Кристијано Роналдо, напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср и на португалската репрезентација, се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година според „Sportico“. Роналдо минатата година заработил 260 милиони долари. Кошаркарот Стеф Кари го зазеде второто место на рангирањето (153,8 милиони долари), а на третото место се најде боксерот Тајсон Фјури (147). Во топ 10 рангирањето се пет фудбалери, двајца кошаркари, исто толку ...

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул. Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона. Салах ...

Јагиелонија со Дарко Чурлинов во тимот оствари триумф 3:1 во Бачка Топола, над ТСЦ, во плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига. Полскиот тим направи реваншот да биде само формалност. ТСЦ подобро влезе во натпреварот и со прекрасниот гол на Престиж дојде до предност в 28.минута. Јагиелонија експресно се врати во натпреварот, во 31.минута изедначи Шпанецот Имаз. Полјаците во финишот го нокаутираа српскиот претставник, ...

Вербалната пресметка меѓу Мауро Икарди и Жозе Мурињо ги забавува корисниците на социјалните мрежи. Се започна пред десет дена, кога Мурињо објави на социјалните мрежи: „На Светското првенство во ракомет, кое штотуку заврши, мојата Португалија брилијантно стигна до полуфиналето. Затоа сакам да им честитам за ова достигнување и за влијанието што ќе го има врз младите во нашата земја“. Но, како што често се случува со Мурињо, тука има финта. ...

Младиот дефанзивец Пау Кубарси ќе потпише нов договор со Барселона. Ова не е изненадување со оглед на тоа што тој е еден од најталентираните дефанзивци во светот. Младиот шпански дефанзивец минатото лето веќе го продолжи договорот на максимум три години, со оглед на тоа што беше малолетен, а минатиот месец наполни 18 години, затоа челниците на Барселона побрзаа да му дадат петгодишен договор. Според извори од клубот, Кубарси наскоро ќе ја ...

Денвер Нагетс во понеделникот вечерта го совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 146:117. Нагетс ја забележаа седмата последователна победа и ова е нивната најдолга победника низа од почетокот на сезоната. Никола Јокиќ одигра неверојатно добро и за 31 минута на теренот запиша 40 поени, 7 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 5 загубени топки. Го следеше Кристијан Браун со 26 поени, 6 скока и 2 асистенции, додека Џулијан Стротер имаше ...

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија поради однесувањето на навивачите за време на вчерашниот дуел со Холандија на Светското првенство во Вараждин. Фановите од трибините реагираа бурно во финишот од средбата поради катастрофалното судење на данските арбитри Мадс Хансен и Јеспер Мадсен па на теренот полетаа тврди предметни и шишиња со вода. РФМ доби и предупредување од ИХФ дека ако ...

Фудбалерите на Клуб Бриж на домашен терен ја совладаа Аталанта со 2:1, во плејофот од Лигата на шампионите. Бриж беше подобар во поголемиот дел од натпреварот, но свои шанси за победа имаше и Аталанта. Бриж, агресивно влесе во мечот и таквата определба му донесе предност по 14.минути игра. По грешката на дефанзивците на Аталанта, Талби ја пресече ропата, веднаш му асистираше на Ѓутла, кој реагираше мајсторски и погоди за 1:0. Аталанта , по 25 ...

Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46). Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари. Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“. Слот ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон и Астон ...

Поранешниот директор во Формула 1, Рос Браун, кој работеше во неколку тимови го смета Михаел Шумахер за најдобар во историјата на овој мото-спорт. Тој зборуваше квалитетите и особините кои како што рече, Германецот го прават различен од другите. – Она што го направи Мајкл извонреден беше неговата способност да го комбинира својот талент со напорна работа и интелигенција. Неговата посветеност на неговиот занает беше неспоредлива, а тој исто така ...

Холандија, вчера во Вараждин ја победи Македонија (37:32) во второто коло на Светското ракометно првенство во Вараждин. Натпреварот го обележа лошото судење на Данците Хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку. Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. ...

Легендарниот италијански судија и шеф на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина, ќе предложи промена во начинот на изведување на пенали. Колина (65) важи за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот. Затоа УЕФА го назначи за шеф на судиите во 2017 година, а со оглед на тоа што тој се уште е на оваа позиција, неговиот предлог би можел да биде усвоен. Италијанецот сака да го укине правилото играчот да може да игра со топката во ...

