
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го потврди потпишувањето со надежниот голман, Давид Брестовац, син на поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац. 20-годишниот голман кој е дел од македонската млада репрезентација, потпиша две ипол годишен договор со Пелистер. Од клубот истакнуваат дека продолжуваат со стратегијата за привлекување млади македонски ракометари, а официјалното претставување на Брестовац ќе се одржи во ...
Унгарскиот ракометен тим Веспрем ја доби битката за потписот на хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ, Според хрватскиот медиум, десниот бек на Рајн Некар Левен ќе си замине од Манхајм по истекот на договорот во 2026 година. Покрај Веспрем, во битка за потписот на Мартиновиќ беа и големиот конкурент од унгарскиот шампионат, ПИК Сегед, но и бундеслигашот Фленсбург. Мартиновиќ oд 2018 година по трансферот од Фиверс Маргаретен игра во Бундес ...
Ла Лига се сомнева дека нешто не е во ред со процесот со кој Барселона можеше да ги обезбеди приходите што ги обезбедија пререгистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор претходно оваа зима. Станува збор за зделка според која Каталонците продадоа дел од ВИП местата на Spotify Camp Nou. Во врска со ова, лигата поднесе жалба до Врховниот спортски суд во Шпанија. „El Confidential“ открива дека главна тема е телекомуникациската компанија New Era Visionary ...
Борусија (Дортмунд) игра многу слабо оваа сезона во Бундеслигата и по одиграни 22 натпревари е на 11. место во поредокот со 29 бодови. Лошата игра на „жолто-црните“ го принуди тренерот Нури Шахин да биде отпуштен и негова замена со Нико Ковач, кој се уште нема доволно добри резултати. И покрај тоа што Борусија Дортмунд игра добро во Лигата на шампионите, тимот не е меѓу фаворитите за освојување на турнирот, а пласманот на најсилниот европски ...
Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер го преброди првото тешко гостување во 2025 година откако вечерва славеше на гостувањето во Охрид со 27-25. Иако битолчани беа во водство во најголемиот дел од натпреварот, на моменти и со четири гола разлика, победата не беше загарантирана се до последните минути. Охрид водеше само со 2-1 и 4-3 и имаше нерешено резултат при 1-1 и 13-13, ама до крајот остана во игра и малку недостасуваше да освои бод или ...
Нејмар пред еден месец се врати во Сантос, а во четвртиот меч за клубот во кој ја започна кариерата го постигна првиот гол. Нејмар постигна гол од пенал. Бразилецот погоди по пауза од 502 дена. Поранешниот играч на Барселона, ПСЖ и Ал Хилал , со гол и асистенција го предводеше Сантос до победата над Агуа Санта (3:1). Amazing run from Neymar to win a penalty 🥶 He then of course converts the penalty 🇧🇷pic.twitter.com/fiDQhAjppN — Brasil ...
Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен. Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто. Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде ...
Екипата на Алкалоид одигра доминантен дуел на гостински терен кај Бриксен, славеше со резултат 32-43 (18-23) и гледа кон следната фаза во Европскиот куп, третото по ранг натпреварување на ЕХФ. Тимот на Кирил Лазаров доминираше на гостувањето од почетокот до крајот и заслужено се радува на европската победа, петта за клубот оваа сезона по четирите прeдходни. Игор Ѓорѓиев со 7 гола заврши како најефикасен во составот на Алкалоид, додека Серафимов ...
Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона. Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“. Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја боја, бидејќи сите тимови се обврзани да ги ...
Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги оневозможи коментарите на Инстаграм бидејќи почнал да добива смртни закани. За потсетување, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна. Реал од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џуд Белингем. На англискиот репрезентативец му беше покажан патот во соблекувалната по ...
Три евролигашки екипи, кои во моментов се борат за пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, доживеаја убедливи порази во натпреварите, во кои се бореа за трофејот во Купот на своите држави. Реал Мадрид во реприза на ланското финале во Купот доживеа пораз од Уникаха. За Андалузијците ова беше трето финале во Купот во последните шест години и втор трофеј во последните три сезони. Во единственото финале што го загубија, во сезоната ...
