и ...

Финалето на СП во фудбал е спортски настан број 1 во светот, тоа се докажува на многу начини. Пред денешната трка од Формула 1 шампионатот, аргентинскиот пилот Франко Колапинто дојде облечен во дрес на Аргентина и со знаме со ликовите на Марадона и Меси. Има и двајца пилоти Шпанци, ветеранот Фернандо Алонсо и Карлос Саинс. Саинс истотака дојде во дрес на шпанската селекција полн со оптимизам дека неговите сонародници ќе ја освојат втората ...

Македонската младинска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Романија со пораз од Србија од 30-34, во натпреварот за конечен пласман. Најефикасен во македонскиот состав беше Мартин Крстевски кој постигна 11 голови. Со овој резултат, Македонија го освои 20-тото место во конкуренција на 24 репрезентации. „Благодарност до нашите ракометари, стручниот штаб и сите членови на делегацијата за посветеноста, ...

Аргентинската легенда Лионел Меси ќе ја добие „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство 2026 година без оглед на исходот од финалето, објавија некои медиуми. Во петокот се состанал Комитетот за индивидуални награди на ФИФА и таму било одлучено 39-годишниот Аргентинец да биде прогласен за најдобар играч на СП. Меси одигра седум натпревари, постигна осум гола и направи четири асистенции. Аргентинската легенда Лионел Меси ќе ...

Осум Бет билдери со квоти од 20.0 до 40.0 за финалето на фудбалското СП 2026 се нудат во денешната понуда на Sport Life. Има варијанти за сечиј вкус, се бараат разни услови, и како и секогаш, потребно е да се исполнат по четири услови за огромна добивка. Има билдер во кој се бара победа на Шпанија, некаде еден од условите е двата тима да постигнат гол, има и билдер во кој се бара да биде нерешено во регуларните 90 минути. Има и игри само со ...

Актуелниот европски шампион Шпанија и бранителот на светската титула, Аргентина, ќе се соочат една против друга во финалето на СП, дуел во кој ќе се сретнат два различни модели на успех. Статистиката јасно го одразува овој контраст: тимот на Луис де ла Фуенте претставува талент, контрола на топката и највисока пазарна вредност, додека Албиселесте имаат искуство, лидер како Лионел Меси и исклучителен карактер. Не е случајно што двата тима ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.34
51%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
74%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
87%
1009
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
40%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.7
40%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.17
88%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
63%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
53%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.91
81%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
55%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.54
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Паладиум

39448.97

Калај

53.50

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

1870.85

Злато

130265.18

Платина

50958.93

Бакар

12.74

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12