Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес. Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч. Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил. Раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за ...
Светскиот рекет број 3, Александар Зверев, го заврши својот настап на Ју-ес опен. Германецот, кој сезонава игра во променлива форма, по речиси четири часа борба загуби од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Финалистот од 2020 година беше елиминиран во третото коло, Оже-Алијасим беше подобар од него по четири сета (3:1), по сетови 4:6, 7:6(7), 6:4, 6:4 по речиси четири часа игра (3:49). Зверев имаше предност од еден сет и ја пропушти можноста да го ...
Олимпик Марсеј и Милан се договорија за Адриен Рабиот кој наскоро ќе го засили италијанскиот клуб. Милан ќе плати десет милиони евра плус бонуси. Управата на Олимпик Марсеј пред две недели ги стави на трансфер-листата Адриен Рабио и Џонатан Роу, поради жестока вербална пресметка во соблекувалната и непочитување на клупските дисциплински норми. Тоа само го забрза процесот на заминување на репрезентативецот. Рабио пред да дојде во Олимпик Марсеј ...
Во двата денешни натпревари од 4 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП ја извојува првата победа оваа сезона совладувајќи го Пелистер, додека Тиквеш и АП Брера ги поделија бодовите. Македонија ЃП до премиерната победа дојде со пресврт и головите на Христов во 25 минута од пенал и Гвереро во 66 минута, откако претходно Булатовиќ му донесе водство на битолскиот тим во 2 минута. Тиквеш и АП Брера сè уште се без прволигашки ...
Словенија ја победи Белгија со резултат 86:69 во третото коло од Групата Д на Евробаскетот. По два порази, Словенците ја оствари својата прва победа на ова првенство и без никакви проблеми ја оправда улогата на фаворит. Брилијантниот Лука Дончиќ се истакна, ја водеше Словенија до победа со трипл-дабл од 27 поени, додаде 10 скока и 11 асистенции. Бекот на Лејкерси не започна во вистински ритам, влезе во серија промашувања, но кога го најде ...
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја. Како што пишува „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на неименувани извори од Соединетите Американски Држави, Богдановиќ поради повреда нема да може да и помогне на својата репрезентација. Му била дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата, тврди претходно споменатиот извор, поради што нема ...
Ливерпул го доби дербито против Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Дуелот на „Енфилд“ го реши Доминик Собослај со спектакуларен гол во 82.минута. Дербито на „Енфилд“ донесе натпревар со многу темпо, но со малку квалитетна игра. Мечот лошо започна за Арсенал, Вилијам Салиба, клучниот деганзивец во четврртата минута поради повреда го напушти теренот. Ливерпул беа премногу резервирани во првиот дел, Арсенал ја контролираше играта, но дојде ...
На првиот Регионален ракометен турнир во Скопје Еурофарм Пелистер славеше над Вардар во вечното дерби, со што го освоија првото место. Битолчани победија со резултат од 25:23 во “Јане Сандански”, онаму каде што го добија и последниот меч против Вардар во рамките на македонскиот шампионат, победа која ги натера “црвено-црните” да направат промена на тренерската клупа. Во среда во Кавадарци овие два тима ќе одиграат повторно, овој пат на Супер ...
Поладнево во Глазгов, вечните ривали Ренџерс и Селтик го одиграа 447-ми „Олд Фирм“. Прв пат во кариерата Македонија имаше претставник во еден од најголемите дерби мечеви во светот на фудбалот. Бојан Миовски дебитираше за Ренџерс. Дербито ги разочара сите буквално ништо не се случи на теренот за 90 минути игра. Без шанси, без интензитет, дури и без „оган“ на теренот меѓу играчите. Во првото полувреме, Ренџерс беа малку поконкретни, додека Селтик ...
Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез. Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што ...
Додека навивачите на Галатасарај, доцна синоќа, ја славеа победата над Ризерспор, од другата страна на Босфорот дојде шокантната вест: „Едерсон е наш!“ Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо, објави дека дека голманот на Манчестер сити го избрал Фенербахче пред најголемиот ривал Галатасарај. Италијанецот тврди дека Фенер влегол во преговори со Сити откако во Истанбул се проширила веста дека понудата на Галата од десет милиони евра ...
