
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Велешката авторка Лила Арсова денеска, на Светскиот ден на литературата за деца, ја промовираше нејзината осма книга „Детски мечти“. „Сите мои дела се наменети за децата и младите, иако книгата нема возрасна граница. Уживам додека ги пишувам, уживам додека ги читам, уживам додека ги раскажувам“, кажа Арсова, која е одделенски наставник во подрачното училиште на ОУ „Васил Главинов“. Книгата „Детски мечти“ е наградена на конкурсот „Пелистерски ...
Набргу по големиот триумф со „Кутрите“ (Poor Things), оскаровката Ема Стоун и режисерот Јоргос Лантимос ја најавија својата следна соработка, вкупно трета досега. Студиото „Срчлајт“ објави трејлер за новиот филм на Лантимос насловен „Kinds of Kindness“, кој ќе излезе на 21 јуни. Покрај Стоун, во филмот играат уште двајца актери од „Кутрите“, Вилем Дефо и Маргарет Квали, како и Хонг Чау, Џо Алвин и Џеси Племонс. Лантимос го напиша сценариото за ...
В четврток (4 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Светлина“. Како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ од Србија. Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 насловен „Далечна светлина“, кој во 1996 го напиша летонскиот композитор Петерис Васкс. Диригент на концертот „Светлина“ ќе биде маестро Оливер Балабурски, кој долги години живее и работи во Канада, а со Македонската филхармонија ќе ...
Сите кои имаат дарба за цртање и уметност, но и оние на кои тоа не им е силна страна, можат да се пробаат во уметничката работилница на Ѓоргина Спасевска во Скопје. Ѓоргина, која од хоби почнала да слика, а сега зад себе има неколку самостојни и групни изложби, реши уметноста да ја доближи до секого преку часовите „Исповеди на платно“ во нејзиното студио. Вели дека идејата е инспирирана од комбинација на лични искуства, страст и креативна визија ...
Еден од најнеобичните мостови на светот поврзува две големи држави, САД и Канада, а со својата должина од само десет метри е и најкраток меѓународен мост на светот. Се протега меѓу два острова на реката Сент Лоренс, кои се дел од архипелаг долг 32 километри, поделен помеѓу Њујорк во САД и Онтарио во Канада. На канадскиот остров Завикон има само една куќа, плажа и неколку дрвја. Не е познато кој е сопственик на оваа мала оаза. Постојат фотографии ...
Групата „Кафе де Анатолија“ сними видео од настапот во Сули ан во Скопје. Настапот е микс од повеќе песни и најава за новиот албум на Били Естебан. „Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџнон од Турција, Били Естебан од ‘Кафе де Анатолија‘, Александар Јовевски и Емра Кантуровски“, велат од „Кафе де Анатолија“. Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ е меѓународно позната. Ја основаа Зоран ...
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Анкара, кој ќе се одржува на 6 и 7 април. Ќе диригираат Ерхан Шукри и неговиот татко Рамадан Шукри, основачот на Мандолинскиот оркестар, од кого учеле многу генерации. Во октомври, Ерхан Шукри, кој е виолинист, професор и диригент, одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој тогаш прослави 30 години ...
Канадскиот регион Нијагара прогласи вонредна состојба во пресрет на целосното помрачување на Сонцето кога се очекува стотици илјади луѓе да се соберат околу популарните водопади за да уживаат во спектаклот. Шефот на регионот Џим Бредли изјави дека прогласува вонредна состојба од претпазливост. Светски познатите водопади, кои се наоѓаат на американско-канадската граница, ќе бидат на патот на помрачувањето на 8 април и многумина резервирале хотели ...
Симон Трпчески со својот квинтет и со оркестарот „Ајга“ ја разнежи и ја крена на нозе целата публика сношти во Филхармонијата, на првиот од двата концерта со кои ја промовира оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“. Македонскиот пијанист со светски успеси рече дека е најголема одговорност да се свири дома и се обиде да ја долови светската премиера на оваа верзија на проектот, која се одржа во престижната сала „Музикферајн“ во Виена. „Се ...
Ѕвездата на наградуваната серија „Мечка“, Џереми Ален Вајт, е во преговори да го глуми Брус Спрингстин во нов филм за снимањето на неговиот легендарен албум „Небраска“. Насловен „Deliver Me from Nowhere“, сценариото и режијата ќе бидат на Скот Купер, кој го сними оскаровецот „Лудо срце“. Филмот ќе се фокусира на снимањето на албумот „Небраска“ од 1982 година, кој Спрингстин денес го смета за своето најдобро дело. Спрингстин ги создал десетте ...
Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг ќе настапи во Скопје со Националниот џез оркестар (НЏЗ). Концертот, како што објавија од Џез оркестарот, е закажан на 15 мај во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Ќе диригира Џијан Емин. Елинг, според „Њујорк тајмс“ е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“, а според „Вашингтон пост“: „Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач ...
На светската листа на заштитени нематеријални наследства на УНЕСКО може да се најде и штипската пастрмалија, исто како што се најде и народниот обичај за Денот на пролетта во Штип, Четрсе кога народот се искачува на тврдината Исар и со свои народни адети го одбележува овој ден и денот на 40. свети маченици, рече на научна конференција за туризам во Штип, професорот Зоранчо Малинов. „Јас успеав на мојот роден град да му донесам голема титула од ...
Северина Вучковиќ сношти (30 март) на концертот во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје се расплака пеејќи ја песната „Родено мое“ (Rođeno moje) која му ја посвети на синот Александар. „Оваа песна ретко ја пеам, затоа што ме потсетува на моменти на кои не сакам да се сеќавам”, рече хрватската поп-ѕвезда. Песната, таа ја сними во периодот кога судот ѝ го одзема старателството над синот и го додели на поранешниот сопруг Милан Поповиќ. „Им ...
Во центарот на Сиетл е изградена станбената зграда „Скајглас“ (Skyglass) со 33 спрата, која има форма на куп списанија. Кулата е висока 102 метра, се наоѓа источно од „Спејс нидл“ (Space Needle) и содржи апартмани и продавници на долните катови. Застаклената кула има четири фасади на аголни рамнини, што се издига од правоаголна основа обложена со тули. Зад дизајнот стои студиото „Хјуит“ и архитектите Џулија Нагил и Шон Лудвиксен. „Сите катови се ...
Сликар, карикатурист, писател се дел од авторските обележја на Јордан Ѓорчев од Свети Николе, кој отвори самостојна изложба во Ликовниот салон во Велес, насловена „Храбриот нов свет“. Тој се претстави со 30 дела акрил на платно, создадени минатата година. Промотор беше поетот Христо Петрески. „Ѓорчев е, пред сѐ, писател, потоа карикатурист, па сликар. Овие 30 апстракции се убав пример за асоцијативно сликарство. Во овие ликовни дела има многу ...
Модата на раскрсницата меѓу традицијата и иновациите беше синоќа (29 март) во фокус на претпоследниот ден на 28. Моден викенд Скопје. „Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека – тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените“, велат организаторите. Во текот на ...
Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134, беше темата на овогодинешното шоу „Глумците пеат“, сношти (29 март) во Националната опера и балет (НОБ). Низ комично сценарио, шоуто го водеа актерот Горан Ников и новинарката Миланка Рашиќ, која природно е асоцијација на Евросонг. Слушнавме 27 евровизиски хитови од млади и докажани актери: Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Гордана ...
Текстовите на песните станале поедноставни и поповторувачки, покажа ново истражување. Тоа исто така откри дека стиховите станале погневни и повеќе самоопседнати во последните 40 години. Тим на европски истражувачи ги анализирал стиховите на повеќе од 12.000 рап, кантри, поп, рок и аренби песни на англиски јазик објавени од 1980 до 2022 година. Ева Цангерле од Универзитетот во Инзбрук, која е авторка на студијата, не сакаше да издвои конкретни ...
Симон Трпчески вели дека е среќен што во густиот распоред нашол простор да одржи прес-конференција пред двата концерта во Филхармонијата на 31 март и 1 април со проектот „Македонисимо“, овојпат со оркестарот „Ајга“. Концертите се македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти претходно промоторот „КултурОп“. „Овие концерти се една надеж за нашиот народ да се самопочтува и самоспознае во ова денешно бурно време, а сосемо ...
Драган Мијалковски ќе испее две нови песни на концертите кои ќе се одржат на 2 и 3 април во Националната опера и балет. „Првиот концерт се распродаде во рекордно време, со задоволство најавуваме дека се трошат последните билети за вториот концерт на 3 април, а трет концерт ќе нема. Јубилејните гала концерти на нашата музичка легенда ќе се одржат во придружба на голем оркестар и членови на Националниот џез оркестар“, вели организаторот радио ...
