Првиот играч на Голден Стејт Стеф Кари заработи најмногу средства во 2025 година во НБА лигата. На листата на најплатени играчи е Кари со 159,6 милиони долари заработка, додека втор на листата е Леброн Џејмс со 137,6 милиони. „Тројката“ најплатени за комплетира Кевин Дурант со 104,3 милиони. Блиску со „стотката“ е Јанис Адетокумбо со 99,1 милион, а следуваат Џејсон Тејтум (79,1); Ентони Едвардс (65,6); Џоел Ембид (65,2); Џими Батлер (65,1); ...

Машката македонска репрезентација подготовките за ЕП 2026 година ќе ги стартува на 22.декември за кога е закажан првиот собир. Избраниците на селекторот потоа заминуваат за Пореч, Хрватска каде ќе тренираат заедно со хрватскиот тим, а планиран е и еден контролен дуел на крајот од подготовките. По враќањето ќе се тренира во Скопје до заминувањето за Винтертур, Швајцарија каде македонската репрезентација од 8-10.јануари следната година ќе биде ...

Втората победа во Конференциската лига за македонскиот првак Шкендија значи чекор до нок аут фазата. Екипата од Тетово синоќа со 2:0 го совлада првакот на Словачка Слован Братислава. – Играчите ги извршија сите поставени задачи. Ова беше добар настап како тим, но ќе бев уште позадоволен да постигневме уште некој гол. Сè уште не сме обезбедиле пласман и имаме уште ден натпревар за играње. Очекувам дека во Ларнака играчите да го дадат својот ...

Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет. Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа. За македонскиот репрезентативец ова беше втор ...

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски е избран за најкорисен играч (МВП) на 10. коло во Еврокупот. Јакимовски пред два дена го предводеше Тренто до победа на гостувањето кај Бург со 91:73. Македонецот натпреварот го заврши со 30 поени, седум скока и три асистенции или 43 индексни поени. Воедно, Јакимовски постави нов клупски рекорд по индекс поени за италијанскиот тим на евросцената. Фото: Еврокуп „Х“ МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...

Ракометарите на Алкалоид и Охрид постигнаа победи на гостувањата во 16.коло од Супер лигата во Прилеп односно во Кавадарци. Алкалоид го совлада Прилеп со 39:33, додека Охрид беше уште поубедлив против Тиквеш со 31:19. Од денешните натпревари од 16.коло нерешено заврши дуелот меѓу МРК Куманово и пролет 28:28, додека во дербито во Битола првакот Еурофарм Пелистер го совлада Вардар со 28:23. Утре на програмата се другите два дуела: Еурофарм ...

Бенфика предводена од Жозе Мурињо на клупата оствари победа од 2:0 против Наполи на нашиот Ељиф Елмас во дуел од Лигата на шампионите. На прес конференцијата по дуелот Мурињо дојде со подарок. Тоа беше подарок за него. – Тоа е дрес на Скот Мектомини. Од самиот почеток на кариерата го „буткав“ и Пол Погба го ставив на клупата заради него. Дресот е нешто што можеше да го направи за мене. Тој се сети дека има голема колекција дресови и ова беше ...

Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако вечерва го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот. Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на ...

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години ќе дел од завршниот круг на квалификации за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина. Националниот тим предводен од Кирил Изов, кој неодамна избори пласман во елитната конкуренција. Според календарот турнирите ќе се играат во периодот од 25 февруари до 7 март или од осми до 18 април, а домаќините дополнително ќе бидат одредени. КВАЛИФИКАЦИИ ...

Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат еден од најважните натпревари сезонава. Противник им е екипата на Слован Братислава. Екипата од Тетово за да ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА потребна е победа и нови три бода. Во моментов по четири кола македонскиот првак е на 25.то место со четири бодови, а пласман во следната рунда обезбедуваат првите 24 екипи. – Знаеме дека со три бода може да се ...

