
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Вулверхемптон со 2:1 во 25. коло од Премиер лигата. Ливерпул го забележа првиот триумф по два неуспеси, загубија од Плимут во Купот и играа нерешено со Евертон во Премиер лигата. Со оваа победа, до која дојдоа потешко од очекувањата, Ливерпул ја врати предноста од седум бода во однос на Арсенал, додека Волвс и покрај поразот се уште се веднаш над зоната за испаѓање. Првото полувреме на „Енфилд“ беше идеално за ...
Започна пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Во 19.коло Шкендија во Скопје го победи Вардар, Работнички загуби од Шкупи, Силекс не успеа да го совлада Тиквеш, а Струга доживеа пораз во Гостивар. Шкендија со триумфот над Вардар во Скопје (2:1) се искачи на лидерската позиција на табелата и во исто време го турна Вардар на последното место. Ибраимо го постигна првиот гол за Шкендија, изедначи Закариќ од пенал во ...
По онаа победа од 4:0 против Њукасл, се разбира поради хет-трикот, централна тема на муабет е Омар Мармуш, но во Манчестер Сити не се израдуваа премногу на оваа победа. Посебно ако се знае дека Ерлинг Халанд во еден момент од средбата се пожали на повреда на коленото. Па така сега се стравува за тоа дали најдобриот фудбалер на “граѓаните“ ќе може во среда на “Сантијаго Бернабеу“ да биде во составот на Сити во возвратниот дуел од плеј – офот во ...
Фудбалерите на Комо направија големо изненадување среде Фиренца откако ја совладаа Фиорентина со 2-0 во 25. коло од Серија А. Фиорентина делуваше многу лошо на теренот, а Комо до водство стигна преку Диао во 41. минута од средбата. Вториот гол за гостинскиот состав беше дело на Паз во 66. минута, со што Комо си обезбеди триумф од 2-0. Комо со оваа победа скокна до 13. позиција во лигата, додека Фиорентина остана на шестото место со 42 бода. ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше по убедливата победа на неговиот тим над Њукасл со 4:0 во 25. коло од англиската Премиер лига. „Како што игравме, се сетивме кои сме. Не можевме да се пофалиме со тоа на почетокот на оваа сезона“, изјави Гвардиола. Победата беше против директен конкурент за топ 4, што му дава надеж на шпанскиот специјалист дека крајот на сезоната може да биде успешен и покрај неговиот негативен развој во ...
Нико Вилијамс реши да остане во Атлетик Билбао, но сигурно е дека ќе се промени кон средината на летото 2025 година. Според каталонски извори, Нико Вилијамс му открил на својот близок пријател Ламине Јамал дека е многу блиску до договор со Арсенал. Не е тајна дека Микел Артета стапил во контакт со шпанскиот репрезентативец оваа зима, но тој сепак не сакал да ја промени својата одлука. Целта му е да се пласира во Лигата на шампионите со Атлетик ...
Јаник Синер, светскиот број 1 е суспендиран на три месеци. Како што пренесоа странските медиуми и потврдија од Светската антидопинг агенција (ВАДА), најдобриот тенисер на светот ја прифатил суспензијата. „Ова е резултат на договорот што тој постигна договор со Светската антидопинг агенција за неговите два позитивни допинг тестови минатата година, а суспензијата трае од 9. февруари до 4. мај“, објави Би-Би-Си. 23-годишниот Италијанец, кој ...
Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско. Хиро се мачеше да се пласира во финалето, каде беше подобар од Бади Хилд и Дариус Гарланд. Демијан Лилард, двократен победник, целосно потфрли, не успеа да го помине ни првиот круг. Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени, но во лучните моменти успеа да погоди две зелени топки кои вредат три поени и триумфираше ...
Натпреварот Осасуна – Реал Мадрид дефинитивно крена прашина од која било друга во шпанскиот фудбал во последно време. Судијата Хозе Мунуера донесе неколку непопуларни одлуки, а една од нив беше црвен картон за Џуд Белингем. Сега мислењата се поделени, Белингем оваа сезона неколку пати беше фатен како пцуе судии и тоа на англиски, па оние кои го бранат Мунуера велат дека конечно добил црвен картон поради неговото „лаење“. На социјалните мрежи се ...
