Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ги искажа впечатоците по синоќешната тешка победа (3:2) над Талавера во осминафиналето на Купот на кралот. – Тоа се случува во купот. И нас и на други тимови се случуваат вакви нешта. При резултат 3:1 примивме гол па противникот почна да притиска. Добро го контролиравме првото полувреме, но не постигнавме трет гол, оставајќи го натпреварот отворен. Беше напнат натпревар. Возбудлив куп натпревар. Купот на ...

Екипите на Алкалоид и на Вардар со победи го завршија есенскиот дел од ракометната Супер лига. Двете екипи вечерва постигнаа гостински победи во првите дуели од 18.коло. Алкалоид го совлада Бутел како гостин со 33:28. Избраниците на Кирил Лазаров имаа одличен старт и водство од 3:0, а потоа со нова серија од три гола дојдоа до предност од 14:8 во финишот на првиот дел. Во второто полувреме Алкалоид рутински ја задржа предноста. Никола ...

Извршена е жррепката за полуфиналето на Англискиот Лига куп 2025/26. Њукасл ќе се соочи со Манчестер сити во оваа фаза од натпреварувањето, додека Челзи ќе игра со Арсенал или Кристал Палас, кои ќе се сретнат во четвртфиналето во вторник, 23 декември. Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 12 јануари, а реваншите на 2 февруари. Њукасл го освои Англискиот Лига куп минатата сезона, победувајќи го во финалето Ливерпул со 2:1. Фото: ...

Ботафого објави на својата официјална веб-страница дека Давиде Анчелоти ја напушта својата позиција како главен тренер на тимот. Триесет и шестгодишниот Италијанец, кој е син на Карло Анчелоти, одби да потпише нов договор. – Анчелоти повеќе не е тренер на Ботафого. Неговите помошници исто така го напуштаат тимот. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност како дел од семејството Ботафого. Новиот тренерски ...

Манчестер сити го победи Брентфорд со 2:0 во четвртфиналето на англискиот Лига куп. Натпреварот се одигра синоќа на „Етихад“ во Манчестер. Францускиот играч од средниот ред Рајан Черки го отвори резултатот во 32. По паузата, бразилскиот крилен напаѓач Савињо го постави конечниот резултат. Противникот на Манчестер Сити во полуфиналето ќе биде одреден со жрепка. Претходно Челзи се пласира во полуфиналето откако го победи Кардиф сити со 3:1, ...

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, го пофали настапот на рускиот голман Матвеј Сафонов по победата над Фламенго синоќа во финалето на Интерконтиненталниот куп. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри. – Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали по ред. ние сме среќни што ...

Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена за сите натпревари на сите национални селекции на ...

Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 124:113 во финалето на НБА Купот. Натпреварот се одигра во „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас. Најефикасен во победничкиот тим беше Ануноби со 28, кај Сан Антонио се истакна Харпер со 21 поен. Ова беше трето издание на натпреварувањето кое се одржува во рамките на сезоната. Претходните две години трофејот го освоија Лос Анџелес лејкерс (2023 година) и Оклахома Сити (2024). Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Светски познатото тренерско кошаркарско име Светислав Пешиќ вечерва во Скопје ја промовираше својата книга „Мојата игра мојот пат“. Зад името на Пешиќ се наредени безброј медали од големите натпреварувања, златни медали на Европско првенство (со две репрезентации Германија и Југославија), злато на Светското првенство (со победа на американски Дрим тим), први места како селектор во неколку возрасни категории (како селектор на Југославија) и ...

Така е тоа кога работите функционираат, кога се оди добро. А во Барселона под водство на Ханси Флик, секако дека работите одат во посакуван правец. Па така Барса веќе планира да му понуди нов договор на Ханси Флик. Иако Германецот го обнови договорот до 2027 година пред неколку месеци, Хоан Лапорта сака да му понуди соработка за уште една сезона, до летото 2028 година. Германскиот весник „Билд“ додава и дека Барса сака да го засили тимот на ...