Максим Сергејев, 21-годишен член на хокеарскиот клуб Заглебjе Сосновец, осуден e во Полска на две години и 11 месеци затвор, откако било докажано дека се занимавал со шпионски активности за Русија и за тоа бил плаќан во криптовалути. Приказната за Сергеев неодамна ја објави Л’Екип (L’Équipe) под наслов „По стапките на рускиот хокеар кој стана шпионски приправник за Путин и Кремљ“. Опишувајќи го како „нов вид таен агент“, тие ја детализираа ...
Реал Мадрид и Манчестер сити во среда со почеток од 21 часот ќе го одиграат вториот плејоф натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Реал, минатиот вторник, во Манчестер стекна капитална предност, со два гола во финишот забележа победа 3:2. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има минимални шанси да се пласира во следната рунда. – Нашите шанси за победа на „Бернабеу“ се минимални, сите го знаат ...
На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската. Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна. „Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата припаѓаат на НБА. На ...
Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека менаџерите имаа големи кадровски проблеми. Манчестер јунајтед на „Вајт Харт Лејн“, пристигна со само 12 фудбалери од сениорскиот погон, поради бројните повреди. Рубен Аморим зборуваше за тоа на прес конференцијата, а ако некој го разбира, тоа колегата од спротивниот табор Ангелос Постекоглу. Тренерот на Тотенхем со овој ...
Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи во посебен систем, а победи тимот кој го избра прославениот центар и сопственик на четири шампионски прстени Шекил О’Нил. Ол-стар викендот го пропушти Леброн Џејмс. Ѕвездата на ЛА Лејкерс се повлече еден час пред почетокот, поради повреда на зглобот. Тимо Шек до победата го предводеше иконата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари. Со ...
Денеска во финалето на италијанскиот кошаркарски Куп екипата на Олимпија Милано со 79:63 загуби убедливо од Тренто. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано немаше свој ден. Нашиот плејмејкер за 12 минути на паркетот запиша само еден поен, еден скок и две асистенции. Кај неговите соиграчи најдобро се истакна Миротиќ со 20 поени, а на спротивната страна најефикасен беше Форд со 23 поени. Олимпија Милано ...
Дејвид Мојс се врати на клупата на Евертон и ги врати насмевките на „Гудисон Парк“. Во прилог му одат и бројките. Шон Дајч доби отказ на клупата на „карамелите“ по лошиот старт во сезоната. Евертон беше блиску до зоната за испаѓање, Мојс дојде на местото на Дајч и го оживеа тимот. Дејвид Мојс се врати во клубот по 12 години и направи целосен пресврт, оттогаш Евертон е, верувале или не е најдобриот клуб во Премиер лигата. Од доаѓањето на Мојс, ...
Фудбалскиот клуб Милан и голманот Мајк Мењон постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, францускиот голман постигнал вербален договор со Милан и ќе потпише договор до 2028 година. Во принцип ќе заработува пет милиони евра годишно и одредени бонуси. Се очекува Мењон во наредните недели и официјално да потпише нов договор. Тој пристигна во Милан од Лил во летото 2021 година за 16 милиони евра. Со овој потпис, ...
Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1:0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе од Интер, додека Јувентус се наоѓа на четвртото место со десет поени помалку од првопласираниот тим во Серија А. Дербиот на стадионот на Јувентус во Торино го реши португалскиот репрезентативец, Фабио Консеисао во 74.минута. Јувентус во вториот дел успеа да го направи она што на Интер не му успеа во првиот дел, постигна гол во моментите ...
Тимот ан Маинц вечерва обезбеди важни гостински бодови кај тимот на Хаиденхаим. Иако реално гостите на овој меч ќе беа задоволи и со бод триумфот и тоа како добро ќе дојде со бодовите кои пристигнаа со него. Маинц поведе со голот на Буркардт во 29. минута, а веќе на стартот на вториот дел во 49. минута гостите имаа двојно водство. Веипер погоди за 0:2, по што домаќинот немаше сили резултатски да се враќа. Гостите рутински го приведоа мечот до ...