Бијонсе денеска го објави својот нов албум „Act II: Cowboy Carter“ и откри со кои музичари соработувала. На албумот се вклучени Пост Малоун, Мајли Сајрус, Доли Партон, Вили Нелсон и шестгодишната ќерка на Бијонсе, Руми Картер. „Ова не е кантри албум. Ова е албум ‘Бијонсе‘“, рече пејачката. Албумот содржи дури 27 песни. Нејзината нова музика се прифаќа како кантри и се очекува да донесе новини во жанрот. Критиката му даде извонреди оценки на ...
По неколку одложувања, во Њујорк конечно почна снимањето на биографскиот филм за Боб Дилан, во кој главната улога ја има Тимоти Шаламе. Филмот насловен „A Complete Unknown“ ги следи почетоците на кариерата на легендарниот кантавтор. Првпат најавен во 2020, филмот прво го одложи пандемијата на ковид-19, а потоа и штрајкот на холивудските актери и сценаристи. И покрај тоа, филмот доби целосна поддршка од самиот Дилан, кој на режисерот Џејмс ...
Со уникатната модна ревија и презентација „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија, почна 28. Моден викенд Скопје, кој се одржува до утре (30 март) во деловниот дел од трговскиот центар „Ист гејт“. Ревијата беше спој на мода и занаетчиство, инспирирана од керамиката Талавера де ла Реина и жителите на овој град во Шпанија. На неа соработуваа македонските модни дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска и грнчарите Анета Попова, ...
Од 3 до 6 април, од 19:30 до 22:30 часот во скопскиот трговски центар „Дајмонд“ ќе се одржува четвртото издание на Скопје моден фестивал со домашни и балкански дизајнери. „Публиката ќе проследи уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби и настапи на познати пејачи. Фестивалот ќе го отвори дизајнерка Ивана Кнез со ревијата ‘Да живее драмата‘“, вели Милан Атанасов, креативен директор на настанот. Програмата ќе ја најави кус моден ...
На 27 април од 20 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт на српскиот трибјут бенд „Блек симфони“, кој свири симфониски верзии на песни на „Металика“. Музичарите кои настапуваат секаде низ Европа ги свират најголемите хитови на легендарниот американски хеви метал бенд во аранжмани за симфониски оркестар. „На концертот ќе можете да слушнете единствен спој на песни на ‘Металика‘ и голем симфониски оркестар. Овој проект е добро ...
Првата компилациска плоча за современата домашна поп продукција насловена „Поп култура“ ќе биде промовирана утре (29 март) од 19 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. Настанот ќе биде посвета на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата. На компилацијата се наоѓаат песни од Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади, Матеј Фолц и ...
Вечерва (28 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Татковина“. Како солист настапува виолинистот Бојан Илкоски, а ќе диригира Сашо Татарчевски. На програмата ќе бидат Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини и Симфонија бр. 4 во Д-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман. Бојан Илковски неодамна како солист го изведе концертот на Паганини во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро ...
Денеска (28 март) започна пријавувањето за Визер Скопски маратон, чие 20. издание ќе се одржи на 6 октомври. Аплицирањето ќе трае до 20 септември, но може да се затвори и порано ако се достигне предвидениот број учесници. Маратонците и полумаратонците ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според таргет времето што ќе го одберат при пријавувањето, додека учесниците на штафетниот маратон и на трката на пет километри ќе бидат распоредени ...
На 13 април од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи вториот дел од концертот „Најголемите хитови на Ем-Ти-Ви“. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, кој минатата година одржа два концерта со најголемите хитови од 1980-тите и 1990-тите. „Со 100 учесници на сцена, 10 извонредни пејачи, оркестар во полн состав, хорот ‘Мирче Ацев‘ и балетски играчи при Националната опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо ...
Дизајнеритe Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевка ги добија наградите за најдобри решенија на повиците за визуелни дела на тема трансплантација и органодонорство. На конкурсот пристигнаа над 120 дела, а изложбата со 20 дела синоќа (26 март) се отвори во „Ист гејт мол“. „Да се дарува орган е еден од најблагородните чинови што може да се направи. Донирајќи орган, вие ...