Тимот на Динамо Загреб, без Стефан Ристовски и Аријан Адеми во составот се спаси од вистинска блажама во купот на Хрватска откако предмалку со 2:3 победи кај третолигашот Бјеловар. И тоа со гол постигнат во последните секунди од страна на Габриел. Во меч во кој Динамо нормално бепе огромен фаворит имаше и огромни проблеми да не се ибламира прописно. По само осум минути беше 1:1, за да домашните по еден час игра сензационално поведоа со 2:1. ...

Фудбалерите на Феенорд, Баерн и Бенфика стекнаа предност пред реваншите за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите во дуелите со Милан, Селтик и Монако. Феенорд на донашен терен го победи Милан со 1:0. Стрелец на голот во третата минута беше Игор Паишао. Се чинеше дека фудбалерите на Милан подобро го започнаа овој натпревар откако Тијани Рејндерс имаше шанса на почетокот од третата минута, но веќе во следниот напад гостите ги шокираше ...

Легендарниот Бразилец Марсело ја заврши својата блескава кариера три месеци пред својот 37 роденден. Легендата на Реал Мадрид, со овој клуб освои 25 трофеи за 15 години. Негов поледен клуб во кариерата беше Флуминенсе, со кого го освои Копа Либертадорес. Сепак, Марсело пред се е симбол на Реал Мадрид, за кој одигра 546 натпревари од 2007 до 2022 година. Тој беше прв капитен странец на „кралскиот клуб“ од 1904 година. Марсело освои се со Реал ...

Лука Дончиќ го забележа својот прв настап за ЛА Лејкерс во победата на неговиот тим над Јута Џез од 132:113. Инаку, секој навивач на Лејкерс во салата доби маица со неговото име и број, а пред почетокот на разгласот ечеше хитот на српската фолк пејачка, Ана Бекута „Имам џедан живот“. Словенечкиот кошаркар и НБА суперѕвезда дебитираше за Лејкерс откако на почетокот на месецот беше трејдуван од Далас Маверикс. Ова беше огромен шок за кошаркарската ...

Њукасл до крајот на сезоната бие жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главна цел на клубот од „Сен Џејмс Парк“, кој за неколку недели ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја по 1955 година. Во финалето на Лига купот, Њукасл за противник ќе го има Ливерпул. Во клубот, додека трае прврнството, кројат планови за летниот проеден рок. Њукасл е заинтересиран за крилниот напаѓач Јохан Бакајоко од ПСВ. Премиерлигашот е ...

Манчестер сити-Реал Мадрид е најпривлечната двојка на почеткот на нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тимовите кои ја освојуваа титулата во последните две години непланирано се најдоа во плејофот за место во осминафиналето. Јасно е дека еден од фаворитите, пред почетокот на сезоната, ќе испадне од Лигата на шампионите порадо од планираното. Дуел кој полека станува „класик“ на модерниот фудбал. Ова ќе биде нивна четврта пресметка во последните ...

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Кристијан Велиновски ја продолжува својата кариера во шампионатот на Босна и Херцеговина. Поточно, во тимот на ГОШК Габела. Досега тој беше дел од тимот на Сумгајт во Азербејџан, каде во Куп натпреварот заработи потешка повреда. И покрај тоа, се врати на терените побрзо од очекуваното, пред се поради трудот и желбата. -Најмногу ја променив средината затоа што јас сум играч кој сака да се ...

НБА лигата ги одреди замените за Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис на Олс стар викендот во Сан Франциско. Јанис Адетокумбо не игра две недели поради повреда, а Ентони Дејвис се повреди на дебито за Далас Маверикс. Замена за Адетокумбо ќе биде кошаркарот на Атланта, Тре Јанг. Јанг по четврти пат во кариерата ќе игра на Ол-стар натпреварот. Во досегашниот тек од сезоната, Јанг е водечки лидер во лигата со 11,4 асистенции и постигнува 23,5 поени по ...

Манчестер јунајтед е во многу тешка ситуација кога се во прашање резултатите оваа сезона, медиумите шепекулираат дека овие околности би можеле да доведат Рубен Аморим на лето да направи целосна реорганизација на тимот. Претпоставките се дека целосна реконструкција клубот ќе направи во офанзивниот дел од тимот. Наводно Аморим по секоја цена сака да донесе нова „деветка“. Расмус Хојлунд, пред две години дојде од Аталанта за 70 милиони евра, како ...

