
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, денеска објави дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот тренер, Енди Мареј. Енди Мареј беше стрaтег на Ѓоковиќ на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а Шкотланѓанецот накратко се врати во споменатата ложа, на Мастерсот во Мадрид, каде Новак веднаш беше елиминиран. „Ти благодарам тренер Енди за сета твоја напорна работа, забава и поддршка во изминатите шест месеци на теренот и надвор од него. Навистина ...
Конор Бредли го продолжи договорот со Ливерпул, објавија од новиот англиски шампион. Според лондонски „Тајмс“ договорот на 21-годишниот дефанзивец со тимот од Мерсисајд е за уште четири сезони. Северноирскиот репрезентативец е во Ливерпул од 2019 година. Бредли сезонава одигра 17 натпревари во англиската Премиер лига, помагајќи му на Ливерпул да ја освои својата 20. титула. Во претпоследното коло од Премиер лигата, Ливерпул му гостува на Брајтон ...
Последното коло од Бундеслигата беше повеќе од возбудливо, а најголем победник на крајот е Борусија Дортмунд. „Милионерите“ и со помош на Ајнтрахт успеаја да го обезбедат четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Покрај Боруија, во елитата како германски преставници ќе играат шампионот Баерн, Баер Леверкузен и Ајнтрахт. Ајнтрахт направи пресврт во Фрајбург, во директен дуел за место во ЛШ и на крајот победи со 1:3. Мечот не запона добро ...
Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас. Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата. Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“. Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Брујн за сè што ...
Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ѝ честиташе на Барселона за заслужено освоената титула. Со победа од 2:0 над Еспањол, Барселона официјално стана нов шампион на Шпанија во четврток, на две кола до крајот. Пред натпреварот со Севилја, на денешната конференција, Карло Анчелоти ѝ честиташе на Барселона за заслужениот трофеј. „Барселона играше брилијантно и затоа треба да им честитаме. Тие беа најконзистентниот тим во текот на целото ...
Минатиот петок, Франц Херман предизвика метеж на познатата патека Нирбургринг. Под ова име тест возења на патеката имал четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен. Славниот Холанѓанец го тестирал автомобилот „Ferrari GT3“ во Германија. Според присутните, Макс го надминал моменталниот рекорд на патеката за две секунди. Оваа вест подоцна ја потврди Хелмут Марко, советник и „сива еминенција“ во Ред Бул. „ГТ е големата љубов на ...
Ханси Флик и во следните две сезони ќе ја предводи Барселона. Она што се најавуваше минатите неколку дена сега е веќе и потврдено и тоа од страна на првиот човек на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта: -Многу сме задоволни од работата на Ханси Флик. Тој во целост успеа да ги сврти работите во наша корист и го врати натпреварувачкиот дух во тимот. Веќе разговаравме за тоа и се е договорено, тој останува најмалку до јуни 2027 година, само треба да го ...
Поранешниот шампион на Италија и освојувач на европски трофеј, Сампдорија, испадна во третата лига на италијанскиот фудбал. Во последното коло од Серија Б, Сампдорија одигра без гол против Јуве Стабија (0:0), но резултатите од другите натпревари не им одеа во прилог. Тоа значеше дека за прв пат во 79 години постоење, клубот од Џенова се пресели во Серија Ц. Навивачите на Сампорија се појавија на тренингот на тимот во петокот и побараа од ...
Најдобриот голман во светот, според ФИФА, Емилијано Мартинез, емотивно го доживеа крајот на натпреварот против Тотенхем. Астон Вила во претпоследното коло го победи Тотенхем со 2:0 и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Дуелот од претпоследното коло беше последен за Вила оваа сеозна пред домашната публика. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“ кога беше прашан за иднината на Емилијано Мартинез, откако аргентинскиот ...
Њујорк Никс се пласираа во финалето на Источната конференција за прв пат од 2000 година, откако ги декласираа Бостон Селтикс со 119:81 во шестиот натпревар од полуфиналната серија. Во преполниот „Медисон Сквер Гарден“, со рекордно скапи билети, домашниот тим ги оправда очекувањата и го победи актуелниот шампион, кој беше без својата прва ѕвезда, Џејсон Тејтум, кој го пропушти натпреварот поради повреда на Ахиловата тетива. Кај Никс, дури шест ...
