Поранешниот Формула 1 возач и стјуард на ФИА, Дерек Ворвик смета дека британскиот возач Луис Хамилтон не го покажува тоа што се очекува од него во Ферари. – Не знам зошто Хамилтон не може да се трка за Ферари. Тоа е мистерија. Во Кина, кога победи на трката во спринт, мислев дека тоа е пресвртница, но тој сè уште не може да се снајде во болидот. Мислам дека сите ја видовме неговата преселба во Ферари како одлична можност да ја освои својата осма ...

Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски го официјализира трансферот во Олимпија. Митровски во Љубљана пристигна од хрватскиот прволигаш Вараждин. Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра. 26-годишниот Митровски постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра важна улога во историскиот пласман на Вараждин во Конференциската лига. На крајот од ...

Англискиот фудбалски клуб Брајтон го договори трансферот на 18-годишниот напаѓач на Олимпијакос, Хараламбос Костулос за 35 милиони евра. Костулас во четвртокот помина медицински прегледи и се очекува да потпише петгодишен договор што ќе стапи на сила на 1 јули, објави Би-Би-Си. Овој трансфер го сруши претходниот рекорд за износот на надоместокот што еден грчки клуб го доби за својот играч, кој го држеше Олимпијакос кога Вулверхемптон плати 16,6 ...

Аргентинскиот тренер Матијас Алмеида е новиот шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Севилја. Клубот од Андалузија минува низ турбелентен период. Смени седум тренери за три години, а тоа се одрази и на резултатите, бидејќи во тие три сезони, Севиља не беше пласирана подобро од 12-то место, а минатата сезона на две кола пред крајот обезбеди опстанок. Затоа, не е ни чудо што клубот се одлучи за нов тренер, за Аргентинецот Матијас Алмеида. Еден ...

Реал Мадрид без хрватскиот играч стана речиси незамислив. Лука Модриќ си заминува, а Анте Будимир би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо е сериозно заинтересиран да го доведе напаѓачот на Осасуна. Секако, „кралскиот клуб“ сака да оди што е можно поевтино, па се разгледува опцијата за активирање на откупната клаузула од 20 милиони евра, но Реал би сакал и таа да се намали. Планот е во договорот да се ...

Томас Франк официјално го презеде Тотенхем. На клупата го наследи Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го водеше тимот до трофејот во Лига Европа и место во Лигата на шампионите. Катастрофалниот пласман во Премиер лигата (17-то место) пресуди Австралијанецот со грчко потекло, да добие отказ, а на негово место да дојде Данецот кој го водеше Брентфорд во претходните седум сезони. Франк има 52 години, ги водеше јуниорските тимови ...

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика челниците на ФИФА да го откажат Светското клупско првенство пред 18 месеци, верувајќи дека „светското фудбалско тело воспостави монопол врз календарот на натпревари со тоа што ги привилегира сопствените натпреварувања“. Покрај Тебас, многумина се пожалија на густиот распоред, со оглед на тоа што Светското првенство според новиот систем, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, започнува ...

Две години по ред, Премиер лигата ги рушеше рекордите на гледаност, но тој тренд не продолжи во сезоната која заврши пред еден месец. Англиските медиуми наведуваат дека главната причина е фактот што немаше неизвесност во борбата за титулата. Ливерпул го обезбеди првото место во трката со Арсенал прерано, веќе во април. Поранешниот четирикратен шампион по ред Манчестер сити исто така брзо испадна од трката. Дел од вината оди и кај трите најслаби ...

Низок интерес за натпреварите од Светското клупско првенство во САД. Според светските медиуми, ФИФА е сериозно загрижена за нискиот интерес на навивачите за Светското клупско првенство. Затоа одлучи повторно да ги намали цените на билетите. Пред два дена беше објавено дека за првиот натпревар од отворањето на натпреварувањето се продадени помалку од 25.000 билети. Првиот натпревар ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со капацитет од ...

Пеп Гвардиола беше гостин на YouTube каналот „xBuyer“, кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз и има 5,7 милиони претплатници. Домаќините го замолија да им даде совет на младите ѕвезди за да не се занесат премногу, а Пеп одговори вака: „Немам многу да им кажам на младите генерации денес. Ние страдавме многу повеќе. Навистина ми беше тешко. Доаѓате на Камп Ноу на прес-конференција, а има 50 новинари кои ве критикуваат… Но, имавме ветерани кои нè ...

