Светската фудбалска федерација (ФИФА) – му одреди казна на ФК Партизан за трансфери во следните три преодни рока. Казната ќе биде автоматски „симната“ доколку Управата на клубот направи исплата на долгот, како во претходните случаи за екипите кои се наоѓаат на списокот на суспендирани од страна на ФИФА. Казната за Партизан е поради долгот од 1,3 милиони евра кон поранешниот играч Патрик Андраде. Тој за клубот од Белград во една сезона одигра ...

Со одлука на францускиот суд европскиот првак ПСЖ е обврзан на својот поранешен играч Килијан Мбапе да му исплати 60 милиони евра. Таа сума е врз основа на неисплатени плати и бонуси. Мбапе побаруваше 263 милиони евра, а ПСЖ возврати со тужба. Фудбалерот побаруваше од клубот 55 милиони евра неисплатени плати, како и дополнителна отшетата подари кршење на договорот и лошиот третман од клубот. Клубот (ПСЖ) возврати со тужба да нереализиран ...

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, го коментираше поразот од 1:0 на гости против Рома во 15. коло синоќа во натпревар од италијанското фудбалско првенство. – Рома беше многу силна физички, имаа квалитет што ни недостасува нам. Кога играте против толку физички моќен тим, со такви играчи, или играте фудбал или мора да се обидувате со долги топки, во спротивно станува тешко. Горд сум на тимот во смисла дека се боревме до крај. Честитки до Рома, ...

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е задоволен од настапот на неговиот тим синоќа на средбата со Комо (1:0) на домашен терен во натпревар од 15. коло од италијанското фудбалско првенство. – Соуле одигра одлична игра, но тешко е да се суди некого вечерва. Беше добар натпревар благодарение на двата тима. И двата тима се обидоа да победат. Се снајдовме добро бидејќи темпото на Комо може да казнува, бевме многу прецизни. Добра изведба дома ...

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање на вајлд-карта. Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, ...

Поранешниот рели возач од Обединетите Арапски Емирати, 64-годишниот Мохамед Бин Сулајем е реизбран за претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на генералното собрание кое денеска се одржа во узбекистанската престолнина Ташкент. „Им се заблагодарувам на членовите на ФИА за одличната посетеност и довербата што ми ја покажаа повторно. Надминавме многу пречки и денес сме посилни од кога било“, рече Бин Сулајем. Неговиот ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синнер, ја освои наградата за омилен играч на фановите трета година по ред, објави Зружението на тениски професионалци (АТП). -Ви благодарам многу што гласавте за мене. Освојувањето на оваа награда повторно, значи многу, рече Синнер по добивањето на наградата. Од 2003 до 2021 година, Швајцарецот Роџер Федерер ја освои наградата. Во 2022 година, Шпанецот Рафаел Надал ја освои наградата. Во 2025 година, 24-годишниот ...

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), Рафаел Лузанб, објави дека Финалисма 2026 година, во која ќе учествуваат Шпанија и Аргентина, ќе се одржи во март. -Овој сон, наречен Финалисма, ќе се оствари во март. Блиску сме до договор за ова прашање со УЕФА и чекаме официјална потврда, изјави Лузанб на социјалните мрежи на „Ел Чирингито“. Финалисима е натпревар во кој се соочуваат актуелните победници на Европското првенство и ...

Рома забележа значајна победа на домашен терен, откако на „Олимпико“ го совлада Комо и уште еднаш покажа стабилност под водство на Џан Пјеро Гасперини. Италијанскиот стратег излезе како победник во тренерскиот дуел со Сеск Фабрегас, чиј Комо не успеа да парира во клучните моменти од натпреварот. „Волчицата“ од самиот почеток наметна контрола и посед на топката, создавајќи неколку зрели шанси, што на крајот резултираше со заслужена предност. ...

Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА. Американецот ги предводеше стрелците во натпреварот против Јута (133:140 по продолжение), постигнувајќи 42 поени, седум скока и шест асистенции. Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од 18,4 поени, 6,3 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Маверикс, со 10 победи во 27 натпревари, ...