Нови проблеми со повреди на играчи за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим пред утрешниот меч со Тотенхем. Информациите се од „Атлетик“, според кои тројца играчи од средниот ред на „црвените ѓаволи“ се повредиле за време на тренинг во базата на клубот. Станува збор за Коби Мејну, Мануел Угарте и Тоби Колиер. Најсериозна е ситуацијата со Мајну, кој ќе отсуствува од терените неколку недели и утре сигурно ќе биде надвор од игра. Што се ...
Хрватскиот ракометен репрезентативец Халил Јагањац од следната сезона ќе стане редовен член на германски Рајн Некар Левен, каде беше на тригодишна позајмица од Киелце. Хрватскиот лев бек потпиша двегодишен договор со Германците, а Рајн Некар Левен за целата зделка на Полјаците им плати сто илјади евра. Јагањац пред Киелце ги носеше дресовите на Нексе Нашице и Металург, а треба да се напомене дека кратко време во почетокот на кариерата мина и во ...
Кошаркарот на Орландо, Мек Мекланг испиша историја во Сан Франциско откако победи на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, трет пат по ред. Ѕвездата на Џи лигата приреди извонредно шоу, постигнувајќи совршени резултати на сите четири забивања. „Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам”, рече Мекланг. Покрај Мекланг, само Нејт Робинсон победил уште три ...
Денеска во 14:00 часот со натпреварите од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига, започнува пролетниот дел од сезоната, во кој се очекува жестока битка за освојување на шампионската титула. Дури пет тима се во трка за освојување на пехарот на крај, од кои три екипи стартуваат со идентичен број на поени – 37. Силекс како првопласиран поради подобрата гол разлика, заедно со Шкендија и со Работнички од стартните позции ќе го почнат вториот ...
ФИБА го објави новото рангирање на европските репрезентации во пресрет на последниот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година. Во пресрет на последната фаза од квалификациските натпревари за Евробаскет 2025 година, ФИБА ги стави кошаркарите на Србија пред Франција, Грција, Латвија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија. Македонија во последните две рунди ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска. На табелата ...
МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27) во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и на тој начин го подигна 13-тиот трофеј во ова натпреварување. Аеродромци покажаа доминантна игра во текот на натпреварот, слично како и на претходните два натпревари на турнирот. Против домаќинот вечерва го диктираа темпото уште од самиот старт на средбата и го одржуваа водството. Најефикасен во домашниот табор беше Стевановиќ со 20 поени, а ...
Уште една катастрофална вест за навивачите на Манчестер Јунајтед. Еден до најдобрите млади фудбалери во Премиерлигата, Амад Диало ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед заработи повреда на скочниот зглоб на тренинг, пишува „Дејли мејл“. Според Фабрицио Романо, заздравувањето на играчот ќе трае три месеци. Претходно се дозна дека уште тројца играчи на Јунајтед се повредени пред мечот со ...
Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година. Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска ...
Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2:2 во Рим. Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А. Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута ...
По Реал Мадрид, денеска во Ла Лига „киксираше“ и нивниот лут градски ривал, Атлетико (М). Момците на Чоло Симеоне одиграа 1:1 на домашен терен против Селта. Слично како и кај Реал (М), и Атлетико остана со играч помалку и тоа уште во петтата минута на мечот, кога директен црвен картон доби Пабло Бариос. Јаго Аспас од пенал ја доведе Селта во водство, а на крајот Сорлот во 82. минута му донесе голем бод на Атлетико. Ова сценарио и одговара на ...
Баер Леверкузен и Баерн одиграа нерешено без голови (0:0) во дербито од 22. коло на Бундес лигата. Двете најдобри екипи во Германија ги поделија бодовите, во натпревар во кој „фармацевтите“ доминираа, но не успеаја да постигнат гол. Виртц прв му се закани на Нојер, Фримпонг и Тела ја погодија гредата, а Тела вп неколку наврати беше блиску до гол. Во 66. минута дефанзивецот на Баерн Ито од гол линијата интервенираше и спречи водство на Баер. ...
Maкедонија Ѓорче Петров со победа го започна вториот дел од сезоната во ВМФЛ и го победи Охрид со 0:1. Со оваа победа „лавовите“ ја зголемија предноста на табелата бидејќи Брегалница одигра само реми без голови против Победа во Прилеп. Победа со која дојде до второто место запиша Арсими над Беласица со 0:1. Три бода во денешните средби освоија уште Скопје со 0:3 против Вардарски и Вардар Неготино дојде до минимален триумф над последнопласираниот ...