Раџа Наинголан неодамна беше приведен под сомнение за вмешаност во трговија со дрога во Белгија. Поранешниот репрезентативец на Белгија, откако беше пуштен да се брани од слобода, а веднаш по излегувањето од притвор се врати на фудбалските активности во Локерен Темзе, второлигашот за кој настапува. Наинголан се врати од пензија за да игра за белгискиот тим, а набрзо беше обвинет и уапсен под сомнение за вмешаност во трговија со дрога. По ...

Реал Мадрид вечерва ќе му гостува на Манчестер сити во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа лошо во првата фаза, поради што еден од нив ќе отпадне уште на почетокот од нокаут фазата. На прес конференцијата пред натпреварот тренерот на Реал, Карло Анчелоти, доби неколку прашања поврзани со Винисиус Жуниор. „Винисиус? Неговата сезона е добра. Досега постигна 17 гола и покрај двете повреди кои му го прекинаа континуитетот. Мислам дека се враќа ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим е посебен и тоа ќе го покаже во вторник навечер од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Сити и Реал, во Манчестер ќе го одиграат првиот од двата бараж натпревари за пласман во осминафиналето. По години на доминација во англискиот фудбал, на Гвардиола не му е лесно оваа сезона, бидејќи бележат лоши резултати во Премиер лигата, а во Лигата на шампионте нокаут фаза изборија во ...

Фудбалската асоцијација на Англија ги одреди двојките за петтото коло, осминафиналето во ФА Купот. Во минатата рунда, во ФА Купот се случи најголемата сензација, во неделата Плимут го исфрли Ливерпул. Последнопласираниот тим во Чемпионшип, повторно немаше среќа со ждрепката, во петтата рунда ќе игра на гости против Манчестер сити. Двојки за петтата рунда: Престон Норт Енд – Барнли Астон Вила – Кардиф сити Кристал Палас – Милвол Манчестер ...

Интер на „Џузепе Меаца“ ја победи Фиорентина со 2-1 (1-1) во натпреварот од 24. коло во Серија А и се доближи на бод до лидерот Наполи на табелата во италијанскиот шампионат. Интер и се реваншира на Фиорентина за тежкиот пораз пред четири дена во Фиренца (3:0). Нероаѕурите поведоа со автоголот на 27-годишниот хрватски дефанзивец Марин Понграчиќ во 28. минута. Матео Дармијан малку пред крајот на полувремето играше со рака во шеснаесетникот. ВАР ...

Традиционалниот НБА Ол-стар натпревар ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Сан Франциско. Веќе се познати составите на Истокот и Западот, а исто така е познато дека играчот кој доби најмногу гласови на истокот, Јанис Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар викендот. Како што пренесуваат американските медиуми, причината е повреда на левата потколеница. Ѕвездата на Милвоки поради ова е на клупата цела недела, додека последните лекарски извештаи говорат ...

Патрик Думонт, сопственикот на Далас Маверикс, конечно реши да проговори за трејдот на Лука Дончиќ, откако не престануваат критиките и протестите за потегот што го направи франшизата од Тексас. Зборувајќи за „Далас морнинг нуз“, Думонт ги отфрли тврдењата дека Дончиќ го напуштил Далас поради финансиски причини и ја сподели својата страна од приказната. „Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја ...

Официјалната веб-страница на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави топката што ќе се користи во плејофот од Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалниот натпревар. Топката содржи бели ѕвезди на позадината на златно-зелени шестоаголници, кои ги симболизираат покривите и зградите на Минхен. Внатре во шестоаголниците има графички елементи посветени на познатите знаменитости на Баварија. Забележано е дека новата површина на ...

Два дена по убедливата победа против Спарта Ротердам (3:0) и два дена пред дуелот со Милан во Лигата на шампионите, Феенорд му врачи отказ на тренерот Брајан Приске. По 21 одигран натпревар, Феенорд е петти во поредокот со 39 бодови, 12 победи, четири нерешени и шест порази. Третопласираниот Утрехт има три бода и натпревар помалку од Феенорд. Во соопштението на клубот се наведува дека одлуката за прекин на соработката помеѓу Брајан Приске и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.29
41%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
28%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
8.23
63%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
43%
1016
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61