Арсенал е заинтересиран да го ангажира голманот на Милан, Лоренцо Торијани, објави „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, англискиот клуб ја чека одлуката на раководството на Милан во врска со иднината на 20-годишниот голман. Можно е Торијани тој да биде позајмен во тим од Серија Б во јануари 2026 година до крајот на сезоната. Во сезоната 2025/26, Торијани прими 12 гола во 10 натпревари од Серија Д за Милан. Неговиот договор со ...

Торонто го победи Мајами ноќеска на гостински терен со 106:96 во меч од регуларниот дел на НБА-лигата. Овој пораз беше петти по ред за Хит. Тимот е на деветтото место во Источната конференција (14-12 победи-порази). Торонто победи за прв пат по четири последователни порази и е на третото место (16-11). Мајами ќе игра против Бруклин на гостински терен во нивниот следен натпревар на 19 декември. Торонто ќе се соочи со Милвоки на гостински терен ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, жали што неговиот тим не успеа да ги освои трите бода на средбата со Борнмут. Тимот од „Олд Трафорд“ синоќа одигра 4:4 на свој терен во 16. коло од англиската Премиер лига. – Беше возбудлив натпревар. Мислам дека дозволивме победата да ни избега. Ако го погледнете натпреварот, можеби ќе помислите дека испуштивме два бода во второто полувреме, но јас мислам дека ги испуштивме во првото полувреме. ...

Манчестер јунајтед ремизираше 4:4 со Борнмут синоќа на домашен терен во 16. коло од англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“ водеа три пати во текот на натпреварот, но не успеаја да го задржат водството. Головите за домашните ги постигнаа Амад Дијало, Касемиро, Бруно Фернандеш и Матеус Куња. За Борнмут погодија: Антоан Семењо, Еванилсон, Маркус Таверние и Ели Жуниор Крупи. Манчестер јунајтед има 26 бода и е шести на табелата во Премиер ...

Играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието на дуелот Алавес – Реал Мадрид. Бразилецот смета дека тој и неговиот клуб беа оштетени бидејќи не им беше досуден пенал од страна на судијата Гарсија. На негова страна беше и неговиот тренер Чаби Алонсо (не се во добри односи), кој изјави дека ситуацијата била чист пенал, а на тоа Бразилецот надополнил дека не бил досуден дека фаулот бил направен над него. „Кралскиот клуб“ ...

Англиската фудбалска јавност е во неизвесност откако еден од репрезентативците на „Гордиот Албион“ **заврши во болница**, по здравствени компликации што се појавиле ненадејно. Според информациите од англиските медиуми, фудбалерот бил итно хоспитализиран, а лекарскиот тим веднаш реагирал за да ја стабилизира неговата состојба. Засега не се откриваат детали за сериозноста на проблемот, но од клубот порачуваат дека играчот е под постојан ...

Екипата на Голден Стејт вориорс ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд со 136:131 и покрај тоа што Стефен Кари постигна 48 поени, погодувајќи 12 од 19 за три поени. Резултати на другите пет натпревари од НБА-лигата играни ноќта недела кон понеделник: Атланта – Филаделфија 120:117 Бруклин – Милвоки 127:82 Чикаго – Њу Орлеанс 104:114 Минесота – Сакраменто 117:103 Феникс – ЛА Лејкерс 114:116. Лидер во Западната конференција е Оклахома со ...

Легендата на Барселона и поранешен тренер на каталонскиот гигант, Чави Ернандез, би можел наскоро да се врати на тренерската сцена – и тоа во Премиер лигата. Англиските медиуми пренесуваат дека неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата околу шпанскиот стратег, а како можна дестинација се споменува Лондон. По заминувањето од Барселона, Чави одлучи да направи пауза, но веќе јасно стави до знаење дека е подготвен за нов предизвик. Според ...

Ница викендот претрпе пораз со 2:0 на гостински терен од Ленс во 16. коло од француското фудбалско првенство. „Орлите“ го претрпеа својот деветти последователен пораз во сите натпреварувања. Оваа серија е најдолга во историјата на клубот. Последен пат Ница освои бодови на 29 октомври, победувајќи го Лил со 2:0 во Лига 1. Во 2025 година, Ница претрпе 24 порази, нивниот најлош биланс во последните 40 години. Во 1987 година, клубот исто така ...