По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да ја прифати. Нермин Пепиќ, актуелниот тренер на јуниорската селекција на овој клуб, ќе го преземе кормилото во обид да ја спаси сезоната на „центарци“. Според информациите, Пепиќ веќе ја презел сениорската екипа и го водел тренингот ...
Рој Кин повторно ги критикуваше играчите на Манчестер Јунајтед, овој пат конкретно „удри“ по Расмус Хојлунд. Данецот против Челзи имаше уште едно лошо издание оваа сезона. Јунајтед беше поразен синоќа пред финалето на Лига Европа против Тотенхем, со што ја продолжи катастрофалната низа, само два освоени бода од почетокот на април и пет порази во последните шест натпревари. Тимот на Рубен Аморим падна на 16. место во Премиер лигата. Зад ЈУнајтед ...
Фудбалерите на Барселона ја прославија успешна сезона, во која освоија три трофеи. Барселона е шампион на Шпанија, ја обезбеди титулата на две рунди пред крајот на Ла Лига, а претходно ги освои Суперкупот и Копа дел Реј. Фудбалерите на Барселона бурно го прославија последниот од серијата трофеи оваа сезона, по прославата во соблекувалната на Еспањол, Каталонците славеа со навивачите во отворен автобус што минуваше низ градот. Еден од играчите ...
Шпанскиот фудбалер Дани Олмо се повеќе се поврзува во странските медиуми со трансфер од Барселона во Манчестер сити. Поранешниот играч на Динамо пристигна во Барселона минатата година за 55 милиони евра. Менаџерот на фудбалерот, Енди Бара за германски „Скај Спорт“, откри какви се плановите на неговиот клиент. „Во моментов не разговараме со ниту еден друг клуб освен со Барселона. Дани е среќен во Барселона. Тој освојува трофеи и е важен дел од ...
Финалистите во Лига Европа, Тотенхем и Манчестер јунајтед, забележаа порази во претпоследното коло во Премиер лигата. Астон Вила го победи Тотенхем со 2:0, а Челси славеше над Манчестер јунајтед 1:0. Астон Вила на домашен терен, отпорот на Тотенхем го скрши во последните 30 минути од натпреврот. Стрелци за Астон Вила беа Езри Конса во 59. и Бубакар Камара во 73. минута. Во последното коло, Астон Вила во како што стојат работите директен дуел за ...
Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана. Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година. Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот ...
НБА би можела да добие неверојатна блокбастер размена во која ќе бидат вклучени Јанис Адеткумбо и Алперен Шенггун. Според новинарот на „Ен-Би-Си“, Хјустон Рокетс го сакаат Јанис Адетокумбо, кој наводно решил да ги напушти Милвоки Бакс. Јанис е незадоволен од тимот што го има околу себе и не гледа шанси да освои уште една титула со Бакс, па затоа е отворен трејд ова лето или во блиска иднина. Хјустон е тим кој многу би сакал да го доведе Гркот, а ...
Европската куќа на фудбалот строго го казни Хрватскиот фудбалски сојуз за инцидентите предизвикани од неговите навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција. Во март, Хрватите го добија првиот натпревар со 2:0, но загубија во реваншот со ист резултат, а по изведувањето пенали во Париз беа елиминирани од понатамошното натпреварување. Според извештаите на УЕФА, хрватските навивачи извршиле расистички и дискриминаторски ...
Со одлука на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а потоа и со потврда од Арбитражниот суд за спорт, фудбалскиот клуб Леон беше исклучен од Светското клупско првенство бидејќи има иста сопственичка структура како Пачука. Откако Арбитражниот суд за спорт ја отфрли жалбата на Леон и ја потврди одлуката на ФИФА, беше одлучено Лос Анџелес и Клуб Америка да се натпреваруваат за испразнетото место на Светското клупско првенство. Во петокот беше ...