Никола Јокиќ изјави дека поразот од САД на ланските Олимписки игри во Париз е најголемиот во неговата кариера, пренесоа американските медиуми. Јокиќ потсети на полуфиналето на Олимписките игри во Париз, каде Србија беше поразена од селекцијата на САД со 95:91. -Секогаш велам дека тоа беше најтешкиот пораз во мојата кариера. Беше интересен натпревар, се чувствував како сите да навиваат за нас, бидејќи сме толку мала земја. Не сум сигурен дали ...
Со голот на аргентинскиот интернациоиналец Суле, тимот на Рома успеа да слави на гостувањето кај тимот на Парма. Миминалните 0:1 се случија во 33. минута од мечот, а претходно домаќинот остана без играч помалку. Црвен картон доби Леони во 31. минута. Во остатокот од мечот, и обата тима имаа по неколку ситуации пред противничкиот гол, но резултатот повеќе не се промени. Рома со овој тирумф стигна до 37. бод сезонава и комотно може да се ...
Екипата на Мајорка вечерва оствари важна победа на домашен терен од конечни 3:1, против екипата на Лас Палмас. Главен играч за домаќинот на овој меч како и многупати досега беше косовскиот репрезентативец, Ведат Муриќи кој во седмата односно 28. минута успеа да погоди во противничката мрежа и да донесе водство од 2:0. Следуваше и трето погодок преку Родригез по што веќе во 35. минута од мечот победникот на овој дуел беше јасен. Иако Бајчетиќ во ...
Лесно, уверливо и ефикасно, тимот на Ајнтрахт Франкфурт успеа попладнево да запише уште една победа во Бундеслигата сезонава. Победен е тимот на Холстен Кил со конечни 3:1. Развојот на настаните на овој меч беше јасен многу бргу откако истиот започна. Ларсон во 18. минута, а потоа и Тута во 37. обезбедија 2:0, а Етиките промаши и пенал во последните моменти од првиот дел. Узун го поправи својто соиграч во 60. минута и зголеми на 3:0, а Порат во ...
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0. Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал. Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер ...
Се чини дека Баерн Минхен учи од сопствените грешки од минатото. По она што му се случи со Давид Алаба, кога како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, сега германскиот гигант знае што прави. Па така откако со потпис и натаму ги “врза“ Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, сега на ред е клучниот играч Џошуа Кимих: – Се наоѓаме во добра ситуција во однос на преговорите со Кимих. Се надеваме дека многу скоро и со него ќе потпишеме за продолжување на ...
ФИБА ја објави својата класа за 2025 година, која ќе биде инаугурирана на 17 мај во Бахреин. Меѓу деветте нови членови се истакнуваат имиња како Пау Гасол, Ендрју Богут и тренерот Душан Ивковиќ. Оваа класа вклучува осум поранешни играчи и еден тренер, сите со значителен придонес во историјата на кошарката. Меѓу останатите членови кои се истакнуваат поранешните НБА ѕвезди Кармело Ентони и Двајт Хауард, како и покојниот тренер Душан „Дуда“ ...
Хулигани го нападнаа делегатот на натпреварот меѓу Локомотив Пловдив – Септембри Софија одигран во првенството на Бугарија. Пред почетокот на натпреварот се одржа речиси половина час долга церемонија и молитва за одбележување на стогодишнината на клубот. Гостите славеа со голот на Рупанов од пенал во 60. минута. Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето. На еден од навивачите на Локомотив му се слошило на трибините, лекарите ...
Со триумф од 0:4 тимот на Севиља попладнево на супериорен начин освои три нови бода во домашната Примера на гостувањето кај Ваљадолид. Последноласираниот тим на табелата малтене е вече испаднат во Секунда, а денеска поразот беше најавен уште во петтата минута преку Санчез. Ромеро на два пати до полувреме погоди за 0:3, за да во вториот дел повторно Санчез ги постави конечните 0:4. За Севиља ова значеше 31. бод сезонава и десетта шозиција на ...