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер поради повреда на бутниот мускул ќе го пропушти следниот натпревар од Бундес лигата (15.коло) против Хајденхајм, соопшти баварскиот клуб. Ноер се повреди на неделниот дуел против Мајнц, што заврши 2:2. По денешните лекарски прегледи е потврдена повредата на голманот, кој ќе мора да паузира на натпреварот што е на програмата на 21.декември. Клубот од Минхен не соопшти колку ќе паузира искусниот голман, но ...

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола е задоволен од играта на неговиот тим на дуелот со Кристал Палас. „Граѓаните“ вчера на гостувањето во Лондон победија со 3:0 во 16. коло од Премиер лигата. – Беше тешко. Тие се неверојатно силни. Секој пат кога играме против нив, е многу тешко – тие се физички моќни, знаат како брзо да одат во транзиција. Исто така и се бранат многу добро. Резултатот од 3:0 е добра потврда за нашата сила, изјави ...

Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. – Оваа соработка ...

Охрид, 15 декември 2025 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. – На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при ...

Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје вечерва во СРЦ „Кале“ забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72. Гостите од Аеродром доминираа во првото полувреме и двоцифрената предност ја зачуваа до крајот. Во деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром во десет одиграни мечеви во „МТЕЛ“ Супер лигата, МекКејден го заврши дербито со 22 поени (четири скока и две асистенции), Војдан Стојановски имаше 18 поени (четири скока ...

Ракометарите на ГРК Охрид вчеравечер го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17. коло на ракометната Супер лига. Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид го надигра гостинот од Битола и сосема заслужено стигна до двата бода. Три гола во победничкиот тим постигна Томислав Јагуриноски. – Многу тежок натпревар. Во еден момент водевме со многу разлика. Сепак, морам да ...

Американскиот бизнис магазин Форбс ги објави заработките на возачите во Формула 1 за 2025 година земајќи ги предвид платите и бонусите. Макс Верстапен од Ред Бул го освои првото место со 76 милиони долари, додека Луис Хамилтон од Ферари беше втор со 70,5 милиони долари. Новиот шампион Ландо Норис од Мекларен заврши трет на ранг-листата (57,5 милиони долари). Изданието објавува дека Британецот добил 39,5 милиони долари бонуси, вклучувајќи 10 ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство. – Јас служам како пример за децата, а промената на моето државјанство не е за мене бидејќи не сакам да ги предадам. Затоа, би сакала да ја претставувам Белорусија токму за децата од оваа земја да можат да ме видат како се натпреварувам на високо ниво и да бидат инспирирани од мене. Се надевам дека, со мојот пример, ќе им покажам дека, ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, се осврна на синоќешната победа (1:0) над Болоња на домашен терен во 15. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Дали ова е најважната победа во мојот престој во Јувентус? Апсолутно, бидејќи се соочивме со тим со свој идентитет, квалитет и ентузијазам. Тие беа добро организирани и дури и со десет играчи ни ги отежнаа работите. Победата тука значи уште повеќе за моите играчи кои заслужуваат ...

Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундеслига. Тимот од Минхен постави нов рекорд по ефикасност во Бундеслигата. Претходно не се случило некој тим да стигне до 50 погодоци по само 14 рунди. Во 14 натпревари од Бундеслигата, Баерн постигна 51 гол, а прими 11. Тие имаат 38 бода и се први на табелата. За споредба, во сезоната 2024/25, Баерн постигна 42 гола во 14 ...

Репрезентацијата на Франција го освоија третото место на Светското женско ракометно првенство 2026. Французинките денес по голема борба ја победија Холандија со 33:31 (26:26, 12:11), пред полна сала во Ротердам. Најефикасна во победничката репрезентација беше Сара Букит со девет гола. За Холандија, Бо Ван Ветеринг и Роми Марскелверд постигнаа по шест гола. Во големото финале, од 17:30 часот ќе се соочат Германија и Норвешка. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
9.77
70%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
87%
1002
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.94
100%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.05
86%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
87%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
6.17
96%
1005
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
999
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16