По се изгледа дека ништо од Чаби Алонсо на клупата на “Редси“. Имено, последните информации од Островот се дека Арне Слот останува на „Енфилд“, што секако дека е шок за фановите на Ливерпул. Арне Слот е човекот кој наводно ќе остане тренер на Ливерпул следната сезона, а а тој веќе прецртал четири ѕвезди и ги ставил на трансфер листата пред преодниот рок што доаѓа ова лето. Макл Олисе, Бредли Баркола и Франциско Консеисао се меѓу играчите кои ...

Во првиот натпревар од 28-то коло од француската Лига 1, ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“ го победи тимот на Тулуз со 3:1 и се етаблираше на врвот на табелата со 63 бода, со натпревар помалку. Ова беше “генералка“ за европскиот првак пред дуелот од 1/4 финалето во ЛШ. Парижаните поведоа во 23-тата минута, и тоа на каков начин! По центаршут од десната страна, еден од гостинските играчи ја шутна топката до работ на шеснаесетникот, но таа ...

Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона, Доминик Собослај, стави крај на шпекулациите околу потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид. Кратко и јасно, Собослај нема намера да го напушти Ливерпул. „Обожавам да бидам тука. Моето семејство е среќно, го сакам клубот, ги сакам навивачите, сакам да играм за Ливерпул и тоа е тоа“, рече Собослај. Во време кога шпекулациите за трансфери стануваат сè почести, Унгарецот одлучи да ја скрати приказната. ...

Тимот на Оклахома Сити Тандер ги декласираше Лос Анџелес Лејкерс со 139:96 во натпревар во кој Лука Дончиќ се повреди и со солзи во очите го напушти теренот. Само шест пати во нивната богата историја Лејкерс биле поразени со поголема разлика. Овој пат беа на шест поени од нивниот најлош пораз од минус 49 поени против Далас Маверикс во 2017 година. Гилџес-Александер, актуелниот МВП на лигата, го доби дуелот со Дончиќ, еден од главните ...

Никола Граховац го продолжи договорот со актуелниот ракометен шампион на Македонија откако од битолскиот тим објавија дека Граховац ќе биде во дресот на Е. Пелистер до 2028 година. „Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Е. Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната ...

Едно лице загина, а 47 се повредени, додека навивачи се собирале на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанс Лима, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот за време на собир на навивачи познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанс Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како Матуте, во округот Ла Викторија, објави порталот ...

Чешкиот тенисер Јиржи Легечка го коментираше поразот од Италијанецот Јаник Синер во финалниот натпревар на Мајами опен. Чехот синоќа загуби со 2-0, во двата сета беше 6:4 за Синер. – Мислам дека натпреварите како денешниот ми покажуваат дека сè уште имам многу, многу, потенцијал за подобрување. Играв, според мене, многу добар турнир тука. Задоволен сум од моите настапи. Но, денес повторно видов дека можам подобро и дека навистина треба да ...

Возачот Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари. Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис ...

Хаос е во фудбалска Италија. Една од најфудбалските нации во светот доживува фудбалска катаклизма. Дебаклот од поразот во Зеница во вторник вечерта го уништи италијанскиот фудбал во секоја смисла. Италијанците западнаа во нова криза што го тресе целиот нивни фудбалски систем. Особено загрижувачки е фактот што четирикратните светски шампиони нема да учествуваат на третото Светско првенство по ред, што претставува огромен удар, не само за ...

Сан Антонио спарс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со 127:113 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл ефект од 41 поен и 18 скока за 28 минути поминати на теренот. Сан Антонио е во серија од десет победи. Тимот има биланс 58-18 (победи-порази) за во моментов второто место во Западната конференција на НБА. Голден Стејт со ефект ...

Новиот менаџер на тимот на Тотенхем, Роберто Де Зерби има сериозна задача пред себе. А тоа е да го спаси овој легендарен клуб од испаѓање сезонава, нешто што никој не го замислуваше пред стартот на истата. Сепак, лошите резултати до говедоа Тотенхем, да стравува и за опстанокот, а Де Зерби е доведен како спасител. Дали италијанецот ќе успее во тоа ќе видиме, но едно станува јасно откако тој го потпиша петтгодишниот договор со клубот. Дури и ...

Победи на домашните екипи на Силекс и АБ Брера во денешните дуели од 25 коло во ПМФЛ, против Шкупи и Арсими. На натпреварот во Кратово, Силекс ја потврди улогата на апсолутен фаворит во дуелот со Шкупи и го совлада со убедливи 6-0. Домаќините поведоа уште во петата минута со голот на Алиќ. Веќе во 10-тата минута Португалецот, Пиреш со својот деветти сезонски гол, зголеми на 2-0. стрелец на третиот гол за кратовци беше Мирчевски во 32.минута ...

Манчестер Сити му понуди нов договор на најдобриот играч во светот, во 2024 година, Родри. Според Фабрицио Романо, Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 29-годишниот репрезентативец на Шпанија, што на „граѓаните“ не им се допаѓа и поради тоа одлучија да го спречат првиот потег на шпанскиот клуб. Доколку Родри ја одбие новата понуда, клубот од Манчестер сепак ќе бара голема отштета уште ова лето, и покрај тоа што неговиот договор истекува ...

Легендата на македонскиот ракомет и РК Вардар, Стојанче Стоилов од новата сезона ќе го предводи суперлигашот Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони. Тој ќе го замени Горан Кузманоски, кој на крајот од сезоната заминува од клубот. – Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна ...

Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на шампионите на Англија, Арне Слот. Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска. „Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените уште малку. Во финишот на сезоната очекуваме повторно да биде ...