Во изненадувачки интензивен, неизвесен и полн со возбудувања дуел, шампионот на Европа, тимот на ПСЖ го освои ФИФА интернационалниот куп по подоброто изведување на пеналите против бразилскиот состав Фламенго. Спектаклот кој се играше на стадионот Ахмад бин Али кулминираше откако регуларните 1:1 го однесоа дуелот во пенал серијата, а таму херој е резервниот голман на ПСЖ Матвеј Сафоров, кој што доби минутажа во последните неколку меча. Одбрани ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека ги намалила цените на некои билети за Светското првенство, наменети за најлојалните навивачи на националните тимови, по глобалниот јавен протест. Така, некои навивачи ќе имаат можност да купат билет за финалето по цена од 60 долари, наместо претходно планираните 4.185 долари. ФИФА во вторник соопшти дека билети од 60 долари ќе бидат достапни за секој натпревар од турнирот, кој ќе се игра ...

Американскиот фудбалски првак Интер Мајами го продолжи договорот со напаѓачот Луис Суарез до крајот на сезоната 2026. „Откако ја заврши историската сезона 2025, Суарез потпиша нов договор, негов втор со клубот. Огромното искуство и лидерските квалитети на напаѓачот одиграа одлучувачка улога во третата и четвртата титула на Интер Мајами – Лигата на шампионите во Источната конференција и МЛС Купот“, соопшти клубот од Мајами. Уругвајскиот ...

Британскиот премиер Кир Стармер го предупреди денеска поранешниот сопственик на премиерлигашот Челзи, Роман Абрамович, дека „времето истекува“ да донира 2,5 милијарди фунти од продажбата на лондонскиот клуб во хуманитарна помош за Украина. Стармер посочи додаде дека британската Влада е подготвена да поведе судска постапка доколку тоа не се случи, јави денеска Скај Спорт. Зборувајќи пред пратениците во Долниот дом, британскиот премиер рече ...

Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари на учесниците на Светското првенство ...

Десниот бек на Интер, Дензел Демфрис (29), го оперираше левиот глужд и ќе биде надвор од теренот два до три месеци, јавија денеска италијанските медиуми. Холандскиот репрезентативец веќе некое време има проблем со повреда на глуждот и, по консултација со специјалисти, одлучи да се подложи на операција. Демфрис бил опериран во вторникот во лондонската клиника „Фортиус“. Својот последен натпревар Демфрис го одигра на 9 ноември во италијанското ...

Чикаго Фајер се заинтересирани да го ангажираат Роберт Левандовски во летниот трансфер рок 2026 година. Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да ја продолжи својата кариера во американската МЛС-лига. Според „BBC Sport“, Чикаго Фајер има успешни преговори со Левандовски. Напаѓачот е отворен за трансфер, а не се очекува неговата плата да биде проблем. Чикаго Фајер го смета потпишувањето на Левандовски за стратешки потег, бидејќи ...

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски навести дека Гоце Седлоски наскоро може да биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. – Гоце Седлоски е и ќе остане тренер на Вардар следниот период. Тој има договор со Вардар и ќе го води во евро-куповите. Но, Вардар нема проблем Седлоски да биде и селектор на репрезентацијата, но тоа е работа на ФФМ дали ќе го назначи. Има такви примери кои се и тренери и селектори, изјави ...

Дисциплинската комисија при РФМ ги одреди казните за немилите случувања по завршувањето на дербито на 17.коло меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер одиграно во неделата во салата „Билјанини Извори“. Играчот на шампионот Дејан Манасков е казнет со забрана на настап во траење од три месеци, што значи дека првиот дел од сезоната за него е завршена. Тренерот на Охрид Крсте Андоновски доби казна од три натпревари (првенствени и куп). На двата клуба им е ...

Ѓоковиќ викендот во салата „Атина Ривиера 91“, се сретна со европскиот шампион до 14 години. Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ тренираше со Рафаел Пагонис во Атина. – Денес сонував дека сум поканет да играм против Ѓоковиќ. Тој беше многу љубезен и ги сподели своите тајни за враќање на сервисот со мене. Ве молам не ме будете! Ви благодарам за ова неверојатно искуство! Се гледаме наскоро, напиша Пагонис на ...

Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо, не учествуваше во гласањето за најдобар играч на сезоната на ФИФА. Кај фудбалерите, капитените на нивните национални тимови гласаа за најдобрите играчи на сезоната. Роналдо, капитен на португалската репрезентација, не учествуваше во гласањето. Неговото место го зазеде играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва. Силва го рангираше играчот од средниот ред на ПСЖ, Витињо, на ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја истакна важноста за тимот на голманот Тер Штеген. Каталонците синоќа ја совладаа Гвадалахара со 2:0 во осминафиналето на Купот на кралот. – Играњето во Купот на кралот не е лесно, но на крајот на краиштата најважно е ставот и менталитетот. Тер Штеген е капитен и многу важен за тимот. Денес имаше можност да игра, а јас му ја дадов таа можност во натпреварување како Купот на кралот. Го почитувам. Ова беше ...

Напаѓачот на Челзи, Алехандро Гарначо, го коментираше триумфот од 3:1 над Кардиф сити во четвртфиналето на Лига Купот на Англија. -Кардиф сити е многу силен тим. Не се фокусиравме на тоа во која лига играат. Противникот направи навистина добра работа, но ние сме среќни што стигнавме до полуфиналето. Се обидов да му помогнам на тимот. Педро, останатите играчи и јас го направивме тоа, па затоа сме многу среќни. Како тим, Челзи игра многу добро. ...

Нигериската фудбалска федерација поднесе жалба до ФИФА за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против ДР Конго (1:1, 3:4 на пенали), објави ESPN. Нигерија верува дека ДР Конго користела помеѓу шест и девет играчи на натпреварот кои не биле подобни да играат за националниот тим поради проблеми со државјанството. Овие играчи се родени во Европа и не се откажале од своите европски пасоши, што е спротивно на законот на ДР Конго, ...

Фудбалерот на Барселона, Пау Кубарси, ги сподели своите емоции по неговиот 100-ти натпревар за Каталонците. Дефанзивецот јубилејот го одбележа синоќа во победа од 2:0 над Гвадалахара во осминафиналето на Кралскиот куп. -Многу сум среќен што го одиграв мојот 100-ти официјален настап за клубот на мојот живот. И тоа во Кралскиот куп, турнирот на кој дебитирав. Се надевам дека ќе има уште многу натпревари што доаѓаат, изјави Кубарси по ...

Кошаркарската федерација на Македонија за 21. декември недела закажа кошаркарски спектакл – ден посветен на славење на македонската кошарка – ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови. Ден за прослава на играта, заедништвото и убавината на кошарката, токму затоа што сме различни, а обединети околу иста вредност. Во рамките на All Star програмата се закажани три натпревари: 1. 12:00 часот – All Star за ...

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ присуствуваше на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА што се одржа во Доха. На овој состанок беше присутен и првиот човек на ФИФА претседателот Џани Инфантино. Овој комитет има за цел да работи на унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и е во тесна соработка со Интернационалниот Олимписки комитет пред сè за прашањата поврзани за присутноста на ...

Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2025 година. Наградата сосема заслужено му припадна на Дембеле, кој имаше извонредна година. Со својата екипа ПСЖ триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, францускиот куп и Супер купот на Франција. Главни конкуренти му беа Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Ламин Јамал (Барселона). Признанието му го додели ...

Објавената најнова ранг-листа на ракометните федерации од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за следната сезона во Лига Европа одреди едно место за РФМ. Ова се должи на падот од две позиции при рангирањето односно сега сме на 14. то место. Тоа значи дека преку нашата лига РФМ ќе има еден директен учесник во второто по ранг натпреварување. Но, ако првакот на Суперлигата побара и доби „вајлд карта“ за Лигата на шампионите (како и ...

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се врати на тренинзи на својата екипа Наполи и би можел да настапи на Супер купот на Италија што ќе се игра во Саудиска Арабија. Лукаку надвор од теренот беше 124 дена, откако на 14.август го скина бутниот мускул на пријателски натпревар против Олимпијакос. Како што пишуваат италијанските медиуми оваа сезона пропушти 22 натпревара во сите натпреварувања за екипата на Наполи, а неколку и за белгиската ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
10.8
74%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
90%
994
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
74%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.72
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
85%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
95%
1005
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.12
94%
998
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
62%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Кобалт

64.04