Вечерва и утре на програмата се првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Реал Мадрид – Баерн Минхен и Спортинг – Арсенал се среќаваат вечерва во 21:00 часот, а во среда во исто време ПСЖ – Ливерпул и Барселона – Атлетико Мадрид. Доколку заработат жолти картони, дури 30 играчи би можеле да ги пропуштат реваншите следната недела, иако некои со картони нема да играат поради повреди, како што се Родриго од Реал Мадрид, Конор ...

Антонио Конте, актуелниот тренер на Наполи, се споменува како можен наследник на Рино Гатузо на клупата на италијанската репрезентација. Самиот Конте ги подгреа тие гласини по победата на неговиот тим против Милан, велејќи дека доколку тој е на чело на Федерацијата, би се сметал себеси како кандидат за таа позиција. Неговиот Наполи го победи Милан со 1:0 на стадионот „Марадона“ со голот на Матео Политано, со што ги прескокна „Росонерите“ и ...

Една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок ќе биде Бразилецот Ерик Беле. 19-годишното момче се смета за најголем талент во Бразил во моментов, поради што го привлече вниманието на најсилните европски клубови. Од Парма први се јавија, но кога Ливерпул се вклучи во трката, а потоа и европскиот шампион Пари Сен Жермен, стана јасно дека млекарите немаат што да бараат. Профилот на Ерик Беле особено му се допаѓа на актуелниот европски ...

Наполи го победи Милан со 1:0 во дерби колото од италијанската Серија А и со тоа го прескокна на второто место на табелата. Матео Политано го постигна одлучувачкиот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во 79-та минута. Екипата на Антонио Конте сега е седум бода зад лидерот Интер, додека Милан на Макс Алегри е девет бода зад градскиот ривал. Тренерот на Милан по натпреварот коментираше дека неговиот тим е елиминиран од борбата за ...

Дерби натпреварот меѓу Наполи и Милан, одигран во рамките на 31-то коло во Серија, завши со минимална победа на Наполитанците. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во дербито играше од 85-та минута. Актуелниот шампион, по оваа победа се врати на второто место, седум бода зад првопласираниот Интер, додека Милан сега падна на третото место, со дури девет бода помалку од Интер и два од Наполи. Дербиот не ги оправда очекувањата, двата тима ...

Хери Кејн го одработи последниот тренинг со својата екипа пред мечот во Лигата на Шампионите и дуелот против тимот на Реал Мадрид. Ова е и тоа како добра вест за тимот на Баерн, кој што стравуваше неколку дена за својот најдобар играч. Поточно, Кејн влечеше повреда на глуждот уште од престојот во репрезентативниот камп и беше сериозно под знак прашалник за настап. Сепак, со самото присуство на тренинг и одработувањето на истиот станува јасно ...

Кошаркарската Куќа на славните на Нејсмит ја објави класата за 2026 година, во која се вклучени девет члена, кои ќе бидат поздравени за време на свеченостите во август, пишува НБА-лигата. Објавата се одржа во Индијанаполис, градот домаќин на машкиот фајналфор-турнир на НЦАА-натпреварувањето за годинава. Така, во Куќата на славните ќе бидат примени Џои Крофорд (судија), Марк Фју (тренер), Док Риверс (тренер), Амаре Стадемаер (кошаркар), ...

По завршувањето на регуларен дел од Супер лигата, позната е новата структура за продолжението на кошаркарската сезона. Дванаесетте екипи сега се делат во две посебни групи согласно остварениот пласман по одигрувањето на сите 22 натпреварувачки кола. Најдобрите шест тима се селат во „ТОП 6“ сегментот, каде ги пренесуваат своите резултати и бодови од првата фаза на првенството. Останатите екипи, кои завршија од седмата до дванаесеттата ...

Лидерот на Премиерлигата, Арсенал се обиде во своите редови за следните сезони да го донесе играчот на Барселона Дани Олмо. Но, шпанскиот репрезентативец и покрај скромната минутажа во каталонскиот клуб нема намера да ги менува клупските бои, пренесуваат каталонските медиуми. Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надеваше дека ќе успее да го донесе Олмо, но 27-годишниот фудбалер сепак реши да остане во Барселона до 2030 година. Интерес за ...

Женската тениска репрезентација на Македонија отпатува за Бања Лука каде од 6 до 11.април ќе настапува во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Оваа година во оваа зона се десет репрезентации, но системот на натпреварување е променет. – Годинашново издание е со десет репрезентации (7 од Европа, 3 од Африка). Ние ќе настапиме со подмладен состав. Ќе настапиме со: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара ...