Виктор Ѓокерес, извонредниот напаѓач на Спортинг, стапи во штрајк. Нема да доаѓа на тренинзите на шампионите на Португалија до понатамошно известување. Шведскиот репрезентативец имал договор со раководството на клубот дека ќе биде продаден доколку некој понуди обештетување од 75 милиони евра. Сепак, челниците на тимот од Лисабон се предомислија и бараат повеќе пари. Според извештаите, претседателот сега сака 100 милиони евра за неговата ...

Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, изјави дека се надева на „соодветно збогување“ од навивачите на клубот. Вистонското „збогум“ не го доживеа бидејќи беше принудан да го продаде клубот во 2022 година. Поради неговите блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, англиската влада го означи Абрамович како „персона нон грата“ и повеќе немаше место за него во екосистемот на Премиер лигата. Абрамович долго време го нема во ...

Што ли прават челниците на Галатасарај? Имено од синоќа овој гигант од Босфорот е во епицентарот на вниманието во светскиот фудбал откако успеа да го ангажира германскиот репрезентативец Лирој Сане. Германецот е веќе во Истанбул, договорот е потпишан, останува само уште официјално да биде извршена промоцијата. Но се ова е стара приказна. Имено сега Галата сака да го задржи Виктор Осимен и му нуди 20 милиони евра годишна плата и сака да го откупи ...

Светската автомобилска федерација го објави календарот на Формула 1 за следната сезона. Следната година ќе имаме 24 трки, идентични како оваа сезона, со таа разлика што во календарот влегува Големата награда на Мадрид, додека Големата награда на Емилија Ромања во Имола е избришана од календарот. Ова значи дека ќе имаме две трки што ќе се возат на шпанска територија, додека Италија останува на една. Сè ќе започне од Австралија на 6 март, додека ...

Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј беше во преговори со дефанзивецот на Вулверхемптон, Нелсон Семедо, но страните не можеа да најдат компромис. Според „RMC Sport“, францускиот клуб одбил да го ангажира 31-годишниот Португалец поради преголемите барања за плата. На 1 јули играчот ќе стане слободен играч, бидејќи му истекува договорот со англискиот клуб. Во сезоната 2024/25, Семедо настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања и забележа пет ...

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун го оперираше коленото, но ќе биде подготвен за стартот на тренинг кампот на Селтикс пред почетокот на новата сезона. Тој беше подложен на операција на коленото вчера, а како што потврдија извори од клубот, се минало во најдобар ред. Кошаркарот на Бостон беше подложен на артроскопска операција на десното колено и се очекува да закрепне до почетокот на подготовките за новата сезона. Со операцијата е отстрането ...

Македонската тениска репрезентација поведе со 1:0 во мечот против Малта од првото коло од Дејвис купот Трета Европска група што се игра во Скопје. Првиот поен за Македонија го донесе Берк Бугариќ, кој по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови (7:6 (2) и 6:2). Бугариќ добро стартуваше во мечот и поведе со 2:0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и противникот направи пресврт за водство од 3:2. Во следните три гема ...

На терените на тенискиот клуб Југ во „Градски парк“ во Скопје, претпладнево ќе почнат натпреварите од Третата Европска група од Дејвис купот. Во пресрет на мечевите беше одржан и состанок на капитените (селекторите) на шесте репрезентации кои се учеснички во Скопје со Главниот судија на настанот Веселина Донева од Бугарија. По состанокот, во кусите изјави сите потенцираа дека се подготвени за петдневна борба и дека се очекуваат неизвесни мечеви. ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Арагон, осмата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП. Осумкратниот светски шампион, на патеката „Моторленд“, ја постигна својата четврта победа оваа сезона, а го повтори и успехот од пред 10 години кога ги заврши сите тренинзи, квалификации и трката на првото место. Најблиску до Марк беше неговиот помлад брат Алекс, кој заостануваше над две секунди, додека на третото скалило ...

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти проговори за неговите планови за летото. -Освен следење на Светското клупско првенство, следниот период ми претстои многу работа. Имам долга листа со фудбалери кои се насекаде низ светот: во Бразил, во Европа, во арапските земји, околу 70 играчи. Ќе имам време да го оценам секој од нив. Нема конкретен список од 25-26 играчи кои дефинитивно ќе одат на Светското првенство, изјави ...