Реал Мадрид не успеа на „ЛЕ Садар“ да ја победи Осасуна во 24.коло во Примера. Натпреварот во Памплона заврши без победник 1:1 (0:1). Реал од 39 минута играше со фудбалер помалку, Џуд Белингем доби црвен каротн поради приговор. Реал испушти два бода во борбата за шампионската титула, а по мечот на „Ел Садар“ повоторно ќе работата медиумите на „кралскиот клуб“. Тимот на Карло Анчелоти добро го отвори натпреварот, Килијан Мбапе го совлада Ерера. ...
Душан Дуда Ивковиќ, еден од најголемите европски тренери на сите времиња, е финалист во изборот за нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд. Веста дојде од Сан Франциско, од Ол-стар викендот, каде беа претставени сите што дојдоа на само чекор од влез во кошаркарската сала на бесмртните, заедно со Ивковиќ има уште 16 кандидати. Конечната листа ќе биде објавена во април во Сан Антонио, за време на фајналфорот на НЦАА, а воведувањето на ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол на дебито за Торино во Серија А. Елмас, пред 10 дена пристигна во Торино на позајмица од Лајпциг. Торино загуби од Болоња (3:2), во првиот меч од 25.коло во Серија А. Елмас, на теренот влезе во 62.минута (на местот на Карамох), а три минути подоцна постигна прекрасен гол. Голот на елмас може да го видите ОВДЕ. Торино не успеа да освои ниту бод на ренато Д’Алара, откако Бираги си постигна ...
Фудбалерите на Манчестер сити убедливо со 4-0 го совладаа Њукасл во дербито од 25. коло на Премиер лигата. Јунак на победата на „граѓаните“, играчот платен 75 милиони евра во јануарскиот преоден рок, Омар Мармуш, кој постигна хет трик. Во периодот од 19. до 33. минута Египјанецот три пати ја погоди мрежата на „страчките“ и ги реши сите дилеми околку конечниот победник. Од трите што ги постигна, најмногу се издвојува неговиот прв гол за тимот на ...
Макс Ферстапен би можел да заврши во тимот на Астон Мартин, а вредноста на потенцијалниот договор би може да оди и до една милијарда фунти. Според британски Д„ејли Мејл“, Астон Мартин моментално е во преговори со потенцијалните спонзори за да може да го реализира трансфери. Тие всушност ги убедуваат компаниите да ги вложат своите пари во актуелниот шампион Макс Ферстапен и неговото доаѓање во тимот. Договорот би вклучувал нешто повеќе од ...
Арсенал победи во Лестер со 2:0 во Лестер, во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. По се уште некомлетното 25.коло, Арсенал со натпревар повеќе има четири поени помалку од лидерот на табелата Ливерпул. На „Кинг Пауер“ во Лестер, Арсенал не блескаше, особено во првото полувреме, но сепак успеа да го побед Лестер, кој остана во опасната зона, на 18.место со само 17 бодови. Разликата на теренот ја направија резервистите на ...
Диего Шварцман, еден од најдобрите аргентински тенисери во последната деценија, го одигра последниот меч во кариерата. Во второто коло на АТП 250 турнирот на земјена подлога во Буенос Аирес, Шпанецот Педро Мартинез го надигра Шварцман и го совлада со 6:2, 6:2. Шварцман претходно најави дека оваа недела ќе биде последна во неговата професионална кариера. Аргентинските навивачи целосно го исполнија стадионот во Буенос Аирес, а последниот гем ...
Елена Остапенко уште еднаш ја совлада Ига Швјонтек. Летонката во меѓусебните дуели води 5:0 против Шјонтек откако во полуфиналето победи убедливо со 6:3, 6:1. Остапенко избори пласман во финалето на ВТА турнирот во Доха. Летонката, 73. на ВТА листата, од стартот покажа во која насока ќе се движи мечот. Направи два брејка во првиот сет, три во вториот во кој Швјонтек, втора на ВТА листата, го искрши својот рекет. Остапенко за трофејот ќе се бори ...
Трофејниот италијански тренер Марсело Липи ги избра најдобрите играчи со кои работел во текот на неговата успешна кариера. Липи ја започна својата тренерска кариера пред повеќе од 40 години, а најславните денови ги помина како селектор на Италија со која го освои Светското првенство во 2006 година и како тренер на Јувентус. Со клубот од Торино пет пати ја освои Серија А, еднаш беше најдобар во Лигата на шампионите, а со клубот освои вкупно 13 ...