Ракометниот клуб ГРК Охрид славеше над Олимпијакос голема победа за историско полуфинале во Европа. Охриѓани обезбедија битка за големото финале, а по мечот тренерот Борис Ројевиќ уште еднаш потенцираше колку тежок меч беше реваншот во „Билјанини Извори“. „Навистина очекував вакво нешто. Ние како тим знаевме дека нè очекува тежок натпревар. Ако отидевме во четврток да играме против Вардар, сигурен сум дека немаше да се пласираме во следната ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се обиде да го забрза закрепнувањето од повредата на тетивата во Европа, на специјализиран третман, објавија американските медиуми. Дончиќ се повреди во убедливиот пораз од Оклахома, а по магнетната резонанца беше потврдено дека ќе го пропушти остатокот од регуларната сезона. Вообичаено време за закрепнување за ваков вид повреда е околу еден месец, што значи дека еден од најдобрите играчи во ...

Купер Флег (19), руки играчот на Далас прогласен за наследник на Лука Дончиќ, се истакна во историски натпревар втора ноќ по ред. Веднаш откако стана најмладиот играч во историјата на НБА и првиот тинејџер кој постигна 51 поен против Орландо, тој постигна 45 поени за победа на домашен терен над ЛА Лејкерс со 134:128. Првиот пик на драфтот ја прекина серијата на Далас од 14 порази на домашен терен, најдолгата во последните 32 години. Флаг, ...

Во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн во центарот на вниманието е и играчот на „кралскиот клуб“ Винисиус Жуниор. Тој во најавата на дуелот зборуваше и за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Во последно време сè почесто се зборува за негово заминување од Мадрид, а неговиот договор со Реал трае до 2027 година и како што е вообичаено има шпекулации за негово заминување од клубот. Како потенцијални ...

Неделава продолжуваат активностите во Лигата на Шампионите, па во рамките од четвртфиналето утре се среќаваат екипите на Реал Мадрид и Баерн Минхен. Реал на последните девет меча нема пораз од тимот од Минхен, но во моментов, Баерн слободно може да се каже дека е во подобра форма. Тренерот на Мадрид, Арбелоа на денешната официјална прес конференција пред утрешиот меч рече дека за нив нема друга опција освен победа. „Реал секогаш се соочува ...

Фудбалерите на Јувентус, во Торино ја победија Џенова со 2:0. Прашањето околу победата го решија во првите 17 минути од натпреварот. dobivaj vesti na viber По само четири минути игра, Јувентус поведе преку Бразилецот Бремер, на кого му асистираше Кели. Предноста на тимот од Торино беше удвоена по 17-та минута од натпреварот, кога Вестон МекКени постигна гол по додавање од Консеисао. Лоша вест за Јувентус е повредата на Душан Влаховиќ и ...

Управата на Манчестер Јунајтед сè уште нема решение за менаџерската функција, но веќе го имаат потенцијалното ново засилување. Станува збор за фудбалерот на Нотингем Форест 23-годишниот Елиот Андерсон. Фудбалерот е стандарден во својот тим, а успеа да избори место и во англиската репрезентација кај селекторот Томас Тухел. Британските медиуми споменуваат дека неговиот трансфер би чинел околу 100 милиони фунти. За да обезбедат дел од ...

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор. Веста, која беше објавена во англиските и португалските медиуми пред неколку недели, официјално ја потврди помошникот на Пеп Гвардиола. Силва, кој сега има 31 година, се приклучи на стадионот „Етихад“ од Монако во 2017 година. Во саботата, тој го одигра својот 450-ти настап за клубот, со кој освои 19 трофеи, ...

Фудбалерите на Удинезе и Комо ремизираа без голови во натпреварот од 31-то коло од Серија А. Натпреварот се играше во невообичаено време за Калчото, во понеделник во 12:30 часот. Се чини дека ги шокираше и фудбалерите, кои ретко успеваа да ги загрозат противничките голмани, имаше по четири обиди на двете страни. Ремото донесе возбудувања, со само две големи шанси, по една за двата тима. Комо, ја прекина серијата од пет последователни победи, ...

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор (25) би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето бидејќи нема никаков напредок во преговорите со клубот, а бројни европски гиганти веќе се интересираат за неговите услуги. Иако неговиот тековен договор е важечки до 2027 година, Флорентино Перез е подготвен да го продаде за да го избегне ризикот да замине за една година без обештетување, пишува „TимТалк“. Главната причина за застојот во преговорите се ...