Лука Модриќ, синоќа не се појавил во Милано на закажаниот лекарски преглед, пред да го стави својот потпис на договорот со Милан. Италијанските медиуми во последните денови објавија дека преговорите со Милан влегле во завршна фаза и дека потпишувањето е завршена работа, Модриќ, во последен момент го сменил планот. Според информации од Апенините, 39-годишниот играч од средниот ред, го известил клубот дека не може да го направи прегледот бидејќи ...

Михал Пробиерж повеќе не е селектор на полската репрезентација. Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на Левандовски за време на последната акција со репрезентацијата, откако 36-годишниот напаѓач на Барселона се повлече од квалификациите за Светското првенство поради ментална исцрпеност. Начинот на кој селекторот го соопшти тоа не ѝ се допадна на му се допадна на Левендовски и рече дека повеќе не сака да игра за репрезентацијата сè додека ...

Навивачите на Фламенго предизвикаа големи инциденти пред зградата на аеродромот во Рио де Жанеиро за да го испратат својот тим на Светското клупско првенство во САД. Голем број навивачи на „рубро-негро“, (околу 3.000), се собраа пред аеродромската зграда за да го испратат тимот на Фелипе Луис во САД. Сепак, карневалската атмосфера се претвори во немири и сцени на насилство и хаос од причини кои на почетокот не беа најјасни. Навивачите се судрија ...

Претседателот на фудбалскиот клуб Спортинг, Федерико Варандас, ги негираше извештаите дека постои џентлменски договор според кој шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш би можел да го напушти клубот за 59 милиони фунти. Првиот човек на клубот тврди дека досега не добиле ниту една конкретна понуда за напаѓачот. „Можам да гарантирам дека Виктор Ѓокереш нема да замине за 60 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси, бидејќи никогаш не го ветив тоа. До ...

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа и реми го одбележа јунскиот прозорец, а тоа ќе ни донесе скок на најновата ФИФА-листа. Нашиот национален тим одигра домашно реми со Белгија (1-1) и победи на гости кај Казахстан (1-0). Резултатите донесоа напредок за четири места на рангирањето во светскиот фудбал, па Македонија сега се наоѓа на 63-тата позиција. Помеѓу петте најдобри селекции нема промени, тоа се Аргентина, Шпанија, Франција, ...

Идното засилување на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, денес успешно ги поминал медицинските прегледи како дел од трансферот од Ривер Плaтa. Како што веќе беше најавено, „кралскиот клуб“ ќе плати 45 милиони долари (околу 40 милиони евра) за 17-годишниот талент, кој ќе потпише договор до летото 2031 година. Меѓутоа, тој ќе се приклучи на Реал на 15 август – само еден ден по неговиот 18. роденден, пренесува шпанскиот весник „АС“. Ова значи дека ...

Еурофарм Пелистер во драматична сезона успеа да ја одбрани титулата шампион на Македонија. Во последното коло „зелено-белите“ среде Скопје го совладаа Вардар, а тоа беше доволно за ново славје и шампионски трофеј. За битолскиот клуб ова беше трет титула во низа во Суперлигата, а сè започна во сезоната 2022/23, кога не чело на тимот беше Александар Јовиќ, кој пред неколку месеци ненадејно почина. Пелистерци не го забораваат неговиот придонес во ...

Един Џеко, 39-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, е блиску до враќање во Италија. Според медиумите на Апенините, искусниот напаѓач треба да потпише договор со Болоња. Преговорите се во завршна фаза и остануваат само технички детали пред официјалната потврда. Понудата вклучува договор за една сезона, со можност за продолжување за уште една година, доколку двете страни се задоволни од соработката. Џеко би имал годишна плата од 1,5 ...

Женската кошаркарска селекција на Македонија за играчи под 18 години забележа уште еден пораз на гостувањето во Подгорица. Јуниорската репрезентација на Црна Гора дојде до убедлив триумф 100:38 на втората проверка, одиграна во рок од неполни 48 часа. Нашиот тим беше дополнително хендикепиран, откако по отсуството на сестрите Начевски, на оваа средба стручниот штаб, предводен од селекторот Виктор Петровски, не можеше да смета на услугите ниту на ...

Српскиот репрезентативец Никола Милутинов брзо ја заврши сагата каде ќе ја продолжи кариерата. Олимпија од Милано испрати конкретна понуда, а Панатинаикос финансиски најдобра. Сепак, тој одлучи да остане во Олимпијакос. Клубот од Пиреја официјално објави дека потпишал нов тригодишен договор со српскиот центар, кој ќе трае до летото 2028 година. Со оваа информација заврши „сапуницата“, која ја создаде Димитрис Јанакопулос, сопственикот на ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326