Ако по утрото денот се познава, фудбалскиот клуб Вест Хем ќе има тешка сезона, нема да биде изненадување доколку клубот се бори за опстанок во Премиер лигата. Вест Хем стартуваше во новата сезона со два убедливи порази, а во последните часови од преодниот рок ќе остане без најдобриот играч, Лукас Пакета (28). Астон Вила е блиску да го потпише Бразилецот. Како што објави Фабрицио Романо, понуден е пакет вреден околу 55 милиони евра. Вест Хем би ...
Попладнево се одиграа два натпревари од третото коло на Премиер лигата. Брајтон го победи Манчестер сити како домаќин, додека Вест Хем славеше во Нотингем против Форест. Манчестер сити и покрај големите вложувања во летниот преоден рок и враќањето на Родри, се уште е во модот од минатата сезона. „Граѓаните“ во три кола имаат два порази. Во Брајтон домашниот тим славеше со пресврт во вториот дел, откако Сити во првиот дел поведе преку Ерлинг ...
Со гол во 95. минута, италијанскиот шампион Наполи оствари тешка победа на домашен терен против екипата на Каљари од 1:0 во 2. коло од Серија А лигата. Вечерва пред своја публика, Наполи се изнамачи за да обезбеди предност, но храброста и пожртвуванбоста во текот на сите 90 минути им се исплатеше. Ангиса успеа во последниот напад на домашните да ја затресе мрежата на Каљари иако многумина веќе ги видоа гостите како го прославуваат освоениот бод. ...
Светскиот рекет број два, Карлос Алкарас, за само 104 минути игра обезбеди пласман во одминафиналето на САД опен. Шпанецот со максимални 3-0 славеше над 34-тиот тенисер во светот, Луијано Дардери од Италија, на кој му дозволи да освои само шест гејма. Откако првиот сет го доби со 6-2, Алкарас најмногу мака виде во вториот, во кој славеше со 6-4, додека последниот го доби со максимални 6-0. Шпанецот во осминафиналето ќе игра против подобриот од ...
Реал Мадрид ја оствари третата победа во Ла Лига оваа сезона откако на „Сантијаго Бернабеу“ славеше против Мајорка со 2-1. Тимот на Чаби Алонсо сега има максимални девет бода по три кола. 🚨🇪🇸 MURIQI OPENS THE SCORING FOR MALLORCA! Real Madrid 0-1 Mallorca.pic.twitter.com/toUmk8WiQ8 — Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 30, 2025 Мајорка поведе во Мадрид со голот на Ведад Муричи во 18-тата минута. Сепак, Кралскиот клуб успеа да направи пресврт ...
Европското првенство во кошарка вечерва доби уште два патници во нокаут фазата, откако Турција и Финска обезбедија пласман во осминафиналето по нови убедливи победи. Алперен Сенгун повторно блескаше и ја предводеше Турција до сигурна победа над Португалија (95-54). Избраниците на Ергин Атаман уште во првото полувреме создадоа недостижна предност од 24 поени, а Фуркан Коркмаз и Онуралп Битим донесоа дополнителна енергија од клупата. Турција со ...
Експедицијата на РК Алкалоид е веќе во Германија. Ракометарите на победникот на ЕХФ Купот, заедно со стратегот Кирил Лазаров и дел од раководството на нашиот европски претставник пристигнаа во Германија каде утре од 17 часот ќе го одиграат првиот меч од квалификациите во ЕХФ Европската лига против Хановер – Бургдорф. Како што информираат од страна на Алкалоид, овој меч на радост на сите ракометни и воопшто спортски фанови, ќе биде пренесуван во ...
Ливерпул го осигура едно од своите клучни имиња и за иднинатa, откако денес Коди Гакпо официјално потпиша нов долгогодишен договор со клубот. Холандскиот напаѓач, кој во јануари 2023 година пристигна на Енфилд од ПСВ Ајндховен, веќе две и пол години е дел од “црвеното” семејство, а со новиот потпис ја потврди својата верност кон тимот. Од доаѓањето во Ливерпул, 26-годишникот одигра 131 натпревар, постигна 42 голови и запиша 16 асистенции. Во ...
Поранешниот шампион на УС Опен, рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со 42.500 долари за неспортско однесување за време на неговиот пораз во првото коло на турнирот во Њујорк, објави денеска Би-Би-Си. Русинот беше елиминиран од Французинот Бенџамин Бонзи по бурната реакција предизвикана од влегувањето на фотограф на теренот во клучните моменти од натпреварот. Тениската асоцијација на САД го казни Медведев со 30.000 долари за неспортско ...