Милан е заинтересиран да го потпише голманот на Ливерпул, Алисон. Според италијанските медиуми, раководството на Милан веќе контактирале со претставниците на 33-годишниот Бразилец. Тој би можел да се приклучи на Милан во летото 2026 година доколку не успее да се договори со Ливерпул. Милан очекува нивниот сегашен стартер голман, Мајк Мењан, да замине на крајот од сезоната 2025/26. Една опција е трансфер во Челзи. Во сезоната 2025/26, Алисон ...

Ракометарките на Холандија изборија пласман во полуфиналето откако вечерва во Ротердам ја совладаа Унгарија со 28:23 (14:9). Во полуфиналето Холандија за противник ќе селекцијата на Норвешка. Во денешното прво четвртфинале ко-домаќинот Холандија уште во првиот дел создаде предност, која успеа да ја зачува и во второто полувреме. Дионе Хушер со 8 голови беше најефикасната на дуелот. Во второто денешно четвртфинале ќе играат Данска и Франција. ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го поддржа тренер Чаби Алонсо по поразот (1:2) синоќа од Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите. – Првиот гол беше примен поради моја грешка. Не го гледавме овој натпревар како тест за Чаби Алонсо. Го поддржуваме тренерот. Ние сме 100 проценти зад него, а тоа беше очигледно и на теренот, изјави Куртоа за „Фудбал Еспања“. Алонсо го презеде Реал Мадрид летото. Под негово водство, тимот одигра 28 ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е задоволен од сезоната 2025 во Формула 1 и покрај тоа што не ја одбрани титулата. – Имавме сезона на ролеркостер, особено на почетокот. Но, мислам дека поминавме долг пат и успеавме да ги свртиме работите, особено имајќи предвид дека тимот имаше неколку тешки периоди оваа сезона. Тимот навистина покажа дека никогаш не се откажува. Беше лесно да се помириме кога заостануваме повеќе од 100 бода. Но, никогаш ...

Фудбалерот на Монако, Пол Погба, стана акционер и амбасадор на саудискиот тим за трки со камили, Ал-Кабуб. – Ново поглавје, иста енергија. Горд сум што сум дел од историски спортски момент со тоа што се придружив на Ал-Кабуб како акционер и амбасадор. Ајде да создадеме историја заедно, напиша 32-годишниот Французин на социјалните мрежи. Ал-Кабуб има намера да работи на создавање професионална лига за трки со камили. Тимот е првиот ...

Повредениот кошаркар на Сан Антонио Виктор Вембанјама ќе се врати на теренот по повредата. Тој поради повреда на листот на левата нога пропушти 11 натпревари. Неговата имаше одличен почеток на сезоната и добро „се држи“ со првакот Оклахома Сити. Последните денови францускиот репрезентативец тренираше заедно се екипата и негово враќање во ростерот се очекува во четврток навечер за дуелот против Лос Анџелес Лејкерс. До повредата Французинот ...

По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата. Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот. Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите ќе се одржат во јануари 2026 година. Тимовите кои ќе завршат од првото до осмото место директно ќе ...

Федералните обвинители во Њујорк одлучија да ја прекинат истрагата против поранешниот извршен директор на „Фокс“, Хернан Лопез, кој претходно беше осуден за поткуп за права за емитување фудбал, објави „Њујорк тајмс“. Обвиненијата против Лопез и аргентинската маркетинг компанија „Фул плеј груп“ се целосно отфрлени. Во март 2023 година, Лопез беше прогласен за виновен за измама, перење пари и поткуп. Истрагата, а потоа и судењето, утврдија дека ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ги искажа впечатоците за натпреварот со Манчестер сити синоќа во Лигата на шампионите. Реал загуби на свој терен со 1:2 и покрај водството со голот на Родриго во 28.минута. – Мислам дека имаме за што да се обвинуваме себеси. Го започнавме натпреварот многу добро, но има моменти кога грешките се особено болни. Противникот се закани по само 10 минути. На почетокот не ја контролиравме играта баш добро, но ...