Легендарниот Фабио Капело повторно отворено проговори за состојбата на италијанската фудбалска репрезентација, а неговите пораки воопшто не се оптимистички. Капело верува дека поразот и лошата игра против Босна и Херцеговина во Зеница не е исклучок, туку реална слика за ситуацијата во италијанската репрезентација. Капело истакна дека играта во Зеница го покажа вистинското лице на италијанскиот фудбал. „За жал, италијанскиот фудбал е токму ...

Во последниот дуел од денешната Примера програма,екипите на Алавез и Осасуна одиграа реми 2:2. Дуелот стартуваше со гостинско водство, а стрелец е Рослер кој погоди во четвртата минута. Домаќинот преку Мартинез во 44. минута израмни на 1:1, но во последните десет минути имаше доста возбудувања. Досуден пенал за Осасуна во 80. минута, а сигурен реализатор беше Анте Будимир. Сепак, иако гостите помислија на полн плен тоа не се случи. Алавез ...

Раководството на Арсенал сè уште ја нема исцрпено границата на доверба во својот менаџер Микел Артета и покрај поразот од 2-1 од Саутемптон во 1/4 финалето од ФА Купот и поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Лига Купот, според „The Touchline“. Шефовите на „топџиите“ го сметаат поразот од тимот од Чемпионшип за очигледен, но не го гледаат како причина за итно отпуштање на шпанскиот менаџер. Управниот одбор го смета Артета за ...

Лос Анџелес Лејкерс добија сериозен удар пред самиот финиш на сезоната, откако Остин Ривс му се приклучи на Лука Дончиќ на листата на повредени. Ривс заработи истегнување на стомачниот мускул, поради што ќе паузира најмалку четири до шест недели. Ова значи дека за него е завршен регуларниот дел од сезоната, а сериозно е доведен во прашање и настапот во првото коло од плејофот. Отсуството на двајцата клучни играчи создава огромни проблеми за ...

Со голот на Винас, тимот на Овиедо ибаку последнопласиран на табелата во Примера направи подвиг на свој терен и ја совлада Севиља со минимални 1:0. Голот беше постигнат во 32. минута, а потоа гостите не успеаа да се опорават резултатски. Згора на тоа уште од 38. минута останаа со играч помалку затоа што Нианзоу доби директен црвен картон. Овиедо и натаму е последен со 24 поени, додека пак Севиља е на само место од опасната зона со 31 поен и ...

Фудбалерите на Интер целосно ја надиграа Рома во дербито од 31-то коло од Серија А, победувајќи со резултат 5:2. „Нероаѕурите“ со стил ја прекинаа серијата од три натпревари без победа, додека ја оставија „волчицата“ со само една победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања. „Нероаѕурите“ веројатно го одиграа најдобриот меч во сезоната, секој од петте гола беше приказна сама за себе, но некако се издвојува „ракетата“ што Хакан ...

ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер. Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, ...

Со одигрувањето на денешните натпревари од 22.коло комплетиран е првиот дел од кошаркарската супер лига. По него познати се екишите што ќе разигруваат за титулата и оние што ќе се борат за опстанок. ТФТ останува прв и покрај убедливиот пораз во Кавадарци од Тиквеш тик кој како шесто рангиран се пласира во плеј-оф сегментот. Ова на сметка на Чаир кој со голем пресврт го победи шампионат МЗТ Скопје, но чаирчани завршија како седми и ќе се борат ...

Познати се полуфиналните двојки во ФА Купот, каде четири екипи ќе се борат за место во големото финале. Во првото полуфинале ќе се соочат Челзи и Лидс Јунајтед, во дуел кој ветува неизвесност и голема борба за пласман во завршницата. Второто полуфинале носи пресметка меѓу актуелниот шампион Манчестер Сити и Саутемптон каде „граѓаните“ ќе ја имаат улогата на фаворити, но куп-натпреварите честопати знаат да донесат изненадувања. Двата ...

Диего Симеоне го коментираше поразот на Атлетико Мадрид со 1-2 од Барселона во големото дерби во 30. коло на шпанската Ла Лига. Средбата беше исполнета со неколку тензични моменти, а најмногу контроверзи донесе исклучувањето на Николас Гонзалес, додека малку подоцна фудбалерот на Барселона, Жерар Мартин, доби само жолт картон. Ова беше само една епизода во ривалството меѓу двата тима, кои ќе се сретнат уште двапати во следните недели во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87