По Полска, репрезентативците на Словенија беа поразени и од Франција во второто коло од Европското првенство. Франција во еден возбудлив и неизвесен натпревар победи 103:95. Натпреварот го одбележаа Лука Дончиќ од едната страна и Силван Франциско од другата страна, кој на крајот речиси предизвика голем инцидент. Во моментот кога ја прифати раката на Дончиќ како знак на честитка за победата, се упати кон кошот и поентираше за конечни 103:95. ...
Челзи испрати понуда за фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез. Лондонскиот клуб официјално ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра за трансферот на 22-годишниот играч од средниот ред, објави Фабрицио Романо. Минатата сезона во Ла Лига, Фермин одигра 28 натпревари, постигнувајќи 6 гола и запишувајќи 5 асистенции. Треерот на Барселона, Ханси Флик, за евентуалното заминување на Фермин од Барса истакна дека тој е убеден дека Фермин ќе остане во клубот ...
Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер ја запиша и втората победа на регионалниот ракометен турнир кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и се наоѓа на чекор до освојување на првото место. Избраниците на Рубен Гарабаја рутински го победија првакот на Црна Гора, Ловќен од Цетиње 37-27 (16-13). Повторно во ростерот на пелистерци не настапија голманите Хаидарирад и Митревски, и Манасков, Ристевски и Кузманоски. Овој натпревар беше ...
Србија ја победи Летонија, во дербито во А групата со 84:80. Србите го забележаа третиот триумф, Летонија има победа и два порази. Блескаше Никола Јокиќ со 39 поени. Рекордерот на српскиот тим, Никола Јокиќ не дозволи инзненадување во Рига. Со исклучок на првите четири минути, Србија констатнтно имаше предност, најчесто од осум поени. Србија имаше 82:75 на нецели 120 секунди до крајот, Летонците се вратија со две тројки на само минус од два ...
Францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку официјално e потврден цо нов фудбалер на Милан, каде дојде од Челзи, објави денеска италијанскиот клуб. „Милан со задоволство го објавува потпишувањето на договорот со Кристофер Нкунку од Челзи. Францускиот напаѓач потпиша договор до јуни 2030 година“, соопшти клубот од Милано. Според италијанскиот печат, Милан ќе плати 37 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 42 милиони евра со бонуси за ...
УЕФА го потврди распоредот и термините за натпреварите во главната фаза во Конференциската лига. Сезонава, во имто на Шкендија, за прв пат во историјата Македонија ќе има репрезент во ова натпреварување. Шкендија ќе одигра шест натпревари во Конференциската лига. Првиот во Мадрид против Рајо Ваљекано на 2 октомври (18.54 часот). Потоа Шкендија ќе одигра два натпревари на домашен терен, против Шелбурн на 23 октомври и Јагиелонија на 6 ноември. ...
Иако при неговиот трансфер од Аталанта во Манчестер, тимот на Јунајтед плати цели 83 милиони евра, сепак, Расмус Хојлунд за многу кратко време ги потроши сите кредити на Олд Трафорд. Данецот е вишок во моментов, па ќе биде испратен верувале или не на позајмица. И тоа во Наполи, каде што секој момент се чека да биде промовиран како нов играч и напиот Елиф Елмас. Хојлунд ни оддалеку не ги исполни очекувањата кои ги имаа за него во Јунајтед, па ...
Првите денешни четири натпревари во второто коло од германската Бундеслига донесоа интересен фудбал и прилично голем број на погодоци, особено на мечот во Бремен, каде екипата на Вердер со играч помалку успеа да се врати од негатива од 1:3 и да избори реми за конечни 3:3. „Фармацевтите“ под водство на Тен Хаг почнаа одлично, поведоа по само пет минути игра, а до 35-тата минута веќе имаа и 0:2. Вердер до паузата погоди од пенал за конечни 1:2 на ...
Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута. Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно. Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони. Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР ...
Денот во Премиер лигата започна со победата на Челзи против Фулам, 2:0 (1:0). Ќе се анализира судењето на овој натпревар, впечаток е дека судијата два пати ги оштети Фулам. Не започна добро за „сините“, веќе во 14-та минута Мареска беше принуден да направи замена бидејќи Делап се повреди, а потоа само седум минути подоцна Фулам постигна гол. Марко Силва беше бесен. И со право, кога голот на Кинг беше поништен по долгата ВАР проверка поради ...