Барселона ја освои титулата во Шпанија победувајќи со 2:0 во градското дерби против Еспањол, два кола пред крајот на Ла Лига, со головите на Ламине Јамал и Фермин Лопез. Таа победа е особено слатка за навивачите на Барса бидејќи ја освоија титулата од еден од најголемите ривали (Реал), а ја обезбедија со победа против другиот – Еспањол. Барселона и Еспањол се градски, но и идеолошки ривали. Имаат големо историско ривалство бидејќи Барселона е ...
Конгресот на ФИФА во Парагвај, на кој во четвртокот учествуваа делегати од 210 национални асоцијации, првично беше одложен за еден час, но започна со повеќе од два часа доцнење. Неколку водечки европски фудбалски делегати, вклучувајќи го и претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, го напуштија 75. Меѓународен конгрес на ФИФА во Парагвај поради доцнењето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се враќаше од ...
Откако македонската машка ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, веќе се познати шеширите ладе ќе биде сместена пред ждрепката за завршниот турнир. Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство. Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија Шешир 2: ...
Фудбалскиот клуб Лестер објави дека клупската легенда, Џејми Варди ќе го одигра својот последен натпревар за клубот во недела против Ипсвич. Лестер ќе го пречека Ипсвич во недела од 16 часот во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата. Сезоната, Лестер ќе ја заврши на 25.мај на гостувањето кај Борнмут, но Варди нема да игра на тој натпревар. Варди 13 години е во Лестер, а дуелот против Ипсвич ќе биде јубилеен 500. во дресот на „лисиците“. В ...
Кошаркарите на Црвена звезда во драматична завршница славеа во Лакташи, против Игокеа со 95:90 и се пласираа во полуфиналето на региналната АБА лига. Немања Недовиќ ја предводеше Црвена звезда со 26 поени и шест асистенции, Рпокас Гедраитис на 10 секунди до крајот постигна тројка со која го реши мечот, а во финишот се „истакна“ 37-годишниот Милош Теодосиќ, кој за неколку секунди доби две технички грешки, откако преходно направи фаул врз Марко ...
Трикратниот МВП на сезоната во НБА лигата, Никола Јокиќ, избори со Денвер мајсторка против Оклахома, по која ќе биде познат противникот на Минесота во финалето на Западот. Јокиќ со 29 поени, 14 скока и осум асистенции, го предводеше Денвер до победата 119:107 во шестиот натпревар од серијата. Јокиќ игра неверојатно во плејофот, моментално е лидер во НБА во сите статистички категории. По шестиот натпревар, тој го престигна Џејлен Бренсон (Њујорк ...
Нема да има судска постапка против Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, по жалбата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека двата клуба го прекршиле Законот за конкуренција на Европската унија. Тебас ги пријави Манчестер Сити и Пари Сен Жермен во Европската комисија со тврдење дека користат пари од странски земји за финансирање. Првиот човек на Ла Лига ги пријави Манчестер Сити и Пари Сен Жермен во Европската комисија уште во јуни 2023 ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Оклахома Сити Тандер со 119:107 во шестиот натпревар од второто коло од плејофот. Атмосферата во Денвер ја „проголта“ Оклахома и ги однесе Нагетс до победа и мајсторка, која ќе реши која екипа ќе се бори за титулата на Западот. Никола Јокиќ уште еднаш беше маестрален. Натпревар достоен за почит, речиси трипл-дабл од српскиот центар и натпревар во кој запиша 29 поени, 14 скока и 8 асистенции. Џамал Мареј, ...
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид. Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул. Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни. Со оглед на околностите, Ливерпул не сака да им излезе во пресрет на, но под услов Реал да ...
Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим. Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и ќе го напушти клубот без отпремнина, објави „Индекс“ повикувајќи се на свои извори. Гатузо ...
Репрезентативецот на Македонија Димитар Митровски (26) е во конкуренција за играч на сезоната во фудбалскиот шампионат на Хрватска. Митровски сезонава е најдобриот стрелец на Вараждин со седум гола. Покрај Митровски во конкуренција за играч на сезоната се Тони Фрук (Ријека), Ален Гргиќ (Славен Белупо), Роберт Мудражија (Локомотива) и Марко Ливаја (Хајдук). Ливаја е фаворит во оваа трка, тој е најдобар стрелц во првенството со 18 гола, има и ...