Џенаро Гатузо ја напушта својата работа како селектор на италијанската репрезентација. Одлуката е донесена, а формалните чекори ќе следат. Гатузо нема да продолжи по неуспехот да се квалификува на Светското првенство, односно по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот. Наскоро се очекува официјално соопштение, како што објави „Скај Спорт Италија“. За време на својата тренерска кариера, легендарниот фудбалер ги предводеше Милан, Наполи, ...

Капитенот на Челзи, Енцо Фернандес, е отстранет од тимот за следните два натпревари, објави тренерот на „Сините“, Лиам Росениор. Англиските медиуми тврдат дека Фернандес е суспендиран затоа што пред неколку дена дал интервју во кое јавно ја изразил својата желба да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната. „Прво дакажам дека го почитувам Енцо како човек, личност и играч. Тој е фрустриран затоа што сака да бидеме успешни. Што се ...

Францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, откри дека сакал да ја напушти репрезентацијата по Европското првенство 2020. Пред почетокот на Светското првенство, вниманието повторно е насочено кон Килијан Мбапе, главната ѕвезда на актуелниот вицешампион на светот. Иако е клучен играч за Франција, Мбапе откри дека по неуспехот на Европското првенство во 2020 година, сериозно размислувал за повлекување од репрезентацијата. ...

Играчот од средниот ред на колумбиската репрезентација, Џејмс Родригез, беше итно префрлен во болница по поразот од Франција на пријателски натпревар со 3-1. Колумбиската фудбалска федерација издаде официјално соопштение во врска со состојбата на капитенот. „Преку својот медицински персонал и Одделот за национални тимови, Колумбиската фудбалска федерација ја информира јавноста и медиумите за здравствената состојба на капитенот на ...

Италија овие денови се соочува со вистинска спортска катастрофа, бидејќи фудбалската репрезентација на земјата нема да игра на СП третпат по ред. Критики има од сите страни, се бараат оставки, новиот селектор се чини дека е најмалиот проблем, а претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, додаде „масло на огнот“. Тој беше во Зеница и во живо го гледаше дебаклот на Италијанците против Босна и Херцеговина во финалето на плејофот за одење на ...

Германскиот стручњак Јоаким Лев е фаворит да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Гана. Гана го отпушти селекторот Ото Адо 72 дена пред почетокот на овогодинешното Светско првенство. Како што објавија медиумите во земјата на „црните ѕвезди“, по интензивните преговори во последните 24 часа, постигнат е договор со Лев. Ова воедно го означува враќањето на светскиот шампион со Германија во 2014 година, кој не работел никаде од ...

Ракометарите на ГРК Охрид со победа од пет разлика (31:26) се вратија од гостувањето од Атина од првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос. Реваншот охриѓани ќе го играат пред полни трибини на домашен терен. Спортскиот директор на ГРК Охрид Славчо Ристески се обрати до јавноста за фер и коректно навивање и поддршка за домашните ракометари. Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4. Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше две од 11 брејк топки. Неговиот 24-годишен противник (рангиран број 22 во светот) сервираше пет аса, не направи ниту една двојна грешка и не реализираше ниту ...

Вкупно 48 фудбалски репрезентации се квалификуваа за овогодинешното Светско првенство, кое за прв пат се одржува во три земји: Мексико, Канада и САД. Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули. Откако беше комплетиран списокот на учесници, специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја објави пазарната вредност на сите селекции. На врвот на таа листа е Англија, чија вредност се проценува на 1,62 милијарди евра. Следува Франција со 1,36 ...

Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка. Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина и шефот на ...

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими го прекина молчењето по драмата што се случи по финалето на Африканскиот куп на нации. Десниот бек се појави во подкастот „The Bridge“ заедно со Орелијан Чуамени и Килијан Мбапе, каде што за прв пат зборуваше за финалето, кое Сенегал го доби со 1:0, но два месеци подоцна титулата, Африканската конфедерација му ја додели на Мароко. Без оглед на методот, Хакими го прифаќа таквиот исход. „Многу сме среќни. ...

Белгискиот голман Симон Мињоле објави дека ќе ја заврши својата професионална кариера на крајот од сезоната, во која го носеше дресот на Ливерпул шест години. Мињоле (38), кој игра за Клуб Бриж од 2019 година, ќе го игра последниот натпревар во својата кариера на 24 мај дома против Гент, во последното коло од плејофот на белгиската лига. „Конечниот резултат не е целосно во мои раце, но мојата посветеност, волја и решителност ќе бидат присутни ...

Сосема неочекувано, денес од сигурни извори стигна веста дека откупната клаузула за Маркус Рашфорд повеќе не важи. Оваа вест ја прошири каталонскиот новинар Нил Сола, кој тврди дека Барселона и Манчестер Јунајтед имале договор дека до крајот на март ќе се знае дали ќе се активира откупната клаузула за Маркус Рашфорд. Барселона не го информираше Јунајтед дека ќе ги плати договорените 30.000.000 евра и сега останува сосема нејасно што ќе се ...

Очекувано. Габриеле Гравина, првиот човек на Фудбалската федерација на Италија попладнево си поднесе неотповиклива оставка. Велиме очекувано ако се знае дека оваа земја не успеа да се пласира и на третиот Мундијал по ред, за 2018, за 2022 по вина на Македонија, и сега за 2026 по поразот од БиХ во Зеница. Изборите за назначување на негова замена ќе се одржат на 22 јуни. На вонредниот состанок на FIGC присуствуваа претседателот на Серија А, ...

Навивачите и медиумите го нарекуваат третиот последователен неуспех на италијанската репрезентација во квалификациите системска криза и бараат радикални промени. На оваа тема зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. „Најголемиот проблем на италијанскиот фудбал е односот помеѓу фудбалската политика и класичната политика. Кога сите би работеле во ист правец, наскоро повторно би биле шампиони на Европа и светот“, рече Чеферин во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
66%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75