Нов голем трејд е на повидок во НБА лигата. Далас Маверикс е екипата која би можела да биде вклучена. Според најавите Далас е подготвен Ентони Дејвис, кој минатата сезона беше „донесен“ од ЛА Лејкерс како замена за Лука Дончиќ, сега да го „пратат“ во Детроит Пистонс. Замената може да биде реализирана особено што и Детроит е подготвен да го донесе играчот во своите редови. Детроит е подготвен да го понуди Џејден Ајви, Тобијас Харис и уште еден ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците за завршниот круг од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи следната година. Нашите фудбалски надежи предводени од селекторот Влатко Колев за место на континенталниот шампионат ќе се соочат со Германија, Франција и Словенија и се дел од групата 1. Само првопласираната репрезентација ќе избори пласман на завршниот турнир и ќе се игра во март ...

На првите два натпревара од денешанта програма од 6.коло од Лигата на шампионите беа постигнати вкупно 11 голови со две победи на гостинските екипи. Ајакс во Баку ја постигна првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако со 4:2 го совлада Карабах, додека за првакот на Азербејџан ова беше втор пораз во низа. До втората последователна победа стигнаа фудбалерите на Копенхаген, кои на гостувањето кај Виљареал славеа со 3:2 и со седум ...

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, даде свое видување на синоќашниот натпревар со Реал Мадрид на гостински терен. „Граѓаните“ победија со 2:1 во 6. коло од Лигата на шампионите. – Не можевме да влеземе во ритам сè додека не го постигневме првиот гол. За многу од играчите, ова е нивниот прв натпревар на „Сантијаго Бернабеу“. Можеби тоа ќе биде добро за нас, можеби благодарение на тоа, ќе бидеме подобро подготвени во февруари. Реал ...

Ракометарите на првакот Еурофарм Пелистер во дуелот од 16.коло од Супер лигата му го нанесоа првиот пораз на лидерот на табелата Вардар со 28:23 (15:13). По денешната победа Е.Пелистер ја намали бодовната разлика во однос на Вардар на два бода. Почетокот на дуелот беше во знакот на „црвено-црните“, кои предводени од голманот Милош Валах имаа предност и водство од 7:4. Но, битолчани успеаја да изедначат на 10:10, а во тие моменти на голот на ...

Македонскиот шампион Шкендија утре игра нов натпревар од групата во УЕФА Конференциската лига. Во Скопје гостува Слован Братислава и ова е воедно последниот натпревар на Шкендија како домаќин во Скопје. – Играме против една исклучително квалитетна екипа која ланската сезона играше и во Лигата на шампионите. Ние како на секој натпревар овде во Скопје, секогаш играме квалитетно, па се надевам дека и утре како екипа ќе бидеме на едно добро ниво. ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер ќе го пречекаат Вардар во обид да им го нанеста првиот пораз на „црвено-црните“ оваа сезона во Супер лигата. Дербито ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот. Во пресрет на овој натпревар, Вардар е лидер на табелата со максимални 15 победи и 30 бода, додека битолчани се втори со четири бода заостанување. По неодамнешната оставка на Рубен Гарабаја од тренерската позиција, тимот на ...

Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11). Германија до победата во првиот четвртфинален натпревар на мундијалскиот турнир ја предводеа Антје Дол со шест и Емили Фогел со пет голови. Во составот на Бразил, Бруна Де Паула беше најефикасна со шест голови. Во полуфиналето, Германија ќе игра против победникот од ...

Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка. По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата. Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на ...

Кошаркарот на Тренто, Андреј Јакимовски, одигра извонреден натпревар вчеравечер на гостувањето против Бург во Б-групата од Еврокупот. Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени. што е рекорд оваа сезона во Еврокупот. Јакимовски средбата ја заврши со 30 поени, три асистенции и седум скока. Воедно, ова е рекорд и во тимот на Тренто во натпревар од Еврокупот. Претходниот рекорд го држеше Гари Браун пред пет ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја претстави новата стратешка соработка со иновативната платформа FANZEAL, која претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на македонскиот фудбал. На официјалниот настан присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и Горан Пандев и претставниците на FANZEAL, извршниот директор Самуел Арнал и Дејан Вељковиќ. Соработката меѓу ФФМ и шведската компанија е потврда дека фудбалот и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
71%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.17
76%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.77
100%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
993
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
8.05
77%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.66
97%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
96%
998
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Калај

48.78

Платина

83354.78